Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
Решение за утврдено право на старосна пензија на осигуреникот
zdravo imam 56 godini i raboten staz 29 godini i 7 meseci momentalno sum nevrabotena veke 4 godini primam soc.pomos ako moze da mi kazete kako se zakonite za penzija od koga ke mozam da primam penzija od tuka mi velat koga ke napunim 57 godini da sum vrabotena najmalku 9 meseci pa da bidem pod zavod
Во моментов за остварување право на старосна пензија за жена условите се 62 години живот и најмалку 15 години пензиски стаж. Но со 57 години живот и вработена наназад најмалку 9 месеци , под услов да ве прогласат за технолошки вишок, се остварува право на паричен надоместок, без засметување на тој период до 62 години во пензиски стаж, бидејки имате над 15 години стаж.
Mе интересира дали има можност да се врати по старо да се оди во пензија по основ на стаж, а не по старост?
За ова не одлучува Фондот на ПИОМ. Меѓутоа, тешко тоа да се реализира.
Drzaven sum sluzbenik-zena, imam 63 godini starost i 35 godini raboten staz.Dali mozam da go ostvaram pravoto na penzija pred navrseni 64 god. starost, od pricina sto receno mi e deka soglasno Zakonot za drzavni sluzbenici moram da odam na rabota do 64 godini.
Da, mozete da odite vo penzija, spored Zakonot za rabotni odnosi koj ne e usoglasen so Zakonot za drzavni sluzbenici.
Pocituvani, Dali uste vazi zakonot za penzioniranje so 59 god., za mazi t.e tehnoloski visok. I me interesira dali paricniot nadomest se zema kako do sega 5 godini do penzioniranje, ili samo 18 meseci. I uste edno prasanje dali e tocno deka firmata sto me proglasuva za tehnoloski visok ne smee da prima novi vraboteni i vo koj period.Odnapred blagodaram.
Pocituvana, Soglasno Zakonot za izmenuvawe i dolnuvanje na Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvavanje vo slucaj na nevrabotenost(objaven vo Sl.vesnik broj11/2012 )koj e vo sila i so istiot e regulirano deka paricniot nadomestok do vrabotuvanje se koristi 18 meseci,a ne 5 godini. Nevraboteno lice koe po vleguvanje vo sila na ovoj zakon e korisnik na paricen nadomestok, prodolzuva da go koristi ova pravo ,soglasno zakonot po koj go ostvaril. Zapocnatite postapki za ostvaruvanje na pravoto od osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost do denot na vleguvanje vo sila na ovoj zakon, ke se zavrsat spored zakonot koj vazel vo momentot na zapocnuvanjena postapkata. Penzioniranje spored ZPIO znaci 62 starost godini za zena, a 64 godini maz i najmalku 15 godi nistaz. Za ovie prashanja mozete da se obratite i vo Agencijata za vrabotuvanje. pozdrav
Ве молам кажете ми дали стапи во сила новиот закон за технолошки вишок?Имам 56,5 години и тукушто ме прогласија за технолошки вишок. Колкав надомест ми следува и колкав период ќе го примам (имам ВСС и имам 26 години стаж). Ви благодарам
Почитувана, Законот за вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност стапи во сила на 02.02.2012година. Согласно член 71 од Законот времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое вработеното лице било осигурено во случај на невработеност. Невработеното лице кое има над 25 години стаж ќе има право на паричен надоместок 12 (дванаесет) месеци. Согласно член 68 од Законот висината на паричниот надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатените плати кај работодавачот согласно со Закон и колективен договор и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Стручен соработник Севиме Зекири Лимани
Ve molam da me informiratew kade moze da se najda metodologija za presmetuvanje na starosna penzija. Prasanjeto go postaviv na veb stranata na fondot no nedobiv nikakov odgovor.
Добар ден, Почитуван, за условите за стекнување на право на старосна пензија може да прочитате на веб-страната на Фондот (www.piom.com.mk). На линкот права на осигуреникот на главната страна, изберете го соодветниот подлинк, во Вашиот случај-старосна пензија. Што се однесува до тоа што на прашање поставено на нашата веб-страна не сте добиле одговор, причината е во техничките проблеми со страната кои сеуште не се отстранети. Затоа, ако сакате уште нешто да прашате, користете го порталот www. uslugi. gov.mk или ќе Ви одговориме на mail. поздрав
Pocituvani, imam 59 godini, i 35 godini raboten staz. Firmata me proglasi za tehnoloski visok. Ve molam da me informirate kolku meseci ke zemam paricen nadomest, dali samo 18 meseci ili povece bidejki imam golem raboten staz?
Pochtuvan,soglasno Zakonot za izmenuvanje na Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost, objaven vo Sluzben vesnik na RM broj 11/2012 ,vo Vasiot slucaj imate pravo da koristite paricen nadomestok vo traenje od 12 meseci. Vi go odgovarame prahanjeto iako bi trebalo po pravilo da se obratite do Agencijata za vrabotuvanje. Sekoe dobro
Здраво! Овој септември полнам 62 години старост а имам и стаж повеќе од 15 години што значи како жена ги исполнувам условите за пензионирање. Ме интересира дали може да продолжам да работам до 64 години и која е постапката ако може и ако сакам да останам на работа. Однапред Ви благодарам!
Добар ден, Точно е дека правото на пензија го остварувате. Можете да поднесете барање до Филијалата на Фондот на ПИОМ во местото на живеење, доколку сакате. Што се однесува до законската регулатива, според Законот за работни односи, престанокот на работниот однос по сила на закон се исти и за маж и за жена,а тоа се навршени 64 години. Ова му е познато на Вашиот работодавец, а за продолжување на работниот век до 65 години, во тој случај се поднесува посебно барање, за што одлучува работодавецот. За работа до 64 години не се поднесува барање, значи освен ако сакате правото да го остварите со 62 години. Секое добро.
Здраво, имам 55 години и 32 години работен стаж, на функција технички директор, но сакам да одам технолошки вишок, барањето ми го одбиваат со образложение дека кадар со висока стручна спрема согласно Законот не може да оди технолошки вишок, и фирмата наредни две години не ќе можела да вработи таков профил согласно Законот.Ве молам не ми е логично, дали е точно , односно како навистина Законот го регулира ова барање.Благодарам
Согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, работниот однос неможе да му престане на работникот без согласност на работодавецот. Односно, неможе со давање на писмена изјава од страна на работникот да бара да биде прогласен за технолошки вишок. Имено, еден од условите за прогласување на технолошки вишок е 57 години возраст за жена и 59 години возраст за маж ,а од ова произлегува дека со вашите 55 години немате право на технолошки вишок.
privatna firma pzu me proglasuva za teh.visok,dali moze ako imam pomalku od 18 meseci po penzioniranje
Може да Ве прогласи за технолошки вишок.
kolkava e zakonskata opremnina pri proglasuvanje na tehnoloski visok? i od sto zavisi se raboti za vraboten na neopredeleno vreme
Почитуван/а, според Гранковниот колективен договор, секоја фирма носи своја Одлука за определување на износот на отпремнина при прогласуввање на технолошки вишок. Поздрав
Pocituvani,zena sum,imam 34 god raboten staz i imam polni 60god. i 7 meseci starost. ili 17 meseci pred penzija. Me interesira dokolku pobaram da odam tehn.visok, kolku plati segasni treba da mi isplati firmata i kolkava e visinata na mesecniot paricen nadomestok vo procenti, od segasnata moja plata?.Firmata vo koja rabotam e Akcionersko drustvo.
Согласно член 71 од Законот, времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое вработеното лице било осигурено во случај на невработеност. Невработеното лице кое има над 25 години стаж ќе има право на паричен надоместок 12 (дванаесет) месеци. Согласно член 68 од Законот, висината на паричниот надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатените плати кај работодавачот согласно со Закон и колективен договор и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Стручен соработник Севиме Зекири Лимани
po ostvaren staz 30 g strost i 57god strost firmata me proglasi za tehnoloski visok juni 2010 g.Primav 6 meseci tehnoloski i firmata ponejzino restartirane me vikna povtorno na rabota .Me drzese 6 meseci i pak me proglasi tehnoloski 1-01 2011g.Vo maj 2011ponovo me vratija na rabota kako neophoden kadar.Se uste sum na rabota ,no ako me povtorno proglasi rabotodavecot dali imam pravo da se povikam na veke dobienoto resenie za tehnoloski visokod juni 2010 koe mi glasi do penzionirane. Blagodaram
Почитувана, доколку работодавецот Ве прогласи повторно за технолошки вишок, се намалува периодот на користење на паричниот надоместок. Согласно член 2 од Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, паричен надоместок ќе може да се користи, само 18 месеци пред исполнување на условите за стекнување право на старосна пензија. Поздрав
imam 32 raboten staz i 60 god starost,bev proglasena za tehnoloski visok vo 2003god a potoa bev zaposlena vo privatna firma koja posle 9 meseci me proglasi za tehnoloski visok sega go juni 2012g.imam li pravo na paricen nadomest?poz.
За поконкретен и стручен одговор обратете се со истово прашање до Агенцијата за вработување. Секое добро
dali ima sansi da se vrati zakonot so 59 god za tehnoloski visok i dali e vistina deka padnal na ustaven sud?
Во врска со ова прашање, бидејќи не е од доменот на пензиското и инвалидското осигурување би Ве замолиле да се обратите до Агенцијата за вработување. Поздрав
Pocituvani, Vrabotena sum 21 godina, a 40 god. vozrast, rabotam vo privatna firma (celiot raboten vek vo edna firma) e sega posto rabotata opadna, dali na svoja raka gazdata moze da mi dade otkaz (a bez moja soglasnost) bez nikakva nadoknada ili pak kazete mi kolku plati mi sleduvaat za proglasuvanje na tehnoloski visok i kolku vreme bi dobivala pari od Agenc. za vrabotuvanje i sto dokolku go pobaram toa a na transakciska smetka na firmata vo momentot nema pari.
Би Ве замолиле да се обратите со прашањето до Агенцијата за вработување, бидејќи не е од доменот на пензиското и инвалидското осигурување.
Pocituvani, Vrabotena sum so VSP 37 godini od koi samo 27 godini mi se regulirani pridonesite, a imam 60 god. i 4 mes. starost. Privatnata firma vo koja seuste rabotam nema plateno pridonesi za poslednite 6 meseci, a saka da me prijavi za tehnoloski visok poradi namalen obem na rabota.Me interesira dali firmata treba prvo da gi plati neplatenite pridonesi za da me proglasi za tehnoloski visok i kolkav ke mi bide paricniot nadomestok.Blagodaram
Согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за кое се уплатувани придонеси на плата. Ова значи дека пред да бидете прогласени за технолошки вишок, работодавесот треба да ги плати придонесите. Во врска со висината на паричниот надоместок, тој се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавецот согласно закон, колективен договор и договор за вработување, 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци и тоа за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Додека за подолго од 12 месеци, изнесува 40% од просечната нето плата.
Pocituvani! dali benificiraniot staz go skratuva starosniot vek za steknuvanje na starosna redovna penzija?Vi blagodaram...
Согласно член18 од Законот за ПИО на осигуреникот на кого стажот на осигурување му се смета со зголемено траење старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува зависно од степенот на зголемувањето на стажот и тоа за по една година. 1. за секои седум месеци поминати на работно место каде што 12 месеци се сметаат 13 месеци. 2. за секои шест месеци поминати на работно место каде што 12 месеци се сметаат 14 месеци. 3. за секои пет месеци поминати на работно место каде што 12 месеци сметаат 15 месеци. 4. за секои четири месеци поминати на работно место каде што 12 месеци се сметаат 16 месеци 5. за секои три години поминати на работно место каде што 12 месеци се сметаат 18 месеци. Стручен соработник, Севиме Зекири Лимани
Ве молам да ме известите колку е минимумот на денови кои следуваат за годишен одмор на лице кое е редовно вреботено со решение на неопределено време и колку е минимумот на денови кои треба да се искористат како прв дел од годишниот одмор! Однапред благодарам
Почитуван, за ова прашање видете во Законот за работни односи.
imam prekin vo sta@ot poradi ste~aj od okolu 6godini dali ovie godini bidejki se prijavuvav vo zavodot treba da mi se priznaat bidejki i ako aktivno barav vrabota tesko se vrabotiv znam deka ne sum edinstvena, no mnogu drugi problemi bea reseni vo polza na vrabotenite smetam i na ovakvi slucai treba da se pomogne
Во стаж на осигурување се засметува односно признава само периодот за кој е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување. Доколку осигуреникот е корисник на паричен надоместок во случај на невработеност и ги исполнува законските услови Агенцијата за вработување да му го плати придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, во тој случај се признава и стажот на осигурување. Но, доколку лицето само се пријавувало како невработено лице во Агенцијата за вработување за да обезбеди вработување, во тој случај не може да се признае стаж на осигурување, бидејќи придонесот за пензиско и инвалидскоосигурување не е платен.
1. Колку ќе изнесува пензијата на осигуреник со 64 години старост, 40 години и 3 месеци стаж на осигурување, просечна месечна волоризирана плата од 61,150 денари, акој ќе замине/отиде во пензија на 01.05.2-13 година. 2. Како ќе ја пресметате највисоката пензија, согласно со членот 230 од новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување, доколку се однесува на осигуреникот на прашањето од точката 1.
