Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Издавање на патна исправа
Pocituvani g-da, Potrebno e da izvadam patna isprava za 11 mesecno dete , dali moze da me izvestite koi dokumenti se potrebni za vadanje za pasosot. Odnapred blagodaram, Tanja
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Во врска со прасањето за издавање на патна исправа за 11 месечно дете ,Ве известуваме со следното.: Документи потребни за поднесување на барање на патна исправа се: - барање ,картон уредно и читко поплнет(на шалтерот во МВР) - 50 денари таксена марка - 1000 денари во готово,се плаќа на референтот - 2 идентични фотографии - уплата на жиро семтка - уплата од 50 денари на жиро сметка - извод од МКР на детето Со барањето се приложува извод од МКВ ,не постар од 6 месеци,или пак согласност (присуство) на другиот родител
Zdravo. Sakam da ve zamolam za edna informacija. Pasoshot mi istekuva vo Maj 2006. Strav mi e da odam vo Maj da go obnovam bidejki sekoj pat pred leto ima strashni guzvhi, pa me interesira dali moram da chekam da isteche ili mozhe da podnesam baranje i porano za da gi izbegnam guzvhite. Dali kje imam dopolnitelni troshoci i proceduri osven ovie sto se navedeni tuka na sajtov? Vi blagodaram na odgovorot.
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Мозете да поднесете барање за издавање на патна исправа и пред истекот на рокот на вашата патна исправа во мај 2006 година, и нема да имате никакви дополнителни трошоци и дополнителни процедури освен оние што се наведени на нашата веб страна.
Дали тоа значи дека може да го пополнам формуларот (pdf фајлот од оваа страница) и да го доставам до МВР за да ми издадат пасош?
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Во врска вашето прасање,дали може да се пополни формуларот ПДФ,и да се достави до МВР за да се издаде патна исправа, Ве известуваме дека тоа не е можно, туку секој лично на шалтерите во МВР го пополнува уредно и читко барањето-картонот за издавање на Патната Исправа.
kakva dokumentacija e potrebna za prodolzuvanje pasos za nad 27 gos
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПАТНА ИСПРАВА Картон-барање, уредно и читко пополнето (барањето може да го најдете на сите шалтери каде го поднесувате барањето за издавање на патна исправа); барањето - картонот е со бела боја и доколку сакате податоците во патната исправа,да Ви бидат испишани на македонски јазик и кирилско писмо и на латинско писмо,потребно е да пополните барање во кое сите рубрики се испишани на македонски јазик. доколку сакате,податоците во патната исправа,да Ви бидат испишани на македонски јазик и кирилско писмо и на службениот јазик и писмо различен од македонскиот јазик(албанско писмо)во двојазичен образец на патната исправа,потребно е да аплицирате и на двојазичен картон-барање 50,00 денари – таксена марка, 1 000,00 денари во готово, се плаќа на референтот, 2 идентични фотографии, важечка лична карта, Уплатница на жиро сметка 500,00 денари – за лица над 27 години, 250,00 денари – за лица до 27 години. НАПОМЕНА: БАРАЊЕТО СЕ ПОДНЕСУВА ЛИЧНО!
Kolku godini e vaznosta na pasosot za lica do 27 godini a kolku za lica nad 27 godini?
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница. За важноста на патната исправа Ве известуваме со следното: - за лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење до десет години - за лица на возраст од 4 до 27 години пасошот се издава со рок на важење од пет години - за лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години.
Почитувани, со сопругата живееме во Германија, каде и во март минатата година се венчавме. Во Јануари годинава добивме бебенце, кое по германските закони нема право на германско државјанство, туку треба да го има македонското. Кога стапивме во контакт со Одделението на македонската амбасада во Бон, од таму не советуваа бебето да го пријавиме во Македонија кога ке бидеме таму. Планираме да патуваме на почеток на септември и бидејќи на располагање имаме ограничено време од неколку недели сакавме однапред да прашаме кои све документи и процедури се потребни за да можеме на детето да му извадиме пасош. Однапред благодарен, Горан
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница. Доколку и двајцата родители на дете родено во странство се државјани на Република Македонија, барањето за запишување на податокот за раѓање во матичната книга на родените се поднесува во матичната служба во местото каде што родителите имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија. При поднесување на барањето потребно е родителите да приложат извод од матичната книга на родените за детето во оригинал, извод од матичната книга на венчаните и документи за идентификација за нив. Доколку еден е родителите е странски државјанин покрај наведеното потребна е и негова согласност детето да се запише во матичната книга на родените во Република Македонија. Во врска со издавање на патна исправа на малолетното дете, Ве известуваме со следното: За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност барањето за издавање на патна исправа, или виза, го поднесува еден од родителите, односно старателот. Со барањето се приложува извод од МКВ, не постар од 6 месеци, или пак согласност (присуство) на другиот родител. Šто се однесува до потребни документи за издавање на ПИ на малолетно дете се: - Барање- 2 картони, уредно и читко пополнети, како и пополнување на сите рубрики во барањето - 3 идентични фотографии - Важеќки документ за идентификација (издаден во РМ или во странство) - Уредна наплата на паричната такса Барањата- картоните се со сина боја и истите се наоѓаат во ДКП на РМ во странска земја
Pocituvani, So soprugata ziveeme vo Avstralija, imame 8 godisno dete koe e rodeno vo Avstralija, za koe bi sakal da izvadam Makedonska patna isprava. Deteto e zavedeno vo Maticnata kniga na rodeni na Republika Makedonija. Me interesira koi dokumenti ke mi bidat potrebni, dali i dvata roditeli bi trebalo da bidat prisutni i kolku dolgo bi traela postapkata dokolku gi podnesam potrebnite dokumenti pocetokot na mesec Juni. Odnapred vi se zablagodaruvam za odgovorot.
