Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите

„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Повеќе
 

Андоновски: Со шеснаесеттиот центар за е-услуги во Крушево ги доближуваме услугите до секој граѓанин

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, го промовираше новиот Центар за услуги во Крушево.

Повеќе
 

Андоновски и Проданоски го посетија Центарот за услуги во Прилеп: Реализирано уште едно ветување за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп.

Повеќе
 

Андоновски: Од стагнација кон систем што испорачува резултати за граѓаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска одржа прес-конференција на која даде отчет за реализираните активности, проекти и реформи на Министерството за дигитална трансформација во изминатите две години.

Повеќе
 

Андоновски: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес на брифинг со новинарите го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Повеќе
 

Андоновски: Комплетиран пакетот на услуги за студенти од Државниот завод за статистика

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, го промовираа комплетираниот пакет на услуги за студентите, со кои се олеснува студирањето на студентите на сите три циклуси во високото образование.

Повеќе
 

Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население: помалку шалтери, повеќе дигитални решенија за граѓаните и компаниите

Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите.

Повеќе
 

Андоновски: За една и пол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал – uslugi.gov.mk

Промоција на Националниот портал за електронски услуги во Битола, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот Тони Коњаноски, присуствуваа на настанот во рамки на караванот на Министерството за дигитална трансформација за промоција и приближување на порталот uslugi.gov.mk до граѓаните.

Повеќе
 

Започна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk. Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година.

Повеќе
 

Андоновски: Владата се посветува на дигиталната инфраструктура во Прилеп

На промоција на Националниот портал за електронски услуги во Прилеп, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски, присуствуваше на настанот. Министерот истакна дека, како ресорно министерство и како Влада, се посветуваат на дигиталната инфраструктура во Прилеп, но и низ цела Македонија.

Повеќе
 

Едукативно дружење со студентите на УКИМ – запознавање со порталот uslugi.gov.mk

На платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на првиот академски час на 1 октомври, се одржа едукативно дружење посветено на запознавање со можностите кои ги нуди Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk

Повеќе
 

Апликацијата m.Uslugi достапна на Android и iOS

Ве известуваме дека Националната супер апликација m.Uslugi веќе е достапна во тест фаза, наменета за тестирање со реални податоци. Апликацијата, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон.

Повеќе