Заложбите на Управата за јавни приходи како орган - сервис на граѓаните, а во насока на давање помош и поддршка на даночните обврзници во Република Македонија за доброволно усогласување со нивните даночни обврски се:
1. Да управува со односите со даночните обврзници до степен наподобрување на нивното задоволство;
2. Да го подигне степенот на свесноста на даночните обврзници за нивната социјална улога во општеството;
3. Да создаде средства и механизми за пристап на даночните обврзници доУЈП со цел да ги добијат информациите кои им се потребни;
4. Да ја зголеми посветеноста на вработените во нивното настојување да им помогнат на даночните обврзници;
5. Да обезбеди знаење и интегритет на вработените за да ги решаваат проблемите на даночните обврзници.
За правата на даночните обврзници за кои УЈП се обврзува дека ќе ги овозможи, изготвена е “Повелба за правата на даночнот обврзник’која гласи:
Тајност и доверливост
Заради заштита на вашите лични и деловни податоци ќе обезбедиме.
• Информациите што ги доставувате, да се користат само за цели на УЈП;
• Објаснување зошто бараме определена информација, како ќе ја
користиме и што ќе се случи ако не ја доставите;
• Ваш пристап до даночните информации што ние ги поседуваме за вас.
Професионална и коректна услуга
Од вработените во УЈП ќе добиете:
• Информации и помош за подобро да ги разберете и исполните Вашите
обврски;
• Коректен однос во контактите со нас;
• Објективен,праведен, непристрасен и фер третман;
• Подеднаков третман на сите даночни обврзници.
Даноците и припаѓаат на државата, а со Вашите средства располагате Вие и
затоа имате право:
• Да го платите само оној износ на данок кој го должите, согласно законот -
ни повеќе ни помалку;
• Да Ви биде вратен повеќе или погрешно платениот данок. или да го
користите како однапред платен данок;
• За ненавремено враќање да Ви исплатиме камата.
Времето е пари. Наша заложба е да овозможиме:
• Навремена и точна обработка на сите информации што ги доставувате до
нас;
• Навремено постапување по сите Ваши барања во врска со даноците;
• Поеднастување на постапките и користење на средствата кои ќе
овозможат намалување на трошоците и за Вас и за нас.
Изборот за контрола е според утврдени критериуми. Вршењето контрола кај
Вас не значи дека Ве обвинуваме за нечесност.
• Кога тоа е прифатливо, ќе бидете известени за нашата намера за
спроведување на контролата;
• Ќе Ви биде објаснета постапката, опфатот, природата и траењето на
контролата;
• Може да присуствувате за време на извршување на контролата која се
врши во просториите на УЈП или на терен;
• По завршувањето на контролата навремено ќе бидете известени за
резултатот од контролата и за натамошните наши чекори.
Жалби и судска ревизија
Ако сметате дека не се согледани или земени во предвид сите факти или дека
кон Вас било неправилно постапено, можете:
• Да побарате и да добиете од нас известување каде да поднесете приговор
или жалба;
• Да побарате повторно разгледување на утврдените износи на Вашите
даночни обврски или дејствијата преземени за наплата во даночната
постапка;
• Да добиете објаснување за неприфаќањето или делумното прифаќање на
Вашиот приговор или жалба;
• Да поведете постапка за Вашата целосно или делумно одбиена жалба.
ЗА ВОЗВРАТ ние очекуваме од Вас
ИСКРЕНОСТ И ЧЕСНОСТ при соработката со нас.
НАВРЕМЕНО ДОСТАВУВАЊЕ ТОЧНИ И ЦЕЛОСНИ ИНФОРМАЦИИ
(Пријави, документи и известувања) потребни за утврдување на Вашите даночни
обврски.
НАВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДОЛГУВАНИОТ ДАНОК
Во роковите пропишани со закон
ВОДЕЊЕ НА КНИГИ И ЕВИДЕНЦИИ
На начин пропишан со закон и овозможување увид во нив
РЕДОВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНИТЕ
На Вашиот назив, деловната или контакт-адреса, правниот статус, банкарските
сметки и други податоци за Вас.
5. Ние ги даваме следните услуги
5.1)Давање мислења за примена на даночните закони и другите закони
повтзани со нашите надлежности:
5.1.1. Данокот на добивка,
5.1.2. Персоналниот данок на доход,
5.1.3. Данокот на додадена вредност,
5.1.4. Акцизите,
5.1.5. Регистрирање на готовинските плаќања,
5.1.6. Игрите на среќа
5.3.)Издавање контролни марки
5.3.1. Издавање контролни марки за обележување тутунски добра
5.3.2.Издавање контролни марки за обележување етил алкохол
(алкохолни пијалоци)
5.4.)Издавање уверенија, потврди и формулари:
5.4.1.)Издавање на уверенија за платени даноци на правни и физички лица,
5.4.2.)Издавање на потврди за приходите за потребите на социјално
загрозени лица,
5.4.3.)Издавање уверенија за остварените пријавени приходи на физичките
лица-граѓаните,
5.4.4.)Издавање потврда состојбата на платените даноци за обврзници кои
отвараат стечајна постапка,
5.4.5.)Издавање потврди за платен данок на добивка по задаршка на
странски правни лица,
5.4.6.)Издавање каматни листи(по барање на даночен обврзник)
5.4.7.)Издавања картица од евиденцијата што се води во УЈП(по барање на
даночен обврзник),
5.4.8.)Издавање Потврди за резидентност
5.5.)Давање стручна помош на даночните обврзници:
5.5.1.)Стручна помош околку приемот на даночните пријави преку давање
совети и информации за правилно пополнување на истите
5.5.3.)Давање совети за примена на нови прописи од сферата на
оданочувањето
5.5.4.)Секојдневни контакти со даночните обврзници преку телефонски
јавувања и електронска комуникација
5.6.)Постапки по преставки
5.6.1.)Постапки по преставки за работењето на даночни обврзници во
надлежност на УЈП
5.6.2.)Постапки по преставки-пријави за работењето на вработените во
УЈП
5.7.)Давање информации од јавен карактер
5.8.)Регистрација за даночни цели
5.8.1) Доделување ЕДБ на даночен обврзник,
5.8.1.1) Доделување ЕДБ на странски правни и странски физички лица,
5.8.2) Регистрација за целите на ДДВ,
5.8.2.1) Регистрација на поврзани лица за ДДВ,
5.8.3.)Давање дозволи и одобренија според Законот за акцизи
5.8.3.1)Акцизна дозвола,
5.8.3.2)Одобрение за акцизно повластено користење
5.8.4.)Промена на податоци, одјава и друго,
5.8.5.)Идавање на потврда ДДВ-21
5.9.)Регистрација на фискални апарати
5.9.1.)Регистрација на фискални апарати,
5.9.2.)Издавање на преписи на решение за регистрација, промени, одјави
5.9.3.)Заверка на парагон блокови и итна сметководтсвена книга