|
|
|
|
Врз основа на член 49 став (1) и член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа ("Службен весник на Република Македонија" бр 58/2000 и 44/2003), а во врска со Заклучоците на Владата на Република Македонија, донесени на Дваесет и првата седница одржана на 5.12.2006 година, Министерство за култура донесува
|
ГРАЃАНСКИ ДНЕВНИК
на Министерство за култура
|
1. Цел на Граѓанскиот дневник
Со воведувањето на новите услуги, Министерствто за култура обезбедува олеснет пристап до главните услуги наменети за граѓаните, верувамe дека ovoj проект ќе им донесe важни придобивки на граѓаните на Република Македонија. Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дефинирање на начинот и стандардите во давањето на услугите, вклучувајќи го видот на услугите, рокот, како и системот на коментари, жалби и поплаки. Крајната цел на Граѓанскиот дневник е да се подобри комуникацијата помеѓу администрацијата и граѓаните, правата на јавноста и обврските на јавните службеници, како и промената на мислењето на службениците да се препознаат себеси исклучиво како сервис на граѓаните.
|
2. Која е визијата / мисијата на Министерство за култура
- Поттикнување и интензивирање на билатералната и регионална соработка.
- Создавање на проекти кои ја унапредуваат регионалната соработка, соработката со соседните држави, со државите - членки на Европската Унија, со земјите од југоисточна и центарлна Европа и со земјите во кои најмногу има македонско иселеништво, како и презентација на нивната култура во нашата земја, проекти кои имаат реципрочен карактер
- Одржување, развивање и унапредување на културната соработка со други земји, согласно меѓународните договори, спогодби и програми
- Одржување, развивање и унапредување на соработката со меѓународни организации од областа на културата (УНЕСКО, Совет на Европа, Меѓународна организација на Франкофонија и др.)
- Координирање и усогласување на активностите за потпишување спогодби, конвенции, договори и програми за меѓународна соработка;
- Учество во повремени меѓународни проекти, што се однесуваат на културата, учесто во организирањето културни манифестации од меѓународен карактер во државата и во странство
- Координација на реализацијата на програмски активности во земјата и странство, како и други активности
- Соработка со другите државни органи, како и другите субјекти од областа на културата за реализација на работите од доменот на меѓународната соработка и слично
- Афирмирање на македонската култура во странство со подршка на програми и проекти кои ги презентираат врвните национални културни вредности
- Воспоставување и унапредување на билатералната соработка.
- Подршка на аматеризмот преку презентација на КУД-овите и други аматерски ансамбли во странство
- Презентација на книжевното творештво на меѓународните саеми и изложби на книги
- Проекти со висока креативност и квалитет, копродукциски проекти, студиско-аналитички и други работи во врска со работата на Националната комисија на УНЕСКО
- Подготовка на програми и проекти и други материјали во врска со активностите на УНЕСКО
- Платформа за настап на делегациите на Владата на РМ на Генералната конференција и другите заседанија свикани од УНЕСКО и предлози за состав на делегациите за учесниците на други состаноци на УНЕСКО како и извештаи до УНЕСКО
- Се подготвуваат мислења во врска со склучување на меѓународни договори, конвенции, препораки на УНЕСКО и се дава иницијатива за нивна примена во државата
- Поттикнува размената на активностите, искуствата и знаењата во меѓународната соработка преку УНЕСКО
- Контакти со други Национални комисии на УНЕСКО и други активности согласно Статутот на Националната комисија на УНЕСКО
- Подршка на програми и проекти од областа на издавачката дејност и литературата
- Подршка на списанија од областа на литературата и културата
- Пподдршка на литературни манифестации
- Реализирање на 2 конкурси за откуп на самостојно реализирана продукција (мај и октомври)
- Поддршка на проекти од електронското издаваштво
- Поддршка на програми и проекти од областа на филмската и драмска дејност
- Поддршка на драмскиот аматеризам
- Поддршка Фестивали, манифестации и активности од драмска и филмска дејност
- Самостојни уметници од областа на филмската и драмска дејност
- Поддршката на традиционалните музичкиманифестации: "Скопско лето", "Офф-фест", "Мајски оперски вечери", "Денови на македонската музика", "Интерфест-Битола", "Скопски џез фестивал"
- Подршка на програмите за финансирање на центрите, домовите на култура и културноуметнички друштва
- Обезбедување на материјални услови за остварување на квалитетна изложбена активност
- Поддршка на ликовните творци за нивна вклученост во активен и динамичен ликовен живот и нивна присутност на домашната и меѓународна ликовна сцена
- Стимулирање на новите појави и тенденции, новите изразни можности во ликовното творештво, новите форми и медиуми
- Поддршка за стручно усовршување на дефицитарни кадри и млади таленти во странство во областа на филмот, театарот, музиката, ликовната дејнос и литературата
- Поддршка за самостојни уметници од областа на филмот, театарот, музиката, ликовната дејнос и литературата
- Студиско-аналитички и други работи за нормативното регулирање и за вршење на управните работи во врска со заштитата на сродните права; изработка на студии, анализи, елаборати и слично, за нормативното регулирање на сродните права од аспект на домашното и меѓународното законодавство од областа; следење на состојбите и истражување појави и односи од општествено-политичкиот систем во врска со остварувањето и заштитата на сродните права и предлагање и спроведување мерки за сузбивање на пиратството; преточување на утврдените концепции за уредување на режимот на сродните права во нормативни акти, во сите фази на донесување; учество во подготовка на билатерални и мултилатерални договори од областа на сродните права; предлагање ратификации на меѓународни договори и следење на активностите и соработката со меѓународните владини организации (УНЕСКО, Светската организација за интелектуалната сопственост, Светската трговска организација, Советот на Европа, Европска Унија, и др.) и со домашни и меѓународни невладини организации во областа на сродните права (ЦИСАЦ, ИФПИ, АГИЦОА, БСА, ЕБУ )
- Спроведување конкурси за давање дозвола на здруженија за колективно остварување на сродните права, врши управен надзор над законитоста на работата и актите на здруженијата за колективно остваруавање на сродните права
- Подготвување мислења и слични акти од царинската, даночната и други нормативни сфери од интерес за сродните права, како и решенија во прв степен во управана постапка од областа на сродните права.Дава мислења, сугестии, појаснувања и стручна помош на колективните здруженија и другите субјекти за заштита на сродните права и за примена на прописите од областа
- Студиско-аналитички и други работи за нормативното регулирање на авторското право, управни работи во авторското право и тоа: изработка на студии, анализи, елаборати и слично за нормативното регулирање на авторското право од аспект на домашното и меѓународното законодавство од областа; следење на состојбите и истражување појави и односи од општествено-политичкиот систем во врска со остварувањето и заштитата на авторското право и предлага и спроведува мерки за сузбивање на пиратството; преточување на утврдените концепции за уредување на режимот на авторското право во нормативни акти, во сите фази на донесување; учество во подготовка на билатерални и мултилатерални договори од аспект на авторското право; предлагање ратификации на меѓународни договори и следење на активностите и соработката со меѓународните владини организации (УНЕСКО,Светската организација за интелектуалната сопственост, Светската трговска организација, Советот на Европа, Европска Унија, и др.) и со домашни и меѓународните невладини организации во областа на авторското право (ЦИСАЦ, ИФПИ, АГИЦОА, БСА, ЕБУ и др)
- Спроведување конкурси за давање дозвола на здруженија за колективно остварување на авторското право, изработување дозволи согласности и други акти за колективно остварување на авторското право согласно закон, подготовка и координирање на работата на комисии и други тела основани за разгледување прашања од оваа област Врши управен надзор над законитоста на работата и актите на здруженијата за колективно остваруавање на авторското право
- Подготвува мислења и слични акти од царинската, даночната и други нормативни сфери од интерес за авторското право, како и решенија во прв степен во управана постапка од областа на авторското право, подготвува мислења, сугестии, појаснувања и давање стручна помош на колективните здруженија и другите субјекти за заштита на авторското право и за примена на прописите од областа
- Подготовка на нормативно - аналитички материјали во врска со хармонизацијата на законодавството со ЕУ легислативата.
- Подготовка на аналитички материјали во врска со реформата и процесот на децентрализација на културата и предлози на соодветни концепции за нивно преточување во нормативни акти за културата, следење на прописите од други области од значење за културата и учество во подготвување на мислења по нив
- Студиско - аналитички и други работи за нормативно регулирање на творештвото, дејностите за објавување на уметничкото творештво и дејностите за заштита и користење на материјалното и духовното творештво
- Работа на управни предмети за културата
- Работи во врска со управувањето со човечки ресурси во Министерството за култура и националните установи
- Мерките кои инспекторот за култура ги презема во постапката на инспекцискиот надзор се наредбите за извршување на законите и другите прописи и мерки односно отстранување на недостатоци што произлегуваат од примена на незаконски мерки и акти или од повреда на закон или друг пропис, забраните за спроведување на незаконски мерки, решенија за заштитни мерки - времено одземање предмети користени, наменети или создадени со прекршок. Други мерки пред се од превентивен карактер, известувања, укажувања, предупредувања, појаснувања и други неуправни мерки, барањата односно пријави за поведување на соодветна судска постапка за сторен прекршок, кривично дело и сл.
- Негување и унапредување на културниот идентитет на припадниците на заедниците во РM, презентирање и негување на културата на припадниците на заедниците, поттикнување и унапредување на меѓународната соработка за техничка помош, со соседните и европските земји, наменета за негување и унапредување на културниот идентитет на припадниците на заедниците.
- Изработка на анализи, студии, елаборати, програми, информации и други аналитички материјали кои се однесуваат на идентификацијата и режимот на заштита на културното наследство, класифицирање на недвижните добра според Националната класификација на културното наследство, подготвување на предлози за прогласување, промена и престанок на заштита; преземање мерки за чување, почитување, одржување, ревитализирање, уредување, популаризирање и рационално користење на државното културно наследство, водење на единствени и посебни евиденции за културното наследство; номинирање на културното наследство за стекнување на меѓународен статус; размена, отстапување, изнесување во странство и извоз на културното наследство; изработка на студии, анализи, елаборати, програми и информации и други студиско-аналитички материјали за културното наследство и другите заштитени добра, приземање на мерки за остварување, развој и унапредување на правната заштита на културното наследство; вршење на работи поврзани со правото на првенствено купување, хипотекарни односи, облигациони односи, експропријација и други имотно правни односи во врска со културното наследство
- Вршење на работи поврзани со инспекцискиот надзор над спроведување на прописите за заштита на културното наследство и превенција од незаконски дејствија против културното наследство односно работите на безбедност на културното наследство и негова заштита односно одбрана и спасување во случај на вооружен судир и природни непогоди, превенција и заштита од недозволени ископувања, намерно оштетување и кражби, присвојување, недозволена трговија и криумчарење; узурпација и други незаконски дејствија против културното наследство, развој и унапредување на безбедносната заштита на културното наследство; остварување соработка со криминалистичката полиција, царинските органи, јавните обвинителства, инспекциските и другите надлежни органи
- Вршење на работи што се однесуваат на регистрација на културното наследство, стручна обработка, чување и користење на документација за културното наследство и негова заштита; Националниот информативен систем за културното наследство, ратификуваните меѓународни договори од областа на заштитата на културното наследство, меѓународната помош и соработка во оваа област
|
3. Кои се корисници на Министерство за култура
- Физички лица
- правни лица
- институции
|
4. Кои се заложбите и обврските на Министерство за култура кон граѓаните?