За во иднина не може да се пресметува пензија. Не можеме да знаеме колкав ке биде коефициентот за претходната година 2012 година, бидејќи податоците се добиваат кон крајот на февруари 2013 година. Секое добро
Каде треба да се пријави работодавач доколку не ја исплати договорената плата на работникот според договорот за вработување?Бев вработена во пзу ординација по општа медицина од 05.04-14.07.2012 и за тој период ми беа префрлени плати од 10 денари(април),и 4400 ден (мај)...договорената плата според потписаниот договор изнесуваше 10700 ден за доктор(матичен лекар во пзу)?дали плата од 10700 ден е минимална плата за доктор во пзу?ви благодарам,поздрав
Фондот на ПИОМ е надлежен само за (не)плаќањето на придонесите од плата за вработените. Исплаќањето на платата (како што е Вашиот случај) е во надлежност на Трудовата инспекција и Управата за јавни приходи.
На 07,05,2012 поднесов барање за остваруваање право на инваллидско осигурување заведено под број 79928,а на 14,06 доставив по барање на Стручната служба и потребни документи/докази.Меѓутоа до ден денешен немам добиено никаква информација за мојот предмет?
Pocituvan, veke na 15 juni vednas e ispraten vasiot predmet vo Invalidskata komisija. Spored toa, ocekuvajte vo tekot na septemvri da bidete povikani vo Invalidskata komisija.
Имам 7 год. бенифицран стаж, а имам 57 год.старост . Ве молам спрема моја пресметка 64 год.старост минус 7 год бенифициран стаж тоа е 57 год. Значи на 57 год. можам да заминам во пензија.
Намалувањето на старосната граница е во директна зависност од степенот на зголемување на стажот на осигурување што се смета со зголемено траење и ефективно поминато работно време на работното место. За степен на зголемување 12/18 потребни се 3(три) години ефективно поминати на работното место,12/17 – 3,5год., 12/16 - 4 год. и.т.н. Вашата пресметка не е коректна и точна и за пресметување и објаснување потребно е да се обратите лично во ФПИОМ на Македонија.
Почитувани,имам 59 години и 38 години раобтен стаж.Според чл.71 од Законт за вработување и осигурување само 12 месеци би има паричен надоместок доколку фирмата во која работам ме прогласи за технолошки вишок? Може ли да ми кажете дали би бил на некој друг начин заштитен дека над 59 години не би можело да дојде до отказ од работа ? во кој закон подетално би можел да прочитам за технолошки вишок.
Spored Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost, firmata moze da go isprati vraboteniot kako tehnoloski visok so navrseni 57 godini starost zena i 59 godini maz, pri sto od AVRM ke prima paricen nadomestok samo 18 meseci. Podetalno za tehnoloski visok mozete da procitate vo Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvanje.
Kade mozam da gi simnam najnovite izmeni na Zakonot za rabotni odnosi i celiot Zakon za rabotni odnosi so site izmeni i dopolnuvanja (precisten tekst), dali postoi nekoja oficijalna strana kade sto se objavuvaat i od kade mozam da gi prezemam besplatno? Blagodaram
Законот за работни односи се наоѓа на Веб страницата на Министерството за труд и социјална политика.
Ве молиме да ми одговорите колу изнесува надоместот за заминување во пензија кај приватно трговско друштво, и дали сме должни да го исплатиме,бидејки работникот има работено кај нас само една година...
Spored Grankovniot Kolektiven dogovor, sekoja rabotna organizacija ima zacrtano kolku treba da isplakja nadomestok. Vo istiod dogovor ke procitate i za obvrskite i dolznostite za plakjanje.
Dali e donesen zakonot za skrateno rabotno vreme vo slucaj na bolest, bev teshko bolna i nemam sila da bidam na rabota 8 casa. Znam deka starite bolni mozat da prodolzuvaat a za novo bolnite zakonot ne vazeshe. Imam koleshki koj 5 god. go koristat ova pravo rabotat 4casa a zimaat cela plata. Dali istoto pravo go imami jas? Imam 50 god i 25 god rab. staz i nesakam da odam vo invalidska kako so mi predlaga komisijata za boleduvanje. N aboleduvanje sum veke 1.5 god
Почитувана, во законот за ПИО има одредба за постоење на скратено работно време, (член 38), но Фондот само врши оценка на работната способност и не произлегуваат права од ПИО, туку скратеното работно време ке се остварува според одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор.
imam 70god.raboteno 30god ama plateno staz 13god sleduva li penzija za mene
Согласно Законот за ПИО, може да се оствари право на старосна пензија, само доколку се има најмалку 15 години платен придонес за пензиско осигурување.
Ve molam kazete mi dali ima moznost da se ispravi nelogicnosta na zakonot i da se zeme predvid dolzinata na stazot i uplakanjeto vo Fondot. Na primer,onoj sto ke se vraboti na 43 god. ke raboti do 62 god. ,znaci 15 godini ke mu se odbiva od platata za vo penziski fond. Toj pak sto se vrabotil odamna na 18 god,ke raboti do 62 godini starost ,znaci na nego ke mu se odbiva od platata celi 44 godini vo penziski fond. A i dvajcata dobivaat penzija.
Почитувана, ова не е нелогичност. Висината на пензијата зависи од должината на стажот и висината на уплатените придонеси.Затоа, не се сите износи на пензија еднакви.
Dali e zakonski rabotodavecot,iako imam podneseno do nego otkazno resenie se uste da me drzi i da ne mi dava otkaz t.e da nejke da me odjavi. Vi blagodaram.
Почитувана, ова прашање не е од доменот на работа на ФПИОМ.
Imam 62 godini starost i 36 godini raboten staz. Dali firmata moze da me proglasi za tehnoloski visok? Dali i so koi zakonski propisi postoi zastita na postari rabotnici pri proglasuvanje na tehnoloski visok, odnosno dali mozam da bidam proglasen za tehnoloski visok?
Soglasno zakonot za vrabotuvawe i osiguruvawe vo slucaj na nevrabotenost, dokolku se raboti za zena so napolneti 62 godini zivot nemoze da bide proglasena za tehnoloski visok, bidejki ispolnuva uslovi za penzija.Vo sprotivno ako se raboti za maz bidejki uslov za penzija e so navrseni 64 godini zivot rabotodavecot moze da go proglasi za tehnoloski visok.
Dali spored zakonot firmata vo koja rabotev i bev prijaven do 10.08.2012 e dolzna da mi ja isplati julskata plata, bidejki na site vo firmata im bese pustena samo na mene ne?.I kako e mozno da pomine plata vo UJP za site samo za mene ne? Vi Blagodaram mnogu.
ФПИОМ не е во надлежност да го одговори ова прашање. Обратете се до Трудовата инспекција,
Sakam da Ve prasam: Dali visinata na paricniot nadomestok sto treba da go zemam od Fondot za vreme na porodilnoto otsustvo ce bide prosek samo od mojata plata ili i od platite na drugite vraboteni? Zatoa sto porano se zemase prosekot i od celata firma, sto ne e spored mene pravilno.
Почитувана, за овие прашања обратете се во Фондот за здравство.
Ve molam odogovorete mi sto sodrzi clen 139 od zakonot za penzionirawe
Законот за ПИО во целост е објавен на Веб-страната на Фондот www.piom.com.mk во ИНФОРМАЦИИ-законски прописи. Таму можете да го прочитате и членот што го барате.
На 22.11.2012 год. полнам 64 години. Тогаш ќе имам вкупно стаж од 35 години и 6 месеци. Од тој стаж 8 години имам во Србија. Дали процентот на пензијата во Македонија го зема предвид вкупниот стаж ( независно дали во Македонија или Србија) , па според кое би ми следувал процент од 71,9 % ? Ве молам за одговор на посочениот е-маил. Поздрав, Војо
Почитуван, во Вшиот случај не се зема процент од Србија бидејки со 64 години живот и над 15 годинаи стаж, Ви следува самостојна пензија, за стажот навршен во РМ. Секое добро
sakam da Ve prasam dali mozam da se vrabotatam vo drzavna institucija vo narednite meseci?????????ve molam za pdgovor.....pozdrav
Ова прашање не е во надлежност на ФПИОМ.
Почитувани, На 24.12.2012 год. полнам 64 години старост и 36.5 год. работен стаж. За да наполнам 37 год. стаж ми недостасуваат уште 24 дена. т.е до 17.01.2013 год. Ако отидам тогаш (17.01.2013) во пензија (а можам) дали ќе ми следува и најавеното покачување на пензијата од цца 7% (5%+2%). П.С. По Ваша (необврзувачка и ориентациона ) проценка, од овие два термина, кумулативно, кога би ми било попогодно да заминам во пензија. Може да ми одговорите на посочениот Еmail, Ви благодарам,
Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пензијата се усогласува два пати во годината и тоа од 01 јануари и од 01 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Р.Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Од ова произлегува дека ви следува покачување односно усогласување на пензијата доколку се одлучите да се стекнете со статус на пензионер. Во однос на прашањето кога би било погодно да заминете во пензија, тое е договор помегу работодавецот и вработениот. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување постапува по ваше лично поднесено барање за остварување право на пензија.
pocituvani sakam da ve prasam nesto jas sum rudar imam 53 godini i raboten staz 40 godini dali mozam da otidam vo penzija i li treba da cekam 64 godini staros
Добар ден, нема потреба да се чека 64 години старост, доколку сте работеле на работно место на кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење. За да се одговори точно на прашањето кога го исполнувате условот за остварување на правото за заминување во пензија, со намалување на старосната граница, потребно е да се има податок со кој степен на зголемување се поминати тие 40 години работен стаж.
Pocituvani,imam 55g i 7meseci i 32 godini raboten staz...sakam da napustam od rabota dobrovolno,moeto prasanje e dali vednas ke mi sleduva terhnoloski nadomestok i ako ne mi sleduva sega od koga ke mozam da zemam\?I dali ako sega prestanam so raboten odnos posle 59god pri povtorno vrabotuvanje ke mozam da zemam?
Обратете се до Агенцијата за вработување за овие прашања.
Imam 62 godina. Dali rabotodavacot vo kolku me preraspredeli na drugo rabotno mesto, moze da mi ja namali platata koja ja primam na postojnoto rab. mesto. Isto taka me interesira vo koi Zakoni se regulirani prasanjata za posebna zastita na povozrasni rabotnici.
Овие прашања се регулирани во Законот за работни односи.
Ve molam samo sakam da ve prasam, dali spored zakonot rabotodavecot ima pravo poveke od tri dena da ne mi dava rabota i da ne mi dava otkazno resenie. Blagodaram!
За ова прашање обратете се до Агенцијата за вработување.
Почитувани, мојата мајка е поранешен стечаец од Славија. Во 2004г. потпишала вонсудска спогодба, заверена на нотар со која се спогодила Славија ДОО да уплати во Фондот за ПИО на име придонеси и вработување за периодот од 01.01.1994г. до 10.09.1996г., износ кој ќе биде утврден врз основа на судско порамнување и со тоа го губи правото на признат износ од 166.756,00 и камата но, никогаш не добила решение дали таа уплата воопшто е извршена. Таа во истиот тој период веќе е пензионерка со наследена пензија и оваа уплата не игра никаква улога за зголемување на пензијата. Дали доколку не и се уплатени овие придонеси во ПИОМ постои основа за покренување на судска постапка и анулирање на оваа спогодба? Ви Благодарам. Поздрав..
За нашата службаможе да Ви одговри на ова прашње поребно е да се достави следното: 1.даночиот број на обврзникот преку кој требала да се изврши уплатата; 2.Датум, број и износ на вонсудската спогодба за да се констатира дали е извршена уплата или не.
Pocituvani najljubezno Ve molam vo najkus mozen rok, da mi dadete odgovot na slednoto prasanje: Pri podgotovka za podnesuvanje na dokumenti za ostvaruvanje na starosna penzija vo pregledot na podatoci za utvrden penziski staz utvrdeno mi e deka mi nedostasuvaat uste 2 (dve) godini na raboten staz za period od 09.11.1992 do 22.04.1994 od Zastinoto pretprijatie Hima CO uvoz-izvoz. Hima e vo stecaj i nemozam da prilozam nikakvi dokazi deka pridonesite se plateni (podatoci za plateni pridonesi barav i od Arhivot na Makedonija i nemam nikakvi dokazi deka mi se plateni pridonesite) dali mozam sam da si gi platam pridonesite za da mozat i tie 2 (dve) godini da mi se presmetaat vo stazot?, bidejki minimum se 15 godini za da mozam da odam vo penzija a jas imam 13 godini raboten staz.
Според законската регулатива обврзник за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување е работодавачот за сите вработените кои се осигурани кај него, па според тоа не постои законски основ вработениот сам за себе да го плати придонесот. За да се плати придонесот за пензиско и инвалидско осигурување потребно е обврзникот да има статус активен и да има активна жиро-сметка кај носител на платен промет
Pocituvani, dali postoi opcija predvremeno da se penzioniram. Imam 61 god. i raboten staz od 25 god.Vraboten sum vo obrazovanie. Vi blagodaram.
Ne, takva opcija ne postoi.
Na 04.01.2012 god. polnam 64 god. starost i steknuvam pravo na starosna penzija. Prasanje: Dali kje mi sleduva redovnoto 2%, plus dodatnoto 5% zgolemuvanje na penzijata, najaveno za od prvi mart 2013 god. Ve molam da mi dadete podeciden odgovor (a ne opsto) po Emeil, Vi blagodaram.
Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, усогласување на старосната пензија се извршува според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во РМ во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на просечно исплатената палта на сите вработени во РМ во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Имено, пензијата остварена во тековната година претходно се сведува на месечен износ според порастот на платите од декември претходната година во однос на просечната плата истата година. Од ова произлегува дека Ви следува зголемувањето во 2013 година.
имам 59 години, 39 години работен стаж. Треба да ја напуштам фирмата по желба на работодавачот како технолошки вишок. Колку би добила отпремнина и технолошки надоместок. до пензија имам уште 36 месеци. Ви благодарам.
На ова прашање неможеме да одговориме. Зависи од Колективниот договор на фирмата.
Zdravo , mojata majka ima 58 god i raboten staz 15 god i 6 meseci , firmata vo koja raboti sega saka da ja proglasi tehnoloski visok, do penzija ima uste 4 god.Me interesira dali bi ja sleduval tehnoloski nadomestok vo narednite godini do penzija? Vi blagodaram.Pozdrav
Ова прашање на спаѓа во доменот на работа на ФПИОМ. Обратете се во Агенцијата за вработување.
Ve molam ako moze da mi odgovorite dali na rabotnik koj vo edna firma raboti 5 godini na opredeleno vreme rabotniot odnos mu se pretvora vo raboten onos na neopredeleno vreme?Blagodaram
Во врска со ова прашање консултирајте го членот 1 од Законот за дополнување на Законот за работните односи (Сл. весник на РМ, бр. 47 од 08.04.2011 година).
Почитувани, ме интересира до колку години се заштитени лицата за пред пензија односно дали доколку лицето има 5 години до пензија може да го прогласат за технолошки вишок (односно да им го прекинат работниот однос)
За ова прашање обратете со во Минстерствот за труд и социјална политика.
за да се трансформира работниот однос од определено на неопределено време дали е потребно да се има 2 год. работен стаж непрекинато или може и со прекини само да има 2 години ?
За овие прашања обратете се во Министерството за труд и социјална политика.
Почитувани, Ве молам да ми одговорите кој е насловот на актот ( упатство или методологија или нешто друго) на Фондот за ПИОМ со кој, согласно со членот 230 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување („Сл. весник на РМ“ бр.98/2012 година) се утврдува начинот и постапката на пресметување на највисоката пензија во Република Македонија и дали тој акт е транспарентно објавен и каде?
Не постои никаков акт, се пресметува според Законот.
Колку ќе изнесува пензијата на осигуреник со 64 години старост, 40 години стаж на осигурување, просечна месечна валоризирана плата од 62000 денари, а кој ќе замине во пензија на 25.12.2012 година. 2. Како ќе ја пресметате највисоката пензија, согласно со членот 230 од новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување, доколку се однесува на осигуреникот на прашањето од точката 1.
Не може да се одговори на Вашето прашање конкретно. Имено, износот на пензијата ќе Ви биде пресметан по поднесено барање и средување на стажот, во зависност од податоците регистрирани во матичната евиденција.
imam napolneto 59.5 godini i raboten staz 30godini diplomiran inginer dali rabotodavacot moze da me ispusti kako tehnoloski visok bez pricina iako firmata stoi finansiski dobro ima li nekoj zakon za zastita na rabotnicite za vakvi slucai
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување. Поздрав
Dali upravitel na DOOEL moze da ostane upravitel i po negovoto penzioniranje, bez nadomest? Blagodaram..
За поконкретен одговор ќе мора да ни доставите податоци, дали сте пензионер и ако сте, од кога, и дали последното работно место Ви е управител.
Na 02.01.2013 veke vi postaviv prasanje za koe mi pobaravte poveke informacii. Ne sum vo penzija, ovaa godina treba da odam, a vo pretprijatieto sum osnovac i upravitel.Sakam da ostanam upravitel bez nadomest.Dali so zakonot za penzioniranje toa e dozvoleno, Vi blagodaram.
Ги добивме вашите информации. И веќе Ви одговоривме на личната ел. адреса. Повторно, можете да бидете управител, бидејќи оснивач и управител не се сметаа како работен однос.
Dali mozam da dobijam informacija spored zakonot za Penzisko Invalidsko Osiguruvanje na MK od 2005 god, kolku iznesuvala minimalnata penzija? Ocekuvam vas odgovor. Odnapred vi blagodaram .
Добар ден, износите на минималните пензии де утврдени според Законот на ПИО во 1996 и во 2002 и постојат три групи на најниски пензии кои понатаму се разгрануваат на три подгрупи. За периодот закој прашувате најниската пензија изнесува 4201 денар.
ve molam rodena sum 1953 gdina firmata vo koja rabotam saka da me prglasi za tehnloski fisok imam staz d 17 gdini vo makednija , jas imam deloven prostor na moe ime vo koj rabotat mojot sin i snaata dali jas imam pravo na tehnloski visok O cekvam vas odgovor,vi blagdaram
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување.
Mojata snaa e nastavnik, ima 28 godini i vrabotena e na odredeno vreme od 3 meseci. Dali Direktorot na ucilisteto ima pravo bez nejzina soglasnost da go raskine dogovorot i da vraboti drug nastavnik.Ve molam za iten odgovor i mnogu sum Vi blagodarna.
За Вашето прашање би требало да се обратите во Агенцијата за вработување, не е од доменот на пензискотоо и инвалидското осигурување.
Почитувани,роден сум 10,1953, имам 34 години работен стаж,а 3,5 години работев со бенифициран стаж 12/15.Ве молам,кога ке стекнам услов за старосна пензија?Благодарам!
Согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, остварување на правото на старосна пензија за мажи е по наполнување на 64 години старост.Членот 19 од истиот Закон предвидува намалување на старосната граница на осигуреник да му се смета зависно од степенот на на зголемувањето на стажот и времето поминато на тоа работно место.Конкретно за степенот на зголемување 12/15 намалувањето е следно:За секои поминати 5 (пет)години на тоа работно место се намалува за по 1 (една) година од старосната граница.Сето ова важи под услов доколку се платени освен основните и дополнителните придонеси за стаж на осигурување што се смета со зголемено траење.Бидејќи вие немате поминато 5 години на работното место и не наведувате дека се работи за работно место и работа која се изведува под земја, не го исполнувате условот за намалување на старосната граница. Со почит.
zdravo me interesira slednoto za zena so navrseni 62 godini starost i 14 godini raboten staz bidejki ne ostvaruva pravo na penzija,dali ima pravo na povrat na uplatenite sredstva pozdrav
Добар ден, немате право на поврат бидејќи системот на пензиското и инвалидското осигурување функционира на принципот на генерациска солидарност.
Почитувани, ме интересира за мојот татко кој многу работи во приватна фирма од областа на рударството и веќе многу години наназад не му е платен бенифициран стаж иако работи на рабони места кои се изведуваат под земја.Досега со новите сопственици немаат потпишано гранков договор и не сакаат да им го признаат бенефицираниот стаж. Ме интересира дали ваквите побараувања-бенифициран стаж застаруваат или не бидејќи во ЗРО член 115 е предвидено дека паричните побараувања од работен однос застаруваат во рок од 3 години... Однапред Ви благодарам,....
Доколку работното место е утврдено со Правилиникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење (Сл.весник на Р.М. бр.32 од 16.03.2011 год.) тогаш работодавецот е должен да го уплатува дополнителниот придонес за тоа работно место, без разлика дали е приватен или било кој друг правен субјект.Согласно ЗПИО правата од ПИО не застаруваат од причина што врз основа на платените основни придонеси се остваруваат соодветни права од ПИО.Во случајот не се применува ЗРО туку ЗПИО врз основа на кој се остварува правото.
Najljubezno Ve molam da mi odgovorite: dali na dobien dopis vo koj e naznaceno "soglassno kadrovskata politika za olaniranje i raspolaganje so coveckite resursi, a spored pobaruvanjata od resornoto ministerstvo, kako i spored Zakonot za penzioniranje, koj dopis nema nitu arhivski broj, okrugli pecat nitu svoj racen potpis od Direktor na rabotnata organizacija, treba da se izjasnam dali ke odam vo penzija so 62 godini ili so 64 g. Napomenuvam deka imam samo 60 godini.
Ова прашање треба да го разрешите со директорот на Вашата организација или обратете се во Министерството за труд и социјална политика.
Pochituvani, jas sum zena, imam 57 godini, raboten staz vkupno 35 godini i benificiran staz za 13 godini, stepen 12/14. Ispolnuvam li uslov za namaluvanje na starosnata penzija i kolku godini porano mozam da zaminav vo penzija.
Намалувањето на старосната граница за исполнување на услов за остварување на право на старосна пензија е условен со годините ефективно поминати на работното место на кое стажот на осигурување се смета со зголемено траење.Во прашањето наведувате дека имате бенефициран стаж за 13 години со степен на зголемување 12/14. За 13 години ефективно поминати на работното место со степен на зголемување 12/14 согласно одредбите на ЗПИО имате 2 години намалување на старосната граница.
Имам 55 години старост и 30години работен стаж во образование. Дали може да отидам во пензија пред навршени 62 години старост, како родител на лице со посебни потреби на кое му е потребна секојдневна грижа!
Во однос на прашањето дали можете да одите во пензија пред навршени 62 години живот ве известуваме дека, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување Сл.бр.98/2012 година во член 18 е регулирано дека осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот(маж) односно 62 (жена) .Од ова произлегува дека не се исполнети условите за пензија.
zdravo !!! me interesira da prasam nesto vo vrska so dopolnuvanje na stazot. .....inace imam deset godini staz i sakam da dopolnam so doplata uste za pet godini za da fatam limit od petnaeset godini za starosna penzija.podrazbrav deka moze da se osiguram ako zemjodelec....i da plakam odredena suma na rati vo tekot na godinata......narednite pet godini....i me interesira podetalno da mi kazete kako odi toa???Jas sum od Prilep
Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување Службен весник на РМ бр.98/2012 година во член 239 осигуреникот кој има статус на индивидуален земјоделец заради исполнување на условите за остварување право на старосна пензија во стаж на осигурување ке се смета и времето поминато во осигурување според Законот за старосно осигурување на земјоделците, доколку придонесот за тоа осигурување е платен во време на важењето на тој закон.Во тој случај законот дава можност да извршат уплата на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за периодот по први јануари 1989 година, за најмногу пет години.Овој закон важи до 08.02.2013 година доколку има 62 години возраст жена или 64 години маж а нема 15 години стаж.
Pocituvan, pred izvesno vreme Vi postaviv prasanje dali moze da bidam proglasen za tehnoloski visok vo OBRAZOVANIE, vraboten sum kako PROFESOR vo sredno uciliste, i dokolku e toa mozno koja e procedurata. Imam 61 godina.
Ова прашање не е од доменот на пензиското и инвалидското осигурување, обратете се во Агенцијата за вработување.
Pred nekolku godini podnesov dokumenti za vo penziskiot fond na nlb tutunska.Od tamu dobiv obrazlozenie dekaa ne mozam da bidam vo nivniot fond.Otidov vo drzavniot penz fond,tamu mi rekoa deka ne mozam da bidam vo drug fond osven vo drzavniot so obrazlozenie deka sistemot se pravi i ke bideme izvestuvani preku posta.Do den denes ne sum izvesten so nisto zena mi e vo nlb tutunska i stiga pismo so sostojba.Uste kolku ke mu treba vreme na nasiov drzaven fond toa da go napravi ili neka ne ostavi na mira da se prefrlime tamu kade sto sakame i sekako uslovite so komunikacija se podobri.
Членството во повеќестолбниот пензиски систем зависи од датумот на првото вработување ( прво вработување пред 2003 година влегуваат само во државниот фонд а, понатаму во повеќестолбниот систем). Членувањето во приватните пензиски друштва (НЛБ Тутунска или Комерцијална банка) нема никаква врска со државниот пензиски фонд, и тоа е во надлежност на МАПАС-Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Изборот на приватното пензиско друштво е личен избор на осигуреникот.
Zdravo imam 54 godini i 25 godini raboten staz me interesira kolku vreme treba da rabotam za da zemam tehnoloski visok do penzija.
Ова прашање припаѓа кај Агенициајта за вработување. Не е од доменот на пензиското и инвалидското осигурување.
Zdravo imam 54 godini i 25 godini raboten staz me interesira kolku vreme treba da rabotam za da zemam tehnoloski visok do penzija.
Ова прашање припаѓа кај Агенициајта за вработување. Не е од доменот на пензиското и инвалидското осигурување
zdravo pocituvani korisnik sum na invalidska penzija, a naskoro ke navrsam 64 god dali po navrsuvajne na 64 godini fondot po sluzbena dolznost ke me prefrli vo korisnici na starosna penzija i ke izvrsi usoglasuvajne na visinata na penzija ili treba samiot da podnesam barajne pozdrav
Здраво, корисник на инвалидска пензија неможе да се префрли во старосна пензија, за тоа не постои закон и засекогаш останува инвалидски пензионер.
Pocituvani,dali e mozno namaluvanje na platata na samo 5 godini pred penzioniranje?
Добар ден, Вашето прашање не е опфатено со Законот за работни односи. Имено, регулирано е со Колективниот договор во фирмата во која работите.
Почитувани, Корисник сум на инвалидска пензија неколку години и набрзо ќе ги исполнам условите за користење на старосна пензија. Ве молам да ми кажете дали можам да го остварам тоа право, односно на кој начин да ја променам категоријата ? И уште едно прашање, како моментално се пресметува висината / износот на старосната пензија ?
