Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Остварување права од социјална заштита
majka mi e staratel na vnuka mi od sestra o socijalnite rabotnici resija dase prekine staratelsvoto zosto dojde nov zakon megu toa barat od majka da si ja zeme kerkata a majkata na devojceto e premazena ima dve deca i ocovot ne ja prifaka toa go znat i socijalnite rabotnici no Jovanka Dujak socijalen rabotnik sto go vodi predmetot na devojceto ne maltetira ne vika sekoj vtor den da doagama nije od prvin se protivevme za prekinuvajne na staratesvoto no posle donesovme zaednicka odluka da se prekine no posle gospogata Dujak ne mavtase aj dojdete utre aj drug den aj ova aj ona majkami e stara zena 65 godini ima i e bolna od poveke bolesti operirana e o Tumur na glava i bez razlika na se ona ja tuzi majkami za navreda so majkami i pukna filmot slusna od nejzini koleski deka site ja znat gospogata dujak kako hitler i ona toa si go zema zdravo za gotovo i ja tuzi majkami ve molam za pomos i nije sakame da ja tuzime za maltetirajne i nise obraka na srpski jazik dali nije imamee nekoja zastita dali nije mozeme da tuzime ?????
По однос на работата на стручните лчица во центар за социјална работа, граѓаните можат да се обрата до непосредниот раководител на службеното лице, односно директорот на центарот за социјална работа.
Кои се условите за да отворам приватна градинка?
Условите за отварање на приватна детска градинка се утврдени со Законот за заштита на децата и подзаконските акти од овој пропис. За поконкретна информација обратете се во Секторот за заштита на децата при Министертсвото за труд и социјална политика ( EDimitrovska@mtsp.gov.mk ).
Pocituvani,19 godini placam alimentacija za sinot. So niv nemam nikakov kontakt a alimentacijata ja placav na ziro smetka na bivsata sopruga.Neodamna isprativ baranje do nea da mi dostavi potvrda dali deteto redovno studira na adresa sto dosega ja imav. Baranjeto mi se vrati bidejci povece ne ziivee na taa adresa a poranesnata sopruga dosega ne mi dostavila nikakva potvrda. Kako da postapam za da go prekinam placanjeto alimentacija?
Согласно со Законот за семејството родителот има обврска за законско издржување на своето дете до 18 годишна возраст, односно додека е на редовно школоување,а најдоцна до 26 годишна возраст. Обврската за издржување, како и висината на издршката ја утврдува судот во пресудата за развод на брак, од кои причини треба да побарате измена на одлуката на судот во овој дел.
Bremena sum (PRVA bremenost) i nosam BLIZNACI...me interesira dali ni sleduva paricen nadomestok,dali za sekoe dete poseben nadomestok? koi dokumenti ni se potrebni? i kade treba da gi podneseme?
Согласно со пропсите од областа на детската заштита, за првородено дете, следува еднократен паричен надоместок за првороденче, а во случај на рашање на близнаци и двете деца се сметаат за првородени и добиваат поединечен надоместок. Барањето за остварување на ова право се поднесува најдоцна три месеци по раѓањето на детето/децата во надлежниот центар за социјална работа, каде во формуларот за поднесување на барање се наведени и потребните документи.
Dali vo Makedonija postoi zakon so koj edno lice moze da proglasi fizicki stecaj
Условите, начинот и постапката за стечај се регулирани со посебен пропис за кој надлежен орган е Министерството за економија. Со оглед дека оваа материја не од областа на социјалната заштита, потребно е да се обратите во надлежното министерство.
Korisnik sum na socijalna pomos veke 3 godini.Minatata godina gospodinot Premier najavi deka ke ima subvencii od po 600 denari za korisnicite na socijalna pomos a do pred nekoj de slusnav na vesti deka ke se zgolemelo od 600 na 700 denari.Dve godini podnesuvam potrebni dokumenti za koristenje na tie 600 den no do den denes nemam dobieno ni denar od centarot za socijalna rabota vo Krusevo.Se obrativme do centarot za socijalna rabota Krusevo ni rekoa deka nema pari za toa i deka se cekalo odobrenie od Skopje.Istoto ova go slusnav i na sednica na pratenicki prasanja na koe premierot ekspresno odgovori deka se isplakaat subvenciite za struja nesto sto nie do denes ne znaeme a za ova od centarot za socijalni raboti vo Krusevo krevaat ramena.Kako toa premierot so novite antikrizni merki zgolemuva nesto za 100 denari za koe do den denesen nema isplateno ni denar.
Барањето за остварување на право на субвенционирање на потрошувачката на енергија се поднесува до надлежниот центар за социјална работа. Кон барањето се приложува платена сметка за потрошена електрична енергија или парно греење, набавка на нафта или огревем материјал. Центарот е должен да одлучи за секое поднесено барање дали правото следува или истото да го одбие барањето. Во случај кога центарот нема да донесе одлиука во рок од 60 дена, подносителот на барањето може да се обрати до Министерството за труд и социјална политика, со писмен поднесок и да ги достави сметките за кои повбарал остварување на правото на субвенционирање на дел од трошоците за потрошена енергија.
samohrana majka sum so maloletno sedumgodisno dete,momentalno vrabotena vo privatna firma.so moite primanja nemozam da se zdobijam so nikakvo pravo za dobivanje stanben kredit,a potrebno mi e sopstveno zivealiste bidejki ziveeeme pod kirija i odvaj go pominuavme mesecot.Kako da se zdobijam so pravo na nekoj od socijalnite stanovi sto se delat ili pak nekoe zivealiste.Bev vo centar za socijalni grizi vo Kumanovo,kade sto direktorot mi rece deka ima takvi stanovi no se odi preku Vlada na RM,i zasega gi ima vo Skopje ili nekoi drugi mesta.Ve molam dali Vie imate nekoj odgovor,moram da obezbedam krov nad glava za moeto malecko.kako da dojdam do nekoe zivealiste kako samohran roditel?
Распределбата на станови во сопственост на Република Македонија, за лица кои се наоѓаат во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски.
samohrana majka sum so maloletno sedumgodisno dete,momentalno vrabotena vo privatna firma.so moite primanja nemozam da se zdobijam so nikakvo pravo za dobivanje stanben kredit,a potrebno mi e sopstveno zivealiste bidejki ziveeeme pod kirija i odvaj go pominuavme mesecot.Kako da se zdobijam so pravo na nekoj od socijalnite stanovi sto se delat ili pak nekoe zivealiste.Bev vo centar za socijalni grizi vo Kumanovo,kade sto direktorot mi rece deka ima takvi stanovi no se odi preku Vlada na RM,i zasega gi ima vo Skopje ili nekoi drugi mesta.Ve molam dali Vie imate nekoj odgovor,moram da obezbedam krov nad glava za moeto malecko.kako da dojdam do nekoe zivealiste kako samohran roditel?
Распределбата на станови во сопственост на Република Македонија, за лица кои се наоѓаат во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски.
Pocituvani, Potreben mi e strucen sovet od Vasa strana, a problematikata e povrzana so obezbeduvanje na soodvetna pravna zastita na maloletno dete, koja pomos ne mozeme da ja obezbedime preku stucniot tim na Medjuopstinski centar za socijalna rabota vo Kumanovo, bidejki od nivna strana dobivme odgovor deka tie ne se nadlezni da postapuvaat vo konkretniot predmet. Dokolku se pojavi potreba, oficijalno ke pobarame i Vase vmesuvanje i intervencija vo konkretniot predmet kako bi mozele da najdeme konkretno resenie za nastantiot problem. Imeno, vo tek e sudska postapka za izmena na odluka za staratelstvo so koja maloletnoto dete e dodeleno na majkata, od pricina sto istata odbiva da gi izvrsuva svoite roditelski prava onaka kako predviduva i Zakonot i moralot na naseto opstestvo, pa deteto vo momentot e kaj tatkoto koj vo celost ja ima prevzemeno griziata okolu deteto. Sudsktata postapka za izmena na odluka za staratelstvo e pokrenata po osnov na dadena i notraski zaverena izjava dadena od strana na majkata, so koja istata se soglasi da deteto bide dodeleno na tatkoto koj ponatamu ke prodolzi da se grizi za nego, so ogled da taa e nevrabotena, nema nikakov imot,a ima i potreba da zamine vo stranstvo kade ke prestojuva podolgo vreme. So ogled da ovaa sudska postapka seuste ne e pravosilno okoncana, majkata od zasega nerazjasneti pricini go prijavuva tatkoto deka ne i dava da go gleda deteto i ima inicarno postapka pred nadlezen izvrsitel za prisilno izvrsuvanje na Presudata so koja dete i bese dodeleno na nea, obiduvajki se prisilno da go odzeme dete od tatkoto i da go odvede vo stranstvo zaedno so nea. Od tie pricini, potrebno e da se prezemat site merki so koe deteto ke bide vo celost zastiteno i ke se izbegnat bilo kakvi traumi povrzani so negovoto preseluvanje vo druga drzava, vo nepoznata sredina so poinakvo govorno podracje, koe moze negativno da se odrazi na zdravjeto i psihickiot razvoj na malolentoto dete. Od tie pricini, potreben ni e Vas sovet za natamosno postapuvanje vo konkretniot slucaj, so ogled da Centarot za soc.rabota vo Kumanovo odbiva da prevzeme bilo kakva merka za da se spreci vakvata zloupotreba na roditelskoto pravo na majkata na deteto, dodeka trae postapkata za promena na odluka za stratelstvo. Ona sto e uste poapsurdno e sto strucniot tim ne go zema kako biten faktot deka majkata nema nikakvi materijalni i finansiki moznosti da se grizi za maloletnoto dete i nejzinata namera da deteto go odvede vo stranstvo, a za koe nesto postoi opasnost za tatkoto da nikogas povece ne go vidi deteto za koe dosega besprekorno se grizel, so obrazlozenie deka nivnite mislenja za toa na koj roditel treba da mu se dodeli deteto po stratelstvo, a koi gi davale za potrebite na sudot, sekoga odele vo korist na majkata, bez da se zemat vo prediv bilo koi drugi fakti koi se bitni za pravilno odlucuvanje vo taa nasoka. Od tie pricini potrebna ni e Vasa strucna pomos i sovet vo nasoka na nadminuvanje na nastanatiot problem. Od napred Vi blagodarime na pomosta.
Одлука за доделување на дете кај еден од родителите во постапката за развод на брак донесува надлежниот основен суд, како исклучиво надлежен орган. Пресудата со која детето е доверено на понатамошно чување и воспитување кај еден од родителите, може да се промени само врз основа на поднесена тужба, со наведување на нови изменети околности. Во постапката надлежниот центар за социјална работа, на барање на судот изготвува стручно мислење, засновано на најдобриот интерес на детето кај кој од родителите понатума детето треба да остане на чување и воспитување. Центарот за социјална работа е исклучиво надлежен орган за уредување на личните односи на детето со родителот со кого не живее заедно. Во случај кога родителот има основано сомнение дека другиот родител има намера да го изнесе детето од државата, може до судот да достави и барање за изрекување на привремена мерка за забрана за изнесување на детето надвор од Република Македонија, кој предлог се доставува кон тужбата за измена на судската пресуда за доверување на детето.
Zdravo,jas postaviv prasanje megutoa ne dobiv odgovor :( vencana sum ped godina dena so avstrasliski drzavjanin,sega sakam da se razvedam,sto treba,koi dokumneti,kade da se obratam,za kolku vreme bi dobila razvod,i kolku seto toa bi me kostali,vi blagodaram odnapred,pozdrav
Постапката за развод на брак ја спроведува основен суд. Надлежноста на судот во Република Македонија се утврдува според последното живеалиште на брачните другари, односно доклолку живат во Македонија, како и доколку нивното малолетно дете живее на територија на Македонија. Постапката се иницира со однесување на тужба или со спогодбен предлог за развод на брак. Кон тужбата се поденсува извод од матичната книга на венчаните и извод од матична книга на родените за малолетно дете. Во случај која брачните другари имаат заедничко дете, центарот за социјална работа спроведува мировна постапка и до судот доставува мислење кај кого од родителите да се довери малолетното дете на понатамошно чување и воспитување. Одлука за развод на брак, доверување на дете кај еден од родителите и висината на издршката за детето донесува судот, како и за трошоците за постапката.
Zdravo,jas postaviv prasanje megutoa ne dobiv odgovor :( vencana sum ped godina dena so avstrasliski drzavjanin,sega sakam da se razvedam,sto treba,koi dokumneti,kade da se obratam,za kolku vreme bi dobila razvod,i kolku seto toa bi me kostali,vi blagodaram odnapred,pozdrav
Постапката за развод на брак ја спроведува основен суд. Надлежноста на судот во Република Македонија се утврдува според последното живеалиште на брачните другари, односно доклолку живат во Македонија, како и доколку нивното малолетно дете живее на територија на Македонија. Постапката се иницира со однесување на тужба или со спогодбен предлог за развод на брак. Кон тужбата се поденсува извод од матичната книга на венчаните и извод од матична книга на родените за малолетно дете. Во случај која брачните другари имаат заедничко дете, центарот за социјална работа спроведува мировна постапка и до судот доставува мислење кај кого од родителите да се довери малолетното дете на понатамошно чување и воспитување. Одлука за развод на брак, доверување на дете кај еден од родителите и висината на издршката за детето донесува судот, како и за трошоците за постапката.
Почитувани! Ме интересира кои се условите кои треба да ги исполнува едно лице со телесен инвалидитет, за оставрување на правото на надоместок на лица со телесен инвалидитет, и која епостапката за остварување на ова право? Со почит!
Во системот на социјалната заштита, лицата со телесна попреченост можат да остварат право на постојана парична помош доколку се материјално необезбедени и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, доколку лицето неможе самостојно да се грижи за себе и за задоволување на основните животни потреби. За остварувањето на овие права, лицето треба да поднесе барање со потребна документација, како и да има наод и мислење на комисија за утврдување на потребата од помош и нега од друго лице. Информации за условите, постапката и потребната документација за остварување на овие права обезбедуваат стручните лица во центарот за социјална работа, надлежен според местото на живеење на корисникот.
moeto dete ima 2 godini kako da go socuvam da ne go zeme maz mi ?
Родителите имаат еднакви права и должности кон нивното малоетно дете. Во случај на развод на брак, судот бара од надлежниот центар за социјална работа стручно мислење по однос на тоа кај кого од родителите да се довери дететео на понатамошно чување и воспитување. Стручниот тим во центарот мислењето го заснова на најдобриот интерес на детето. По однос на регулирање на видувањата на детето со родителот со кого не живее заедно, исклучиво надлежен орган е центарот за социјална работа. Доколку родителите не се договорат за времетраењето и начинот на одржување на средби, центарот носи решение по утврдување на сите околности, имајќи ги во предвид возраста, потребите на детето и неговото право да одржува лични контакти до родителот со кого не живее заедно. Стручниот тим во центарот за социјална работа обезбедува и советодавна функција на лицата кои имаат потреба да се информираат за текот на постапката.
Дали на корисник на социјална помош му престанува правото на истата доколку потпиши договор на еден месец за волонтирање ?????
Корисник на социјална парична помош е должен да ја пријави секоја промена на својата имотна состојба во центарот за социјална рработа. Остварениот приход од еден месец се засметува во вкупниот приход во последните три месеци и влијае на висината на правото во следните три месеци. Доколку корисникот не ја пријави состојбата на остварениот приход, правото му престанува и не може да се оствари во наредните шест месеци.
Дали на човек кој е корисник на социјална помош , и кој би склучил договор за ВОЛОНТЕР кој по закон не добива материјален надомест за работата ами е помагател на државата , и го следува само трошоци за храна и пат ( околу 4 000.ден.) - би му ја прекинале социјалната помош иако за волонтерската работа не зема плата ???????? Ве молам за похитен одговор. Со почит Македонец.
Согласно со Законот за социјалната заштита е утврдена обврска за секој корисник на социјална парична помош да го извести центарот за социјална работа за секоја промена по однос на условите за остварување и користење на правото. Стручните лица во центарот ќе ја разгледаат пријавената промена и согласно законот и правилникот за утврдување на состојбата на прихоси и имот ќе оценат дали и на кој начин примањата по основ на договор за волонтирање ќе се засметаат во вкупните приходи на домаќинството. Со законот е утврдена обврска за пријавување на секоја промена на корисникот, во оваа насока и договорот за волонтирање во центарот за социјална работа.
Почитувани, плаќам алиментација на веќе полнолетни деца, кои студираат. Керка ми тоа лето от месец јули е волонтер по договор и со плата. Во исто време ќе запишува постдипломски студии. Дали треба да плаќам алиментација и кога таа волонтира и добива плата? Благодарам унапред!
Согласно со Законот за семејството родителот има обврска за законско издржување на дете до неговата 18-годишна возраст, односно додека е на редовно школување но најдоцна до 26 годишна возраст.По однос на постдипломските студии, вториот циклус на срудии се третира како редовно школување.
Почитувани, Планирам да се разведам, ме интересира како стојат работите околу поделба на имотот. Зивееме на спрат од семејна куќа на сопругот кој го изградивме одкако сме во брак. Дали имам право на дел од имотот со оглед на тоа дека го градевме и опремувавме заедно со заеднички средсва. дали имам право да ми се исплати дел од вредноста на имотот и каква е постапката. Однапред Ви благодарам
Постапката за поделба на заеднички стекнатиот имот на брачните другари е во исклучива надлежност на основните судови. Постапката за иницира по предлог на сосопствениците на зеднички стекнатиот имот во текот на бракот или со лична тужба и обезбедени докази за удделот на секој од сопружниците во заеднички стекнатиот имот.
Samohrana ,nevrabotena ne zastitena od drzavava vo pogled na finansii i samata se prasuvam kako ke opstanam.Ostanav dva pati bez rabota vo firmi vo koi rabotev tie ne otidoa pod stecaj tuku propadnaa,so staz od 24 god i56 god starost.primav 1god.soc.pomos vo 2005 god i mi bese ukinata zatoa sto mojot sega polnoleten sin vozel taksi za nekoj gazda koj go osigural na 4 casa rab. vreme a go maltretiral celi 24 casa i toa 2 meseci za na kraj da ne mu dava ni plata i go izbrkal. vo drzavava nema zakoni za rabota na crno osobeno vo ohrid kade polu pismeni gazdi gi napolnaa dzepovite i gi osiromasija mladi deca bez tronka zal i sram pa i strav.Sega kako jas ziveam bez primanja a i sinot ako rabotel na kratko socijalnoto trebase da ja ispita situacijata za da postapi taka.KOJ E toj sin KOJ NA RODITELOT MU JA DAVA PARATA KOJ /TAKA DALI IMAM NEKOE PRAVO VAKA DA ZIVEAM VO OVAA DRZAVA BEZ POMOS.KAKO DA POSTAPAM ZA MOETO COVEKOVO DOSTOINSTVO VE MOLAM ODGOVORETE.
