Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Издавање на лична карта
Благодарам многу за прекрасниот сајт. Прашањето се однесува за личните карти: Дали Македонски државјани иселеници кои не живеат во Македонија имаат право на лична карта, каде таа се издава во странство и која е постапката? Благодарам уште еднаш, Иван Чакулев.
Имајки го во предвид член 1 од Законот за личната карта (Службен весник на РМ, бр. 8/95) според кој “Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството и живеалиштето на граѓанинот на Република Македонија”, за да граѓанинот добие лична карта мора кумулативно да се исполнети неколку услови и тоа: лично да поднесе барање, да е државјанин на Република Македонија и да има пријавено живеалиште на територијата на РМ. Живеалиште на територијата на РМ се пријавува согласно одредбите од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните ( (Службен весник на РМ, бр. 36/92 и 34/2000). Согласно член 1 од овој закон “Живеалиште е место во кое граѓанинот се населил со намера во него постојано да живее и во кое има обезбедено стан за живеење”. Пријавување на живеалиште и вадење на лична карта се врши исклучиво во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во која граѓанинот има намера да пријави живеалиште
Од колку до колку часот може да се подигне лична карта на шалтерите во МВР?
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Во СВР на град Скопје, Одделение за управни работи, кое се наоѓа во зградата на МРТВ изготвената лична карта може да се подигне во секое време од 8 до 19 часот, во кој период може и да се поднесе барање за издавање на лична карта.
Bi sakala da dobijam informacija koi dokumenti se potebni odnosno koja e postapkata za promena na mesto na ziveenje vo licna karta. Pozdrav
Во членот 3 од Законот за пријавување на живелиштето и престојувалиштето на граѓаните (»Службен весник на РМ« бр.36/92 и 43/2000) е предвидено дека, ако се преселите од едно во друго место во Република Македонија, во рок од 8 (осум)дена е потребно да го одјавите претходното живеалиште и да го пријавите новото живеалиште. Согласно член 2 од наведениот закон: “ Живеалиштето е место во кое граѓанинот се населил со намера во него постојано да живее и во кое има обезбедено стан за живеење. Се смета дека граѓанинот има стан за живеење, во смисла на овој закон, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот.” Согласно наведеното за да го промените Вашето место на живеење во личната карта потребно е да ги доставите следните документи: Ø Барање Ø лична карта (или друга исправа со која може да се утврди вашиот идентитет) Ø обезбеден вселив стан - Документ дека станот е Ваша сопственост или пак договор за закуп на стан во согласност со закон, заверен кај нотар. - Ако живеете во стан кој е сопственост на Вашите родители или деца, тогаш ќе го доставите нивниот документ за сопственост како и изјава од родителителите/децата дека ќе живеете со нив. Ø Потврда дека сте го одјавиле претходното живеалиште. Ø КАДЕ: Во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи надлежна според местото каде што го пријавувате своето живеалиште.
Kakva e celosnata postapka za prodolzuvanje na rabotna viza na stranec, koj e veke vraboten vo firma vo R.Makedonija!
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Странецот вработен во Р Македонија со претходно одобрен привремен престој по основ на вработување, должен е пред истекот на престојот да се јави во Одделението за странци во општината во која престојува, со цел продолзување на престојот. Покрај неговото лично присуство, должен е да понесе важечка патна исправа, барањето за одобрување на привремен престој, барањето за издавање на виза (доколку лицето има потреба да патува), одобрение за работа од Агенцијата за вработување на РМ, М1 и М2 обрасци за пријавување на лицето за здравствено, пензиско и социјално осигурување, документ дека се плаќаат наведените доприноси за лицето, документ за работењето и активноста на фирмата за изминатиот период (завршна сметка, бонитет од банка, пресметки за плата на вработените од фирмата), Договор за користење на деловниот простор и стан, доколку настанале промени во однос на седиштето на фирмата и адресата на живеење на странецот. Одобрението за привремен престој се издава со рок на важење од една година, односно до рокот на важноста на патната исправа ако тој рок е покус од една година. Со почит
Ve molam odgovorete mi na slednite prasanja: -kade (adresa) se odjavuva zivealiste, na primer:ako licnata karta e na adresa vo skopje (opst.kisela voda) a novoto zivealiste ce bide bitola; -dali priomenata na pasos mozam da ja izvrsam vo novoto mesto na ziveenje (bitola) i dali e potrebno za vadenje nov pasos, nov izvod za drzavjanstvo? (dosega izvodot za drzavjanstvo go podigav vo skopje, dali so selenjeto vo bitola, znaci deka tamu ce dobijam izvod za drzavjanstvo?); -koi dokumenti se potrebni za odjava na zivealiste i kolku trae procedurata; So pocit, Albiona badnikova
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница.Ако имате пријавено живеалиште во Скопје каде имате лична карта, а имате намера да пријавите живеалиште во Битола потребно е согласно член 3 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните (»Службен весник на РМ« бр 36/92) да го одјавите Вашето живеалиште од Скопје и тоа да поднесете молба за одјавување на живеалиште во Сектор за внатрешни работи на град Скопје, Одделение за управни работи, кој во моментот се наоѓа во просториите на Македонска телевизија. Одкако ќе го пријавите Вашето живеалиште во Битола и ќе извадите личка карта, можете да поднесете барање за евидентирање на промената во Вашата патна исправа во Битола, каде и сте пријавиле живеалиште, без притоа да приложите Уверение за државјанство. Уверение за државјанство на Република Македонија можете да извадите во сите Подрачни единици на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Тоа значи дека Уверение за државјанство можете да извадите и во Битола.Со почит
Пофалби за убаво уредениот сајт! Би сакала да добијам одговор на следново прашања : - која е постапката за промена на адресата на живеалиштето на личната карта, доколку живеам на адресата на мојот вонбрачен сопатник?