Soglasno ZPIO ne e predvidena moznost korisnik na invalidska penzija da moze da ostvari pravo na starosna penzija, od pricina sto invalidskata penzija e ostvarena vrz osnova na utvrdena invalidnost, a pravata od penzisko Iiinvalidsko osiguruvanje se licni i trajni prava. Starosnata penizja se utvrduva od mesecniot prosek na platite sto osigurenikot gi ostvaril vo vreme na vkupnoto traenje na osiguruvanjeto ,a najrano od 01 januari 1970 godina, platite od poranesnite godini koi se zemaat za utvrduvanje na penziksta osnova se valoriziraat so koeficinetite presmetani spored dvizenjeto na platite na site vraboteni vo RM. Valorizacijata se vrsi spored dvizenjeoto na platite vo poslednata kalendarska godina koja i prethodi na godinata vo koja osigurenikot go ostavruva pravoto na penzija, a visinata se opredeluva vo procent koj odgovara na vkupniot penziski staz.
Dokolku osigurenikot uplatuva pridones samo vo PIOM- Dali postoi zakonski odreden minimalen i maksimalen iznos na penzija ? Blagodaram
Soglasno ZPIO najnizok iznos na penzija ostvarena od zadolzitelno peznisko i invalidsko osiguruvanje nemoze da iznesuva pomalku od utvrdenata prosecna plata na site varboteni vo RM vo 2002 godina i toa za staz nad 35 godini (maz) odnosno 30 godini ( ena) vo visina od 41%, za staz od 25 godini (maz) odnosno 20 godini ( ena) vo visina od 38% i za staz do 25 godini (maz) odnosno do 20 godinio (zena) vo visina od 35%. Za osigurenicite koi ne pristapile vo zadolzitelno kapitalno finansirano penzisko osiguruvanje najvisokata penziajnemoze da bide povisoka od 80% do 2015 godina, a po 2015 godina ne poveke od procentot koj odgovara na navrseniot penziski staz od prosecnata neto plata ostvarena vo RM vo prethodnata godina zgolemena za 2,7 pati. Najvisokiot i najniskiot iznos na penzija i ponatamu se usoglasuvaat so procentot so koj se usoglasuvaat i drugite penzii.
sakam da prasham neshto tatkomi ima 64 godini i rabotel vo serbia ima 23 godini stash po kratko shto treba za da go zema penziata moiot tatko
Redovna starosna penzija za Srbija e na 65 godini starost. Togas mozete da podnesete baranje za penzija vo Fondot za penzisko vo mestoto vo koe ziveete. Samo vo slucaj da imate vkupen penziski staz od 40 godini (I Makedonija i Srbija zaedno), samo togas mozete vednas da podnesete baranje za penzija.
MOJOT TATKO E RODEN 30.10.1954 GODINA IMA RABOTEN STAZ OD 22 GOD 6 MESECI I IMA BENIFICIRAN STAZ OD 1GODINA I 11 MESECI 12/15 I 2 GOD I 2 MESECI IMA STAFKA 12/16 VE MOLAM DA MI ODGOVORITE KOGA TREBA DA PODNESE BARANJE ZA PENZIJA POZZ.vI BLAGODARAM
За да ви одговориме на вашето прашање и потполно да Ве задоволиме со нашиот одговор, потребно е да ни доставите прашање на кое може прецизно да се одговори.Во вашето прашање наведувате дека вашиот татко има 22 години и 6 месеци работен стаж и 1 година и 11 месеци бенефициран стаж 12/15 и 2 години и 2 месеци бенефициран стаж 12/16. Потребно е да знаеме колку години ефективно поминал на работните места со степен на зголемување кој што го наведувате во прашањето за да може да се одреди висината на намалувањето на старосната граница, а со самото тоа и кога го исполнува условот за остварување на право на старосна пензија.Доколку ни ги доставите потребните податоци ние со задоволство ќе ви ги дадеме точните одговори. Поздрав.
Pocituvani sakam da prasam dali postoi moznost vo narednive nekolku meseci da stapi na sila zakonot da se spojat staz i starost za zeni 85 i za mazi 90 ( staz plus starost) za ostvaruvanje na penzija.Jas imam 35 godini staz i 57,5 godini starost? Odnapred Blagodaram.
Според ЗПИО (Сл. Весник на РМ бр.98/2012) кој е во сила старосна пензија се остварува со навршување на 64 години живот (маж) односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж. Спојувањето на годините на старост и стажот не е предвидена како законска можност за остварување право на старосна пензија. поздрав
primav tehnoloski deset meseci so nad 20god.staz i nad 60 god starost i ponatamu sam vo zavodot za vrabotuvanje kako nevraboteno lice . dali ke mi prodolzi paricniot nadomestok do vrabotuvanje
Dali ke vi prodolzi paricniot nadomestok zavisi od toa koga ste go ostvarile pravoto na paricen nadomestok. Ako pravoto na paricen nadomestok ste go ostvarile po april 2006 godina, ke koristite 10 meseci (ako imate raboten staz od 22 do 22,5 godini). Ako imate raboten staz od 22,5 do 25 godini, togas paricen nadomestok ke koristite 11 meseci.
Почитувани Имам 40 години стаж и платено бенифициран стаж како возач, 12/15 платено е 9 години, и 12/14 наредните 9 години. Колку бенифициран стаж ми следува? Однапред благодарам
Доколку вашето прашање се однесува на тоа, и барате одговор колку ви следува беефициран стаж одговорот е. Ви следуваат 3 години и 11 месеци бенефициран стаж.А доколку сте мислеле на намалувањето на старосната граница за остварување на право на старосна пензија одговорот е: Ви следуваат 2 години на намалување на старосната граница за остварување на право на старосна пензија.Сето ова ви следува доколку се платени дополнителните придонеси за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење и доколку истиот е евидентиран и утврден во матичната евиденција во ФПИОМ.
firmata vo koja rabotam ke odi pod stecaj dali dodeka e pod stecaj ke mi se priznae stazot i dali ako za toa vreme dodeka e pod stecaj si najdam druga rabota ke mozam bez problemi da se prijavam odnosno vrabotam vo druga firma
Vo odnos, na Vaseto prasanje za periodot na osiguruvanje vo slucaj koga firmata e pod stacaj, vi ukazuvame, deka za da odreden period se smeta vo staz na osiguruvanje potrebno e da bide platen pridonesot za penzisko I invalidsko osiguruvanje, a za periodite pred 2006 godina da bide dostavena od strana na obvrznikot za plakanje na pridonesot I soodvetna prijava (obrazec M4). Dokolku rabotniot odnos kaj postojniot rabotodavec prestane, i prestanokot se registrira so odjava od osiguruvanje M2, preku nadlezniot centar na Agencijata za vrabotuvanje, togas mozete da sklucite nov raboten odnos kaj drug rabotodavec i togas mozete povtorno da bidete opfateni vo osiguruvanje
zdr sakam da prasam jas sum registriran individualen zemjodelec no poradi nekoj vinansisiki problemi ne mozev da plajcam mececno za zdrastveno i penzisko iosigurajne dali mozi da se plati ostanatite meseci na rati pozdrav
Plakjanjeto na rati na zaostanat dolg za penzisko i invalidsko osiguruvanje zavisi od povekje faktori, odnosno od visinata na dolgot, kako i od toa do koja godina e neplateniot dolg. Zatoa e najdobro da se obratite vo Podracnata edinica na Fondot na PIOM vo vaseto mesto na ziveenje, vo sluzbata za naplata na pridonesi kade so vas maticen broj ke moze da se proveri za kolkav dolg stanuva zbor i dali moze da se plati na rati.
zdr jas rabotam vo firma 8 godini sega sum na trudnicko boleduvanje i za 1 mesec trba da se vratam na rabota. firmata za 1 mesec ke ja zatvarat. firmata sakaat da ja likvidiraat i nas da ne otpustat. nie kako vraboteni barame da ne pratat tehnoloski visok .koi prava gi imame nie vrabotenite.
Odgovor na ova prasanje treba da pobarate vo Agencijata za vrabotuvanje na RM.
zdravo, soprugot e korisnik na paricen nadomestok po osnov na tehnoloski visok do penzionirawe. Ve molam da mi odgovorite dali moze da prima i dug nadomestok, na primer kako clen na upraven odbor, a pritoa da ne mu se ukine nadomestokot koj go prima kako tehnoloski visok
Za tocen i precizen odgovor na ova prasanje treba da se obratite vo Agencijata za vrabotuvanje na RM.
imam 36g ctas sega cum izbrkan od rabota kako tehnoloski biso dali mi sledva materijalno vo edna virma bev 24g a vo druga 12g
Ова прашање припаѓа под Агенцијата за вработување. Поздрав
imam 58g a38g stas ispustensum od rabota dali mi sledva nekakva penzija pozrav
Согласно Законот за ПИО, со навршени 64 години за маж и 62 за жена, а најмалку 15 години работен стаж, се стекнува правото за пензија.
Vo Noemvri 2013 god.ke polnam 64 god.koga imav 45 god. zaminav po moe baranje tehnoloski visok od REK Bitola , otogas do sega primam Tehnoloski , dali po navrseni 64 god. penzijata ke mi bide 80 % , sega se prijavuvam vo Zavodot za vrabotuvanje, dali ke treba da podnesuvam dokumenti ili toa ke go napravat od Zavodot za vrabotuvanje.
Добар ден, по навршени 64 година пензијата ќе Ви се пресмета со 80 % од примањата. Агенцијата вработување тогаш ќе Ви даде одјава, а Вие ќе треба да се пријавите во ФПИОМ самиот. Поздрав,
Dobar Den, me interesira kolkav e iznosot na najniskata zagarantirana Neto starosna penzija so 15godini raboten staz i 64godisna vozrast za Maz momentalno??? Znaci najniskata isplatena redovna starosna penzija vo 2012godina??? Odnapred blagodaram na brziot odgovor
Здраво, Најниската пензија изнесува 6.345 денари. Поздрав
Здраво, за непрекинат стаж од 25.10.1978 до 15.09.2009 добив решение за пензија со 30 години,06 месеци,29 дена.....по мене тоа се 30 г , 10м,21 ден...значи со помалку разлика од 3 м,22 дена...Дали оваа разлика влијае на висината на пензијата ??? Дали стажот во Завод за запослување од 16.09.2009 до 28.03.2013 каде примав паричен надомест како невработен влегува во вкупниот стаж со што би се зголемиле годините за стаж? Дали и воениот рок се зема во пресметките...?
Согласно ЗПИО во стаж на осигурување се смета времето поминато во задолжително осигурување, под услов да е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Висината на пензијата се определува во процент кој одговара на вкупниот пензиски стаж, времето поминато на отслужување на воениот рок не се засметува во стаж, ниту пак во пресметката на пензиската основа. Периодот додека сте користеле паричен надоместок од Агенцијата за вработување ке се смета во пензиски стаж во зависност од времето кога тоа право е остварено и како е регулирано со Законот за вработување во случај на невработеност, кој бил во сила во времето на остварувањето на тоа право.
Здраво, за непрекинат стаж од 25.10.1978 до 15.09.2009 добив решение за пензија со 30 години,06 месеци,29 дена.....по мене тоа се 30 г , 10м,21 ден...значи со помалку разлика од 3 м,22 дена...Дали оваа разлика влијае на висината на пензијата ??? Дали стажот во Завод за запослување од 16.09.2009 до 28.03.2013 каде примав паричен надомест како невработен влегува во вкупниот стаж со што би се зголемиле годините за стаж? Дали и воениот рок се зема во пресметките...?
Согласно ЗПИО во стаж на осигурување се смета времето поминато во задолжително осигурување, под услов да е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Висината на пензијата се определува во процент кој одговара на вкупниот пензиски стаж, времето поминато на отслужување на воениот рок не се засметува во стаж, ниту пак во пресметката на пензиската основа. Периодот додека сте користеле паричен надоместок од Агенцијата за вработување ке се смета во пензиски стаж во зависност од времето кога тоа право е остварено и како е регулирано со Законот за вработување во случај на невработеност, кој бил во сила во времето на остварувањето на тоа право.
Почитувани, Имам заведено 11 години стаж, минималниот стаж за пензија е 15 години, дали можам самата да си плаќам пензиско во наредните 4 години, за да можам да остварам старосна пензија, или морам да бидам во работен однос тие 4 год., да примам плата и тн.?? Значи наједноставно дали можам сама да си плаќам пензиско? Доколку е ова возможно каде да се обратам, за да го регулирам ова прашање
Добар ден, согласно законска регулатива работодавецот е обврзник за плаќање на придонес. Доколку сте регистрирани како физичко лице ќе мора да дојдет во Оддлението за наплата на придонес во Подрачната единица на Фондот во местото на Вашето живеење за да се разгледа кокретно Вашиот статус. Поздрав,
Firmata vo koja sto rabotevme prestana da funkcionira i nie vrabotenite potpisavme spogodben prestanok na rabotniot odnos na 04.07.2013. Usno ni bese veteno od direktorot deka zaostanatite 5 plati i pridonesi ke ni bidat isplateni, no do den denes toa ne se sluci. Na koj nacin moze da gi pobaruvame zaostanatite 5 plati i pridonesi od firmata? Kako da proverime dali i koga e proglasen stecaj na firmata?