Право на парична помош од социјална заштита остваруваат лица кои се материјално необезбедени и кои не поседуваат имот или имотни права од кои можат да се издржуваат. Овие лица може да остварат право по поднесено барање и потребна документација до надлежниот центар за оцијална работа. Стручните лица во центарот ке ја испитаат фактичката состојба, состојбата со приходи и имот на подносителот на барањето, како за него така и за членовите на неговото семејство, односно домаќинство. Врз основа на утврдената состојба се констатита дали лицето ги исполнува законските услови за остварување на право на парична помош од социјална заштита.
Дали матичниот лекар е должен да го чува здравствениот картон иако пациентот лично не си зел одјава од амбулантата туку зел одјава од подрачната служба на ФЗО? Благодарам.
Прашањето се однесува до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, од кои институции може да добиете точни информации.
Почитувани, согласно најновите правила и прописи базирани врз Законот за волонтерство, колкав може да биде максималниот месечен надомест за волонтерски ангажман на лице во сферата на граѓанските органзиации (здруженија на граѓани). Однапред благодарна.
Согласно со Законот за волонтерство, месечниот надоместок за ангажиран волонтер може да биде најмногу до 15% од просечната бруто плата исплатена во РМ за претходната година, објавена од Државниот завод за статистика. Во 2012 година висината за исплата на волонтер изнесува најмногу до 4.534 денари.
Зошто при остварување на правото на социјална парична помош се врши ДИСКРИМИНАЦИЈА на граѓаните кои имаат сметки во Комерцијална банка АД Скопје. Зошто се врши атакување на нивните граѓански права и слободи и нивниот избор на банка. Зошто не е обезбедена еднаква правна положба на сите банки на пазарот, односно се фаворизираат едни банки, а се дискриминираат други? Ви благодарам на одговорот.
Проектот за исплата на сите права од Министерство за труд и социјална политка на трансакциона сметка на карајните корисници со цел да се овозможи побрза дистрибуција на средствата до крајниот корисник и да се избегнат злоупотребите од Пошта, Министерството го започна во текот на 2011 година. За таа цел со јавен повик беа повикани СИТЕ банки регистрирани во Република Македонија да се вклучат во овој проект и да склучат договор со Министерство за труд и социјална политика. За жал од 16 Банки регистрирани на територијата на Република Македонија, единствено Комерцијална Банка АД Скопје и Охридска Банка АД, НЕ ПРИФАТИЈА да склучат договор со Министерството за реализација на проектот. Се надеваме дека во иднина можеби ќе има измена на политиката на горенаведените банки со што тие дополнително би се вклучиле во овој проект на Министерството за труд и социјална политика. Сегашната состојбата е дека секој корисник кој остварува право на парична помош од социјална заштита, може единствено да отвори трансакциска сметка и истата да ја поврзе со социјален број во една од Банките со кои претходно Министерството за труд и социјална политика веќе има склучено договор, а кои информации се достапни во секој Центар за социјална работа.
Postovani Ziveam i rabotam vo Germanija so mojata sopruga so koja sum poveke od 40 godini vo bracna zaednica.Pred polovina godina mojata sopruga pobara ovde vo Germanija da pokrene brakorazvodna postapka,go odbile nejzinoto baranje za besplatna postapka bidejki zarabotuva dobro,i ja posovetuvale vo Makedonija da ja pokrene postapkata.Imame 2 vozrasni deca i vnucinja i zaednicka sopsvenost steknati vo bracnata zaednica.Imam nekolku prasanja: Kade da se obratam za da bidam informiran dali e pokrenata brakorazvodna postapka, -Dali moze sudot da donese nekakva presuda bez da bidam uredno povikan na glavnata rasprava ako bila zakazena, -Vo slucaj ako e kazano na sudot deka ja nemaat mojata adresa,jas mozam da dokazam deka ziveeme zaedno vo sopstven stan poveke od 15 godini,dali mozam da pobaram od sudot -Da se vratat rabotite vo prvobitna sostojba,kako vonreden praven lek vo slucaj ako go propustiv rokot na zalba,bidejki ne sum bil informiran od sudot nitu od nejziniot praven zastapnik. Znaci ovde se raboti za ednostrana presuda,so povreda na moeto pravo" Da ja slusneme i drugata strana" toa e zlatnoto pravilo vo pravoto,znam deka sekoja ednostrana presuda e nezakonska i bespravna,i zatoa mislam moze da se pobara so vonreden praven lek Da se vratat rabotite vo prvobitna sostojba,za sto postojat objektivni i subjektivni pricini sto moze da se vidi od gore navedenoto. ne mi e vracena pokana za glavna rasprava,sudot go izlazale deka ne ja znaat mojata adresa, Ne mi se dade moznost za razgovor so socialnite organi za moznost za pomiruvanje,i.t.n. Ve molam ako ste vo moznost vasiot odgovor da mi go ispratite na mojata E-mail adresa,i ve molam da me posovetuvate za moite prava i kade da se oberakam za ovaa nepravda sto mi e napravena. So pocit i blagodarnost Vo ocekuva
Постапката за развод на брак е во исклучива надлежност на судските органи, како и постапката за поделба на заеднички стекнатиот имот. Во овие постапки центрите за социјална работа немаат надлежност, така да правна помош може да се обезбеди преку ангажирање на адвокат
IMAM DOSTAVENO ZALBA DO DRZAVNA KOMISIJA ZA ODLUCUVANJE VO UPRAVNA POSTAPKA I POSTAPKA OD RABOTEN ODNOS VO VTOR STEPEN NA 24-09-2012 SAKAM DA DOBIJAM INFORMACIJA KOLKU VREME TREBA DA POMINE ZA DA BIDEME POVIKANI NA KOMISIJA
По однос на постапката за одлучување по жалба може да доставите писмен поднесок за барање известување за текот на постапката до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка во втор степе.
kako da bidam podobra sestra i kako da bidam svoja???
Во центарот за социјална работа може да се обратите за советувалишна помош за подобрување на релациите во Вашето семејство
Ziveam vo Holandija so moeto dete koe e 23godini staro.Toj e seuste vo studii 2 godina .Pred nekoj den majkami me informira deka doslo sudska pokana za ukinuvanje na elimentacijata na moeto dete od negoviot tatko koj zivee vo Makedonija.Moeto prasanje e:Dali e mozno ukinuvanje na elimentacija na dete koe seuste e vo skoluvanje poradi toa sto zivee vo stranstvo.
Согласно со Законот за семејството на Република Македонија, родителот на дете кое не живее со него е должен да го издржува до 18-годишна возраст, односно додека е на редовно шлколување а најдоцна до 26-годишна восраст.
Ziveam vo Holandija so moeto dete koe e 23godini staro.Toj e seuste vo studii 2 godina .Pred nekoj den majkami me informira deka doslo sudska pokana za ukinuvanje na elimentacijata na moeto dete od negoviot tatko koj zivee vo Makedonija.Moeto prasanje e:Dali e mozno ukinuvanje na elimentacija na dete koe seuste e vo skoluvanje poradi toa sto zivee vo stranstvo.
Согласно со Законот за семејството на Република Македонија, родителот на дете кое не живее со него е должен да го издржува до 18-годишна возраст, односно додека е на редовно шлколување а најдоцна до 26-годишна восраст.
IMAM DOSTAVENO ZALBA DO DRZAVNA KOMISIJA ZA ODLUCUVANJE VO UPRAVNA POSTAPKA I POSTAPKA OD RABOTEN ODNOS VO VTOR STEPEN NA 24-09-2012 SAKAM DA DOBIJAM INFORMACIJA KOLKU VREME TREBA DA POMINE ZA DA BIDEME POVIKANI NA KOMISIJA . По однос на постапката за одлучување по жалба може да доставите писмен поднесок за барање известување за текот на постапката до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка во втор степ Jas imam podaeno dostaveno dokument samo nemam odgovor dali e stignat do vas. dokumentite zalbata ja podadovme vo fond na penzizko i invalidsko osiguruvanje filijala ohrid.od tamu velet deka e pustena do vas zalbata ve molam za odgovor. dali e stignata i kolku vreme treba da trae za da bideme povikani.
Почитуван, во однос на текот на постапката по поднесена жалба на решение на Фондот на ПИОМ , потребно е да се обратите до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, каде што се наоѓа предметот .
Pred 3 godini preku zaednicki prijateli se zapoznav so eden maz so kogo se dogovorivme da sklucime brak. Toj maz preku banka, po negova zelba i inicijativa i kako na idna sopruga mi isprati odreden iznos na pari. Do brak megju nas ne dojde, od pricina sto covekot imase ljubovni vrski so drugi zeni. Denes toj covek mi gi bara parite nazad i se zakanuva so tuzba na sud. Dali imam zakonska obvrska da gi vrakam parite?
Имотно правни односи се регулираат со прописи кои не се во надлежност на социјалната заштита, а евентуалните спорови се решаваат со тужбено барање пред надлежен суд.
ve molam da mi odgovrite po vtor pat prasuvam dokolku znaete kolku odzimaat od plata za boleduvanje za dete do trigodisna vozrast za 2 nedeli Odnapred vi blagodaram
Прашањето на регулирање на отсуство од работа поради нега на болно дете не од делокругот на надлежнстите на социјалната зашатита, туку е во надлежност на Фондот за здравствено осигурување, каде може да се обратите за поконкретен одговор.
kolku odzimaat od plata za boleduvanje za dete do trigodisna vozrast za 2 nedeli
Прашањето на регулирање на отсуство од работа поради нега на болно дете не од делокругот на надлежнстите на социјалната зашатита, туку е во надлежност на Фондот за здравствено осигурување, каде може да се обратите за поконкретен одговор.
Разведен сум подолг временски период и имам малолетен син од 4 години.Старателството на детето и припадна на мојата бивша сопруга.Сакам да прашам кој го регулира времетраењето на средбите дали тоа го утврдува Центарот за социјални работи или тоа се спроведува со закон?
Прашањето на уредување на личните односи на дете со родителот со кого тоа не живее заедно по разводот на брачната заедница на родителите е во исклучива надлежност на Центарот за социјална работа. Постапката се иницира со барање на странката, доколку не постои меѓусебна спогодба помеѓу родителите за начинот и динамиката на личните односи на детето со родителот со кого не живее заедно.
ve molam da mi odgovrite po vtor pat prasuvam dokolku znaete kolku odzimaat od plata za boleduvanje za dete do trigodisna vozrast za 2 nedeli Odnapred vi blagodaram ve molam da mi odgovrite po vtor pat prasuvam dokolku znaete kolku odzimaat od plata za boleduvanje za dete do trigodisna vozrast za 2 nedeli Odnapred vi blagodaram ve molam da mi odgovrite po vtor pat prasuvam dokolku znaete kolku odzimaat od plata za boleduvanje za dete do trigodisna vozrast za 2 nedeli Odnapred vi blagodaram
Прашањето на регулирање на отсуство од работа поради нега на болно дете не од делокругот на надлежнстите на социјалната зашатита, туку е во надлежност на Фондот за здравствено осигурување, каде може да се обратите за поконкретен одговор.
Razveden sum i imam kerka od 7 godini i zemam plata od 14100 den kolkava moze da e alimentacijata za kerkami koja zivee so mojata bivsa sopruga i plakam kredit od 4700 den fala odnapred
Определувањето на издршката за дете по разводот на брачната заедница на брачните другари е исклучива надлежност на основниот суд. Судот, во согласно сите изведени докази и утврдени факти и околности носи пресуда за определување на висината на издршката за малолетно дете за родителот кај кого детето не е доверено на понатамошна грижа, чување и воспитување
Јас сум самохрана мајка на малолетно дете и сакам да знам кои се моите права како таква.Веќе 6 години сум разведена,а не сум добила никаков надомест(алиментација) од 2000 ден.,кој би требало месечно да ги добивам од страна на другиот родител.Не сум вработена,не добивам никаква социјлна надомест ниту за мене,ниту за детето.Се запишав на студии како редовен студент,со надеж дека полесно ќе добијам вработување.Повеќе пати се обраќав во центарот за социјална работа и им нагласував дека не добивам месечна алиментација и секогаш ми велеа дека неможат ништо да сторат во врска со тоа.Имам дадено и безброј писмени изјави на истата тема.Но како и секогаш не мрднуваат ни со прст.Имам 27 години,сметам дека можам да изградам некаква иднина за мене и за моето дете,затоа ве замолувам да ме упатите каде и на кој надлежен орган да се обратам за да ги остварам моите и правата на детето.
Судот со пресудата за равод на брак ја определува и висината на издршката која родителот на кого детето не му доверено треба да ја плаќа, а што спаѓа во делокругот на родителските должности за малолетното дете. Доколку родителот не ја извршува оваа обврска, родителот кај кого детето е доверено на понатамошна грижа, чување и воспитивање како застапник на детето треба да иницира постапка за присилно извршување. Исто така со тужба до надлежниот суд може да се иницира постапка за зголемување на висината на издршката, доклку се изменети потребите на детето за издржување во зависност од возраста и образованите потреби на детето.
Imam 3.5 godisno dete koe mi e rodeno vo vonbracna zaednica. So tatkoto ziveeme razdvoeno i nemame nikakov kontakt. Deteto ne go bara voopsto ili ednas godisno pri sto mu sozdrava tramu na deteto. Alimentacijata koja sto ja plaka i taja ne e redovna odnosno koga plaka, koga ne. Me interesira dali mozam da dobijam sudski celosno staratelstvo na deteto i da odlucuvam za nego 100 %. Primer tatakoto ne mi dozvoluva da izvadam pasos , dali mozam da pobaram vadenje na pasos i pritoa da nemam nikakvi problemi ni pri samata postapka i ni vadenje na deteto od granica.
Центарот за социјална работа е исклучиво надлежен орган за донесување на решение за доверување на дете кај еден од родителите во случај кога тие биле во вонбрачна заедница. Во овој случај, центарот за социјална работа ги уредува личните односи на детето со родителот со кого тоа не живее заедно. Со оглед дека Законот за семејството утврдува дека родителките права и должности се подеднакви за обата родители, тие ги вршат своите обврски кон детето на спогодбен начин. Кога родителите нема да се спогодат по одделни прашања, вклучувајќи го и вадењето на пасош, патувањето на детето и слично, одлучува надлежниот центар за социјална работа, по поднесено барање од еден од родителите.
Живеам со самохран родител, јас и сестра ми сме студенти, невработени, мајка ми е неодамна почината. Дали ни следува некаков надоместок?
Лицата кои се работно способни, а се материјално необезбедени можат да остварат право на социјална парична помош. За поконкретни информации по однос на условите и потребната документација за остварување на ова право, може да се обратите во центарот за социјална работа.
Po razvodot,decata bea dodeleni kaj majka im,no bidejki taa se pramazi i ne sakase da se grizi poveke za niv,gi zemav jas so mojata segasna sopruga da gi cuvame i grizime za niv,6 godini nesakase da ostvari nikakov kontakt so niv...osven sto plakase alimentacija,e sega posle 6 godini pocna da im se javuva na decata po telefon so zelba da gi vidi.Decata ne sakaat da imaat bilo kakov kontakt so nea,se suvstvuvaat povredeni od nejzinite postapki( ne im otvarase vlezna vrata koga sakaa da ja posetat,prosto begase od niv vo prodavnicata vo koja slucajno se sretnaa)se so pricina sto bliskata familija na nejziniot soprug ne znaese za nivnoto postoenje,sto i toa e golema povreda za decata,e otkako se izleze na videlina...sega saka da ima sredbi so decata,no decata posle se ne sakaat.Golemata kerka ima 15,5 godini a pomalata 10,5 godini,se plasam da ne socijalnoto kako po obicaj e na strana na majkata,i da ne gi primora decata da imaat sredba so nea,iako znam deka toa ke bide protiv nivna volja.Postoi li zakon od koja godina decata mozat da se izjasnat dali sakaat da imaat sredba so bilo koj od roditelite,i sto vo vakvi slucaevi koga decata se cuvstvuvaat povredeno,omalovazeno...Odnapred Blagodaram
По разводот на бракот на родителите, децата имаат право да одржуваат лични односи со родителот со кого не живеат заедно. Во случај кога родителите неможат да се договорат за начинот и динамиката на одржување на личните односи, одлучува надлежниот центар за социјална работа. Стручниот тим во центарот ќе ги земе во предвид сите околности во случајот, а по потреба ќе работи и со децата, се со цел да се донесе решение за определување на личните односи во согласност со потребите и најдобриот интерес на малолетните деца.