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна.Согласно вашето прашање за вадење на Македонска патна исправа за малолетно дете родено во Австралија каде што и живеете ,Ве известуваме со следното: Документите што се потребни за издавање на патна исправа треба да ги доставите до нашето ДКП во Канбера. Потребни документи за малолетното дете - извод од МКР на детето - согласност на двајцата родители или извод од Матична книга на венчани не постар од 6 месеци,а за сите други потребни информации ке се обратите во Македонската амбасада во Канбера
Pocituvani, dali e mozno vo isto vreme da se izvadi nova licna karta i pasos i dali postoi opcija za vadenje pasos po itna postapka, so ogled na toa deka pasosot mi treba za potrebite na sluzbeno patuvawe za 4 dena. Blagodaram
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна.Во врска со вашето прасање,не е можно истовремено да се поднесе барање за лична карта и пасош, од причина што при поднесувањето на барање за пасош се бара подносителот да поседува важечка лична карта.Постои можност за издавање на патна исправа по итна постапка, со плаќање на 1000 денари повење од редовната цена, но за тоа подетално објаснување се добива на шалтерите во органот каде го поднесувате барањето за издавање на нова патна исправа.Со почит
Dobar den pocituvani. Bi sakal da ja doznaam slednata informacija: na 19 avgust 2006 godina ke stapam vo brak so mojata verenica, koja dopolnitelno ke go dodade i moeto prezime. E, sega, ni sakame vednas sledniot den da zamineme na odmor vo stranstvo. Problemot e sto ne znaeme dali na granica ke ne pustat, ako taa na pasot i pisuva poranesnoto prezime (odnosno samo nejzinoto), ako se ima predvid deka moeto prezime "stapuva na sila od 19 avgust"? Taa i sega treba da izvadi pasos, zosto i e istecen. Ve molam za informacija So pocit, Gligor
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница. Доколку при склучувањето на брак еден од брачните другари го смени презимето, а потоа поради изминат рок на патната исправа поднесе барање за нова патна исправа, истата ке му биде издадена со новото презиме, под услов во матичната служба претходно да се завршени сите процедура околу запишувањето на бракот и променат на презимето.Законскиот рок за издавање на нова патна исправа од денот на поднесувањето на барањето е 15 дена. Со почит
Пасошот на мојата сопруга важи уште 3 години.Но меѓутоа на нејзиниот пасош стои нејзиното моминско презиме, а на лична карта го носи моето презиме. Дали мора да вадам пасош за неа или истиот ќе важи уште 3 години?
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна. Со самиот факт што по склучувањето на брак на своето презиме сте го додале презимето на сопругот и во правниот сообраќај се служите со тоа презиме сите лични документи кои ги поседувате треба е да бидат на Вашето ново презиме. Во спротивно, доколку не се служите со личното име што е запишано во матичната книга на родените ќе бидете прекршочно казнети согласно член 8 од Законот за лично име.Со почит
Ве молам за одговор на следното прашање, за продолжување на пасош, дали е истата процедура наведена овде, и дали истиот пасош само се продолжува или се издава нов. Роден сум 1985 година, ако тоа е важно за поставените прашања. Со почит, благодарам
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна.Со важечкиот закон за патни исправи на државјаните на Р.Македонија ( Службен весник на Р.Македонија бр. 73/04) (пречистен текст ) , категоријата “продолжување “ на патната исправа со изминат рок не е предвидена. Со почит.