За да го проверите статусот на обврзникот треба да се обратите до Централниот регистар на Македоија, а во однос на исплатата на плати и придонеси , обратете се во УЈП или преку стечајниот управител.
Колку изнесува највисоката пензија која ја примија пензионерите кои оствариле такво право до почетокот на април 2013 година.
Vo april najvisokata penzija iznesuva 35.189 denari.
Почитувани, Ве молам одговоретеми колку изнесува највисоката пензија која Фондот за ПИОМ ја исплатил во март 2013 година и како таа се пресметува. Ви благодарам.
Najvisokata penzija od mart navamu iznesuva 35,189 denari soglasno clen 28 i 29 od preodnite i zavsni odredbi od Zakonot za PIO.
dali ima najava od vlada da se donese zakon da se spojat godinite starost so vkupen staz za da se dobie 90 da se zamine vo penzija.
Владата не најавува дека ке носи таков закон, за тоа постојат процерури и посебни постапки, некој треба да покрене постапка.
Rabotam vo firma okolo 6 godini i postojano mi go prodolzuvaat dogovorot na 1, 2 ili 6 meseci koga treba da dobijam dogovor za vrabotuvanje na neopredelno vreme? Dali vakviot tretman e zakonski? Dali ako baram dogovor za neopredelno rabotno vreme go krsam zakonot/ Odnapred vi blagodaram na odgovorite
Добар ден, за ова прашање обратете се во Министерството за труд и социјална политика.
pocituvani ve molam za pobrz odgovor bidejki mi e najaveno teh .visok od pzu firma koja dobro raboti no od kapric i psihicko maltretiranje me otpusta i mi nudi 2plati otpremnina.Imam 26god.stas i 46 god.starost.i dali imam nekakvi prava d dokazam deka psihicki sum maltretirana i me prisiluvat na spogodben tehnoloski visok .ne mi isplakaat prekuvremeni casovi bidejki imame raboteno praznici i dezurstva bez da ni se platat?koi se moite prava i kako treba da glasi dokumentot za otpustanje sto treba da go potpisam?odnapred zahvalna.
За ова прашање обратете се во Фондот за здравствено осигурување.
Rabotam kako Pedagog vo detska gradinka ovde vo Ohrid,imam preku 43 godini raboten staz,porano imam raboteno kako vojno lice vo bvisa JNA od 1971.godina,do 1983,godina i imam 16 godini so beneficiraniot staz sto mi e vneseno vo rabotna kniska. SAKAM DA VE PRASAM KOGA STICEM PRAVO NA PENZIJA AKO CE SE ZEME VO PREDVID I BENIFICIRANIOT STAZ VO JNA.SRDACNO VE POZDRAVUVA ARIF QOKU
Прецизен и точен одговор на Вашето прашање бара и прецизни податоци т.е. коку точно години ефективно сте поминале и со кој степен на зголемување сте се здобиле со служба во бившата ЈНА. Претпоставуваме од Вашето прашање дека сте имале степен на зголемување од 12/16 и 12 години ефективен стаж со тој степен на зголемување.Во тој случај би имале 3 години намалување на старосната граница што за мажи е 64 години т.е. со наполнети 61 година старост би го исполниле условот за стекнување право на старосна пензија.Напоменуваме дека одговорот е даден само врз основа на Ваше кажување, од причини што не може да се провери истото бидејќи не располагаме со Ваши лични податоци и како таков е неофицијален. За официјален и точен одговор на Вашето прашање потребно е да се обратите до Филијалата на ПИОМ во вашето место на живеење каде врз основа на Вашите лични податоци ќе се утврди фактичката состојба на Вашиот стаж и ќе Ви се даде соодветен одговор. Поздрав.
здраво- вработен бев во топилница злетово и имам бенифициран стаж од 7 год.и 8 месеци, а роден сум јуни 1955 год. Ве молам да mи одговорите на колку години, вклучувајќи ги и бенифициите кога имам право да одам во пензија. Со почит, поздрав,
Степенот на намалувањето на старосната граница е во директна зависност од степенот на зголемувањето на стажот на осигурување што се смета со зголемено траење и времето поминато на тие работни места. Членот 19 став 1 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува намалување на старосната граница за осигурениците кај кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, и тоа за по една година, во зависност од степенот на зголемување на пензискиот стаж. Во точките 1 до точка 6 од наведената одредба, во зависност од степените на зголемување на пензискиот стаж, соодветно се врши намалување на старосната граница за стекнување на правото на старосна пензија.Во Вашето прашање наведувате дека има бенефициран стаж 7 год. и 8 месеци но не наведувате со кој степен на зголемување е остварен тој стаж и од тие причини не сме во можност да ви дадеме прецизен одговор. Доколку сакате сериозно издржан одговор по ова прашање (намалување на старосната граница), потребно е да се обратите во Филијалата на ПИОМ во Вашето место на живеење со документацијата која што ја поседувате каде ќе Ви се даде соодветен одговор. Поздрав.
Vasa predstavnicka me upati vo PIOM vo Ohrid kade gi dostaviv dokumentite odnosno Rabotna kniska,so vnesen staz od 44 godini so Benificiraniot staz od vojska,sto znaci deka gi ispolnuvam uslovite za Starosna Penzija.Ja sum roden na 22.03.1953.godina,sega rabotam vo detska gradinka vo Ohrid i spagjame pod Ministerstvo za trud i socijalna politika>koga go predadov rabotna knjiska gi prasav za nadomest tie mi rekli deka sleduva ama treba da prasam vo nase ministerstvo,zatoa vi se obracam pak Vam i mislam deka ce dobijam konkreten odgovor,dali mi sleduva NADOMEST ZA STAROSNA PENZIJA. VE POZDRAVUVA ARIF QOKU.
Во предходниот одговор ве упативме каде треба да го барате одговорот на Вашето прашање.Вие повторно ни се обраќате со потполно нејасно прашање во кое прашувате за некаков надомест што нема никаква корелација со намалување на старосната граница, а освен тоа не постои никаков надомест за старосна пензија.Кога Ве упативме за одговор во надлежната Филијала рековме со себе да ги носите сите потребни документи, а не само работната книшка.Потребно е да извадите листа за стаж во Вашата Филијала на ПИО и да се види дали тој бенефициран стаж од ЈНА е внесен и утврден а доколку не е потребно е да донесете докази во Филијалата за тој стаж, за да може истиот да се внесе и евидентира, па потоа да се види колку години намалување на старосната граница ви следува.Воглавно, одговорите и решавањето на Вашиот случај мора да се заврши во Вашата Филијала на ПИО. Доколку Ви е потребно поподробно објаснување обратете се кај господинот Рамиз Дураковиќ-референт за стаж кој се смета со зголемено траење во Централата на ФПИОМ во Скопје на телефон 3250-303 кој е автор и на овие одговори кои Ви ги испраќаме. Секое добро
Pocituvani!ve molam za odgovor,imam 57 godini-zena,imam 28 godini staz vo makedonija kako zdravstven rabotnik.i 10 godini staz vo italija..imam pocinat soprug vo 95 godina so 17 god staz na rabotnoto mesto..sega sakam da znam dali koga bi barala semejna penzija bi dobila i kolkume iznosot sto bi go dobila(kolku e minimalnata semejna penzija)i dali dokolku bi mi se odobrila ke mi se isplati nanazad za godinite vo koi e pocinat soprugot a jas ne sum ja primala.t.e nanazad..vtoroto prasanje dokolku bi cekala penzija na 62 god bi mi se spoil li stazot so toj vo italija i bi mi vlegle li vo presmetkite pridonesite od italija?i tretoto prasanje dali dokolku bi se vrabotila ovde vo vremetraenje od edna god ( takov dogovor mi e ponuden),bi mozela da otidam posle taa godina tehnoloski visok i kolku vremenski period bi mozela da zemam takov nadomestok..odnapred vi blagodaram..
Во членот 59 од ЗПИО предвидено е : Вдовец/вдовица стекнува право на семејна пензија ако 1.до смртта на осигуреникот,по кој основ тоа право им припаѓа, лицето наполнило 50 години живот 2.до смртта на брачниот другар било неспособно за работа или таква неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на брачниот другар. 3. по смртта на брачниот другар останеле едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовецот/вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца или 4 .до смртта на брачниот другар имало наполнети 45 години, кога ќе наполни 50 години живот-или ако во тие години станало неспособно за работа. (2 )вдовецот/вдовицата кој во текот на користењето на правото по основ на вршење на родителска должност стане неспособен за работа или наполнил 50 години живот трајно го задржува правото на семејна пензија. (3 )Вдовецот/вдовицата кој го загубил правото по основ на вршење на родителска должност по наполнети 45 години живот стекнува право на семејна пензија кога ќе наполни 50 години живот. Со стаж од 28 години навршени во Р.Македонија и 62 години старост исполнети се условите за право на самостојна старосна пензија. За стажот остварен во Италија ќе остварите пензија од Италија.Платите за стажот од Италија нема да се засметаат во пензиската основа за пресметување на македонската пензија.Македонската пензија ќе се пресмета според вкупниот пензиски стаж и плати остварени во Македонија. Третото прашање не е од областа на пензиското и инвалидското осигурување, тоа е прашање за право од работен однос.
Почитувани, Корисник сум на инвалидска пензија неколку години и пред некој ден ги исполнив условите за користење на старосна пензија т.е, наполнив 64 г.(маж) и 43 год.стаж. Дали по навршување на 64 год. Фондот ќе ме префрли автоматски во корисници на старосна пензија и ќе ја усогласи висината на пензијата или треба да поднесам барање? Ве молам да ми кажете дали можам да го остварам тоа право, односно на кој начин?
Soglasno ZPIO ne e predvidena moznost korisnik na invalidska penzija da moze da ostvari pravo na starosna penzija, od pricina sto invalidskata penzija e ostvarena vrz osnova na utvrdena invalidnost, a pravata od penzisko i invalidsko osiguruvanje se licni i trajni prava.
Почитувани, Добив информација дека со новиот предлог закон правото на пензија ќе може да се оствари со години на стаж и старост,односно 92 години за мажи и 91 за жени.Во моментов имам 36 години работен стаж и 57 години старост.Ве молам доколку би можеле да ми одговорите за веродостојноста на информацијата и дали би го остварила правото на пензија. Однапред ви благодарам за одговорот. Почитувани, Добив информација дека со новиот предлог закон правото на пензија ќе може да се оствари со години на стаж и старост,односно 92 години за мажи и 91 за жени.Во моментов имам 36 години работен стаж и 57 години старост.Ве молам доколку би можеле да ми одговорите за веродостојноста на информацијата и дали би го остварила правото на пензија. Однапред ви благодарам за одговорот.
Во моментов има само еден закон за остварување право на пензија. Имено лани се донесе новиот Закон за ПИО и ваква опција не е предвидена. За во иднина, никој не може да каже. Информација е едно, а закон друго. Фондот не носи закони, само ги применува.
imam 62 god starost i 33 god raboten staz.poradi zdravstveni problemi sakam da odam kako tehnoloski visok so paricen nadomestok od rabotnata organizacija. Me interesira dali moze sam da gi podmiruvam trosocite za p\zdravstveno i penzisko osiguruvanje, kolku vreme i dali posle navrsuvanje na 62,5 god starost bi zemal paricen nadomestok do steknuvanje uslov za starosna penzija. blagodaram na odgovorot.
Добар ден, може само да Ви одговориме дека како член на првиот столб, не постои можност сам да си го плаќате придонесот од пензиско осигурување. За останатиот дел од Вашето прашање обратете се во Агенцијата за вработување.
Почитувани Ве замолувам да ми кажете колку изнесува просечната пензија. Однапред Ви благодарам
11,676,00 денари-просечна пензија
imam 56 god. i 36 god. staz. pod zavod sum so prekin na rabotniot odnos od zavod dobiv paricen nadomest od 9 meseci.me interesira dali imam pravo na penzija so staz+godini
Spored zakonot za penzisko i invalidsko osiguruvanje ne postoi uslov za pravo na starosna penzija vo kombinacija so staz i starost Imeno, uslov za pravo na starosna penzija e 62 godini zivot za zena i 64 godini zivot za maz so minimum 15 godini penziski staz.
Почитувани Мојот сопруг моментално се пријавува во агенцијата за вработување.Иначе е стечаен работник од ГП Бетон со 26 години работен стаж( односно 32 ама господинот директор тогашен им ги изеде парите на вработените и цели 8 години отидоа во неповтат) Во Агенцијата се пријавува ве е 7-8 години. Но бидејки немаштијата и нервозите придонесоа за разни заболувања (кои неважат за инвалидско пензионирање)се прашуваме на кој начин да се опстане. Дали има можност за некаква минимална пензија ,нормално согласно со законот (Иначе мојот сопруг во септември полни 58 години) Дали Државата треба да направи нешто за ваквите лица, затоа што сепак 26 години плаќале пензиско осигурување, не бараат бакшиши туку си го бараат тоа што го вложувале некогаш да им се врати за да преживеат Поздрав 6317
Soglasno zakonot za penzisko i invalidsko osiguruvanje clen 18, osigurenikot steknuva pravo na starosna penzija koga ke napolni 64 godini zivot maz, odnosno 62 godini zivot zena so najmalku 15 godini penziski staz. Od ova proizleguva deka Vasiot soprug bidejki ima 26 godini staz po napolnuvanje na 64 godini vozrast moze da se stekne so pravo na starosna penzija. Sto se odnesuva za pravo na invalidska penzija spored clen 38, invalidnost postoi koga osigurenikot, poradi promena vo zdrastvenata sostojba koja nemoze da se otstrani so lekuvawe ili so medicinska rehabilitacija, rabotnata sposobnost e trajno namalena za poveke od polovina vo sporedba so fizicki i psihicki zdrav osigurenik so isto ili slichno obrazovanie i sposobnost. Spored ova dokolku zdrastvenata sostojba e narusena toj moze da podnese baranje za invalidska penzija so orginalna medicinska dokumentacija za ocena na rabotnata sposobnost do Fondot za penzisko i invalidsko osiguruvanje.
ve molam da mi odgovorite vraboten sum kako profesor vo sredno uciliste i imam 64 godini vo oktomvri ke napolnam 65 mozam li da prodolzam da predavam od septemvri i da odam cela nastavna godina ili pak moram vo oktomvri da prekinam so rabota i da zaminam vo penzija .Ve molam za odgovor odnapred vi blagodaram
Над 64 години живот, во надлежност на работодавецот е да одлучи дали да останетe на работа.
