Увидот граѓаните ќе можат да го направат и преку интернет адресата www.izbirackispisok.gov.mk, фиксниот телефонски број 14 17 14 или преку двата мобилни телефони 070 141714 и 075 14 17 14 со праќање на СМС-пораки.
Од 05 мај 2006 година започна јавниот увид во Единствениот избирачки список пред престојните парламентарни избори. Тој согласно законските одредби ќе трае до 19 мај 2006 година до 24 часот. Увидот ќе се врши во 34 подрачни одделенија и 237 месни канцеларии на Министерството за правда од 8 часот наутро до 19 секој работен ден и сабота и недела.
Годинава за прв пат Министерството за правда подготви два проекти за полесен пристап до Единствениот избирачки список. Проектот “Избирачки список на интернет” што се реализира во соработка со граѓанската асоцијација МОСТ им овозможува на граѓаните на Република Македонија јавниот увид во Единствениот избирачки список да може да го направат преку интернет. Проектот “Провери се во избирачкиот список” реализиран во соработка со АД “Македонски телекомуникации” дава можност проверката да се врши по телефон и СМС-пораки. Целта е полесен и побрз пристап што подразбира и полесна проверка на податоците од Единствениот избирачки список.
За проверка на интернет е потребно да се внесат името и презимето, како и матичниот број. Граѓаните воедно ќе се информираат и за начинот на запишување, бришење и за промена на податоците. Интернет адресата е www.izbirackispisok.gov.mk.
За проверка преку телефон граѓаните ќе треба на операторот, кога ќе се јавуваат на фиксниот број да му го кажат единствениот матичен број или пак, да ги напишат името и презимето и единствениот матичен број на СМС-порака и ќе дознаат дали се во Избирачкиот список.
Граѓаните ќе може за проверка на податоците во ЕИС да го користат фиксниот телефонски број 14 17 14, како и двата мобилни телефони 070 141714 и 075 14 17 14 од кои ќе праќаат СМС-пораки.
Воедно ќе бидат известени каде треба да се обратат доколку ги нема во списокот.