Имам две прашања: 1. дали има постапка за забрзано вадење пасош по службена линија? 2. кое е работното време на шатлерите за патни исправи? Поздрав
Благодариме што ја посетивте нашата веб страна.Работното време на шалтерите во СВР - Скопје за поднесување на барањето за издавање на патни исправи или за подигање на готови патни исправи е од 08.00 часот до 18.00 часот. Патната исправа или виза, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на баранјето. По исклучок од ставот 1 на овој член, во итни случаеви ( лекување во странство, смрт или болест на член од семејството, неодложно службено патување ) или поради други оправдани принцини,пасошот или визата се издаваат најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на барањето. Со почит.
Почитувани. сакам да стапам во брак со странска државјанка. на прашањето кои документи треба да ги поседувам ми беше речено меѓу другото и потврда за неоженен од највисок орган со восочен печат. Ме интересира кој е највисокиот орган до кој треба да се обратам. Однапред благодарам
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Доколку сакате да склучите брак со странски државјанин во Република Македонија потребно е да поседувате извод од матичната книга на родените не постар од шест месеци. Барање за извод од матична книга на родените се поднесува во подрачната единица на МВР на РМ во местото каде сте родени. Додека странскиот државјанин потребно е да поседува извод од матичната книга на родените во оригинал со уредно преведен и нотарски заверен или пак доколку изводот од матичната книга на родените е на интернационален образец во тој случај превод нема да биде потребен. Воедно потребно е странскиот државјанин да достави и уверение за слободна брачна состојба и уверение дека нема законски пречки да склучи брак на територија на Република Македонија, како и да има уредно пријавен престој во Република Македонија. Исто така и тоа уверение треба да биде уредно преведено и нотарски заверено. Сите наведени документи кои треба да ги поседува странскиот државјанин треба да не бидат постари од шест месеци. Доколку сакате бракот да биде склучен во странство во тој случај, Вие треба да поседувате извод од матичната книга на родените на интернационален образец и уверение за слободна брачна состојба во кое е содржано и уверението дека нема законски пречки бракот да го склучите во странство. Барањето за издавање на наведените документи треба да го поднесете во Подрачната единица на МВР на РМ во местото каде сте родени. Со почит
Здраво, Ме интересира какви документи се нужни за легализација на брак меѓу македонска граѓанка и странец. Бракот е склучен во туѓина. Има ли некаков рок во кој што мора да се пријави бракот и да се легализира. Благодарам, В. В.
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Согласно Законот за матичната евиденција (“Службен весник на РМ” 8/95 и 38/02) податокот за евидентирање на брак склучен во странство помеѓу македонски државјанин и странец во матичната евиденција во Република Македонија се врши врз основа на извод од матичната евиденција на соодветниот орган во странство. Изводот го поднесува странката, ако со меѓународен договор не е поинаку предвидено. Со почит
Колку денари треба да се уплатат на жиро-сметка за продолжување на пасош на деца под 4 години и дали треба присуство на двата родитела (децата веке имаат извадено лични пасоши).
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Во врска со Вашето прашање за уплаќање на таксата за издавање на патна исправа за деца под 4 - годишна возраст изнесува 50,00 денари.Што се однесува до прашањето за присуството на двата родитела при издавање на патна исправа за малолетни лица, Ве известуваме дека е потребно нивно присуство со важечки лични карти, а доколку еден родител поднесе барање за издавање патна исправа потребно е да достави и венчаница не постара од 6 месеци . Со почит.
Дали за македонски државјани родени во република Грција може на нивно барање да се наведе во податокот за место на раѓање само република Грција, без наведување на градот (селото) во р. Грција. Ова е потребно за да грчките гранични службеници дозволат влез во Грција. Благодарам
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Во врска со Вашето прашање за испишувањето на местото на раѓање на македонски државјани родени во Република Грција, Ве известуваме дека е возможно печатење на патната исправа и со внесување на местото на раѓање на лицата родени во Р.Грција , а по нивно барање може местото на раѓање да се изостави и да стои само државата - “ГРЦ”. Со почит.
Ве молам да ми одговорите на сл. прашања: 1. Дали може барањето за патна исправа да се испечати од интернет? 2. Колку треба да се уплати на жиро сметка, за две годишно дете? 3. Дали изводот од МКР на детето не треба да биде постаро од 6 месеци? 4. Дали ако се присутни и двајцата рподители, треба да се достави извод од МКВ? 5. Со колкава важност ќе биде пасошот? 6. Кое е работното време на шалтерите за издавање патни исправи? Ви благодарам.
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Во врска со прашањата поставени од областа на патните исправи, Ве известуваме со следното: 1. Во врска со првото прашање, дали може барањето за патна исправа да се испечати по интернет, Ве известуваме дека не е можно, туку секој апликант, лично на шалтерите во МВР го поднесува барањето за издавање на патна исправа. 2. Што се однесува на прашањето за висината на административната такса што се уплаќа на ж-ска за дете до две годишна возраст, истата изнесува 50,00 денари. 3. Изводот од МКР на малолетно дете не треба да биде постар од 6 месеци. 4. Ако се присутни двајцата родители при поднесување на барање за издавање на патна исправа на малолетно дете не е потребно извод од МКВ. 5. Во врска прашањето за важноста на патните исправи, Ве известуваме со следното: - За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години. - За лица на возраст од 4 до 27 години пасољот се издава со рок на важење од пет години, и - За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години. 6. Во врска со прашањето за работното време на шалтерите за издавање на патни исправи, Ве известуваме дека шалтерите работат со странки од 8, 30 часот до 19 часот. Со почит.