Pocituvani,ve molam da mi odgovorite na prasanjeto so kolku minimum raboten staz se ostvaruva pravo na trudnicko boleduvanje.Dale e uste 6 meseci ili ima izmeni? Blagodram mnogu.
Ова прашање поставете го во Фондот за здравство.
Почитувани, Имам 44 години, 15 години работен стаж, просек во последните 4 години од 52 000 денари, а во севкупниот стаж од одприлика 40 000 денари. 1) Ме интересира која е максималната а која е минималната инвалидска пензија која може да ми биде пресметана? 2) Кои се критериумите и начините за пресметка? 3) Во моментов за колку време (просечно време) одлучува првостепената лекарска комисија? 4) Дали постои листа на дијагнози за кои сигурно се добива инвалидска пензија? Ви благодарам однапред на одговорите! Со почит,
Dokolku se raboti za steknuvanje pravo na invalidska penzija, taa se ceni spored dostavenata medicinska dokumentacija i neposreden pregled na osigurenikot. Na prasanjeto dali postoi lista na dijagnozi vrz osnova na koi se utvrduva invalidnosta, Ve zapoznavame deka postoi odluka za zadolzitelen obem i sodrzina na medicinskata dokumentacija vo postapkata za ostvaruvawe prava po osnova na invalidnost, objavena vo Sluzben vesnik na R.Makedonija. Prvostepenata invalidska komisija po baranjeto za ocena na rabotnata sposobnost e dolzna vo rok od 60 dena da postapi po baranjeto. Kriteirium i nacin za presmetkata na iznosot na penzijata e vkupniot penziski staz so plateni pridonesi za penzisko i invalidsko osiguruvanje od koe zavisi i procentot za visinata na penzijata. Pozdrav,
pocituvani molam za odgovor na slednoto prasanje :imeno firma me proglasuva za teh.visak od organizacioni pricini a posle eden mesec prima na moeto rab.mesto so isto obrazovanie drug dali mozam da ja tuzam firmata ,koi se moite prava i kolku meseci od otpustanje zastaruva pravoto za tuzba?i uste nesto dali kako teh.visok imam pravo na porodilno bolovanje bidejki sum proglasena kako teh.visok dodeka bev bremena veke 2 meseci a gazdata ne znaese za toa -dali ke go izgubam pravoto na porodilno 9 meseci po poroduvanjeto?zahvalna odnapred.
Vaseto prasanje ne se odnesuva na rabotata na Fondot na PIOM. Za ova treba da se obratite vo Agencijata za vrabotuvanje na RM, a za porodilnoto boleduvanje vo Fondot za zdravstvo.
Почитувани. На 23.07.2013 година на ТВ канал5 истакнаа дека жени со стаж над 30 години ќе се зголемува пензијата за секоја година по 1,7 посто. Дали постои таков закон или е во процедура.
Ne postoi takov Zakon.
Pocituvani , bev prijavena samo 5 dena so skrateno rabotno vreme.Ve molam da mi objasnite koj se moite obvrski ponataka dali treba vo zavod povtorno da odam da se prijavam ili postoi nekoja druga procedura .Plavi kartoni zemav od rabota na soprugot .Vi blagodaram
Добар ден, ова прашање поставете го кај Агенцијата за вработување.
Ne znam od koi pricini ne mi e isplatena penzijata za april-2013 god.Po nekolku urgencii vo fondot za piom vo Struga i obekawa deka ke se sredi penzijata uste ne e dojdena. Ne znam veke sto da napravam i kade da se obratam da ja dobijam penzijata.
Dobar den, za da proverime bidete ljubezna i pratete go Vashiot penziski broj....pozdrav
pocituvani.imam 37god.imam raboten evidentiran staz od 2 god.pred 4 god.mi e dijagnosticirana so pomos na magnetna rezonanca multiplek skleroza .na terapija sum na,, rebif,, mislam dozivotno so ogled na karakterot na bolesta ,,neizlecliva,,.momentalno zemam paricen nadomestok za nega, i me interesira dali postoi moznost za invalidska penzija?
Invalidskata penzija soglasno ZPIO se ostvaruva dokolku kaj osigurenikot se utvrdi postoenje na opsta odnosno profesionalna nesposobnost za rabota i dokolku gi ispolnuva uslovite vo pogled na penziskiot staz. Dokolku invalidnosta nastapi kako posledica na bolest za osigurenici koi imaat nad 37 do 45 godini zivot treba da ima penziski staz koj pokriva 40% od rabotniot vek smetajki go rabotniot vek na polni godini. (Presmetuvanjeto na rabotniot vek se vrsi vo Filijalata na FPIOM spored stepenot na obrazovanie na osigurenikot i godinite na zivot vo momentot na nastapuvanjeto na invalidnosta) Invalidskata penzija se ostvaruva vrz osnova na podneseno baranje do Filijalata na FPIOM spored mestoto na ziveenje kon koe se prilozuva medicnska dokumentacija, za sto se donesuva Naod, ocena i mislenje od Komisijata za ocena na rabotna sposobnost. Ovaa Komisija vrz osnova na prilozenata medicinska dokumentacija i neposreden pregled utvrduva postoenje ili ne na opsta odnosno profesionalna nespoosbnost za rabota. .
Imam prasane. dali so benificiran staz se vleguva porano vo penzija od napolneti 64 godini za mai? ve molam odgovoretemi. prasuvam za covek koj sega zivee vo druga zemja , a ima 62 godini,raboten sraz okolu 24 godini i okolu 3 godini benificiran staz. rabotese vo brza pomos vo prilep.bidejki imam razbrano i mnogu deka so benificiraniot staz vleguvaa porano vo penzija. ve zamoluvam za odgovor.pozzz
На осигурениците на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење (бенефициран стаж),старосната граница за стекнување право на старосна пензија се намалува зависно од степенот на зголемувањето на стажот и годините ефективно поминати на работното место со бенефициран стаж. За да добиете точен одговор за лицето, потребно е да се обратите во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување во Bашето место на живеење каде што врз основа на лични податоци за лицето може да ви дадат одговор за колку му се намалува старосната граница на истото, доколку ги исполнува условите согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Почитувани, Сакам да прашам: Што треба да направам сега по раѓањето на четврто дете за да го остварам правото на пензија кога за тоа ќе дојде време? Поздрав Со почит
Добар ден, за ова прашање обратете се во Центарот за социјални грижи. Поздрав
Vo vrska so noviot zakon za stecajci, Stacaec sum od EMO - Ohrid . Imam platen staz od 24 godini i 6 meseci . Poslednite dve godini firmata ne ni plati staz . Ako go smetam i neplateniot bi imal 26 godini i 6 meseci . Ve molam da mi odgovorite dali ke bidam zgrizen so noviot zakon za stecaj kako stecaec od firma kade drzavata e dominanten sopstvenik. Blagodaram .
Почитуван, Согласно одредбите на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во стаж на осигурување се смета само времето за кое е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Новиот Закон кој се однесува на стечајните работници не е во надлежност на Фондот на ПИОМ.
Почитувани ,имам едно прашање Дали може фирма да биде активна, а да нема никој вработен поради лоша финансиска состојба во период 1995-1996 а за тој период да се бара надомест од страна на ПИО, и дали после 19 год има правона побарување на наплата од страна на ПИО заедно со камата до денес.Однапред благодарам.
Добар ден, обврските за уплата на приодонес започнуваат од моментот кога осигурениците ќе бидат пријавени во осигурување, а истата престанува кога осигуриниците ќе се одјават од осигурување. Периодот во кој овбрзникот не работи рентабилно, за обврската за плаќање на придонес за ПИО нема никакво значење, бидејќи како што претходно е наведено обврската за плаќање на придонес за ПИО е поврзана со периодот на осигурување на вработените. Придонесот за ПИО не застарува од причини што во иднина се остваруваат лични права, а за секој ден задоцнување се пресметува законски определена дневна камата. Поздрав
Pozdrav. Ja sum trenutno volonter vo edna nevladina organizacija i mi plakjat nadomestok (8000 denari) kako volonter. Vekje 4 meseci gi zemam preko ziro smetka od banka tie pari ali e problemot e sto zemam isto taka i nadomestok od socijala za 4 clenovi od familija(na ime na tatko mi). Dali imam pravo da zemam socijala i nadomestok sto mi davat od nevladina organizacija. Ako ne, sto trebam da napravam, dali treba da se prijavam nekade
За оваа прашање ќе се обратите до Општинскиот центар за cоциjални работи.
Pocituvani, imam 54 godini i imam 8 god.8 meseci i 7dena raboten staz i od 1996 god .pa se do deneska redovno se prijavuvam vo zavodot za vrabotuvjane , a od druga strana boleduvam od dijabetis .Pa me interesira kako jas da si gi baram moite prava ,a da napomenam za rabota sum nesposoben bidejki i mi se vrti vo glavata . Dali mozam da izlezam vo penzija ? Blagodaram !!!
Добар ден, почитуван, во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека доколку сте со нарушено здравје поднесете барање до Комисијата за оцена на работната способност-Скопје, со комплетна медицинска документација и тоа преку Филијалата/Деловницата во местот на Вашето живеење, за да остварите право на инвалидска пензија. Поздрав
Dobar den prvin da ve pofalam za vasata azurnost sekoja cest citajuci gi prasanja i odgovori koi ni gi davate negubenje vreme po salterite se samo za pofalba.Pocituvani moeto sledno prasanje e mojot suprug vo juli polni 62 g.starost vo redoven raboten odnos vo Makedonijaso staz od 23g.I Stazot od Francija od 6godini.Bi vas zamolila da mi odgovorite so koja starosna godina se odi vo penzija so Francuski staz. Potocno koga da gi podnese dokumentite.Golem poz. i unapred vi se zahvaljujem.
Добар ден и благодариме на пофалбите.Право на целосна пензија од Франција можете да остварите со 65 години старост или предвремена пензија со 62 години старост. Секое добро
aplicirav vo agencijata za vrabotuvanje vo prilep za kredit za samovrabotuvanje i dobiv na 30.10.2013 god go potpisav dogovoro vo koj piuva deka za 60 dena treba da gi zemam sredstvata. se davaa preku ohridska banka .odnesov tamu dokumenti i mi rekoja deka do 26 dekemvri ce gi podignam parite i zatoa jas registrirav firma samo registrirav.do bankata priloziv dokumentacija so zirant koj mi rekoja deka e vo red.pomina i 26 dekemvri seuste velea deka ne se stasani odgovorite od ohrid ama nema da ima problem po nova godina da se zemat parite.na 3.01.2014 g.mi se javuvaat na telefon i mi velat deka me odbiva bankata ne mi gi dava sredstvata bidejci ne sum bila kreditosposobna da gi vrajcam parite sum imala drugi krediti .jas imam hipotekaren kredt i znaci imam dadeno hipoteka od druga banka i avtomobilski kredit od druga banka ne od ohridska .i plus mi velat deka pominal roko na dogovorot od 60 dena.jas od agencijata poddadov baranje do direktorot da mi se prodolzi rokot na dogovorot bidejci tie od bankata ne me obavestija vo toj rok deka ima problemi .a kolku sto sum informirana ai e taka jas ne baram kredit od ohridska banka nego mi dodeli agencijata za vrabotuvanje a bankata e servis preku koja treba da gi zemam sredstvata i da obezbedam zirant, dali lice vraboteno ili hipoteka.sega ne sum ni vrabotena ni nevrabotena bidejci ne se vodam nikade ni vo agencijata kako nevrabotena ni vo firmata a treba i zavrsna smetka da nosam da plajcam .dali bankata ima pravo na seto ova i kakvi prava imam sega jas?kogo da go tuzam,agencijata ili bankata?Ve molam da me izvestite ako imate moznost da mi odgovorite.
Добар ден, за ова прашање ќе треба да се обратите во Агенцијата за вработување и во Министерството за труд и социјална политика. Поздрав,
Pocituvani, prasanjeto e za mojata sopruga.Ona iimase sopstven Frizerski salon i poradi x pricini prestana so obavuvanje na dejnosta na den 20/05/2010 god. So stariot zakon 5 god.do penzija gi imase ispolneto site uslovi,.. imase veke napolneto 57god. i 5 meseca - na vreme bea dostaveni site dokumenti za platniot nadomest. Bese odbiena poradi toa sto navodno nemala plateno doprinos za vrabotuvanje,sto ne e tocno. Zatoa im bea dostaveni deklaraciite od poslednite 3meseca,kako sto bese i pobarano,i uvideno deka se plateni site doprinosi. Sleduvaa zalbi i tuzbi i nisto od toa pravo. Sega me interesira so najnovava odluka na vladata na MK posto ima staz 35god.dali ima pravo da prima platen nadomestok do penzija? Odnapred blagodaram.