Po razvodot,decata bea dodeleni kaj majka im,no bidejki taa se pramazi i ne sakase da se grizi poveke za niv,gi zemav jas so mojata segasna sopruga da gi cuvame i grizime za niv,6 godini nesakase da ostvari nikakov kontakt so niv...osven sto plakase alimentacija,e sega posle 6 godini pocna da im se javuva na decata po telefon so zelba da gi vidi.Decata ne sakaat da imaat bilo kakov kontakt so nea,se suvstvuvaat povredeni od nejzinite postapki( ne im otvarase vlezna vrata koga sakaa da ja posetat,prosto begase od niv vo prodavnicata vo koja slucajno se sretnaa)se so pricina sto bliskata familija na nejziniot soprug ne znaese za nivnoto postoenje,sto i toa e golema povreda za decata,e otkako se izleze na videlina...sega saka da ima sredbi so decata,no decata posle se ne sakaat.Golemata kerka ima 15,5 godini a pomalata 10,5 godini,se plasam da ne socijalnoto kako po obicaj e na strana na majkata,i da ne gi primora decata da imaat sredba so nea,iako znam deka toa ke bide protiv nivna volja.Postoi li zakon od koja godina decata mozat da se izjasnat dali sakaat da imaat sredba so bilo koj od roditelite,i sto vo vakvi slucaevi koga decata se cuvstvuvaat povredeno,omalovazeno...Odnapred Blagodaram
По разводот на бракот на родителите, децата имаат право да одржуваат лични односи со родителот со кого не живеат заедно. Во случај кога родителите неможат да се договорат за начинот и динамиката на одржување на личните односи, одлучува надлежниот центар за социјална работа. Стручниот тим во центарот ќе ги земе во предвид сите околности во случајот, а по потреба ќе работи и со децата, се со цел да се донесе решение за определување на личните односи во согласност со потребите и најдобриот интерес на малолетните деца
Po razvodot,decata bea dodeleni kaj majka im,no bidejki taa se pramazi i ne sakase da se grizi poveke za niv,gi zemav jas so mojata segasna sopruga da gi cuvame i grizime za niv,6 godini nesakase da ostvari nikakov kontakt so niv...osven sto plakase alimentacija,e sega posle 6 godini pocna da im se javuva na decata po telefon so zelba da gi vidi.Decata ne sakaat da imaat bilo kakov kontakt so nea,se suvstvuvaat povredeni od nejzinite postapki( ne im otvarase vlezna vrata koga sakaa da ja posetat,prosto begase od niv vo prodavnicata vo koja slucajno se sretnaa)se so pricina sto bliskata familija na nejziniot soprug ne znaese za nivnoto postoenje,sto i toa e golema povreda za decata,e otkako se izleze na videlina...sega saka da ima sredbi so decata,no decata posle se ne sakaat.Golemata kerka ima 15,5 godini a pomalata 10,5 godini,se plasam da ne socijalnoto kako po obicaj e na strana na majkata,i da ne gi primora decata da imaat sredba so nea,iako znam deka toa ke bide protiv nivna volja.Postoi li zakon od koja godina decata mozat da se izjasnat dali sakaat da imaat sredba so bilo koj od roditelite,i sto vo vakvi slucaevi koga decata se cuvstvuvaat povredeno,omalovazeno...Odnapred Blagodaram
По разводот на бракот на родителите, децата имаат право да одржуваат лични односи со родителот со кого не живеат заедно. Во случај кога родителите неможат да се договорат за начинот и динамиката на одржување на личните односи, одлучува надлежниот центар за социјална работа. Стручниот тим во центарот ќе ги земе во предвид сите околности во случајот, а по потреба ќе работи и со децата, се со цел да се донесе решение за определување на личните односи во согласност со потребите и најдобриот интерес на малолетните деца
Po razvodot,decata bea dodeleni kaj majka im,no bidejki taa se pramazi i ne sakase da se grizi poveke za niv,gi zemav jas so mojata segasna sopruga da gi cuvame i grizime za niv,6 godini nesakase da ostvari nikakov kontakt so niv...osven sto plakase alimentacija,e sega posle 6 godini pocna da im se javuva na decata po telefon so zelba da gi vidi.Decata ne sakaat da imaat bilo kakov kontakt so nea,se suvstvuvaat povredeni od nejzinite postapki( ne im otvarase vlezna vrata koga sakaa da ja posetat,prosto begase od niv vo prodavnicata vo koja slucajno se sretnaa)se so pricina sto bliskata familija na nejziniot soprug ne znaese za nivnoto postoenje,sto i toa e golema povreda za decata,e otkako se izleze na videlina...sega saka da ima sredbi so decata,no decata posle se ne sakaat.Golemata kerka ima 15,5 godini a pomalata 10,5 godini,se plasam da ne socijalnoto kako po obicaj e na strana na majkata,i da ne gi primora decata da imaat sredba so nea,iako znam deka toa ke bide protiv nivna volja.Postoi li zakon od koja godina decata mozat da se izjasnat dali sakaat da imaat sredba so bilo koj od roditelite,i sto vo vakvi slucaevi koga decata se cuvstvuvaat povredeno,omalovazeno...Odnapred Blagodaram
По разводот на бракот на родителите, децата имаат право да одржуваат лични односи со родителот со кого не живеат заедно. Во случај кога родителите неможат да се договорат за начинот и динамиката на одржување на личните односи, одлучува надлежниот центар за социјална работа. Стручниот тим во центарот ќе ги земе во предвид сите околности во случајот, а по потреба ќе работи и со децата, се со цел да се донесе решение за определување на личните односи во согласност со потребите и најдобриот интерес на малолетните деца
Vrabotena sum na opredeleno vreme.Bremena sum.Tatkoto na bebeto ne saka da go priznae.Dali postoi zakon koj moze da go prinudi tatkoto na deteto da go priznae deteto za da mi bide ovozmozena alimentacija od tatkoto. Sama ne mozam da go izdrzuvam. Sepak dvajcata treba da ucestvuvame vo izdrzuvanjeto poradi dobroto na ova dete koe zasluzuva dobri uslovi za zivot.
Татковство на дете, родено од вонбрачна заедница се утврдува со признвање, дадено од лицето кое се смета за татко пред надлежните матични служби. Доколку таткото на детето несака да го признае детето за свое, татковство за дете може да утврди надлежен основен суд. Постапкта за утврдување на татковство, се инцира со тужба до судот. Како странки во спорот за утврдување на татковство се лицето чие татковство се утврдува, детето и мајката на детето, а центарот за социјална работа само кога согласно со одредбите на Законот за семество е овластен да поведе постапка за утврдување на татковство.
imam vnuki maloletni ednata e 10 a drugata 15 godini,deca se na razvedeni roditeli,majka im gi ima ostaveno koga ednata imase 9 a maloto 4 godini,se premazi nivnata majka i ima dete vo taa bracna zaednica,6 godini nemaa nikakov kontakt so nea,nitu gi barase,nitu sakase da ima kontakt so niv...odednas se javuva,i saka da ima kontakt so niv,da ostvaruva sredbi....decata odbivaat zatoa sto se cuvstvuvaat povredeni od celiot toj nejzin odnos site ovie godini,sto ne pokazuvase nikakov interes,pomalata ne se ni sekava na nea.od kolku godini decata mozat da odlucuvaat spored svojata volja dali sakaat da imaat kontakt so takov roditel?
По разводот на бракот на родителите, децата имаат право да одржуваат лични односи со родителот со кого не живеат заедно. Во случај кога родителите неможат да се договорат за начинот и динамиката на одржување на личните односи, одлучува надлежниот центар за социјална работа. Стручниот тим во центарот ќе ги земе во предвид сите околности во случајот, а по потреба ќе работи и со децата, се со цел да се донесе решение за определување на личните односи во согласност со потребите и најдобриот интерес на малолетните деца
почитувани, Центар за социална работа на РМ дали е надлежн да одлучува за деца кој не се државјани на РМ , во текот на постапка за развод за браќните другари кој само едниот е државјанин на РМ бракот е склучен во РМ и постапката за развод е поведнена во ТЕ,,,,детето никогаш не бил во РМ а како може судот да постапи за такво нешто ,,,, Ве молам за одговор
Надлежноста на суд во Република Македонија се утврдува според последното живеалиште на брачните другари, односно доколку живат во Македонија, како и доколку нивното малолетно дете живее на територија на Македонија. Во случај на јурисдикција на суд во РМ, а брачните другари имаат заедничко дете, центарот за социјална работа спроведува мировна постапка и до судот доставува мислење кај кого од родителите да се довери малолетното дете на понатамошно чување и воспитување. Одлука за развод на брак, доверување на дете кај еден од родителите и висината на издршката за детето донесува судот, како и за трошоците за постапката.
Во моментот сум невработена, здравствено осигурана преку сопругот, бремена во 7-ми месец. Месечните приходи (прходите на мојот сопруг, кои ни се единствен приход) се од 18 до 22 илјади денари (во зависност од неговите прекувремени работни часови во текот на месецот). Ова ми е прва бременост и имам 34 години. Ме интересира дали ми следува некаков паричен надомест.
Правата на парична помош од социјална заштита зависат од вкупните приходи на семејството, при што истите треба да бидат пониски од висината на правото на парична помош. Согласно со прописите за заштита на децата, за првородено дете следува едноктна парична помош, а за трето родено дете родителски додадок. Овие права се остваруваат во центар за социјална работа, врз основа на поднесено барање и потребна документација.
imam prasajne so bifsata zena imase dete koe jas go posvojiv no sega sme razvedeni dali postojat jas dago otkazam deteto bideci nesme zaedno so nezinata majka
Посвојувањето на дете може да се заснова како потполно или непотполно посвојување. Кај потполното посвојување престануваат сите врски помеѓу детето и биолошкиот родител, а помеѓу детето и посвоителот се засноваат односи помеѓу родител и дете како со раѓање. Ова посвојување неможе да се раскине. Кај непотполното посвојување се создаваат односи на родител и дете помеѓу посвоеникот и посвоителот. Непотполното посвојување може да се раскине, само доколку стручен тим во центарот за социјална работа врз основа на спроведена постапка утврди дека тоа е во интерес на детето.
me interesira kade da podnesam zalba telefon adresa, se raboti za tatkomi koj e nepodvizen, nemoze sam da stane, nemoze sam da jade i e odbien po clenovite 72.73.74.75.189 i 190 od Sl. vesnik na R.M. 79/09 kade sto tatko mi po ovie clenovi treba da dobie tuga nega a e odbien od komisijamkade sto gleda papirologija i kako na niv pisuva deka e nepodvizen deka nemoze sam da jade i da stanuva i komisijata go odbila?!?!?!? koja e taa komisija koga ni covekot ne go videle a sumljam deka i gi videle site dokumenti sto gi priloziv?!?!? kade da podnesam zalba?!?!?!?
Правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице се остварува со решение на центарот за социјална работа, а врз основа на наод, оцена и мислење на стручна комисија за потребата од помош и нега од друго лице. против решението на центарот за социјална работа со кое е одбиено барањето за остварување на ова право, недоволната странка може да вложи жалба до Министерството за труд и социјална политика. Жалбата се поднесува во законскиот рок, преку првостепениот орган - надлежниот центар за социјална работа.
Pocituvani,so sotrugot se razveduvame,imame hipotekarski stan preku stopanska banka,Kupen e vo zaednica i delbata e 50 % na dvajcata.Soprugot ne sakat da potkrenit tuzba dodeka ne se najdit kupec za stanot.Mene me interesirat dali mozam jas da go otkupam stanot,odnosno da mu isplatam 50 % od vrednosta na stanot.I da ostanam va ziveam vo stanot so 2 maloletni deca.a ostanatiot del od kreditot da si go prezemam jas da go isplakam?odnapred vi blagodaram.
Прашањето на поделба на заднички стекнат имот за време на брачна заедница, е прашање кое е уредено со граѓанско - правните прописи и не во делокрот на областа на социјалната заштита. Оваа постапка се води одделно од постапката за развод на брак, доверување на малолетните деца кај еден од родителите и нивна издршка.
Ve molam da mi kazete kolku moze da trae gradjanska parnica za zaostanat dolg za neplacanje alimentacija?dali e pobrzo da se obratam do izvrsitel ili da idam pakpreku sud?
Доколку со пресудата за развод на бракот, судот одлучил и за висината на издршката за малолетното дете/деца, родителот на кого детето/децата му се доверени на понатамошно чување и воспитување, може да иницира постапка за извршување на пресудата по однос на неисплатените месечни износи на име издршка за детето/децата пред извршител. Центарот за социјална работа нема надлежност за постапување во ваков случај.
Ве молам да ми одговорите на следново прашање: Мојот сопруг има 60 години и 21 година работен стаж. Има статус на невработено лице без никаков паричен надоместок од Агенција за вработување. Сопругот има оштетен слух и носи слушен апарат но и покрај тоа не може самостојно да комуницира со надворешната средина поради што е затворен во себе и одбива било какова комуникација. Ве молам да ми одговорите дали имаме право да бараме паричен надоместок за нега од друго лица со оглед на тоа што не е во состојба да работи било што. Поздрав
Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице има лице над 26-годишна возраст, со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа што не може само да ги задоволува основните животни потреби, , не може ниту со помош на ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот, самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги обавува основните физиолошки потреби. Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење, ја утврдува стручна лекарска комисија.
zdravo da ve prasam imav potvrda dobiena od agencijata za katastar na nedviznosti podignata na 28 februari 2013 godina so pravo na tuzna od 30 dena dali rokot se racuna od sledniot den odnosno 1 mart taka sto 30 dena de pagaat vo sabota no vistina li e toa deka imalo nekoj zakon spored koj dokolku takviot rok od 30 dena se paga vo sabota ili nedela se prodolzuval prviot raboten den odnosno sledniot ponedelnik ve molam za iskren odgovor
Со Законот за општата управна постапка е уредено и сметањето на роковите во постапките пред органите на државната управа. Воедно укажуваме дека Агенцијата за катастар не е во системот на социјалната заштита.
dobiv presuda za neplacanje izdrska ,alimentacija an maloletno dete,vo koja e navedeno doticniot da si go plati dolgot od denot na presuda za razvod i soglasnost za placanje do den na utuzuvanje.sega treba da podnesam gradjanska parnica da tuzam zaostanatiod dolg od dveipol godini.nemam veke ni pari ni sili da odam po sudovi i advokati za da deteto si se zdobioe so toa sto mu sledi.sto da pravam za da se zavrsi najbrgu sto moze?slusam ludje za nekoj mesec zavrsuvaat i im se uplaca a jas so godini tapkam vo mesto pa sega uste pak da podnesuvam tuzbi na veke donesena presuda uste na brakorazvodnata parnica
Доколку со пресудата за развод на бракот судот одлучил и за висината на издршката за малолетното дете/деца, родителот на кого детето/дeцата му се доверени на понатамошно чување и воспитувње, може да иницира постапка за извршување на пресудата по однос на неисплатените месечни износи на име издршка за детето/децата пред извршител. Центарот за социјална работа нема надлежност за постапување во ваков случај.
pocituvani,podnesov tuzba za razvod na brak pred povekje od 2 meseci.Imam 2 maloletni deca i mi kazaa deka treba da stigne pokana od socijalno za pomiruvanje i dodeluvanje na decata kade kje ostanat..Me interesira znaci zasto tolku vreme pomina a nema pokana za vo socijalno?Potoa, STO SE SLUCUVA AKO TUZENATA IZBEGAVA DA DOJDE VO SOCIJALNO?dali pak ja vikaat i kolku pati taka po red? dali ako ne se pojavuva , Sudot sepak zakazuva rociste za razvod? i me interesira ako se pojavi,posle kolku vreme od koga kje zavrsime vo socijalno , Sudot zakazuva rociste? i ad aonltibjani spored brojot na predmetot vo Sud,mozam preku advokat da doznaam na salter vo sud koga mi e zakazano vo socijalno ili dali moze spored brojcfeto na predmetot-tuzbata vo socijalno da mi kazat koga kje bide zakazan datumot...posto tuzenata strana ima pokana za socijalno a jas nemam...izgleda zalutala,a nemam kontn os tkeaa pa me interesira kade mozam da proveram koga e zakazano vo socijalno-na salter vo sud ili vo socijalno.VE MOLAM ZA ITEN ODGOVOR
Центарот за социјална работа спроведува постапка за мирење на брачните партнери во постапката за развод на брак. Во случај кога мирењето нема да успее, стручниот тим работи со родителите во поглед на доверување на детето на понатамошна грижа кај еден од родителите и уредување на личните односи на детето со родителот со кого не живее заедно. Постапката се поведува по добиено известување од надлежниот суд. Во постапката се покануваат странките, а по потреба се врши увид во нивиот дом и се преземаат сите потребни дејствија за утврдување на најдобриот интерес на детето. Заинтересираната странка може да изврши проверка дали предметот е доставен од судот, преку контактирање на вработеното лице во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје Кевсер Љимај, на телефон 3297700 или на емаил адреса jumcsrSkopje@mtsp.gov.mk
Zravo Sakam da znam zakonski kolku dena se ceka odgovor od vtora stepena komisija za edna zalba , i dali ima pravo sefot da ne ti go prosledi tvoeto baranje zalba ,i ako ne ti go prosledi vo predvidenito rok od 8 dena zakonski tvojata zalba e osnovena .imam podnesena zalba od fevruari u mart ja prosledija pomina poveke od eden mesec a veke nekolku meseci nemam uste od vtora stepena komisija odgovor vi blagodaram odnapred
Жалба против првостепено решение на центар за социјална работа се доставува преку центарот до Министерството за труд и социјална политика. Центарот за социјална работа ја доставува жалбата со сите списи по предметот. Министерството постапува по жалбата во рок од два месеци од денот на приемот на жалбата и списите по предметот.
Студентка сум 4 година, без родители. Веќе 2 месеца го користам правото за парична помош на лице кое до 18 годишна возраст имало статус на дете без родители. Ме интересира дали од септември како апсолвент ќе можам да го користам ова право или доколку бидам запишана на друг факултет прва година ?
Лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, кое е запишано по прв пат на студиска година од прв и втор циклус на студии како редовен или вонреден студент на јавните високообразовни установи има право на парична помош за студирање во висина од 12.000 денари месечно, ако користи социјален стан под закуп, односно 24.000 денари месечно, ако не користи социјален стан под закуп. Доколку лицето ја повтори студиската година, правото на парична помош за студирање му мирува се до запишување на следната студиска година по прв пат. Во случај кога правото на парична помош за редовно школување не може да се оствари заради неисполнетост на законските услови, може да се поднесе барање до надлежниот центар за социјална работа за остварување на парична помош , докoлку лицетo нема приходи и имот од кој може да се издржува, но најмногу до 26 годишна возраст.
sakam da prasam za stanovite sto gi davat na mladite bracni parovi sto i koi dokumenti treba da se odnesat mazena sam imam edno dete sto ima 1 godinka ziveeme pod kirija so gazdi i ne e lesno odnapred vi blagodaram
Rаспределбата на станови во сопственост на Република Македонија, за лица кои се наоѓаат во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски. Врз основа на наведениот начин и постапка за добивање на социјален стан под закуп, Министерството за труд и социјална политика нема ингиренции за доделување на станови наменети за социјално домување за лицата кои се наоѓаат во социјален ризик. Воедно, Ве упатуваме да се обратите до Комисијата за станбени прашања на Владата на Република Македонија, која има надлежност за доделување на станови во сопственост на Република Македонија .
sakam da prasam za stanovite sto gi davat na mladite bracni parovi sto i koi dokumenti treba da se odnesat mazena sam imam edno dete sto ima 1 godinka ziveeme pod kirija so gazdi i ne e lesno odnapred vi blagodaram sakam da prasam za stanovite sto gi davat na mladite bracni parovi sto i koi dokumenti treba da se odnesat mazena sam imam edno dete sto ima 1 godinka ziveeme pod kirija so gazdi i ne e lesno odnapred vi blagodaram sakam da prasam za stanovite sto gi davat na mladite bracni parovi sto i koi dokumenti treba da se odnesat mazena sam imam edno dete sto ima 1 godinka ziveeme pod kirija so gazdi i ne e lesno odnapred vi blagodaram sakam da prasam za stanovite sto gi davat na mladite bracni parovi sto i koi dokumenti treba da se odnesat mazena sam imam edno dete sto ima 1 godinka ziveeme pod kirija so gazdi i ne e lesno odnapred vi blagodaram
Rаспределбата на станови во сопственост на Република Македонија, за лица кои се наоѓаат во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски. Врз основа на наведениот начин и постапка за добивање на социјален стан под закуп, Министерството за труд и социјална политика нема ингиренции за доделување на станови наменети за социјално домување за лицата кои се наоѓаат во социјален ризик. Воедно, Ве упатуваме да се обратите до Комисијата за станбени прашања на Владата на Република Македонија, која има надлежност за доделување на станови во сопственост на Република Македонија .
Имам неполни 21 година,со починат родител речиси една година.Живеам со татко ми во барака стара четириесетина години,во која нема доволни услови за живот.Ме интересира дали имам право на некаква парична помош,со оглед на тоа дека студирам и сум втора година? Однапред благодарам.
Согласно прописите од социјалната заштита, домеќинство кое е материјално необезбедено може да оствари право на соцоијална парична помош. Под материјално необезбедено домаќинство се смета домаќинство кое нема приходи или приходите на сите членови се пониски од висината на правото. Право на стипендирање за редовни студенти на јавните факултети се остварува во Министерството за образование и наука, согласно прописите за високо образование.
Имам неполни 21 година,со починат родител речиси една година.Живеам со татко ми во барака стара четириесетина години,во која нема доволни услови за живот.Ме интересира дали имам право на некаква парична помош,со оглед на тоа дека студирам и сум втора година? Однапред благодарам.
