|
Саботни термини за вадење лични карти за лица над 75 годишна возраст
Управните служби при МВР во Скопје, поради енормно зголемениот интерес, односно со цел да им излезат во пресрет на барањата на граѓаните, ќе продолжат со работа и во наредните саботи.
Саботните термини ќе бидат резервирани за лица над 75 годишна возраст коишто имаат потреба од услугите на Управните служби на МВР (вадење на лични документи). Заради избегнување на секојдневното чекање, за граѓаните од оваа категорија ќе биде доволно при телефонското аплицирање на бесплатниот телефонски број само да ја нагласат возраста. Со тоа ќе им се излезе во пресрет на околу 20.000 граѓани кои се над таа старосна граница, што ќе придонесе за намалување на притисокот и во другите работни денови.
|