Добар ден, прашањето поставете го кај Агенцијата за вработување на РМ.
Почитувани,дали има некоја основа за пресметка на инвалидска Пензија??..Како се пресметува колку ќе биде инвалидската Пензија на осигуреникот кој треба да ја добие?
Почитуван, За да се направи пресметка за инвалидска пензија прво треба Kомисијата за оцена на работната способност да утврди дека кај именованиот постои инвалидност.
Поради мојата одлука, а према Законот за еднакви можности, соопштив на работодавецот дека ке заминам во пензија на 64 годишна возраст. Изиритиран од ова, бидијки не го прифатив неговиот предлог да заминам во пензија на 62 год. добив решение со кое ме преместува на пониско работно место со намалена плата. Кој закон го штити моето право да пред пензија несмеам да бидам преместена на пониско работно место со намалена плата?
Почитувана, се работи за Законот за работни односи и за Колективниот договор на фирмата во која работите, како таа го регулирала овој проблем. За овие прашања најдобро обратете се во Министерството за труд и социјална политика. ФПИОМ работи со прашања од пензиско и инвалидско осигурување. Поздрав
Почитувани,управител и ликвидатор сум на фирма која имаше неуспешна ликвидација и сега е во стечајна постапка,(сакам да стапам во работен однос во друга фирма како е можно дали имам потреба да се пријавам на биро како невработен ,и ако е така како?или има друго решение.однапред благодарам
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување на РМ. Поздрав
Pocituvani, jas sum vo redoven raboten odnos prijaven so polno i na neopredeleno rabotno vreme, dobiv ponuda da rabotam za drug rabotodavac kako dopolnitelna rabota od ovaa segasnava so skrateno rabotno vreme, me interesira dali drugiot rabotodavac moze da me prijavi so skrateno rabotno vreme iako sum veke prijaven kaj postojaniot rabotodavac so polno rabotno vreme, i na kolku saati vo tekot na nedelata ke moze da me prijavi so skrateno rabotno vreme. Pokraj ova me interesira dali ima so zakon najniski mesecni pridonesi za plata i za penzisko zdravstveno i invalidsko osiguruvanje koi noviot rabotodavac koj me prijavuva so skreteno rabotno vreme treba da mi gi isplati. So pocit, Dejan
Добар ден, кај другиот работодавач можете да работите дополнителна дејност, десет часа неделно и да бидете пријавени. За подетални информации обратете се во Агенцијата за вработување на РМ. Секое добро
Jas sum invalidno lice i Imam 55 godini starost i raboten staz od 32 godini,firmata mi otise pod stecaj,dobiv resenie od Agencijata za vrabotuvanje na paricen nadomestok za 12 meseci meguvreme po 2 meseci na koristenje na paricniot nadomestok dobiv vremena invalidska penzija od 1 godina.Po kontrolata na isteceniot rok od 1 godina mi ja ukinaja invalidskata penzija.Dali imam pravo na doiskoristuvawe na preostanatiot paricen nadomestok opd Agencijata za vrabotuvanje. So pocit Vanco.
Добар ден, почитуван, за ова прашање ќе треба да се обратите во Агенцијата за вработување на РМ.
Ve molam da mi odgovorite dali vraboten vo sredno obrazovanie koj vo juli polni 64 godini moze da prodolzi so rabota i vo narednata ucebna godina ili po sila na zakon mora da se penzionira?
Законот за пензиско и инвалидско осигурување ги предвидува условите за пензионирање. Согласно член 18 од Законот осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот-маж односно 62 години-жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Поздрав
Proglase sum za invalidska penzija,po edna godina mi e ukinata,jas sum so istata diagnoza i vloseno zdravje odnosno so presecena noga i razjaden kolk-ima li pravda kade da se obratam pozdrav
Со нова медицинска документација за влошената здравствена состојба ќе поднесете ново барање за инвалидска пензија.
Здраво, Сакам да прашам дали едно лице кое е основач и управител на фирма ДООЕЛ со наполнување на лицето со 64 години истото да влезе во пензија, а да излезе од управител, а да продолжи да биде основач на фирмата, а за управител да вработи некое лице. Значи лицето да остане основач на фирмата а и да земе пензија бидејќи наполнил 64 години за маж. Благодарам за одговорот, имајте пријатен ден.
Здраво, лице со наполнети 64 може да користи пензија и да биде основач на фирма, но неможе да биде управител.
Здраво, добив решение за пензија со 24 години,11 месеци,28 дена.....по мене тоа се 25 г, 00м,08 дена...Дали оваа разлика влијае на висината на пензијата ???
Здраво, согласно законот за пензиското и инвалидското осигурување, висината на пензијата се утврдува од пензиската основица во проценти определени зависно од должината на пензискиот стаж.
Zdravo na site! Bi sakal da se informiram okolu moznostite za starosna, invalidska ili zemjodelska penzija za mojata majka koja e na 66 godisna vozras, zivee vo Ingikovo, Skopje, nikogas ne rabotela ( okolu 2 nedeli raboten staz vo Alkaloid vo 1989 godina), boleduva od srcevi zaboluvanja I nizok krven pritisok, ima dobieno mozocen udar pred 3 godini, nema ostvareno nikakvi drugi prihodi posto zivee so tatko mi so mala rabotnicka penzija. Bi sakal da ve zamolam za kontakni informacii na lice koe moze da go kontaktiram so podetalni informacii I podatoci na mojot email. Prijaten den. Odnapred plagodaram za vasata pomos.
Почитуван/а, бидејќи мајка Ви никогаш не работела,тоа значи дека нема пензиски стаж и дека согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување нема право на пензија. Поздрав
Zdravo, me interesira dali pokacuvajneto na penzijata kako sto bese poslednoto od 600 denari, vo mart 2014 godina, ke vazi za licata koe ke napolnat 64 godini vo mesec april 2014 godina i togas podnesat dokumenti za penzija. Blagodaram odnapred za odgovorot.
Лицата што со право на пензија ќе се стекнат после 01.03.2014 година, немаат право на 600 денари.
Здраво, ме интересира дали во некој од постојните закони од областа на трудовото право (Закон за вработување или сл.) постојат одредби околу начинот или постапката за вработување на пријавена работна сила (за која Агенцијата за вработување одобрила дека ја има во нејзина евиденција)? Како треба да постапи работодавецот? Благодарам.
Оваа прашање е за Агенцијата за вработување.
penzioner so 80 godini starost dali mu sleduva i koj se uslovite za besplatno banjsko lekuvanje .
Право на бесплатна бањска рекреација имаат корисниците на пензија без оглед на годините на старост.
Zdravo, Sakam da Ve prasam slednovo: Aprilov polnam 64 godini, dali kako staz mi se smeta periodot na rabota sto sum go pominal vo 2014 za januari, fev., mart i april, i da mi se vazat tie meseci vo vkupniot staz sto go imam. Ova mi e vazno bidejki so tie meseci mi se zgolemuva procentot od penziskata osnova stoe ke pretstavuva moja penzija, kako sto e predvideno predvideno za 40 godini staz maksimum 80%? Pozdrav.
Zdravo,periodot koj go naveduvate, odnosno mesecite Januari, Fevruari, Mart i April od 2014 godina, vleguvaat vo staz, se razbira, dokolku se plateni pridonesite, no platite ne vleguvaat vo opredeluvanjeto na penziskata osnova. Pozdrav
Почитувани имам заведено 10 години работен стаж а имав фирма на мое име во која имам не заведен стаж од фирмата која веке е одјавена дали ке може да ми се впиша и стажот од фирмата до кога е платен оти имам 2 год не платен.поздрав и чекам одговор
Податоците за стажот на осигурување, можат да бидат утврдувани во матична евиденција на Фондот, кога е поднесено барање за пензија или претходно ако се достави барање за комплетирање на податоците за стажот на осигурување. Заради тоа за периодите кои ви недостасуваат потребно е да се обратите до надлежната филијала/деловница, со работната книшка и останата документација со која располагате, а таму од надлежниот референт ќе добиете конкретни појаснувања околу начинот на утврдување на Вашите податоци во матичната евиденција на Фондот. Секое добро
колку изнесува коеф.за сведување од просечно на месечно ниво за пензии острварени во 2014 г
1,0152
Jas imam 20 god raboten staz ne sakam da zemam penzija dali moze da mi se vratat parite sto sum gi plakala na fondot
Soglasno zakonot za penzisko ii nvalidsko osiguruvanje se ureduva zadolzitelno penzisko i invalidsko osiguruvawe na osigurenicite, pravata koi se ostvaruvaat od ova osiguruvanje, maticnata evidencija na osigurenicite i korisnicite na prava od penzisko i invalidsko osiguruvanje,osnovite na kapitalnoto finansirano penzisko osiguruvanje, kako i posebnite uslovi pod koi oddelni kategorii na osigurenici gi ostvaruvaat pravata od penzisko i invalidsko osiguruvanje. So ogled na toa sto e zadolzitelno plakanjeto na pridonesot za penzisko i invalidsko osiguruvanje dodeka ste vo raboten odnos ne postoi moznost da se vrati isplateniot pridones.
Pocituvani, osnovac sum i upravitel na dooel za koj se vodese stecajna postapka. Poslednoto rociste se odrza na den 23.04.2014 g. a resenie za otvoranje i zaklucuvanje na stecajnata postapka poradi nemanje imot, sudot donese, odnosno mi dostavi denes 16.05.2014 g. Resenieto nosi datum 23.04.2014 g. Nema uslovi za pravosilnost na resenieto bidejki samo mene mi e dostaveno resenieto, odnosno prva jas go imam primeno, a drugite (centralen registar, sl.vesnik i oglasna tabla) nemaat seuste primeno.Dali mozam da se odjavam od agencijata za vrabotuvanje i so koj datum i dali resenieto treba da e pravosilno za da mozam da ostvaram pravo na paricen nadomestok? Od koga pocnuva da tece rokot od 30 dena za prijavuvanje za ostvaruvanje pravo na paricen nadomest-od denot koga e doneseno resenieto ili od denot koga toa stanalo pravosilno? Odnapred Vi blagodaram.
За ова треба да се обратите до Агенција за вработување.
Почитувани, Ви се обраќам Вам бидејќи за мојата проблематика, кај нас во Кочани, вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се оградуваат давајќи кратки и барем за мене нелогични одговори. Мојот татко почина на 47 години со работен стаж од 23 години, 5 месеци и 6 дена и еве веќе неполни 3 години сестра ми како студент зема семејна пензија наследена од мојот починат татко која а утврдена како инвалидска (ЗОШТО..?). Проблемот е во тоа што инвалитската пензија која ни е утврдена во износ од околу 7.000 денари и од која ние земаме 80 % од неа ја делеме со полубрат односно земаме околу 3.000 ден. Бидејќи за 1 година сестра ми го губи правото на семејна пензија (полни 26 години), истото го наследува мојата мајка која од пред 2 дена е невработена. Колкав износ на пензија ја следува мојата мајка, бидејќи таа како сопруга,сама,невработена нема логика да ја дели со вонбрачното дете на мојот татко и да живее со износ од 3.000 ден. Ве молам за решение и одговор.
Според Законот за пензиско и инваидско осигурување во член 66 е регулирано дека семејната пензија се определува од старосна или инвалидска пензија што на осигуреникот би му припагала во часот на смртта, односно од пензијата што на корисникот на пензијата му припаѓала во часот на смртта. Со оглед на тоа што вашиот татко починал на возраст од 47 години семејната пензија се утврдува од инвалидска бидејки самата смрт се смета за инвалидност .Висината на семејната пензија се определува во процент од основата што ја сочинува инвалидската пензија и тоа 70% за еден член на семејството, а за секој нареден член уште по 10% но не повеке од 100% од основицата.Во случајот Вашата мајка ако се приклучи да користи пензија се зголемува пензијата за три члена на 90%, а по навршени 26 години на Вашата сестра остануват два члена и понатаму ке се исплака износот од 80%.Во однос на прашањето дали семејната пензија треба да се дели со вонбрачното детете на Вашиот татко, во Законот за пензиско и инвалидско осигурување член 57 е регулирано дека семејна пензија можат да остварат членовите на семејството и тоа: брачниот другар, децата родени во брак или надвор од брак или посвоени, посиноците кои ги издржувал осигуреникот,внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот.Од ова произлегува дека семејната пензија се дели со детето кое е родено надвор од брак.
Дали може да продолжам со работа ако имам 66 години старост и полни 40 години стаж- (маж). Дали доколку работодавачот ме задржи на работа сеуште треба да плаќа пензиско или само да ми исплаќа плата?
Dokolku rabotodavacot Ve zadrzi na rabota i ponatamu dolzen e da plaka pridones za penzisko i invalidsko osiguruvanje, bidejki spored zakonot za penzisko i nvalidsko osiguruvanje plakanjeto na pridonesot e zadolzitelno. Sekoe dobro
Почитувани,дали можеш да се пријавиш во војска со согласност од родител,ако немаш 18?
Прашањето поставете го кај Министерството за одбрана. Секое добро
Почитувани, имам 14 години стаж доколку фирмата кадешто работам ме прогласи за технолошки вишок дали периодот што ќе користам паричен надомест по основ технолошки вишок ќе ми тече стаж.