Согласно прописите од социјалната заштита, домеќинство кое е материјално необезбедено може да оствари право на соцоијална парична помош. Под материјално необезбедено домаќинство се смета домаќинство кое нема приходи или приходите на сите членови се пониски од висината на правото. Право на стипендирање за редовни студенти на јавните факултети се остварува во Министерството за образование и наука, согласно прописите за високо образование.
Почитувани, би сакала да ве прашам во врска со паричен надоместок за помош и нега. Поднесовме барање до Центарот за социјални работи во Куманово на ден 01.03.2013 година со сета потребна медицинска документација за мојата баба која боледува од склероза и која неможе без наша помош да ги извршува своите сопствени потреби. До сега изминаа повеќе од три месеци, а ние сеуште немаме добиено никакво известување до каде е постапката. Ме интересира колку време е потребно за да добиеме одговор од надлежната институција и на кој начин се врши преглед од лекарската комисија, и со кои средства би можеле да ја забрзаме постапката? Во установите во нашиот град не згрижуваат лица со ваква болест па поради тоа мојот татко беше принуден да се откаже од активното барање за работа како би можел да се грижи за мојата баба. Ве молам за побрз одговор. Однапред благодарна
Во постапката за остварување право на паричен додаток за помош и нега од друго лице, центарот за социјална работа изготвува решение врз основа на наод, оцена и мислење на стручна комисија за потребата од помош и нега од друго лице. Со оглед дека Вашиот предмет е во ЈУ Мешуопштински центар за социјална работа Куманово, за добивање на поконкретни информации може да се обратите на Виолета М. Петровска на телефон 072/207-327 или на меил адреса violetampetkovska@yahoo.com
So soprugata sum razveden i imam dve maloletni deca dodeleni na cuvanje kaj nea . Vo momentot taa ke se mazi vo stranstvo me interesira dali centar za socijalni raboti ke bara moja soglasnot za zaminuvanje na decata i dali imam pravo da gi zadrzam i za niv da se grizam vo R.M. I vo koj drug zakon osven vo Zakon za semejstvo ima podetalni informacii za odnosi megju deca i razvedeni roditeli .
Вршењето на родителското право е уредено со Законот за семејството. Родителите имаат права и должности за малолетното дете, како за време на траење на брачната зеадница, по престанокот на бракот или вонбрачната заедница. Родителското право родителите го вршат спогодбено, а докoлку неможат да се договорат, центарот за социјална работа донесува решение, при што одлуките ги носи во најдобар интерес на детето. Постапките за оформување на патна исправа и напуштање на земјата за малолетно дете ги спроведува Министерството за внатрешни работи, во кои постапки согласност треба да дадат обата родитела. Доклку едниот родител на е согласен дететео да ја напушти земјата, Министерството за внатрешни работи службено ќе побара центарот за социјална работа да постапи по предметот. Стручниот тим во центарот врз основа на спроведена постапка, во која ги вклучува двата родитела, како и детето доколку е на возраст на која може да го сфати значењето на прашањети и по истото да се произнесе, ќе ги утврди сите околноси и ќе донесе одлука во зависност од најдобриот интерес на детето. По однос на тоа кај кого од родителите детето ќе остане на понатамошна грижа, чување и воспитување по разводот на бракот, одлука носи надлежниот суд. Промена на одлуката за доверување на дете, со тужба може да побара родителот кој смета дека се промениле околностите и интересот на детето.
So soprugata sum razveden i imam dve maloletni deca dodeleni na cuvanje kaj nea . Vo momentot taa ke se mazi vo stranstvo me interesira dali centar za socijalni raboti ke bara moja soglasnot za zaminuvanje na decata i dali imam pravo da gi zadrzam i za niv da se grizam vo R.M. I vo koj drug zakon osven vo Zakon za semejstvo ima podetalni informacii za odnosi megju deca i razvedeni roditeli .
Вршењето на родителското право е уредено со Законот за семејството. Родителите имаат права и должности за малолетното дете, како за време на траење на брачната зеадница, по престанокот на бракот или вонбрачната заедница. Родителското право родителите го вршат спогодбено, а докoлку неможат да се договорат, центарот за социјална работа донесува решение, при што одлуките ги носи во најдобар интерес на детето. Постапките за оформување на патна исправа и напуштање на земјата за малолетно дете ги спроведува Министерството за внатрешни работи, во кои постапки согласност треба да дадат обата родитела. Доклку едниот родител на е согласен дететео да ја напушти земјата, Министерството за внатрешни работи службено ќе побара центарот за социјална работа да постапи по предметот. Стручниот тим во центарот врз основа на спроведена постапка, во која ги вклучува двата родитела, како и детето доколку е на возраст на која може да го сфати значењето на прашањети и по истото да се произнесе, ќе ги утврди сите околноси и ќе донесе одлука во зависност од најдобриот интерес на детето. По однос на тоа кај кого од родителите детето ќе остане на понатамошна грижа, чување и воспитување по разводот на бракот, одлука носи надлежниот суд. Промена на одлуката за доверување на дете, со тужба може да побара родителот кој смета дека се промениле околностите и интересот на детето.
So soprugata sum razveden i imam dve maloletni deca dodeleni na cuvanje kaj nea . Vo momentot taa ke se mazi vo stranstvo me interesira dali centar za socijalni raboti ke bara moja soglasnot za zaminuvanje na decata i dali imam pravo da gi zadrzam i za niv da se grizam vo R.M. I vo koj drug zakon osven vo Zakon za semejstvo ima podetalni informacii za odnosi megju deca i razvedeni roditeli .
Вршењето на родителското право е уредено со Законот за семејството. Родителите имаат права и должности за малолетното дете, како за време на траење на брачната зеадница, по престанокот на бракот или вонбрачната заедница. Родителското право родителите го вршат спогодбено, а докoлку неможат да се договорат, центарот за социјална работа донесува решение, при што одлуките ги носи во најдобар интерес на детето. Постапките за оформување на патна исправа и напуштање на земјата за малолетно дете ги спроведува Министерството за внатрешни работи, во кои постапки согласност треба да дадат обата родитела. Доклку едниот родител на е согласен дететео да ја напушти земјата, Министерството за внатрешни работи службено ќе побара центарот за социјална работа да постапи по предметот. Стручниот тим во центарот врз основа на спроведена постапка, во која ги вклучува двата родитела, како и детето доколку е на возраст на која може да го сфати значењето на прашањети и по истото да се произнесе, ќе ги утврди сите околноси и ќе донесе одлука во зависност од најдобриот интерес на детето. По однос на тоа кај кого од родителите детето ќе остане на понатамошна грижа, чување и воспитување по разводот на бракот, одлука носи надлежниот суд. Промена на одлуката за доверување на дете, со тужба може да побара родителот кој смета дека се промениле околностите и интересот на детето.
Би Ве замолила да ми кажете што се е потребно за да се покрене тужба против претходен работодавец поради ширење на лажни податоци и навреди како и клевета за кражба
Прашањата поврзани со правата од работен однос се надвор од социјалната заштита. Вработените лица своите права од работен однос може да ги остваруваат согласно законот за работните односи и колективниот договор. Навредата и клеветата преставува казниво дело, а оштетата од сторено дејствие во оваа насока може да се бара во судска постапка.
Pocituvani...imam edno prasanje,poplaka kako i da e se odnesuva za agencijata za vrabotuvanje ..Naime na kratko imav svoja firma vo koja sum upravitel.Istata ne raboti i posto mozam da se odjavam i prijavam na drugo rabotno mesto ete dobiv sansa da go storam toa.Najdov rabota i rabotodavcite da me prijavqt.OTIDOV VO aGENCIJATA ZA VRABOTUVANJE ZA ODJAVA nosev pijava odjava,izjava i odluka..toa bese negde pri kraj na maj mesec..cekav so sati i koga dojdov na red me vratija trebalo izjavata da bide na notar zavedena.Aj nejse e zaveriv izjavata i pa otidov..e sega ne nemoze vaka treba od firmata kaj sto ce se vrabotis dogovor za rabota,a mozes i polno mosno da im dades da izvrsat prijava odjava.Receno storeno vo firma pravnickata mi gi sredi dokumentite i otidoa da izvrsat prijava odjava.No sega nema uste eden primerok od prijava odjava bile 2 a trebalo 3 pa da si izvadime uste edna kopija.Se vratija od smedkovodstvo nazad ajde i kopija im dostavivne i nekako posle dve nedeli setanje gi dostavivne dokumentite treba da pominat 5 rabotni dena..pominaa i tie i vcera so potpisano polnomosno knigovoditelkata zamina vo agencija za vrabotuvanje so sigurnos deka odi da me prijavi no stoces naiduva na iznenaduvanje posle 20 d2na setanje gore dolu dobila odgovor ...treba da se odjavi vo agencijata za vrabotuvanje kicevo...nemozeme nie .Toa da go svatat im trebase 20 dena.Ne mi e jasno kako raboti nasiov sistem se e kompjuterski povrzano a na kraj nikoj nesaka da si ja zavrsi rabotata.GRAGANINOT PRED SE toa moto im sluzi samo da ne setat nas graganite .Sakam da mi odgovorite koj e vo pavo VI blagodaram
Во врска со Вашето прашање треба да се обратите до Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно Центарот за вработување на чијашто територија живеете.
Pocituvani,imam edno prasanje.Imam privatna firma.Eden od vrabotenite cesto odi na boleduvanje i mislam deka istoto go zloupotrebuva.Boleduvanjeto mu go izdava maticen lekar.Kazete mi dali postoi nacin da se napravi kontrola kaj lekarot i da se doznae po koj osnov e boleduvanjeto,bideji ocigledno vraboteniot koga saka doaga koga nesaka ne doaga na rabota i za toa nosi boleduvanje.Imam informacii deka za vreme na boleduvanje vraboteniot si vrsi privatni raboti.
По однос на проверка на основаноста на издадено боледување, поконкретни информации може да се обезбедат во Фондот за здравствено осигурување, со оглед дека работењето на лекарите е во надлежност на Министерството за здравство.
nasite mali deca no i vozrasnite sekoja nok do ranite utrinski casovi se vidno maltretirani od glasnata ziva muzika od strana na nokniot klub Garten vo Kumanovo,decata bukvalno placat za spienje i odmor kako i nie vozrasnite koi stanuvame nesposobni za odenje na rabota poradi nespienje.Nitu edna institucija vo drzavata ne pokaza interes za voveduvanje na mir vo naseto naseleno mesto pa duri ni Kumanovskata policija ne bila nadlezna za odrzuvanje na mirot,moeto prasanje e:kade da gi nosime nasite deca da spijat bidejki sme celoto naseleno mesto bukvalno terorizirani pa duri imame i pretni za prijavuvannje...Ve molam za odgovor,grupa gragani od Kumanovo
Нарушувањето на јавниот ред од страна на локали не е во делокругот на работа на социјалната заштита. Одржувањето на јавниот ред е во надлежност на полициските станици. Во случај кога одреден локал работи подолго од предвиденото време и при тоа го нарушува јавниот ред, случајот може да се пријави и да се побара интервенција од пазарната или трудовата инспекција. Проблемот може да се актуелизира и во рамките на општината, дотолку повеќе ако се работи за вознемирување на поголем број граѓани во ноќните часови
nasite mali deca no i vozrasnite sekoja nok do ranite utrinski casovi se vidno maltretirani od glasnata ziva muzika od strana na nokniot klub Garten vo Kumanovo,decata bukvalno placat za spienje i odmor kako i nie vozrasnite koi stanuvame nesposobni za odenje na rabota poradi nespienje.Nitu edna institucija vo drzavata ne pokaza interes za voveduvanje na mir vo naseto naseleno mesto pa duri ni Kumanovskata policija ne bila nadlezna za odrzuvanje na mirot,moeto prasanje e:kade da gi nosime nasite deca da spijat bidejki sme celoto naseleno mesto bukvalno terorizirani pa duri imame i pretni za prijavuvannje...Ve molam za odgovor,grupa gragani od Kumanovo
Нарушувањето на јавниот ред од страна на локали не е во делокругот на работа на социјалната заштита. Одржувањето на јавниот ред е во надлежност на полициските станици. Во случај кога одреден локал работи подолго од предвиденото време и при тоа го нарушува јавниот ред, случајот може да се пријави и да се побара интервенција од пазарната или трудовата инспекција. Проблемот може да се актуелизира и во рамките на општината, дотолку повеќе ако се работи за вознемирување на поголем број граѓани во ноќните часови
Почитувани, имам едно прашање и ако некој може нека ми одговори. Имам ќерка, која студира редовно и е на 22 години од мојот прв брак, и за неа плаќам алиментација. Во исто време таа е од пред неколку месеци во работен однос со договор на две години и редовна плата. Мојот доход изнесува 11000 денари од кои 3000 ми одржуваат за алиментација. Сега имам и друго дете од втор брак. Па ме интересира дали законски јас треба да плаќам за ќерка ми која се води на редовно школување, а во исто време работи и има доход? Однапред ви благодарам!
Согласно со Законот за семејството на Република Македонија, родителот на дете кое не живее со него е должен да го издржува до 18-годишна возраст, односно додека е на редовно шлколување а најдоцна до 26-годишна восраст. Доколку се променат околностите за одредувае на износот на издршката, може со тужба до надлежниот основен суд да побара измена на пресудата во делот на утврдената висина на издрашката, заради промена на висината или престанок на обврската за издржување. Судот ќе ги оцени наводите во тужбата и приложените докази, врз основа на што ќе донесе нова пресуда.
bi sakala da prasam za vrakanje na rabota po porodilno otsustvo... Dali treeba da odam i treta smena i dali rabotnoto vreme e skrateno poradi doenje na deteto? odnapred blagodaram
Согласно член 164 став (1) од Закон за работните односи, за време на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе. Со ставот (2) од истиот закон е уредено дека на работничката која има дете од една до три години возраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе, само по нејзина претходна писмена согласност. Што се однесува до Вашето прашање на право на доење на работничката и по изминувањето на отсуство поради бременост, раѓање и родителство, истото е уредено во член 171 од Закон за работните односи, каде е наведено дека работничката има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза.
zydravo.jas sum student, mazena i sega so maz mi go ocekuvame prvoto dete.toj e vraboten i ne interesira dali toj ima pravo na porodilno boleduvanje i kolku vreme.
Со член 165 став (1) од Закон за работните односи е регулирано дека работничка за време на бременост, раѓање и родителство да има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеци непрекинато, а доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката, право на отсуство од работа на родителство да го користи таткото.
Јас сум разведена а мојот поранесен сопруг го нема побарано да го види детето од кога е родено сега поднел барање до центаро и од таму службениците ми се закануваат со полиција ако не го дадам детето на таткото,а сакам да нагласам дека поранесниот сопруг физички ме малтретирасе и сега се плашам и за безбедноста на моето малолетно дете, кои се моите права и како може да се заштитиме и јас и детето.позз
Прaшањето за одржување на редовни средби на дете со родител со кого не живее заедно по разводот на бракот на неговите родители е уредено со Законот за семејството. Имено, овој пропис утврдува дека детето и другиот родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитување имаат право да одржуваат лични односи и непосредни контакти. Согласно на тоа, доколку родители не можат да постигнете согласност за начинот, времето и динамиката на одржување на личните односи, центарот ќе донесе решение со кое ќе ги регулира видувањето помеѓу детето и другиот родител, имајќи ги во предвид сите околности, но и интересот на детето. Родителите се должни да постапуваат согласно со решението во поглед на утврдените термини за видување. Доколку едниот родител има основани сознанија дека другиот родител не се грижи да детето, односно несовесно и неодговорно се однесува и му штети на детето во поглед на здравјето и воспитувањето, односно го занемарува или насилно се однесува, другиот родител за истото треба да го известите стручниот тим на центарот за социјална работа, кој ќе поведете соодветна постапка за заштита на интересите на детето.
Јас сум разведена а мојот поранесен сопруг го нема побарано да го види детето од кога е родено сега поднел барање до центаро и од таму службениците ми се закануваат со полиција ако не го дадам детето на таткото,а сакам да нагласам дека поранесниот сопруг физички ме малтретирасе и сега се плашам и за безбедноста на моето малолетно дете, кои се моите права и како може да се заштитиме и јас и детето.позз
Прaшањето за одржување на редовни средби на дете со родител со кого не живее заедно по разводот на бракот на неговите родители е уредено со Законот за семејството. Имено, овој пропис утврдува дека детето и другиот родителот кај кого детето не е доверено на чување и воспитување имаат право да одржуваат лични односи и непосредни контакти. Согласно на тоа, доколку родители не можат да постигнете согласност за начинот, времето и динамиката на одржување на личните односи, центарот ќе донесе решение со кое ќе ги регулира видувањето помеѓу детето и другиот родител, имајќи ги во предвид сите околности, но и интересот на детето. Родителите се должни да постапуваат согласно со решението во поглед на утврдените термини за видување. Доколку едниот родител има основани сознанија дека другиот родител не се грижи да детето, односно несовесно и неодговорно се однесува и му штети на детето во поглед на здравјето и воспитувањето, односно го занемарува или насилно се однесува, другиот родител за истото треба да го известите стручниот тим на центарот за социјална работа, кој ќе поведете соодветна постапка за заштита на интересите на детето.
Почитувани. Ме интересира која е процедурата за развод на брак кога е спогодбена. Немаме деца.
Постапката за развод на брак може да се иницира со спогодба за развод на брачната заедница, потпишана од двајцата брачни другари. Постапката за развод на брак во случај кога брачните другари намаат заеднички деца ја спроведува судот.
Bev vo mojata opshtina i podnesov dokumenti (se shto beshe potrebno) za pomosh kako samohrana majka. Se besh vo red mi gi primija dokumentite i mi rekoa deka ke dojde sluzba vo mojot dom za da proveri. No pomina veke eden mesec i od toa nishto. Zatoa shto jas ne bev vo moznost da otidam otide edna prijatelka da prasha i i odgovorile deka ima zakonski rok. Sakam da znam kolku iznesuva toj zakonski rok? Vi Blagodaram
рокот за постапување по барање во сентар за социјална работа е два месеци. Доклку во овој рок не се реши предметот, може да поднесете барање за молчење на администрацијата до Министерствотот за труд и социјална политика
Почитувани, Ме интересира како иде процедура за исплаќање на потрошувачки кредит после развод. Кредитот е подигнат за време на брак. Дали кредитот се дели на два еднакви дела?
прашањето на отплата на кредит по развод на брак се регулуира со прописите од оваа област, а конкретен одговор може да се побара во банката каде кредитот е подигнат
Ima pet cleno semejstvo medju koe najmlado ima 5 godini,nitu eden ne e vo raboten odnos,ziveat od socijalna pomos.Nesto povece od edna godina se bez struja,EVN im ja isece poradi neplateni smetki.ili vece standardno nemoznost za placanje na smetki.Noce sedat pod sveci a pred edna nedela poradi toa sto maloto devojce (petgodisno) stravuva od temnina i spijat so zapalena sveca,za malku se spasija od pozar pri sto gasejci go plamenoto tatkoto gi ima izgoreno racete.Prasanje: Normalno li e vo ova vreme edno semejstvo koe ima tri deca da ostane bez struja,koe apsolutno nema nikakvi sansi da prikluci struja.Do kogo ova semejstvo treba da se obrati za pomos? Ve molam vo interes na decata od ova semsjtvo Ve molam za iten odgovor direktno na mnojot e-mail.
Корисниците на социјална парична помош и корисниците на постојана парична помош можат да остварат и право на субвенција за потрошена енергија, за секоја платена месечна сметка во текот на користењето на правото на парична помош од социјална заштита. Субвенцијата се остварува во центарот за социјална работа со поднесување на доказ за платена сметка. Висина на субвнцијата изнесува 700 денари месечно. По однос на заостанат долг од потрошена електрична енергија, домаќинството истиот го регулира самостојно со ЕВН. Согласно Законот за социјалната заштита, центарот за социјална работа може да додели еднократна парична помош за надминување на социјалниот ризик во кој се наоѓа семејството, во зависност од утврената фактичка состојба и исполнетост на законските услови. Вакво право можат да обезбедат и општините од сопствени средства.
pocituvani imam edno prashanje jas imam 8 godisno dete vonbracno deteto e priznaeno od strana na tatkoto spogodeni sme vo centarot za socijalni raboti deteto da zivee so mene a jas ne pravam problem toj moze da go vidi koga saka. tatkoto na moeto dete e ozenet i si ima semejstvo.jas sim momentalno vo Amerika i sakam da se omazam no toj mi pravi problem veli deka nikogas nema da dozvoli nasiot sin da zivee so mene vo stranstvo.jas ne sakam celosno da go odvojam deteto od negoviot bioloski tatko se soglasuvam sekoja godina da go prakam vo makedonija po 3 meseci da zivee so nego. dali mozam da dejstvuvam od amerika preku advokat i da si go dobijam sinot so mene ve molam kazete mi sto treba da storam za da ne si go izgubam sinot.
Согласно Законот за семејството, вршењето на родителското право родителите го вршат лично. Родителите се спогодуваат за начинот на вршење на родителското право, а доколку неможат да се спогодат за одредени прашања во поглед на чувањето, воспитувањето, образованието и за оставрување и заштита на правата и интересите на детето, одлучува центарот за социјална работа. Постапката се иницира со барање на едниот родител, а ја спроведува стручен тим од центарот, при што се води на начин што одлуката да обезбеди најдобар интерес на детето. Одлуката за живеалиштето на детото, односно во оваа насока промена на живеалиштето со заминување во странство е прашање на вршењето на родителското право. Доколку едниот родител не се согласува со заминувањето на детето во странство, другиот родител може да поднесе барање до центарот за социјална работа да одлучи за најдобриот интерес на детето за понатамошен престој и уредување на личните односи со другиот родител. Ова барање се поднесува лично, при што стручниот тим работи со обата родители и детето во зависност од возраст со цел да се донесе правилна одлука во интерес на детето.
mojot soprug od prviot brak ima 18 godisen sin za kogo do segaq redovno plaka alimentacija ,megutoa od pred nekolku meseci ne e vo raboten odnos i se prijavuva vo biroto za vrabotuvanje, i nema podmireno alimentacija za 2 meseci ,a negovata poranesna sopruga preku advokat go kontaktirase so zakana deka ke go dade na sud,a za site ovie godini nitu ednas ne e ostvarena sredba megu roditelot i sinot zatoa sto negovata majka ne mu dozvoluva,koi se zakonskite prava na mojot soprug i kako da se plaka alimentacija vo slucaj koga roditelot koj ja plaka alimentacijata ne e vraboten?
Одлука за определување на законска издршка за дете донесува надлежен суд. обврската за издржување трае до 18-годишна возраст на детето, а најдоцна до 26 години додека детето е на редовно школување. Родителот може да поднесе тужба за измена на одлуката на судот, кој врз основа на новите докази за променета фактичка состојба ќе спроведе постапка и ќе донесе нова одлука.
Dali sudski izvrsitel ima pravo da naplati sudska kamata na sudski trosoci vrz osnova na presuda vo koja ne e dosudena sudska kamata na sudski trosoci?
Работата на судските извршители е регулирна со посебни прописи и не е од делокругот на социјалната заштита. На ова прашање одговор може да дадат само правосудните органи и адвокат.
Здраво, ме интересира колку време треба да бидам пријавена за да можам да земам боледување после породување. Кога ќе се породам би била пријавена 8 месеци, дали ќе ми следува надомест од Фондот?
Прашањето за регулирање на отсуство од работа поради бременост и раѓање се уредува со прописите од областа на здравственото осигурување и здравствената заштита. Конкретен одговор може да побарате во Фондоз за здравстевно осигурување.
po razvodot kolkaava moze da bide alimentacijata za 1.5 god bebe za nevraboeten
Одлуката за висината на издршката за малолетно дете ја донесува суд во постапка за развод на бракот. При тоа судот ги зема сите околности во предвид, како што се потребите на детето за развој и воспитание и приходите на родителите. При тоа судот е ограничен со тоа што висината на издршката неможе да го надминува износот од 30% од примањара на родителот за кога ја утврдува обвсрката за издржување на детето.
Mojot tatko e vdovec veke 10 god. Sega saka povtorno da stapi vo brak no na negovo ime ima nedviznost koj e steknat vo brak so mojata majka. Ve molam za sovet kako da se zastitime po osnov na raskrcmuvanje na nasiot imot za koj smetam deka jas imam pravo kako naslednik. Koi se obvrskite od tatko mi kon novata negova sopruga vo spor na razvod. Treba li da plaka alimentacija kon nea ima li taa pravo na del od imotot. Inaku g-gata ima stalen prestoj vo EU. Blagodaram
Во делот на утврдување на имот стекнат за време на брак и правото на делот од имото кој и припаѓа на сопоругата, односно правото на наследување на децата на имотот на починатиот родител а кој е стекнат за времетреање на брачната заедница се применуваат прописите за стварните права и наследувањето. Иако ова прашање не е во надлежност на социјалната заштита, појасниваме на можноста од инициратње на оставинска постапка на делот на имотот што Вашата мајка го стекнала како заеднички стекнат имот за времетраењето на брачната заедница. Воедно, имот стекнат пред склучување на бракот е личен имот и не преставува заеднички имот на брачните другари од подоцна склучен брак. Во секој случај стручен правен совет за овие прашања може да се побара од адвокат.
Pocituvani, jas sum razmedena veke dve godini, imam edno dete koe mi e dodeleno mene na cuvanje,so presuda na tatkotu mu e utvrdena alimentacija no toj dosega nitu ednas mi nema i pusteno pari za alimentacija, od taa pricina pocnav da ne mu dozvoluvam da segleda so deteto. Me interesira dali sum vo pravo sto poradi tie pricini ne mu dozvoluvam dago gleda deteto
Правото за досудена издршка на дете со судска одлука може да се бара по пат на постапка за присилно извршување, која се иницира пред извршител. Законот за семејството определува дека детето има право да одржува лични односи со родителот со кого не живее заедно. Центарот за социјална работа обезбедува стручна советодавна работа во однос на постапките за уредување на односите помеѓу родителите и децата. За оваа услуга може да се обратите во центарот за социјална работа, надлежен според местото на Вашето живеење.
pocituvani se nadevam deke ke me objasnite.soprugata si zamina pred tri ipol god,a razvedeni sme edna godina sudski.na za vreme na sudskiot proces bev nevraboten skor 6mes,sudot mi odredi izdrska za mojte dve deca 5000den,po baranje na bivsata sopruga.taa znaa deka jas ne sum vo moznost da platam i neam od kade.dodeka bevme zaedno ziveevme mezerno i zaglavuvavme od dolg na dolg.dolg za struja za telefon domasen mobilen i se poeke propagavme vo dolgovi.me napusti poradi toa so nemavme nikakovo finasisko podobruvanje i za edna nedela si zamina kaj drug maz, jas ostanav so dolgovite koj sea se stignati so izvrsitel i blokiranje na smetka od plata.ne bev vraboten skoro edna godina otkako ni se zatvori firmat vo valandovo.po dolgo baranje i molenje me primija v edna firma na cetri saati i rabotam cetri ipol saati platata mi iznesuva negde okolu 4500den.koj nemozam da izvadam denar oti imaam tri izvrsitelski blokati.ziveam so mojata segasna sopruga i moetosedum mesecno bebe bes struja veke 6meseci.neam pomos od nikogo i nema koj da mi pomogne bidejki sum sirak stanot vo koj ziveeam e na ime na mojata pokojna majo koja e pocinata veke sedum godini stanot e na otplata no bidejki ne sum vo redoven raboten odnos neam plateno rati veke tri god .pred nekoj den mi stigna tuzba oti ne sum plakal izdrska za mojte dve decinja neam ni pari da odgovoram na tuzbata a ni za advokat.jas kako roditel sum svesen deka dreba da dadam pari tie se moj deca no od kade.ve molam objasneteme so trba da prava oti sum vo mnogu teska i kriticna finasiska sostojba
Со Законот за семејството е утврдено дека дете/деца има право на законска издршка од родителот со кого не живе заедно по разводот на бракот на неговите родители. Висината на издршката ја утврдува суд, во пресудата за развод на брак. Доколку настапат одредени измени во однос на материјалната состојба, родителот кој е задолжен за законско издржување на своите деца со тужба може да побара измена на судската одлука, при што своите наводи треба да ги аргументира со докази за примањата кои ги остварува, вклучувајќи и потврда за остварена плата. Судот ќе ги цени приложените докази, но и потребите на децата за издржуање, врз основа на што ќе одлучи за визината на издршката.
Изгубени документи од фирма,каде да поднесам барање за нови,седиштето се наоѓа во Скопје,благодарам однапред
Почитуван, Вешето прашање не е од делокругот на работите од социјална заштита и по однос на истото неможе да се подготви соодветен одговор.
zdravo..me interesira da prasam:razvedeni sme veke 7g..imame dete od 13g..ziveeme vo stan koj glasi na moe ime i na kerkata(dodelen od tatkoto so spogodben razvod)..sega tatkoto saka staratelstvo...kolku bi traela taa postapka i dokolku go dobie,sakam da znam sto se ke mu sleduva od moja strana zdravo..me interesira da prasam:razvedeni sme veke 7g..imame dete od 13g..ziveeme vo stan koj glasi na moe ime i na kerkata(dodelen od tatkoto so spogodben razvod)..sega tatkoto saka staratelstvo...kolku bi traela taa postapka i dokolku go dobie,sakam da znam sto se ke mu sleduva od moja strana zdravo..me interesira da prasam:razvedeni sme veke 7g..imame dete od 13g..ziveeme vo stan koj glasi na moe ime i na kerkata(dodelen od tatkoto so spogodben razvod)..sega tatkoto saka staratelstvo...kolku bi traela taa postapka i dokolku go dobie,sakam da znam sto se ke mu sleduva od moja strana
Во постапката за развод на брак, судот одлучува кај кого од родителите детете ке остане на понатамошно чување и воспитување. Другиот родител се задолжува да плаќа издршка за детето, врз основа на судска одлука за развод на брак. Во случај кога ке настанат променети околности, родителот кај кого детето не е доделено на чување и воспитување има право со тужба да бара измена на судската одлука во делот на доверувањето на детето. Судот спроведува постапка и ги оценува сите околности и докази, како и стручното милење на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа спроведува постапка во овој случај, која се води во насока да се утврди најдобриот интерес на детето. Во случај кога детето е на возраст во која може да го искаже своето мислење, да се вклучи во постапката за да се оценат неговите потреби и желби.
zdravo,me interesira da prasam koja e procedurata za sledniot slucaj:razvedeni sme 7godini..deteto ima 13g i staratelstvoto e moe..imame stan koj glasi na mene i na kerkata(prepisan od tatkoto pri razvodot)..koja e procedurata i kolku bi traelo ako tatkoto sega pokrene postapka za staratelstvo i dokolku dobie,sto se bi dobil?vi blagodaram
Во постапката за развод на брак, судот одлучува кај кого од родителите детето ќе остане на понатамошно чување и воспитување. Другиот родител се задолжува да плаќа издршка за детето, врз основа на судска одлука за развод на брак. Во случај кога ќе настанат променети околности, родителот кај кого детето не е доделено на чување и воспитување има право со тужба да бара измена на судската одлука во делот на доверувањето на детето. Судот спроведува постапка и ги оценува сите околности и докази, како и стручното милење на центарот за социјална работа. Центарот за социјална работа спроведува постапка во овој случај, која се води во насока да се утврди најдобриот интерес на детето. Во случај кога детето е на возраст во која може да го искаже своето мислење, да се вклучи во постапката за да се оценат неговите потреби и желби
Koi uslovi treba da se ospolnuvaat za socijalen stan?
Rаспределбата на станови во сопственост на Република Македонија, наменети за лицата во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „ Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Ве информираме дека Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски.
Ve molam da mi dadete informacija za vrabotuvanje na socijalni slcaevi.Dali rabotodavacot moze da koristi nekakov benefit pri vrabotuvanje na socijalen slucaj(koristel socijalen nadomest itn) i pri vrabotuvanje na lice koe prv pat se vrabotuva? Blagodaram.
Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година предвидени се повеќе активни програми и мерки за вработување со кои се овозможува директно вработување или обуки врз основа на кои се овозможува на невработените лица од различни целни групи да се вработат или да се стекнат со соодветни вештини со што би биле барани на пазарот на трудот. Една од програмите за вработување која се однесува за вработување на невработени лица-корисници на социјална парична помош е Програмата за субвенционирање за вработување на корисници на социјална парична помош со што се овозможува на лицата да се субвенционираат 6 месеци со 17.000 денари бруто плата месечно од кои 14.000 денари за плата по вработено лице и 3.000 денари месечно на работодавачот за покривање на трошоците за обука и материјали. Во наредните минимум 6 месеци, работодавачот има обврска да го задржи лицето на работа. Јавниот оглас за оваа програма заврши и во тек е реализација на програмата. Мерките за вработување на лица-корисници на социјална парична помош ги реализира Агенцијата за вработување на РМ, преку центрите за вработување.
Кога ќе ми заврши договорот во училиштето каде што работам моментално ке сум осигурана 5 месеци и 24 дена. Дали ќе имам право на еден месец надоместок од социјалното?
Здравствното осигурување по основ на работен однос е уредено со прописите од областа на здравствената заштита. За поконкретен одговор може да се обртите во Фондот за здравствено осигурување.
Ve molam da mi kazete vo vrska so alimentacija, dali na roditelot sto ne e staratel na deteto sudot mu odreduva alimentacija dokolku ne raboti i vo kolkav iznos?
Со пресудата за развод на брак, судот одлучува и за издршката, која родителот кај кого детете не е доверено на натамошно чување, грижа и воспитување треба да ја плаќа до 18-годишна возраст на детето, односно до 26-годишна возраст ако е на редовно школување. Родителот неможе да се ослободи од обврска за законско издржување на дете, а судот при определување на висината на издршката ги зема во предвид сите околности, како што се приходина на двата родители и потребите на детето за обезбедување на раст, развој и редовно образование.
ke ve molam da mi odgovorite na prasajneto dali porodilnoto sega moze da se prodolzi od 9meseci na 12meseci i dali tie plus 3meseci se plateni kako sto se tie9meseci
Прашањето на отсуство од работа поради раѓање на дете е уредено со прописите од областа на здравственото осигурување. Поконкретен одговор може да се побвара во Фондот за здравствено осигурување.
pred deset godini imav zemeno od banka dva potrosuvacki krediti vo vrednost od 12.000oo evra. togas rabotev i imav dobra plata zatoa i mi dadoa tolkavi krediti.no po edna godina se zatvori firmata vo koja rabotev i ja ostanav bez rabota a kreditite nemozev da gi isplatam i samo mi se sobiraa rati za plakanje.za dva meseca me dadoa na dva razlicni izvrsitela.smetkata mi e blokirana devet godini i nikako nemozam da go namalam dolgot koj so kamata sega iznesuva 26.000,00evra. sega rabotam kako cuvar vo privatna firmai imam plata 12.000,00 denari,i mam dve godisno dete .sakav da prasam kako da gi vratam kreditite koga ne zemam plata,celata plata mi ja zemaat izvrsitelite a dolgot pak se zgolemuva
Прашањето на кредитирање на граѓание е прашање во рамките на деловното работење на банките и се уредува со прописи кои не се однесуваат на социјалната заштита на граѓаните
Сопругот крена бракораведна процедура но после сослушувањето кај еден психолог тој ја повлече тужбата. Сакам да ве пршам дали и за колку време тој може повторно да покрене бракоразедна постапка?
Постапката за развод на брак се иницира со спогодбен предлог од обата сопружника или со тужба од еен од сопружниците. За поднесување на тужба за развод на брак не се утврдени законски ограничување во однос на рокот кога може да се поднесе.
vke ve zamolam da mi odgovoite na sledno to prasanje pozdrav jas se naogam vo stranstvo ni se ima rodeno novorodence za prijavuvanje na bebeto sto i kako i do koga imame vreme za da go prijavime vo republika makedonia taa e rodena 29 01 2014 dali rokot na prijavuvanje na novorodence ni e 6 meseci ili edna godina
Упис на дете во Матична книга на родените во Република Македонија е в о надлежност на Управата за водење на матичните книги, каде можете да добиете поконкретен одговор. Граѓаните кои се во странство за регулирање на ова прашање можат да се обратат и во козуларните преставништва на РМ.
Samohrana majka sum, deteto e rodeno vonbracno, tatkoto ne saka da plaka alimentacija. Vrabotena sum so solidni primanja, dali imam pravo na nekakov nadomest? Deteto sega ima 4.5 godini.
Со Законот за семејствоото, децата родени вон брак и децата родени во брак имаат еднакви права во поглед на згрижување, воспитување и изржување од родителите. Родителот кај кого детето не живее е должен да плаќа месечна издршка. Висината на издршката може да ја договорат меѓусебно родителите на детето, а доколку не се договорат, родителот на детето со кого детето живее, може да поднесе тужба до надлежниот суд за определување на обврската за законско издрживање и висината на издршката што другуиот родител треба да ја плаќа за своето дете.
Кога работодавецот ви дава отказ,без ваша вина,ме интересира колку плати и што се треба да плати.(Работникот е на неопределено време). Некои викаат три нето плати,некои три бруто...би сакала конкретен одговор.И дали одморот треба да се исплати.Ви благодарам.
Согласно член 97 став (1) од Закон за работните односи во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, која зависи од годините поминати во работен однос. Доколку е до пет години во работен однос - во висина од една нето плата, од пет до десет години- во висина од две нето плати. Во член 45 став(1) од истиот закон е уредено дека работникот има право на надоместок на неискористениот дел од годишниот одмор пред пред престанок на работниот однос, ако претходно побарал користење на годишен одмор, а не му било овозможено користење на годишен одмор, а работниот однос му престанал не по негова вина и волја.
