|
Саботни термини за вадење лични карти за лица над 75 годишна возраст |
|
Управните служби при МВР во Скопје, поради енормно зголемениот интерес, односно со цел да им излезат во пресрет на барањата на граѓаните, ќе продолжат со работа и во наредните саботи. Саботните термини ќе бидат резервирани за лица над 75 годишна возраст коишто имаат потреба од услугите на Управните служби на МВР (вадење на лични документи).
|
|
|
|
|
Известување по пат на SMS за подигање на изготвени лични документи |
|
Ги известуваме сите граѓани кои поднеле барање за издавање на лична карта, патна исправа или возачка дозвола дека од 21.04.2008 година ќе бидат известувани по пат на SMS порака на денот кога ќе можат да си ги подигнат бараните документи. За таа цел на апликацијата за издавање на бараниот документ не заборавајте да го напишете бројот на Вашиот мобилен телефон. |
|
|
Плаќање на таксена марка преку СМС порака |
|
Заради квалитетен и брз одговор на граѓанските потреби и барања, Министерството за информатичко општество го спроведува проектот за воведување можност за електронско плаќање (преку мобилен, контакт центри, веб портал) на услугите што ги даваат владините институции, со што се елиминира потребата од посета низ банките и поштите за да се изврши плаќање, како и потребата од купување таксени марки.
|
|
|
Нови лични карти и возачки дозволи |
|
На 01.10.2007 година, Министерството за внатрешни работи ќе отпочне со издавање на нови лични карти и возачки дозволи за граѓаните на нашата држава. Цената на образецот на новата лична карта е 190 денари, додека цената на образецот на новата возачка дозвола е 280 денари. Фотографирањето на граѓаните ќе се врши при нивното аплицирање. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
Што е граѓански дневник |
|
Дневникот претставува декларација со која органот/ите јавно се обврзуваат кон јавноста за стандардите на услугите кои ги даваат и едновремено им овозможува на граѓаните пристап до услугите кои нив лично ги засегаат и можност за оценка на дадените услуги која претставува алатка за мерливост на успешноста на органите во секој индивидуален случај. |
|
|
Бесплатна обука за користење на компјутер |
|
Како дел од кампањата “МАКЕДОНИЈА–ЗЕМЈА НА ИНФОРМАТИЧАРИ”, Владата на Република Македонија за сите заинтересирани граѓани обезбедува бесплатна обука за користење на компјутери. |
|
|
|
|
|