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување, за да се информирате за какво решение кај вас се работи, со кое ви тече стажот или не. Поздрав
Здраво,би сакал да прашам како можам да го остварам правото да примам инвалидска пензија?имам покачен шеќер во крвта,не сум способен да работам,имам 26 години стаж,а имам 54 години.Ви благодарам.
Барање за инвалидска пензија се поднесува во Филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување со А3 обраzец од матичен лекар и медицинска документација за инвалидност.
Заради влошена економска состојба во претпријатието сакаат да ме одјават како технолошки вишок. Претпријатието ми нема исплатено плати за 3 меседи од минатата година. Ме интересира дали може да бидам одјавен како технолошки вишок а потоа во Заводот за вработување да го искористам правото на паричен надомест кој законски ми следи врз основа на изминат работен стаж?
Во врска со ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување.
Почитувани! Ме интересира дали мојата мајка која е корисник на семејна пензија од нашата држава му се следува да користи и надоместок за нејзиниот заверен работен стаж од 1 година и еден месец во далечната 1969 во Лондон(Обединето Кралство).Сме слушнале дека и се следува...
Ve molime, za da odgovorime na ova prasanje da ne izvestite dali Vasata majka ima navren nejzin licen staz vo R.MAKEDONIJA. Podneste baranje za starosna penzija od Anglija vo Podracnata Edinica kaj sto ziveete i dostavete dokazi za stazot od Anglija. Ke se podnese baranje i ke se ceka odgovor. Vo baranjeto navedete deka ste korisnik na semejna penzija od R.Makedonija.
Знам дека е одговарано на прашањава, ама не можам да видам точно од која дата. Мајка ми има 58,5 години и 40 години работен стаж. Дали има право да ја прогласат како технолошки вишок и колкав временски период би земала паричен надоместок?
Добар ден, Вашето прашање ќе мора да го поставите кај Агенцијата за вработување.
dali dobien dopis ili bilo kakov matrijal na sluzben mail pretstavuva oficijalno dostaven dokument?dokolku pretstavuva kade e definirano toa , vo koj zakon?
За ова прашање обратете се во МИОА.
Dali soglasno Zakonot za stecaj ,stecaen upravnik moze da bide imenuvan na ovaa funkcija vo poveke od 3 drustva vrz koi e otvorena stecajna postaka (clen 22 -a od Zakonot za stecaj), odnosno dali ovaa zabrana seuste vazi ?
За ова прашање најдобро ќе биде да се обратите во Министерството за економија во Секторот за правни работи, поточно во Одделението за стечај.
Pocituvani,bev vrabotena vo javen sektor.Tri meseci pred navrsuvanje na 62 g.zaradi odredeni semejni pricini na moe baranje e raskinat dogovorot za vrabotuvanje.Postapkata za penzija ja zapocnav soglasno Zakonot,po navrsuvanje na62 godini i 39 godini raboten staz!.Ve molam da me informirate dali imam pravo na otpremnina i ako imam ,kakva e postapkata?
Ова што го прашувате е регулирано со законот за работни односи и Колективниот договор на фирмата. Не е во домен на ФПИОМ.
Почитувани, КОј го плаќа боледувањето, односно надоместокот за плата по истекот на 30-тиот ден од боледувањето, во случај кога работникот не работел 6 месеци непрекинато?
За ова прашање обратете се во Фондот за здравство. Поздрав
Почитувани, Каде можеме да ги најдеме одлуките според која ЕВН го пресметува и наплатува трошокот за јавно осветлување во општините. Врз база на која се фактурира трошок по основ на јавно осветлување до општините. и дали е во ред кога веќе на општината и се фактурира целосно за потрошената струја за улично, на општината да и се исплаќа целосно фактурираната сума од ЕВН до корисниците без разлика дали ЕВН ја наплатила од нив или не ( кога веќе надлежноста за оваа комунална такса е нивна)
Прашњето сте го поставиле на погрешно место. Не е од дејноста поврзана со работењето на ФПИОМ. Секое добро
стекнав право за остварување на пензија и сега сум во пензија Прашањето е дали како пензионер имам право да работам со договор на дело со што друштвото ке плати персонален данок .
Moze, samo sega ima izmeni na zakonot , po edna nedela ke imame tocni podatoci okolu naplatata na pridonesite. Javete se po edna nedela na telefon 3250-310 kaj referentot Ljuba Mitrovska. Sekoe dobro
Почитувани,од кога ќе започне да важат ново донесените измени на законот за инвалидско-пензиското пензионирање за одење во пензија и тоа 65 години за жена и 67 години за маж по барање на осигуреникот.
Toa ne se izmeni na ZPIO tuku na Zakonot za rabotni odnosi i seuste se kako predlog ne se pominati na parlament.
od kade moze da se simant najnovite izmeni vo zakonot za rabotni odnosi povrzani so odenje vo penzija
Objaveni se vo Sl. Vesnik na RM br.113.
Pochituvani, So navrsheni 63 god . starost i raboten staz od 39 god. se ostvaruva pravoto na starosna penzija. Noviot Zakon za rabotni odnosi , po dostavuvanje na Izjava , dozvoluva prodolziuvane na rabotniot odnos do 65 god vozrast za zena, (1) dali poradi nepredvideni okolnosti moze da se zamine vo penzija bez ogled na dostavenata Izjava za prodolzuvanje na rab. odnos vo 2015 god; (2) dali vo megjuvreme postojat nekoi konsekvencii poradi dostavuvanje na Baranje za zaminuvanje vo penzija iako e dostavena Izjava za prodolzuvanje na rab. odnos, i (3) dali vo toj sluchaj sleduva otpremnina na rabotnikot.
Почитувана, овие прашања не се однесуваат на Законот за ПИО. Обратете се во Агенцијата за вработување на РМ. Секое добро
Ме интересира дали измените на законот за работни односи во однос на пензионирањето со двње на изјава за продолжување на договот за работа 67год. се однесуваат и на судиите кои заминале во пензија до донесувњето на законот, во текот на оваа година, односно дали законот ке се применува ретроактивно. Благодарам
Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи („Сл. весник на РМ“ бр.113/14)стапува на сила на 06.08.2014 год. и нема ретроактивно дејство.
Ве молам да ми одговорите на 20 септември полнам 65 год.старост а имам 33 год.работен стаж се усте сум во работен однос дали можам сеуште да продолжам да работам зошто работодавецот сака да работам и понатака со редовно плаканје на придонеси.Дали тоа не се коси со новиот закон за пензиско инвалидско и дали како фирма ке подлежиме на некакви реперкусии и казни.
Согласно новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој стапи на сила на 06.08.2014 год., работникот со писмена изјава може да побара да му се продолжи Договорот за вработување најмногу до 67 години возраст за маж, односно 65 години возраст за жена, а писмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за наредната година. Остварувањето на правото на старосна пензија согласно Законот за ПИО е лично право и може да се оствари само по барање на осигуреникот.
Во ноември полнам 62 години . Дали може да работам до 28 декември истата година и каде треба да се пријавам за пензија за во наредната година. Ова го прашувам бидејкиработам во просвета и сакам барем полугодието да го завршам. Однапред ви се заблагодарувам
Согласно новиот Закон за работни односи кој стапи на сила на 06.08.2014 год., работникот со писмена изјава може да побара да му се продолжи Договорот за вработување најмногу до 67 години возраст за маж, односно 65 години возраст за жена, а писмената изјава работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за наредната година. Изјавата се дава кај обврзникот за плаќање на придонес, односно кај работодавачот.
Според измените на законите за пензионирање Ве молам да ми одговорите Кога одат во пензија редовните универзитетски професори ви благодарам
Согласно член 18 од Законот за ПИО, правото на старосна пензија се остварува со навршување на 64 години живот (маж)односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж. Овој услов е општ и се однесува за сите осигуреници во Република Македонија.
Почитувани,од кога ќе започне да важат ново донесените измени на законот за инвалидско-пензиското пензионирање за одење во пензија и тоа 65 години за жена и 67 години за маж по барање на осигуреникот.
Законот за ПИО нема измени во однос на годините со кои се остварува правото на старосна пензија. И понатаму остануваат истите услови, односно старосната пензија се остварува со навршување на 64 години живот за маж, односно 62 години живот за жена и најмалку 15 години пензиски стаж. Измените за продолжување на Договорот за вработување до навршување 67, односно 65 години живот е на доброволна база и е регулирано со Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи („Сл. весник на РМ“ бр. 113/14) кој стапи на сила на 06.08.2014 година.
pocituvani imam raboteno kako vojno lice vo jna od 1970 do 1975 godina.Vo rabotna kniska raboten staz i benificija e ufrlena. Vo pio nema podatoci za toj rabote staz.kako da postupim da raboten staz od jna ufrlim vo pio.
Pocituvan, Sto se odnesuva za rabotniot staz od 1970 do 1975 godina, koj e vnesen vo rabotnata kniska, a ne Vi e vnesen vo maticnata evidencija na Fondot na penziskoto i invalidskoto osiguruvanje, potrebno e da se obratite vo Ministersto za odbrana, dokolku ste drzvjanin na R.Makedonija, za da proverat dali raspolagaat so podatoci za navedeniot period. Dokolku raspolagaat so potrebnite podatoci, po sluzbena dolznost ke Vi izgotvat M/4 prijavi (prijavi za stazot na osiguruvanje i platite) i potoa ke se obratite vo Filijala Skopje koja ke Vi odgovori vo ramkite na svojata zakonska nadleznost. Pozdrav, Oddelenie za maticna evidencija
Почитувани, Кој е надлежен од повисоко ниво да изврши контролира врз работата на референт во матична евиденција во ПИОМ за внесување на стаж за постари години, поточно од 1975 до 1980, бидејќи при внесување на стажот од ЕВТ картоните, кои се добиени од Архивот на Македонија, не се внесени точно паричните средства, дали можете да ми одговорите каде да се обратиме? Поточно, кај кое лице во ПИОМ. Во очекување на Ваш одговор Однапред ви благодариме.
Оддeлението за матична евиденција во ФПИОМ е составено од раководител и референти за матична евиденција. За стручна помош, потребно е, да се обратите до раководителот на Одделението.
pocituvani,imam 44 godini starost i 18 god.staz.vrabotena sum na skrateno rabotno vreme 7 god.po ovaj zakon na kolku godin i staz me sleduva penzija
Pocituvana, Pravo na penzija spored segasnite zakonski uslovi se ostvaruva; Za zena so 62 godini vozrast i najmalku 15 godini staz na osiguruvanje . Ako ste prijaveni vo osiguruvanje so skrateno rabotno vreme, stazot na osiguruvanj, se presmetuva spored vremeto pominato na rabota , na pr.- ako ste prijaveni so 20 casa nedelno, togas vo staz ke vi bidat utvrdeni 6 meseci, namesto 12 vo tekot na godinata. Pozdrav
Pocituvani,imam 39 god. nevraboten sum zaveden vo Agencijata za vrabotuvanje vekje od 2007 god. otkatko zavrsiv so studi i magistrirav. Bi vi bil blagodaren ako me informirate nesto sto ke mi pomogne ; za moite prava i dali moze da se napravi nesto so penziskoto osiguruvanje?. Aktivno cekam rabota a i vremeto si pominuva nekako da nadoknadim (paricno) sto treba da se napravi duri cekam vrabotuvanje. Blagodaram!!!
Pocituvan/a, So penzisko osiguruvanje moze da se stekne samo osigurenik, odnosno otkako liceto ke se vraboti. Inaku spored noviot Zakon za dobrovolno penzisko osiguruvanje, na dobrovolna osnova moze da se osigurate i da plakate pridonesi za penzisko i invalidsko osiguruvanje. Prijaten den!
Имам 60 години и 33 год стаж. Моментално сум прогласен технолошки вишок во траење од 12 месеци. Доколку дали по истекот на овие 12 месеци доколку најдам работа, дали може новиот работодавец може да ме прогласи технолошки вишок и да земам надомест до пензионирање.
За ова прашање ќе се обратите до Агенцијата за вработување.
Почитувани имам прашање во врска со следново: Дали може лице корисник на старосна пензија(кој еве веќе неколку години зима пензија)на диво да вози такси(значи никаде не е регистриран на својата кола си ставил раклама и си вози ,нема ни таксиметар ни лиценца за да биде таксист0.Прашањето ми е ДАЛИ ПЕНЗИОНЕР СМЕЕ ДА ВОЗИ ТАКСИ ИАКО ЗИМА ПЕНЗИЈА .Каде да пријавиме инстутуција и број тел.Нели се бориме против сивата економија.На терен има толку невработени а ваму пензионери работат и други работи-професии.Кај се испекциите кај е полицијата нели со новиот закон и полицаец може да побара од таксистот дали има лиценца или не .Ви благодарам
Za ova, obratete se vo Ministerstvoto za trud I socijalna politika I Trudovata inspekcija.
Почитувани имам прашање во врска со следново: Дали може лице корисник на старосна пензија(кој еве веќе неколку години зима пензија)на диво да вози такси(значи никаде не е регистриран на својата кола си ставил раклама и си вози ,нема ни таксиметар ни лиценца за да биде таксист0.Прашањето ми е ДАЛИ ПЕНЗИОНЕР СМЕЕ ДА ВОЗИ ТАКСИ ИАКО ЗИМА ПