- Заложба на Агенцијата за иселеништво е пружање соодветна стручно-техничка помош на иселениците од Македонија, во процесот на инвестирање во РМ, во процесот на извоз на македонски производи во странство, а со тоа и услови за нивно вклучување во економскиот живот на Република Македонија, преку инвестирање во македонското стопанство.
- Овозможување проток на брзи, навремени и ефективни информации за иселениците од Македонија од повеќе области, пред се од економијата, културата, општествено-политичкиот живот и слично преку Интернет страницата на Агенцијата со адреса
www.emigration.gov.mk, како и наменски содржини од областа на економијата преку посебна Интернет страница
www.investirajvomakedonija.gov.mk
- Обезбедување и евидентирање на статистички податоци за иселеништвото и создавање база на податоци на иселеници (адресар) и иселенички организации (детален профил), како и адресар на бизнисмени-иселеници од Македонија, менаџери и фирми од иселеништвото.
- Потикнување и унапредување на културниот развој на иселениците од Македонија, посебно на најмладата генерација на иселеници, заради одржување на националниот, образовниот и јазичниот идентитет.
- Потикнување за решавање на државјански статус на иселениците со Република Македонија, нивно вклучување во изборниот процес, а со тоа и во јавно -политичкиот живот на Република Македонија.
- Секојдневна комуникација со иселениците од Македонија, со сите расположиви средства за комуникација, како и со непосредни средби (бизнис семинари, културни манифестации и сл.) во Република Македонија, како и во нивните иселенички средини.