Благодариме што ја посетивте нашата веб страница. Во членот 3 од Законот за пријавување на живелиштето и престојувалиштето на граѓаните (»Службен весник на РМ« бр.36/92 и 43/2000) е предвидено дека при промена на адресата на станот во живеалиштето сте должни во рок од 8 дена да ја пријавите промената. Согласно член 2 од наведениот закон: “ Живеалиштето е место во кое граѓанинот се населил со намера во него постојано да живее и во кое има обезбедено стан за живеење. Се смета дека граѓанинот има стан за живеење, во смисла на овој закон, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот.” Согласно наведеното за да ја промените адресата во на станот во живеалиштето потребно е да ги доставите следните документи: - Барање - Лична карта (или друга исправа со која може да се утврди вашиот идентитет) - Доказ за безбеден стан - Документ дека станот е Ваша сопственост или пак договор за закуп на стан во согласност со закон, заверен кај нотар. Со почит
Имам едно прашање до вас. Каква е целосната постапка за пријавување деца во Матичната книга на новородени,ама деца кои се веке на десет годишна возрасти до сега не биле пријавени, а нивните родители се во вонбрачна заедница?Кои документи се потребни? Однапред ви благодарам
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Доколку детето е родено во здравствена организација (болница) здравствената организација е должна да го пријави во матичната служба во местото каде се родило детето. Ако детето не е родено во здравствена установа потребно е раѓањето да се пријави писмено или усмено на записник на матичарот од матичното подрачје на кое се родило, при што треба да се приложат и документи врз основа на кои би можело да се утврди кога и каде детето е родено пример: (пријава за раѓње издаден од здравствен работник кој присуствувал на раѓањето на детето, ако имало такво лице; потврда од лекар (педијатар) за староста на детето; потврда од лекар гинеколог дека мајката е родилка или други докази кои ćе го потврдат фактот за раѓање на детето; извод од матичната книга на родените за родителите доколку не се во брак, не постари од шест месеци, доказ за државјанството на родителите, доколку го имаат и важечки лични исправи за утврдување на нивниот идентитет. Доколку таткото сака да го признае татковството потребно е да даде изјава за признавање на татковство а мајката да се согласи со изјавата. Со оглед дека раѓањето на детето се пријавува во рок од 15 дена од денот на раѓањето, по изминувањето на овој рок запишувањето во матичната книга на родените се врши врз основа на решение донесено во управна постапка. Со почит
Каде е возможно да се добие препис од документ, кој соодејствува на Извод од Матичната Книга на Родените, а кој настанал пред 1941, конкретно со раѓање на татко ми во 1938. год. во Скопје, општина Чаир, а кое содржи поинакво име и презиме од она кое може да се најде во документацијата создадена по Втората светска војна, во тогашна СРМ? Која архивска или друга институција, по вешето мнение, би можела да чува оригинал или препис од ваков цертификат за раѓање, вклучително со оригинална верзија на името и презимето која е правно релевантна во мојот случај? По која постапка и пред кој орган може да се реконструира дека лицето навистина било заведено во тогашната документација со првобитното име и презиме? Факсимил од истата би ми послужил за остварување на одредени законски права. Благодарам
Благодариме што го посетивте нашиот веб портал. Согласно Законот за матичната евиденција ( “Службен весник на РМ” број 8/95, 38/02 и 66/07) и Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, обрасците на матичните книги, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги и регистри на матичните книги (»Службен весник на РМ« број 19/98) на барање на заинтересирано лице или орган се издава препис или копија на уписот во матичната книга на родените, венчаните или умрените, меđутоа ако запишувањето во матичната книга не се однесува на лицето кое го поднело барањето, може да се одбие барањето ако постои основано сомневање дека лицето за тоа нема оправдан правен интерес. Во конкретниот случај за добивање на препис од матичната книга на родените за лице родено 1938 година во Скопје, странката треба да поднесе барање во матичната служба на СВР за град Скопје. Со почит.