- квалитетни,навремени и одговорни услуги
- комуникација со корисниците, транспарентна и валидна информација
- запазување на рокови во давање на услугите
|
5. Кои услуги ги дава Министерство за култура
-
Годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2006 година
|
-
Конкурс за „Град на културата во Република Македонија“
|
-
Конкурс за доделување на месечни надоместоци на самостојни уметници
|
-
Конкурс за манифестацијата „Ден на културата во Република Македонија“
|
-
Конкурс за откуп на самостојно реализирана продукција од издавачката дејност
|
-
Конкурс за поддршка на стручно усовршување на дефициратни кадри и млади таленти
|
-
Конкурс за финансирање на програми и проекти од национален интерес во културата од сите дејности
|
-
Презентација на македонската култура во македонските културни центри во странство
|
|
6. Стандарди за квалитет на доставените услуги
|
Годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2006 година
|
|
| Билјана Тановска |
| Бранко Петровски |
| Зорица Цветанова |
| Гоце Божурски |
| Билјана Туџаровска Ќупева |
|
|
Конкурс за „Град на културата во Република Македонија“
|
|
|
|
Конкурс за доделување на месечни надоместоци на самостојни уметници
|
|
|
|
Конкурс за манифестацијата „Ден на културата во Република Македонија“
|
|
|
|
Конкурс за откуп на самостојно реализирана продукција од издавачката дејност
|
|
| Билјана Туџаровска - Ќупева |
|
|
Конкурс за поддршка на стручно усовршување на дефициратни кадри и млади таленти
|
|
|
|
Конкурс за финансирање на програми и проекти од национален интерес во културата од сите дејности
|
|
| Бранко Петровски |
| Зорица Цветанова |
|
|
Презентација на македонската култура во македонските културни центри во странство
|
|
|
|
7. Пристап до формулари/апликации
|
8. Систем за поплаки/претставки
Љубезна услуга ќе биде обезбедена од страна на сите вработени во Министерство за култура
Доколку имате некакви жалби или поплаки во однос на доставувањето на услугите и стандардите кои се погоре споменати, Ве молиме обратете се до следнива слижбеници:
| Име и презиме: |
Александар Ѓорѓиев |
| Работно место: |
Односи со јавност |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3240-579 |
|
| Име и презиме: |
Весна Илиевска |
| Работно место: |
раководител на одделение за нормативни, меѓународно правни работи и хармонизација со законодавството на ЕУ |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3240-595 |
|
| Име и презиме: |
Снежана Ристовска |
| Работно место: |
раководител на сектор за дејностите од областа на културата уметноста и културното наследство |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3240-556 |
|
| Име и презиме: |
Ирина Кроткова |
| Работно место: |
помошник раководител на сектор за меѓународна соработка, европска интеграција, промоција на културата и културниот развиток |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3240-518 |
|
| Име и презиме: |
Ердоан Максут |
| Работно место: |
директор на управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во РМ |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
3 240 594 |
|
| Име и презиме: |
Сабина Синан |
| Работно место: |
раководител на одделение за инспекциски надзор |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3 240 532 |
|
| Име и презиме: |
Сузана Вељановска-Кењереш |
| Работно место: |
помошник на раководител на сектор за матријално финансиски работи |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3240525 |
|
| Име и презиме: |
Олгица Трајковска |
| Работно место: |
раководител на сектор за авторско право и сродните права |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3289-797 |
|
| Име и презиме: |
Катерина Јовановска Георгиевска |
| Работно место: |
Управа за заштита на културното наследство на РМ |
| Локација: |
Министерство за култура |
| Телефон: |
(02)3289-776 |
|
Во Министерство за култура има поставено сандаче за поплаки/пофалби
Временска рамка за одговарање на жалбите/поплаките од граѓаните
Временската рамка за одговарање на жалбите е 15 односно 30 дена од денот на приемот на жалбата.
Сите жалби и поплаки ќе бидат разгледани за 15 дена и конечен одговор по нив ќе добиете за 30 дена.
Вашите сугестии се секогаш добродојдени.
Ние сме подготвени постојано да ги подобруваме нашите услуги за Вас!
Ви благодариме на поддршката
|
|
|
|