сум самохрана мајка на 2 деца едниот е 5 год а другиот 7 год немаме ни социјално ни невработена сум ни кукја немам казете кај кого да се обратам за да ми помогнете
Лицата кои се материјално необезбедени, односно не остваруваат приходим, можат да остварат право на парична помош од социјална заштита, доколку ги исполнуваат законските услови. Барање за остварување на право од социјална заштита се поднесува дио центар за социјални работи, при што стручните лица им обезбедуваат информации на граѓаните за условите и начинот за остварување на право од социјајлна заштита. Во однос на добивање на стан со непрофитна закупнина за социјално ранливите граѓани, постапката се спроведува откако ќе се објави оглас во јавните гласила, во кој се наведуваат расположливите станови и за кои категории на социјално загрозени лица/семејства се наменети. Постапката ја спроведува Комисија која е формирана во Министерстсвото за транспорт и врски.
imam 29 godini majkami i tatkomi se razvedeni sudot me dodeli na tatkomi a majkami trebase da plaka alimentacija od 85 god do 2003 nema plateno ni denar a i ja nemam videno nikogas a zivee i raboti vo germanija 28 godini,pa me interesira dali mozam da podnesam privatna tuzba za taa neplatena alimentacija dali e kasno ili ne e ve molam odgovorete mi da znam sto kako da pravam ???
Согласно со Законот за семејството, родителите има законска обврска за издржување на своите деца и тоа до нивна 18-годишна восраст, односно најдоцна до 26- годишна возраст доколку се на редовно школување. Во случај на развод на брак, судот одлучува за висината на издршката, која родителот кај кого дтетето не е доверено на натамошно чување и воспитување треба да ја плаќа. Во случај која родителот нема да ја исполни обврската за законско издржување на дете, другиот родител може да покрене постапка за присилно извршување, односно детето по полнолетството. Постапката за прислино извршување се иницира пред извршител, кој ја оценува основаноста на предлогот и допуштеноста за присилна наплата на досудена издршка.
Ние сме група граѓани кои самоиницијативно формиравме хуманитарно здружение под назив „Христијанско семејство“ Здружението е регистрирано во Централниот регистер на РМ, и за Здружението имаме Решение. Во Статуот на Здружението и во Програмата предвидено едукатина помош, советувања, организирање предавања, соработка со други сродни здруженије, доделување на хуманитарна помош на семејства кои се во сиромаштија (материјална: облека, прехрамбени продукти, намештај, техника - добиени преку донации, нови или половни, а исто така и финансика парична помош). Прашањето е: Дали нашето Хуманитарно здружение треба да биде регистрирано во Министерството за труд и социјална политика за да може да ја врши својата дејност, или не? Хуманитарното здружение е регистрирано како: Организациониот облик е: 10.1 Социјално хуманитарно здружение Големина на субјектот: микро Приоритетна дејност / главна приходна шифра: 94.99 Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место. Ве молам за одговор. Со почит, Иван П.
Здружение можа да побара да биде запишано во Регистарот на здруженија од областа на социјалната заштита, кој ги води Министерството за труд и социјална политика, доколку работи на развој и обезбедување на услуги од социјалната заштита на лица, семејства и групи на граѓани изложени на социјален ризик, развој и унапредување на социјалната заштита и развој и унапредување на волонтерската работа во општината. Во регистарот се впишува здружението, кое има активно работење во областа на социјалната заштита или социјална политика најмалку три години од денот на основањето, реализирано најмалку три проекти од областа на социјалната заштита или социјална политика, има соодветен простор за работа и кадровски услови и доказ за економско и финансиско работење врз основа на скратен сметководствен исказ од годишна сметка . Хуманитарни здруженија, здруженија, верски заедници и нивни здруженија, религиозни групи и други непрофитни организации, можат да даваат одредени услуги на лица кои се наоѓаат во социјален ризик и на кои им е потребна помош, без оглед дали се впишани во Регистарот здруженија од областа на социјалната заштита. Во овој случај, на барање на хуманитарни здруженија, здруженија, верски заедници и религиозни групи и други непрофитни организации, согласност за вршење на одредени услиги дава Министеротза труд и социјална политика, по дадено мислење на Комисијата за соработка со здруженијаон. Во согласноста Министерот поблиску ги определува видот и обемот на услугите за кои ќе се даваат на граѓаните, кои имаат потреба од помош и поддршка, како и времето за кое се дава согласноста.
Ве молам ако мозе да ми одговорите на моето прасанје?јас сум бремена 3 месеци,работам во дукан во гтц тука дуканот ке се затвара а мојот газда има усте еден дукан во тетово,дали според законот на рм ке ме одјави здраствено или мора да бидам пријавена кај него до крајот на мојата бременос,иако нема да работам повеке кај него?
Прашањето на здравствено осигурување по основ на заснован работен однос е уредо со прописите од областа на здравствената заштита. За поконкретен одговор може да се обратите до подрачната едница на Фондот за здравствено осигурување.
Zdravo. So maz mi ziveevme 4 god imame 3godisen sin no veke godina i nekolko meseci ne sme zaedno jas podnesov tuzba za razvod bevme na sud 2 pati i sega na 11.04 sme povtorni na sud, bevme i vo centarit za socijal griza tamu ni rekoa deka mi pripadja na mene go molev me da mi potpise za patna isprava za dete (pasos) no toj ne saka ,dali ako sega koga ke izlezeme na sud i teteto mi go dodelat na mene ke mozam bez negova dozvola da izvadam patna isprava na dete. Vi blagodaram odnapred
Правата и должностите на родителите кон децата се исти без оглед дали тие со во брак, вонбрачна заедница или бракот е разведе. Во однос на детето родителите го вршат родителското право до навршување на 18 годишна возраст на детето, односно додека се на редовно школување но најдоцна до 26 годишна возрста. Родителите родителското право кон детето го вршат заеднички и спогодбено, а доколку неможат да се договорат, за тоа одлучува надлежниот центар за социјална работа во најдобар интерес на детето.
Zdravo,so soprugata imame naruseni bracni odnosi i taa ja napusti bracnata zaednica so naseto maloletno dete koe ima 2 godini,i ziveat vo drug grad kade sto nadlezniot centar za socijalna politika mi odredi da go gledam deteto 3 pati vo mesec po 4 sata....na mojata zalba do Ministerstvoto dobiv odgovor deka se odbiva zalbata vo koja baram da go zimam deteto 2 vikenda vo mesecot bez nikakvo objasnuvanje zosto e toa taka i do koga ke vazi faktickata sostojba i prvostepenata odluka na centarot za soc.politika.....i me prepracaat do upraven sud za da pokrenam upraven spor.....ne razbiram ,dokolku postoi bilo kakva precka ili narusuvanje na clen 45 spored koj deteto im pripadja podednakvo na dvajcata roditeli trebase da mi bide potenciran....zarem treba do sudot za covekovi prava vo Zeneva da stignam za da mi dozvolat da prodolzam nepreceno da ostvaruvam kontakti i da se grizam za moeto dete i da dopram do nego kako roditel???se cuvstvuvam kako gradjanin od vtor red koj e zaglaven vo pravniot sistem bez nikakvi prava....neznaev deka vo pravoto vo Makedonija ima nedorecenosti vo sistemot!sakam da znam dali nesto ke se smeni so mojata tuzba za pokrenuvanje upraven spor ili da odam direktno na povisoka istanca???BLAGODARAM!
Законот за семејството ги уредува правата и доплжностите на родителит во поглед на грижата за личноста, правата и интересите на детето. Во случај на развод на бракот, судот со пресудата одлучувакај кого од родителите детео останува на натамошно чување, а другиот родител се задилжува да плаќа издршка за детето. родителот кај гого детето не е доверено на натамошна грижа, чување и воспитување има право да одржува лични контакто со дететео. Детето исто така има право да одржува лични контакти со родителот со кого не живее заедно. Начинот и динамиката на одржување на личните односи помеѓу детето и родителот ги договаат родителите на детето, заеднички и спогодбено. Во случај кога родителите не можат да се договорат, за тоа одлучува надлежниот центѕар за социјална работа. Стручниот тим во центарот, во постапката за уредување на личните односи на детето со родител со кого не живее заедно, ги цени сите околности за да истите се уредат во најдобар интерес на детето. Родителот може до центарот за социјална работа да достави барање за измена на начинот и динамиката на одржување на личните односи со детето, секогаш кога смета дека истите треба да се прошират.
Прашање од: valentina.jovanovska@hotmail.com Одговор: Креирано на: 05.04.14 во 15:46 Одговорено: razvedena sum i od prviot brak imam dva sina ,bivsiot ne plaka nisto,ne go interesiraat,sega ke se mazam za drug koj gi cuva decata kako negovi i decata go vikaat tato,,,bidejki go sakaaat mnogu,sega sum bremena so zaednicko dete odnosno treto ,,,po red a prvo od ovoj brak,,,prasanjeto mie,,dali bivsiot moze da mi gi zeme decayta ako se omazam za drug,,i dali me sleduva nesto od socijalno kako za treto dete bidejki decata od prethodniot brak se vodat na prezime na bivsiot,,ve molam za odgovor blagodaram,,,i kade ke dobijam odgovor na ovaa sreana ili na fb,,i za kolku vreme
За доделување на деца кај еден од родителите по разводот на бракот, олучува надлежен суд. Родителот кој смета дека настанале нови околности поради кои децата треба да се доверат кај другиот родител, може со тужба да бара судот да ја измени одлуката во делот на доверување на децата, односно да бара децата да му се доверат на натамошно чување и воспитување. Судот по вака иницирана постапка, ќе побара стручно мислење од центарот за социјална работа во однос на тоа дали измената на одлуката е во интерес на децата. Во однос на родителскиот додаток за трето дете, ова право го остварува мајка за своите три живородени деца, при што барање за остварување на правото се поднесува до центарот за социјална работа, најдоцна до навршување на три месечна возраст на третото дете.
Каде да извадам потврда дека јас сум старател на моето дете? Потврдата ми треба за во странство. Старателството го добив на суд по бракоразводна парница, но тој документ е неколку страни и не е во ред да го преведувам на англиски, особено што таму се спомнуваат работи од лична природа, кои не се битни за потврдата. Ми треба само кратка и јасна потврда дека јас сум старател на детето.
Согласно со Законот за смејството родителите се законски застапници на своето малоетно дете. Во случај на развод на брак, судот со пресудата одлучува кај кого од родителите детето ќе се довери на натамошно чување и воспитување, а другиот родител го задолжува да плаќа соодветна издршка. Родителите, своие права и должности кон детето ги вршат спогодвено, а доколку не се договорат за работи од интерес на детето одлучува надлежниот центар за социјална работа. Во случај кога родителот кај кого детето е доверено на натамошно чување и воспитување сака да замине со детето во странство, потребна е согласност од другиот родител, а доколку родителите неможат да се договорат, може да се обратат во центарот за оцијална работа. Согласно законската регулатива на Република Македонија, родител на малоетно дете не може да има статус на негов старател.
Dobar den, sakam da ve prasam vo vrska so porodilno boleduvanje ,da mi dadete po detalni informacii . Na rabota odnesov otvoreno porodilno boleduvanje i od tamu mi rekoa deka otkako ke se porodam treba da odnesam izvod od novorodenceto i togas se pravat dokumenti za dobivanje na mesecen nadomest i otkako ke se zavrsi toa treba da dobijam resenie deka se e vo red....Blagodaram odnapred
Прашањето за остварува на право на отсуство од работа поради бременост и раѓање на дете е уредено со Зконотза здавствено осигурување. За стекнување на право на платено отуство од работа по оваа основа, одлучува Фондот за здавстено осигурување каде можете да ги добиете сите потребни информации. Ова право не е регулирано преку системот на социјалната заштита,
Почитувани, Основен Суд Скопје 2-Скопје- Граѓански суд донесе пресуда за развод на брак во која се наведува дека "Малолетното дете __________, се доверува на непосредна грижа, чување и воспитување на мајката ___________ (јас)." Ми треба кратка и јасна потврда од горенаведената реченица. Не сакам секаде кадешто треба да потврдам дека јас го одгледувам детето, да ја поднесувам целата пресуда од 5 страни. Во тие 5 страни се наведени податоци од лична природа и не можам секаде да ги приложам, затоа што тоа се коси со Законот за заштита на личните податоци. Каде да добијам КРАТКА И ЈАСНА потврда дека "Малолетното дете __________, се доверува на непосредна грижа, чување и воспитување на мајката ___________ (јас)." Кој надлежен орган издава вакви потврди? Судот што ја донел пресудата или Центарот за социјални работи?
Со Законот за семејството, во делот со кој се уредува постапката за развод на брак од страна на надлежниот суд е утврдено дека судот во овие спорови одлучува за престанок на брачната заедница со развод на брак, доверување на малолетното дете/деца на натамошна грижа. чување и воспитување кај еден од родителите и одлука за висината на законската издршка што другиот родител треба да ја плаќа. Со оглед дека се работи за судска пресуда, за можноста да се издаде извадок од пресудата треба да се обратите до судот кој ја донел пресудата. За овие прашања центрите за социјална работа немаат надлежност за постапување.
Nie sme razvedeni staratelstvoto vrz deteto mu e dodeleno nea.Taa ne dava soglasnost da mu izvadam pasos na deteto a nesaka ni da mu izvadi ni taa za da odime so deteto na domor.Kako da mu izvadam jas pasos na deteto iako ne sum staratel?
Вршењето на родителското право е уредено со Законот за семејството. Родителите имаат права и должности за малолетното дете, како за време на траење на брачната зеадница, по престанокот на бракот или вонбрачната заедница. Родителското право родителите го вршат спогодбено, а докoлку неможат да се договорат, центарот за социјална работа донесува решение, при што одлуките ги носи во најдобар интерес на детето. Постапките за оформување на патна исправа и напуштање на земјата за малолетно дете ги спроведува Министерството за внатрешни работи, во кои постапки согласност треба да дадат обата родитела. Докoлку едниот родител на е согласен детето да ја напушти земјата, Министерството за внатрешни работи службено ќе побара центарот за социјална работа да постапи по предметот. Стручниот тим во центарот врз основа на спроведена постапка, во која ги вклучува двата родитела, како и детето доколку е на возраст на која може да го сфати значењето на прашањети и по истото да се произнесе, ќе ги утврди сите околноси и ќе донесе одлука во зависност од најдобриот интерес на детето.
imam 15 godini stash shto treba dokumenti za invalitska penzija i dali me sleduva .
Право на инвалидска пензија има осигуреникот кај кого е утврдено дека постои инвалидност: а) кога поради промени во здравствената состојба која неможе да се отстрани со лекување, работната способност е трајно намалена за повеќе од половина во споредба со психички и физички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност ( професионална неспособност) а ако осугреникот е над 50 години (маж, жена) б) кога поради промени во здравствената состојба која неможе да се отстрани со лекување, ќе нстане трајно губење на работната способност ( општа неспособност за работа) без оглед на возраста. Ивалидноста може да настане како последица на болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионално заболување. Покрај постоење на инвалидност осигуреникот стекнува право на инвалидска пензија само доколку ги исполнува и условите во поглед на пензискиот стаж, и тоа ако инвалидноста е предизвикана со повреда надвор од работа, или со болест осигуреникот стекнува право на инвалидска пензија под услов пред настанување на инвалидноста да имал наполнет пензиски стаж кој му покривал најмалку 1/3 на периодот од наполнети најмалку 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста (работен век) сметајќи го работниот век на полни години. Под поимот работен век се подразбира бројот на полните календарски години до денот кога осигуреникот навршил 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста. Работниот век кај осигуреник кој со редовно школување се здобил со виша, односно висока стручна подготовка се смета времето од навршување на 23, односно 26 години живот до денот на настанување на инвалидноста. Потребна документација за поведување на постапка за остварување право од пензиско и инвалидско осигурување: - работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е упишан во работната книшка (решенија, уверенија, потврди и др.) - извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид - образец бр 3 издаден од матичниот лекар, (Предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и за работната сопособност на осигуреникот) - медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во постапката за остварување права по основа на инвалидност (Сл.весник на РМ бр.88/04). Имено, постапката за остварување право на инвалидска пензија се поведува со поднесување на барање за утврдување на инвалидност на осигуреникот до Филијалата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Почитувани, Имам 36 години и сум самохрана мајка на две малолетни деца. Сакам да аплицирам за доделување на стан од социјална категорија за самохрани мајки. Во контекст на ова сакам да ве прашам кои документи се потребни за аплицирање и каде треба да се поднесат и кои услови треба да се исполнат? Во моментов живеам со моите родители во општина Кисела Вода. Се надевам на брз одговор, и ве замолувам одговорот да ми го пратите и на наведената e-mail адреса. Со почит
Распределбата на станови во сопственост на Република Македонија, наменети за лицата во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „ Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Ве информираме дека Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски.
zdravo me interesira kako moze i kade da se aplicira za akcijava od vladata za pomos na graganite za razdolzuvanje .i od koga pocnuva toa da se realizira mislam znaete za sto stanuva zbor ve molam za odgovor
Закон за еднократен отпис на долговите е во постапка за донесување во Собранието на РМ. По влегување во сила на законот, сите граѓани на Р.Македонија преку јавните гласила и медиумите ќе бидат информирани за начинот, условите и критериумите за ослободување од долговите.
Ве молам доколку може да ми одговорите на следото прашање: Се породив на 12 мај, веднаш поднесов документи за исплата на еднократната помош што се дава за секое новороденче меѓутоа сеуште немам ништо добиено ме интересира во кој временски рок се исплакаат тие пари? Благодарам
Правото на еднократна парична помош, согласно со Законот за заштита на децата се обезбедува само за прво новородено дете на мајката. Барањето се поднесува најдоцна три месеци од раѓањето на детето во центар за социјална работа. Исплатата на правото се врши по донесено решение од надлежниот центар за социјална работа. Корисникот на ова право треба да обезбеди социјален број за поврзување со банка, во која има трансакциона сметка, заради исплата на остварено право и истиот да го достави до центарот за социјална работа.
Јас сум од Скопје, но имам привремено живеалиште во Прилеп,поради мојата професија, и истото редовно го обновувам по истекот на секои 6 месеци.Живем во домот на моите родители без паричен надоместок.Живеам одделно од мојот сопруг, кој живее во Скопје.Би сакала да покренам бракоразводна постапка па ме интересира дали тужба таза развод на брак,може да ја поднесам во судот во Прилеп, и дали рочиштата во тој случај би се закажувале во судот во Прилеп, или бракот ќе мора да се разведе во судот во Скопје, кад ш то е и склучен?Напоменувам дека и јас и сопруогт сме со скопско жителство, и имаме заеднички малолетен син од 15 год. ....Ви благодарам
Согласно со Законот за семејството, утврдено е дека во постапките во кои судот одлучува во брачните, семејните и други спорови од овој закон како и за насилството во бракот и семејството се применуваат одредбите на Законот за процесната постапка и Законот за извршување. Во брачните спорови покрај судот од општа месна надлежност според живеалиштето на тужениот, месно надлежен е и судот на чија територија брачните другари имале последно заедничко живеалиште.
pocituvani sakam da mi odgovorite dali jas kako samohrtan roditel na dete koe ima 19 god. i e na fakultet vo skopje ima pravo besplatno da bide smesteno vo studenski dom me interesira koi se uslovite .odnapret vi se zablagodaruvam.