Почитувани, Ве молам да ме информирате до колку часот во текот на реботен ден би можел да поднесам документи за нова патна исправа. Однапред благодарам.
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Ве известуваме дека барањето за вадење на патна исправа можете да го поднесете секој работен ден од 08,30 до 19,00 часот ул. Кеј Димитар Влахов бб - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар , Скопје. Со почит.
Ве молам да ми одговорите- Која е постапката за промена на личното презиме, во ситуација што не е поврзана со склучување на брак ?
Благодариме што го постивте нашиот веб портал. Промената на личното име, односно само името или презимето се уредува со Законот за личното име (»Службен весник на РМ« број 8/95). За да се промени личното име односно само името или презимето, потребно е граѓанинот да поднесе барање до подрачната единица на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, според неговото место на живеење. Покрај барањето потребно е да приложи и: извод од матичната книга на родените, уверение дека против него не се води кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и документ за идентификација. Со почит.
Почитувани, Дали постојат некакви поволности - попусти во плаќањето - при вадењето патни исправи за близнаци? Таксите кои треба да ги платам за нив вкупно чинат 3.600,00 ден. Ако ја пресметам и сумата од 1.800,00 ден. претходно уплатена за третото дете, јас треба да одвојам точно половина сума од мојата плата. Дали како родител на три деца имам право да поставам вакво прашање?
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Почитувани, за жал иако имаме целосно разбирање за суштината на вашето прашање актуелните законски прописи не предвидуваат бенефиции, односно повластувања на родители на близнаци или повеке деца при аплицирањето за патни исправи. Со почит.
Почитувани, сакав да прашам каде би можела да ги најдам кодовите за општините за да ги пополнат уплатниците за патна исправа! Благодарам
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Почитувани, кодовите со поштенските броеви на општините можете да ги најдете во било која пошта на територијата на Р.Македонија. Со почит.
Почитувани,Ве молам за информација .Се работи за малолетно дете од шест години кое е родено и живее во Германија.Пасошот му истекува оваа година. Дали треба лично родителите да дојдат да му извадат нов пасош или може со полномошно да му извади некој друг. Ако може која е постапката и кои документи се потребни. Однапред Ви благодарам
Благодариме што го посетивте нaшиот веб портал. Со отпочнувањето на проектот “ Нови лични документи” аплицирањето за патните исправи и нивното издавање се врши единствено во Р.Македонија во надлежните Сектори - Одделенија за Внатрешни работи. Пред да Ви ги посочиме потребните документи за процедурата за вадење патна исправа за малолетно лице нужно е да го имате предвид следното: апликацијата е задолжителна преку телефонскиот број 0800 192 92, при започновањето на постапката неопходно е да бидат присутни двајцата родители со важечки лични карти или присуство на еден родител со венчаница заради докажување на брачниот статус. Потоа следната проседура е: - барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето, - 50 денари- таксена марка, - уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за образецот на пасошот , - уплатница на жиро сметка за административна такса изнесува: - 50,00 денари- за лица до 4 годишна возраст, - 250,00 денари- за лица од 4 до 27 години, - се приложува извод од МКР ИТНА ПОСТАПКА – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопје. Согласно Решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што се употребуваат во МВР под број 13.1-22101/1 од 28.03.2007 година кое влегува во сила од наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на РМ, а се применува од 01.04.2007 година, во точка III. од решението гласи: III. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот. Ако граѓанинот бара изготвување на пасош во итна постапка, истиот ќе се издаде најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесување на барањето за издавање на пасош, освен ако се издава поради лекување во странство, смрт или тешка болест во семејството. Со почит.
Почитувани, Ме интересира процедурата за издавање на меѓународен извод на родени? Колку трае и која е постапката за добивање на истата, документи и слично? Благодарам однапред! Вера.
Ви благодариме што го посетивте нашиот веб портал во врска со вашето прашање сакаме да ве информираме дека вадењето на извод од матична книга на родените е под надлежност на Министерство за правда. Со почит.
Почтувани,ме интересира пасошот до кога има важност до кога му истекува датумот на важење и дали до таа дата може да се патува???
Ви благодариме што го посетивте нашиот веб портал во однос на вашето прашање сакаме да ве информираме дека патната исправа има важност до датумот на истекот на важење. Со почит.
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.