Преставување на јасни, лесно разбирливи, потполни и точни информации и консултации уште во првиот контакт со администрацијата, независно од формата за пристап до информацијата;
Информирање на корисникот со причините и крајниот рок за кој ќе добие одговор на своето барање;
Креирање на едноставни, јасни и разбирливи формулари;
Еднаков пристап до услугите и рамноправен однос кон сите корисници, независно од нивните потреби, социјален статус, образование, возраст, пол, етичка припадност или религиозни убедувања;
Преставување на јасни, лесно разбирливи, потполни и точни усни и писмени одговори на барањата на корисниците;
Запазување на роковите во кои ќе се одлучи за барањето на корисникот на услугите;
Запазување на принципот на доверливост по однос на жалбите и поплаките на секој корисник независно од нивните потреби, социјален статус, образование, возраст, пол, етичка припадност или религиозни убедувања;
Превземање на одговорност за работата на администрацијата според воспоставените стандарди за работење;
Разработување на систем на показатели за мерливост на резултатите на административните услуги, коишто вклучуваат показатели за ефикасност, ефективност и квалитетот на услугите