Сместувањето во студентски дом е во надлежност на Минстерсвото за наука и образование, во рамките на која институција може да се обратите во однос на појазнување на процедурите и условите за стекнување на право за сместување во студентски дом.
Почитувани, Разведена сум и имам ќерка 10 години. Нејзиниот татко во моментот не е плаќа алиментација а претходно колку ќе му текне толку пушташе.Во пресудата стои дека треба да плаќа 25% од неговата плата најдоцна до 10 ти во месецот. Тој беше вработен во Ирак 3 години и во Авганистан 3 години. Парите од таа работа му стигаат на сметка во наша банка. Кај нас во Македонија не се води за вработен но работи во странство. Дали овие средства му се сметаат за основа и приход кој го остварува за плата во странска држава за да се земат за основа колку треба да плаќа. Нормално, сакам преку судот да се бара од банката да даде извод на сите негови досегашни примања, и ќе се направи вештачење колку досега платил а колку требало да плати. Оваа прашање го поставувам затоа што добив поделени мислења од повеќе адвокати и извршители. Како на пример: Тоа не му било плата тука, зошто неплаќал персонален во Македонија, друг вика сепак е приход и е плата што ја остварува во странство а ја прима тука и треба да се земе во обзир. Јас сметам дека сепак сите приходи кој ги има треба да се земаат за обзир во спротивно тој ќе си зема дебела плата, за алиментација или ќе дава како милостина колку сака и кога сака пошто во Македонија се води како невработен. Ве молам да ми одговорите на прашањето.Однапред Ви благодарам.
Одредување на висината на издрѓката за малолетно дете ја утврдува судот во пресудата за развод на брак. Родителот, кај кого детето е доверено на натамошно чување и воспитување има право да бара зголемување на висината на издршката во зависност од потребите на детето. Доколку родителот не ја плаќа досудената издршка, може да се бара присилна наплата преку извршител. Центрите за социјална работа немаат надлежност да постапуваат по однос на овие прашања.
ve molam da mi odgovorite na moeto prasanje koe se odnesuva za mojot 10 godisen sin koj e vlecen , maltretiran i navreduvan od postar covek koj ne mu e nisto , koi se negovite prava pozdrav
Малтретирање и вознемирување на малоетно лице треба да се пријави од неговиот родител или старател во најблиската полициска станица.
Здраво, Очекувам пари од странство на девизна сметка во една од нашите банки. Дали имате некоја информација за колку дена се извршува трансфер на парите од странство на македонска сметка? Поздрав,
Прашањето на трансфер на пари на сметка е во рамките на банкарското работење и по однос на ова прашање процедурата ја спроведува исклучиво конкретната банка, каде клиентите можат да ги добијат сите побарани информации.
Поради тешка ментална болест, издадено ми е решение мојот родител да прима туѓа нега. По неколку исплати на истата, дојде решение од извршител кој бара сума околу 3 пати повеќе од туѓата нега (3.900 мкд) и истата ми е блокирана во банка. Моето прашање е дали е дозволено на извршител да блокира пари примени во банка, кои се всушност туѓата нега? Дали туѓата нега е законски иземена од побарувања од страна на извршител, вклучително и блокирана сметка на истата? Ако е, на кое тело треба да се упати поплака за деблокирање на сметката, поради тоа што може да дојде до влошување на мојата здравствена состојба ако останам три месеци без неа? Благодарам.
Во постапката за присилна наплата на долг од лице - корисник на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, лицето треба да достави примерок од решението со кое е остварено ова право до извршителот и да преземе правни дејствија во однос на постапката за прислно извршување, во насока на тоа присилната наплата да не се врши од овие средства, Во однос на поконкретни информации за постапувањето на извршителот, лицето во вакви случаи може да со обрати и до Миниостерството за правда, како ресорно министерство кое врши надзор над работењето на извршителите.
se raboti za porodilno boleduvanje:prvo bese osigurana vo skopska firma 3 meseci a slednite 3 meseci vo ohridska firma,no ne ja imaa smenato podracnata edinica od skopje vo ohrid.smenata e posle 1 mesec od pocnuvanje na poroduvanjeto boleduvanje od skopje vo ohrid no nikoj ne plaka veke 5 meseci.Od Ohrid vikaat prvo treba da platat za 1 mesec od skopje pa posle ke prezemime nie i taka veke 5 meseci sum od vrata vo vrata i nikako da pocni da se plaka porodilnoto.ve molam za pomos.poz.
Отсуството од работа поради раѓање на дете е уредено со прописите за здравствено осигурување. Конретни информации за остварување на ова право може да даде Фондот за здрвствено осигурување.
Поради повреда на работно место и хоспитализација во болничка установа поради повреда бев на боледување 37 дена.Може ли да добијам информации колку боледување плаќа фирма а колку иде преку фондот бидејки мене скоро пола плата ми е скратена а не ми е покриен ниеден трошок од болничките трошкови.Благодарам.
Прашањата за отсуство од работа поради болест се во надлежност на Фондот за здравствено осигурување , која институција може да даде поконкретни одговори за начинот на регулирање на надоместокот за отсуство од работа по оваа основа.
Страдам од тешка болест, невработен сум и немам примања по друг основ. По преглед одобрена ми е туѓа нега. Мојот родител, со кој живеам во заедница е вработен, со приход од околу 500 денари поголем од сумата определена во новиот Закон. Дали може да ми кажете на кого се однесува законскиот лимит, горната граница од 21.000 ден над која не се доделува надоместок за туѓа нега - на приходите на болното лице или на приходите на старателот?
Во законот за социјалната заштита е утврдено дека право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице може да оствари лице чиј годишен нето приход по сите основи изнесува најмногу до вкупниот годишен износ на просечни нето месечни плати исплатени за секој месец за претходната година. За остварување на ова право се земаат во предвид приходите на лицето кое бара остварување на ова право.
Ve molam da mi objasnite dali mi sleduva nekakva materijalna pomos dodeka najdam rabota povtorno?majka sum so maloletno dete na koe tatkoto ne mu placa alimentacija dodelena od sud,nemam svoe zivealiste ,nezemam socijalna pomos a sega ostanav bez rabota.Sto da pravam?Da se obratam do centar za socijalni grizi ? A sto ke pravam so socijalna pomos od 2000den.....
Со Законот за социјалната заштита е утврдено дека граѓаните кои се работно способни а се материјално необезбедени можат да остварат право на социјална парична помош. За остварување на ова право треба да се достави барање во центарот за социјална работа, надлежем според местото на живеење на барателот. Стручните лице во центарот за социјална работа ќе ги дадат сите потребни информации за начинот, условите и постапката за остварување на парично право од социјална заштита.
Почитувани, мајка ми во јануари поднесе барање за остварување на право на додаток за глувост, во подрачната служба, во март беше на комисија каде и одобрија и доби решение. Меѓутоа пари доби дури сега и тоа само 4000 денари за месец октомври. Во законот пишува дека правото се остварува со поднесување на барањето во подрачната служба, значи од јануари. Сакам да ве прашам дали треба да и биде исплатен додатокот за сите месеци почнувајќи од датумот на поднесување на барањето, т.е од јануари, и што треба понатаму да направиме за да и се исплатат парите за тие месеци? Ви благодарам!
За отварување на право на парична помош од социјална заштита во прв степен одлучува надлежниот центар за социјална работа. Во случај кога корисникот смета дека не ја добил висината на оствареното параично право, треба да го извести центарот за социјална работа за да се изврши проверка по предметот. Министерството за труд и социјална политика одлучува по жалба птотив решение на центар за социјална работа, како второстепен орган
nevraboten graganin so pet cleno semejstvo imam podneseno dokumenti za dodeluvanje na socijalen stan pod zakup eve skoro 2 godini nemam odgovorodnapred vi blagodaram
Распределбата на станови во сопственост на Република Македонија, наменети за лицата во социјален ризик се врши согласно со Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Македонија ( „ Службен весник на Република Македонија“ број 3/09). Постапката за распределба на овие станови отпочнува со објавување на јавен оглас, во кој се наведуваат условите, критериумите и намената на овие станови за обезбедување на социјално домување за одредена категорија на граѓани, кои се наоѓаат во конкретен социјален ризик. Постапката ја спроведува Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства, согласно условите од огласот. Заинтересираните лица за добивање на социјален стан под закуп можат да поднесат барање откако ќе биде објавен конкурс во печатените весници. Ве информираме дека Комисија за распределба на станови под закуп за социјално загрозени семејства работи при Министерството за транспорт и врски.
Pocituvani ve molam za sovet izmameni sme za 1.000.000 CHFR vo Strumica dadeni se parite Sudski zavereno so zalozeni Hipoteki od imot na Dolznicite bidejki nie sme na privremena rabota vo CH i seuste dolznicite preku moknici vo nadleznite Insistucii zalozenata Hipoteka ja Prepisuvat na treto lice predmetot go Arhivirat vo Sudot zapisano deka e isplateno se nie nemame poima sto e se raboteno soglasnost pomegu nasiot Advokat i Advokatot od Drugata strana Cudo Nevideno nadevajki se na nasiot Tatko deka ke Umre Bolen e iako go Arhivirale predmetot na takomi mu velele se raboti treba da cekas i posle izvesno vreme Advokatotse otkazuva kako poveke nemoze da go raboti predmetot doznavme vo 2010 godina veruvajte sekade Instalirana Banda vo zasita na Moknicite ve molam nema kade se nemam obrateno Sramno do Suddskiot Sovet se obrativme ni rekoa deka nese nadlezni doznavme rodniska vrska megu Clenot od Sovetot i Sudija od Strumica ve molam za pomos ili sovet na 26.08.2014 bev kaj Marko Zvrlevski rece deka keja istrcka topklata posiroko Javen Obvenitel na RMK Suzana Mircevska go Drzese predmetot 11 meseci vo Skopkje bes nikakvo resenie povrzana od moknicite i ponovo go vraka Predmetot vo Strumica ve molam vo Vladata se imam obrakano nekolku pati nikakov pomos Bandata zdruzena se imat potpisuvano Falsifikuvani Potpisi moknicite se dobro zastiteni od nadleznite ve molam prenuden sum predmetot da go pustam vo Sovetot na Evropa iako razgovarav so Aleksandar Nikoloski koj e clen vo Sovetot za zastita na Covekovite prava vo sovetot na Evropa za Kriminalot e izvesten i Premierot ve molam za pomos kade poveke da se obratime vasiot sovet ke mi bide od golema korist vi Blagodaram pozdrav.
По однос на судски спор правна помош и застапување може да обезбеди само адвокат.
Pocituvani imam dolg kon t mobile vip i kon banka za minus plati znaci toa se tri razlicni izvsiteli.Kolku posto od plata ke mi odbivaat koga ke se vrabotam ve molam za odgovor pozz
Во областа на социјалната заштита не се уредуваат прашањата за наплата на долг од физички лица од страна на доверители.
Дали сопругата има право на живеење во стан, кој гласи на име на свекрвата и покрај тоа што се разведени двајцата сопружници. Слушнав дека по 10 години брак сопругата има право со децата да живее во станот, иако се разведени, зошто немало кај да живее. Дали е е точно дека таа може да се стекне со тоа право? Благодарам однапред
Правото на сопственост е уредено со посебни прописи и не е во рамките на дејноста на социјалната заштита. ЗА поконкретен одговор треба да се побара мислење од адвокат.
ve zamolila da mi objasnite za porodilnoto boleduvanje?Kolku e sega 9meseci ili 1godina?shto treba da se napravi za da se prodolzi 1godina?Dali tie 3 meseci ne si zdravstveno osigurana i nemash plavi kartoni?Odnapred vi blagodaram
Прасањето на породилно отсуство е уредено со прописите од здравственото осигурување, а поконкретен одговор може да се побара во Фондот за здравствено осигурување
Zdravo Imam edno prasanje,pred nekolku godini imav eden dolg vo Vip i sega me informiraa deka procesot e vo izvrsitel..sakam da znam dali izvrsitelot moze da Mi napravi problem nesto vo granica posto cesto patuvam..pa momentalno sum nadvor od drzavata i nejkam problemi da imam...a stom se vrakam go plakam dolgot..blagodaram
За прашањата во врска со користење на мобилната телефонија, исклучиво е надлежен операторот. Овие прашања не се во делокруг на социјалната заштита.
доделена ми е инвалидска пензија (привремена -2 години), имам 53 години, која е процедурата за повторно одење на комисија, коку време пред истекот на 2-те години треба да се пријавам, (или ќе добијам покана без мое пријавување) и кои документи се потребни да се достават, односно понесат. Благодарам доделена ми е инвалидска пензија (привремена -2 години), имам 53 години, која е процедурата за повторно одење на комисија, коку време пред истекот на 2-те години треба да се пријавам, (или ќе добијам покана без мое пријавување) и кои документи се потребни да се достават, односно понесат. Благодарам
Вашето прашање е упатено до Секторот за социјална заштита, кој не постапува по предмети од пензиско и инвалидско осигурување. Со оглед да за Вашето барање е надлежен Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Ве упатуваме да се обратите до надлежниот орган на оваа институција за добивање на целосни податоци.
razvedena sum , imam deset godisno dete koe zivee so mene, negoviot tatko ne plaka redovno alimentacija , kade da se obratam za sovet.
Постапката за определување на висината на издршката за малолетно дете во случај на развод на брак на неговите родители, како и постапката за присилно извршување на неподмирени износи на определената издршка е во исклучива надлежност на судот, според местото на живеење на странката. За сите прашања во врска со постапката за регулирање на лични односи на детето со родителот со кого не живее заедно, може да се обратите во Центарот за социјална работа.
razcedena sum, imam osum godisno dete koe sto zivee so mene,alimentacijata ne se isplaka redovno od strana na tatkoto,no bidejki stanuva zbor za skolsko dete, sakam da mu se zgolemi alimentacijata od tatko mu, kade da se obratam za sovet.
Барање за зголемување на законското издржување за малолетно дете поднесува неговиот законски застапник, во случајот родителот кај кого детето е доверено на понатамошна грижа и воспитување, до судот кој ја донел пресудата за развод на бракот на родителите. Во случај кога досудената издршка не се подмирува, законскиот застапник може да поведе постапка за присилно извршување на истата.
Zdravo Sakam da znam moite roditeli zemat penzija vo avstralija i sakat dase ziveat vo makedonija. kolku ke gi kosta privatno osiguruvane?
Вашето прашање е доставено до Секторот за социјална заштита, кој нема надлежност да постапува по предмети од пензиско и социјално осигурување. За поцелосни информации може да се обратите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија или на раководителот на Секорот за пензиско осигурување во Министерството за труд и социјална политика, Ирена Ристевска на телефон 3106-441 или на e-mail iristevska@mtsp.gov.mk
Почитувани Имам 49 години, невработен и се водам во евиденцијата на Агенцијата за вработување. До 2001 година бев вработен во фирма која отиде во стечај, во која имам 18 години работен стаж. Во фирмата бев вработен како инвалидно лице, со инвалидитет настанат пред вработување. Поднесов барање за добивање на инвалидска пензија од која бев одбиен. Имам завршено вишо образование.Се пријавував на огласи за вработување, но не ме примија никаде. Сега сум без никаква егзистенција. Дали ме следува некоја парична помош и каде да се обратам? Кои се моите права? Ве молам одговорете ми по емаил, но текстот да биде со латинично писмо за да можам да го прочитам. Однапред благодарен. Поздрав.
Лицата на кои им престанал работниот однос и паричниот надоместок за време на невработеност од Агенцијата за вработување, вработените со ниски износи на плата, пензионирети со ниски износи на пензија, како и невработените лица имаат право на социјална парична помош, согласнос Законот за социјалната заштита. Постапката за остварување на ова право се покренува со поднесување на барање и потребна документација до недлежниот центар за социјална работа. Висината на правото на социјална парична помош зависи од приходите и имотната состојба на подносителот на барањето и бројот на членовите на неговото семејство или домаќинство. Стручно лице во центарот за социјална работа им укажува помош на граѓанинот при поднесување на барање и за документацијата која треба да се приложи. Граѓаните се обраќаат до центарот за социјална работа, кој е надлежен за општината каде тие имаат местото на живеење.
koga gospodinot premier i negovite ministri, t.e. ministerot za trud i socijalna politika, ke go resat edno od osnovnite covekovi prava t.e. pravoto za slobodno dvizenje i ziveenje vo sopstavnata drzava. Da bidam pojasen mislam na zakonot protiv diskriminacijata na homosekusalcite. Blagodaram dokolku oddvoite od vaseto skapoceno vreme i mi odgovorite na prasnjevo, ke bidam sreken
Во текот на оваа година се подготвува Закон за недискриминација, кој ќе опфати заштита на граѓанските права и создавање еднакви можности по основ на недискриминација, согласно Евроските конвенции и меѓународните документи, кои се обврзувачки за Република Македонија.
me interesira posle kolku vreme zapocnuva isplatata za trudnicko boleduvanje odkako ke se dostavat site dokumenti???? Nie cekame veke 3 meseci...Sto e potrebno da napravime za da zapocne isplatata??????!!!!!!
Прашањето на регулирање на боледувањето за време на подродилно отсуство е во исклучива надлежност на Фондот за здравствено осигурување, која институција е во рамките на Министерството за здраство. Поради тоа Ве упатуваме да се обратите до соодветните служби за добивање на конкретен одговор.
moeto deset godisno dete e maltretirano od strana na negoviot tatko, so koj sto podolg vremeneski period sme razdeleni. Deteto posledniot mesec odbiva da odi kaj nego . Sekoe odenje kaj negoviot tatko za deteto prestavuva teskotija, bidejki zivee vo postojan strav deka ke bide maltretiran. Bi sakala da znam kakvi se moite prava za da go zastitam sin mi ?
