Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е са¬мстоен орган на државната управа, надлежен за односите помеѓу верските заедници и религиозните групи и државата.
Основна задача на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи е да ги врши работите кои се однесуваат на статусот и правната положба на верските заедници и рeлигиозни¬те групи, како и работите во врска со односите помеѓу државата, верските заедници и религиозните групи.
Верската толеранција помеѓу верниците од различни конфесии, ме¬ѓу¬себното разбирање, почитувањето на разликите, меѓусебниот дијалог и не¬дискриминацијата на луѓето по верска основа и припадност, се основ¬ни¬те компоненти на верскиот плурализам.
Мозаикот на нашето културно богатство, цивилизациските достигнувања, обичаи, тра¬диции и верскиот плурализам е основа за прогрес, а не мотив за нетолеран¬ција, дискриминација, меѓусебен конфликт и меѓусебно уништување.