• Развој на масовниот и врвниот спорт
• Врши следење на спортистите од сите возрасти кои учествуваат во спортските и спортско-рекреативните активности
• Реализира мултилатерална и билатерална соработка во областа на спортот и соработка со органите на Советот на Европа кои се задолжени за дејноста спорт
• Води грижа за статусот на младите
• Ги помага различните облици на организирање на младите
• Врши работи што се однесуваат на грижата за психофизичкиот развој на младите и нивна заштита од болести на зависности, проституција,криминал и други социопатолошки појави
• Реализира мултилатерална и билатерална соработка во областа на младите и слични релевантни меѓународни институции
• Потикнување на спортските активности на децата и младината во рамките на националните спортски федерации
• Организирање и спроведување на спортски тренинг и натпревари за оспособување на спортистите за постигнување на врвни спортски резултати
• Потикнување на реализирањето на програмите на спортските федерации на Републиката
• Потикнување и помагање на организирањето спортски приредби и манифестации
• Одржување и функционирање на постојните и планирање и изградба на објектите за спорт
• Здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување, надомест за осигурување од последици од несреќен случај и ризици, за категоризираните спортисти во согласност со овој и друг закон
• Континуирани активности за спроведување на процесот на децентрализација во спортот во сите единици на локалната самоуправа
• Партиципирање во реализиација на програмите и активностите од јавен интерес на 46 национални спортски федерации и клубови, на дел од спортските здруженија и врвни спортисти кои оствариле право да настапуваат во националниот систем на натпревари
• Партиципација за други корисници од спортот со цел примена на науката во спортот, обезбедување на мерни инструменти, опрема и реквизити за најуспешните спортисти
• Подршка на федерациите и клубовите во обезбедување на просторни услови за одржување на трениниг и натпревари на спортистите во Република Македонија
• Подршка на стручните лица вклучени во реализацијата на тренажниот процес
• Меѓународни активности за спорт преку програмата за финансирање меѓународни активности за спорт преку што се овозможува преставување на Република Македонија на меѓународните спортски натпревари
• Подршка на стручните лица вклучени во реализацијата на тренажниот процес
• Вршење на работи поврзани со инспекцискиот надзор над спроведување на прописите од Законот за спорт
• Подобрување на квалитетот на живеење на младите луѓе преку поддршка на проекти и активности, младински невладини организации, здруженија на граѓани и младински неформални групи;
• Социјален развој и социјална интеграција на младите преку лобирање за донесување на позитивни законски прописи, признавање на неформалното образование, признавање на волонтерството и пренесување на искуствата од останатите земји;
• Активно учество на младите луѓе во јавниот живот и процесите на донесување на одлуки на национално и локално ниво;
• Економски развој на младите и развој на младинското вработување преку создавање партнерство помеѓу државните органи, цивилното општество, образовните институции и приватниот сектор во областа на вработувањето на младите луѓе;
• Соработка со сите средни државни училишта во Република Македонија;
• По основ на младинските прашања врши интеракција со сите Владини надлежни институции (Министерство за образование, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство и други релевантни институции);
• Соработува и комуницира со Невладини организации од државата;
• Објавува конкурс за учество во распределба на средствата за реализација на проекти од областа на младите луѓе од различно социо-културно потекло, особено оние активности кои ги опфаќаат следните приоритетни области:
- социјална инклузија и активна партиципација;
- работа со млади во локалните средини;
- обука на млади и соработка со младинските НВОи;
- промовирање на волонтерска работа;
- придонес кон националната стратегија за млади;
• Промовирање и застапување на интересите на младината на Република Македонија во Европски и Светски институции (Совет на Европа, Европска Комисија, Централно Европска Иницијатива, Пакт за стабилност итн);
• Поврзување на младинските НВО и од Република Македонија со Меѓународни Институции и Меѓународни Невладини Организации.