Уредувањето на личните односи помеѓу дете и родител со кого не живее зеадно е во надлежност на центарот за социјална работа. Стручните лица спроведуваат третман и постапка со странките и доколку родителите на малолетно дете не постигнат спогодба за начинот и динамиката на контактите на детето со другиот родите, центарот за социјална работа со решение ги уредува истите. Решението се заснова на наод и мислење на стручниот тим по однос на утврдените фактите и ставот на стручниот тим, а во најдобар интерес на детето. Во текот на постапката стручните лица ги преземаат сите потребни дејствија за донесување на правилна одлука. За иницирање на оваа постапка треба да се обратите и да поднесете барање до центарот за социјална работа во местото на Вашето живеење.
imam 5 godisno dete,razvedena sum a bivsiot soprug ne plaka alimentacija veke tri godini.Se raboti za stranski drzavjanin.Kade mozam i kako da go naplatam dolgot.Veke se obrativ kaj izvrsitel megutoa toj nema nikakva smetka vo banka vo RMakedonija taka da na toj nacin ne mozam da go naplatam dolgot
За барања за регулирање на обврска за законско издржување на дете од родител кој е странски државјанин и со место на живеење во странска држава, потребно е да се обратите до Министерството за надворешни работи, како надлежен орган за постапување во вакви случаи, согласно законската регулатива и меѓународните документи кои ја регулираат оваа материја.
imam 4 godisno dete. jas sum samohrana majka ziveam od 2500 denari od socijalna pomos. sakam da znam dali postoi socijalna zastita za samohrani majki ili nekakva druga pomos . imam 4 godisno dete. jas sum samohrana majka ziveam od 2500 denari od socijalna pomos. sakam da znam dali postoi socijalna zastita za samohrani majki ili nekakva druga pomos . imam 4 godisno dete. jas sum samohrana majka ziveam od 2500 denari od socijalna pomos. sakam da znam dali postoi socijalna zastita za samohrani majki ili nekakva druga pomos .
Во системот на социјална заштита, предвидени се повеќе парични права од социјална заштита во зависност од личната, семејната, материјалната и имотната состојба на корисниците. Право на социјална парична остваруваат работно-способни и материјално необезбедени граѓани. Постојана парична помош остваруваат работно-неспособни граѓани поради болест, попреченост, старост или самохран родител до три годишна возраст на дете, но најмногу за три деца, доколку немаат приход или имот од кој може да се издржуваат. Како други права предвидено се: паричен надоместок за помош и нега од друго лице, паричен надоместок за скратено работно време поради нега на дете со попреченост, паричен надоместок за лице кое имало статус на детет без родители и родителска грижа, еднократна парична помош и помош во натура. Со оглед дека користите право на социјална парична помош, во случај на акутна социјална криза предвидена со законската регулатива, може да се јавите во Центарот за социјална работа во местото на Вашето живеење за остварување на право на еднократна парична помош.
разведена сум и имам малолетно дете, одредена е алиментација од страна на судот од 25%, каде да се обратам да му се одбива со административна забрана од пензијата
За прашања кои се однесуваат на исплата на пензии надлежен е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, каде може да се обратите за поконретен одговор по однос на спроведување на судски пресуди за законска издршка. За неисплатени обвски по основ на досудена алиментација, може да иницирате постапка за присилно извршување кај извршител.
kolku vreme trae trudnickoto boleduvanje 9 meseci ili 1 godina
Платеното отсуство од работа пореди бременост, раѓање и родителство трае 9 месеци непрекинато, а во случај на раѓање повеќе деца одеднаш ( близнаци, тројка и повеќе ) 1 година.
pocituvani gospoda ke ve molam da mi odgovorete na ovoj problem? kako prvo jas sum semeen covek so dve deca jas bev korisnik na socijalna pomos od 1999god. i se do 2007 god.primav socijalna pomos po osnov kako nevraboten kadar no od 2007god. nekoj pratil anonimno pismo do ministerstvoto za trud i socijalna zastita deka jas sum bil vo dobra finansiska sostojba mi ja ukinaa socijalnata pomos demek toa bilo stvarno bez da dokazat nekoi dokazi za mojata finansiska sostojba oti jas den denes se vodam kako nevraboten i mojata sopruga isto koj redovno se prijavuvam sekoj mesec vo biro za vrab..i nemam nikakvi prihodi koj moze mene da mi ja podobrat finasiskata sostojba ...vi blag..
Правото на социјална парична помош остварува лице или домаќинство кое е материјално необезбедено, кое не остварува приходи или со приходи кои се пониски од висината на правото и без имот и имотни права од кои може да се издржува. Постапката за остварување на правото на социјална парична помош се иницира со доставување на барање и потребна документација во центарот а социјална работа. Во текот на постапката се преземаат мерки за утврдување на материјалната состојба на подносителот на барањето, врз основа на доставените потребни документи за приходите, имотот и имототните права на лицето и членовите на домаќинството, како и преку непосреден увид и утврдување на фактичка состојба, од страна на стручно лице во центарот. Врз основа на утврдената фактичка состојба во постапката, недлежниот центар за социјална работа носи соодветно решение по однос на барањето за остварување на правото на социјална парична помош.
Во неопределен работен однос сум.Имам непрекинато 6 мес. здравствено осигурување.Ме интересира законот за трудничко боледување.Дали може пред да влезам во деветтиот месец од бременост да земам трудничко боледување, и дали се добива целиот износ од платата или не. Ви благодарам.
Правото на отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство е уредено за Законот за работни односи и прописите од областа на здравственото осигурување. Поцелосни информации за начинот, условите и времетраењето на ова право може да се добие во Фондот за здравствено осигурување.
pocituvani gospoda ke ve molam da mi odgovorete na ovoj problem? kako prvo jas sum semeen covek so dve deca jas bev korisnik na socijalna pomos od 1999god. i se do 2007 god.primav socijalna pomos po osnov kako nevraboten kadar no od 2007god. nekoj pratil anonimno pismo do ministerstvoto za trud i socijalna zastita deka jas sum bil vo dobra finansiska sostojba mi ja ukinaa socijalnata pomos demek toa bilo stvarno bez da dokazat nekoi dokazi za mojata finansiska sostojba oti jas den denes se vodam kako nevraboten i mojata sopruga isto koj redovno se prijavuvam sekoj mesec vo biro za vrab..i nemam nikakvi prihodi koj moze mene da mi ja podobrat finasiskata sostojba ...vi blag.. jas se izvinuvam no bidejki prasajneto ne celosno sakam da go doovrsam?no problemot etoa sto parite sto gi primiv od 11.april.2007se do ukinuvajneto 28.noemvri.2007god.i sto potoa poslem 1 god. mi doaga resenije za vrakajne na paricniot nadomestok sto sum go primil vo toj period da go vratam bez da mi dojde resenije deka mi e ukinata socijalnata pomos.do toj moment mene samo mi kaza deka nemam pravo na soc..pomos. i jas napraviv zalba do ministerstvoto za trud i soci..koja zalbata bese kako neosnovena i go imav toa pravo za zalba na ustaven sud so potrebnata dokumentacija koja nesovesno mi bese ukinata socijalnata pomos.ke ve molam kako graganin na r.makedonija da se otkrije vinovnikot za ova storena nepravda koja bez nikakov dokaz mene mi bese i utvrdeno materijalnata sostojba vo koja se naveduva vo toa anonimno pismo..ja mislam deka vrz mene e storeno diskriminacija vo koja ne sum zadovolen od nadleznite na ovoj organ.bidejki jas nemam nikakov imot nitu vozilo nito pa nesto sto moze da mi ja podobre egzistencijata na mojata familija.vi blagodaram mislam deka ke mi pomognete okolu ovoj problem..... pocituvani gospoda ke ve molam da mi odgovorete na ovoj problem? kako prvo jas sum semeen covek so dve deca jas bev korisnik na socijalna pomos od 1999god. i se do 2007 god.primav socijalna pomos po osnov kako nevraboten kadar no od 2007god. nekoj pratil anonimno pismo do ministerstvoto za trud i socijalna zastita deka jas sum bil vo dobra finansiska sostojba mi ja ukinaa socijalnata pomos demek toa bilo stvarno bez da dokazat nekoi dokazi za mojata finansiska sostojba oti jas den denes se vodam kako nevraboten i mojata sopruga isto koj redovno se prijavuvam sekoj mesec vo biro za vrab..i nemam nikakvi prihodi koj moze mene da mi ja podobrat finasiskata sostojba ...vi blag.. jas se izvinuvam no bidejki prasajneto ne celosno sakam da go doovrsam?no problemot etoa sto parite sto gi primiv od 11.april.2007se do ukinuvajneto 28.noemvri.2007god.i sto potoa poslem 1 god. mi doaga resenije za vrakajne na paricniot nadomestok sto sum go primil vo toj period da go vratam bez da mi dojde resenije deka mi e ukinata socijalnata pomos.do toj moment mene samo mi kaza deka nemam pravo na soc..pomos. i jas napraviv zalba do ministerstvoto za trud i soci..koja zalbata bese kako neosnovena i go imav toa pravo za zalba na ustaven sud so potrebnata dokumentacija koja nesovesno mi bese ukinata socijalnata pomos.ke ve molam kako graganin na r.makedonija da se otkrije vinovnikot za ova storena nepravda koja bez nikakov dokaz mene mi bese i utvrdeno materijalnata sostojba vo koja se naveduva vo toa anonimno pismo..ja mislam deka vrz mene e storeno diskriminacija vo koja ne sum zadovolen od nadleznite na ovoj organ.bidejki jas nemam nikakov imot nitu vozilo nito pa nesto sto moze da mi ja podobre egzistencijata na mojata familija.vi blagodaram mislam deka ke mi pomognete okolu ovoj problem..... pocituvani gospoda ke ve molam da mi odgovorete na ovoj problem? kako prvo jas sum semeen covek so dve deca jas bev korisnik na socijalna pomos od 1999god. i se do 2007 god.primav socijalna pomos po osnov kako nevraboten kadar no od 2007god. nekoj pratil anonimno pismo do ministerstvoto za trud i socijalna zastita deka jas sum bil vo dobra finansiska sostojba mi ja ukinaa socijalnata pomos demek toa bilo stvarno bez da dokazat nekoi dokazi za mojata finansiska sostojba oti jas den denes se vodam kako nevraboten i mojata sopruga isto koj redovno se prijavuvam sekoj mesec vo biro za vrab..i nemam nikakvi prihodi koj moze mene da mi ja podobrat finasiskata sostojba ...vi blag.. jas se izvinuvam no bidejki prasajneto ne celosno sakam da go doovrsam?no problemot etoa sto parite sto gi primiv od 11.april.2007se do ukinuvajneto 28.noemvri.2007god.i sto potoa poslem 1 god. mi doaga resenije za vrakajne na paricniot nadomestok sto sum go primil vo toj period da go vratam bez da mi dojde resenije deka mi e ukinata socijalnata pomos.do toj moment mene samo mi kaza deka nemam pravo na soc..pomos. i jas napraviv zalba do ministerstvoto za trud i soci..koja zalbata bese kako neosnovena i go imav toa pravo za zalba na ustaven sud so potrebnata dokumentacija koja nesovesno mi bese ukinata socijalnata pomos.ke ve molam kako graganin na r.makedonija da se otkrije vinovnikot za ova storena nepravda koja bez nikakov dokaz mene mi bese i utvrdeno materijalnata sostojba vo koja se naveduva vo toa anonimno pismo..ja mislam deka vrz mene e storeno diskriminacija vo koja ne sum zadovolen od nadleznite na ovoj organ.bidejki jas nemam nikakov imot nitu vozilo nito pa nesto sto moze da mi ja podobre egzistencijata na mojata familija.vi blagodaram mislam deka ke mi pomognete okolu ovoj problem.....
За остварување на право од социјална заштита решава центар за социјална работа, како исклучиво надлежен првостепен орган. По жалба на решение, во втор степен постапува Министерството за труд и социјална политика, додека судската заштита е обезбедена преку тужба до Управниот суд на Република Македонија. Постапката за остварување на право од социјална заштита се иницира само со барање и потребна документација, доставено до месно надлежниот центарот за социојална работа.
Vo fevruari 2009 bev na bolovanje.Mi bese skratenopo greska okolu 3000den. Mi rekoa ke mi gi dadat pokasno. Do denes ne sum gi dobila,mi velat nema pari.Komu da se obratam? dali vie moze da mi pomognete?
Регуларање на отсуството од работа поради болест е во надлежност на Министерството за здравство, а по однос на регулирање на надоместокот потребно е да се обратите во Фондот за здавстено осигурување.
На обично боледување,поради тешка бременост сум од 10 август,под социјалното од 31 август.На 5 ноември ми дојде решение за надомест само за 1 ден од август.Ме интересира кога ќе почнам да земам паричен надомест за боледување,затоа што од почетокот на јануари ке одам на породилно боледување ,а се уште сум без финансиски средства.Исто ме интересира до кога важи законот за надомест за второ дете.Колку се тие средства и по кој креитериум се доделуваат средствата за обичното и породилното боледување.Благодарам На обично боледување,поради тешка бременост сум од 10 август,под социјалното од 31 август.На 5 ноември ми дојде решение за надомест само за 1 ден од август.Ме интересира кога ќе почнам да земам паричен надомест за боледување,затоа што од почетокот на јануари ке одам на породилно боледување ,а се уште сум без финансиски средства.Исто ме интересира до кога важи законот за надомест за второ дете.Колку се тие средства и по кој креитериум се доделуваат средствата за обичното и породилното боледување.Благодарам На обично боледување,поради тешка бременост сум од 10 август,под социјалното од 31 август.На 5 ноември ми дојде решение за надомест само за 1 ден од август.Ме интересира кога ќе почнам да земам паричен надомест за боледување,затоа што од почетокот на јануари ке одам на породилно боледување ,а се уште сум без финансиски средства.Исто ме интересира до кога важи законот за надомест за второ дете.Колку се тие средства и по кој креитериум се доделуваат средствата за обичното и породилното боледување.Благодарам
Прашањето за регулирање на отсуство од работа поради болест или раѓање на дете е во надлежност на Министерството за здравство, од кои причини треба да се обратите во Фондот за здравствено осигурување. Согласно измените на Законот за заштита на децатат, право на родителски додаток за второ дете важи за деца родени до 10 април 2010 година. Правото се остварува само доколку во рок од три месеци од денот на раѓањето на детето се поднесе барање до надлежниот центар за социјална работа.
Ne mi odgovorivte na prasaweto pa sega povtorno go postavuvam. Bev korisnik na privremena invalidska penzija 10 meseci.Po istekot na 10 meseca trebase da se javam na zadolzitelen kontrolen pregled. Koga se javiv po 10 meseca komisijata me odbi so obrazlozenie deka mozam da se prekvalivikuvam za druga rabota. Dodeka postapkata traese jas gi dobiv penziite za noemvri,dekemvri 2007 i Januari 2008.Vo resenieto so pravna popuka imav pravo na tuzba do upraven sud i istoto go iskoristiv. Sega fondot mi gi bara nazad isplatenite tri penzii so tuzba. Dali imat pravo da gi barat bidejki resenieto za ukinuvawe na privremenata invalidska penzija e pravosilno duri vo mesec februari 2008 godina.
Вашето прашање е од областа на пензиското и инвалидското осигурување, а поставено е во делот на социјалната заштита. По однос на прашањето изготвене е следниот одговор: Согласно член 139 став 8 и 9 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување е уредно дека правото на времена инвалидска пензија престанува ако кај корисникот со задолжителниот контролен преглед е утврдено дека не постои инвалидност. Со членот 156 од овој Закон е уредено прашањето на правните последици кога промената на стекнато право по основ на општа или професионална неспособност за работа ќе настане во постапка покрената по службена должност, правото престанува, се менува или се стекнува ново право од конечноста на решението со кое е утврдена промената. Во Вашиот случај правото на пензија престанива по конечноста на решението со кое е прекратено правото на инвалидска пензија, односно по добивање на решението во второстепена постапка со која жалбата е одбиена како неоснована. Бидејќи не располагаме со подетални информации за бројот на Вашиот предмет и др. Ве упатувам да се јавите во Службата за имотно правни работи во Фондот на ПИОМ, началник на тоа Одделение или пом. директор Хамди Мустафа 3 250-400, 3 250 402
Почитувани, Имам 2 годишно дете,и сум во вонбрачна заедница,сопругата пред два или три месеца се откажа од детето , ( имаме доставено изјава до центарот за социјална работа ) , ме интересира дали ме следува некоја помош како самохран родител ( по мое гледање) или има дополнителна процедура да се стекна како самохран родител? и кои се услуги можам да ги добијам за детето од страна на МТСП или друг орган Оданпред со почит
За правата од социјална заштита, кои вклучуваат остварување на некое право на парична помош или одредена услуга во вид на помош, социјална работа или остварување на право на вонинституционална и институционална заштита во прв степен решава надлежниот центар за социјална работа. Оваа установа во делот на јавните овластува постапува и врз основа на семејно-правните прописи што опфаќа уредување на однос родите-дете и одговорно вршење на родителкското право. Согласно материјалната, семејната и фактичката состојба за секој поединечен случај се спроведува интердисциплинарна тимска работа и се донесува соодветно решение. Постапката во центарот за социјална работа се иницира со поднесување на барање на лицето кое се обраќа за остварување на некое право.
Бев на боледување 8 дена поради инфекција на уринарни патишта поради исфрлање на песок во бубрег.И уште веднаш беа известени дека сум на боледување и секој ден им се јавував на работа да ги известувам за мојата состојба на здравјето.Но кога се вратив на работа и им го предадов боледувањето ми рекоа дека фирмата не ги признава боледувањата од матичен лекар,туку само комисиско боледување.И како решение на сето тоа ми бараат јас да им платам пари за деновите кој сум била отсутна,или пак да враќам саати со останување на работа дополнително.И,кажете ми дали е тоа исправно и што да направам.Ве молам помогнете ми.Ви благодарам однапред.
Регулирање на отсуство од работа поради болест се остварува согласно Законот за работни односи и пропиисите од областа на здравственото осигурување. Со оглед на ова потребно е даизвршите консултација со Фондот за здравствено осигурување.
Koga invalidite pak ke imaat pravo na skrateno rabotno vreme?
Скратеното работно време е регулирано согласно Законот за работните односи, по однос на условите и постапката за остварување на истото.
Pocituvani me interesira koga ce bide objaven oglasot za samovrabotuvajne i otvorajne na novi biznisi za lica do 27 godini i dali mozi dve lica od isto semejstvo da otvorat firmi so ili bez zdruzuvajne na sredstva pokonkretno za zemjodelstvo..blagodaram odnapred me interesira koga ce bide objaven oglasot za samovrabotuvajne i otvorajne na novi biznisi za lica do 27 godini i dali mozi dve lica od isto semejstvo da otvorat firmi so ili bez zdruzuvajne na sredstva pokonkretno za zemjodelstvo..blagodaram odnapred Pocituvani, me interesira koga ce bide objaven oglasot za samovrabotuvajne i otvorajne na novi biznisi za lica do 27 godini i dali mozi dve lica od isto semejstvo da otvorat firmi so ili bez zdruzuvajne na sredstva pokonkretno za zemjodelstvo..blagodaram odnapred
Во системот на социјалната заштита, граѓаните можат да остварат парична помош од социјална заштита, помеѓу другите социјални ризици и по основ на невработеност и материјална необезбеденост. Областа на вработувањето, вклучително и активните политики за поттикнување на вработувањето се третира во Секторот за труд и Агенцијата за вработување. По однос на прашањата од областа на вработувањето, самовработувањето и законските можности за поттикнување на истото потребно е да се обратите до овие институции.
Вработена сум преку агенција за привремени вработувања на определено работно време. Работниот однос ми се обновува на секој 1-2 месеци. Во случај да останам трудна, дали агенцијата има право да не ми го продол`и работниот однос? Во законот за вработување не успеав да најдам член во кој што се засе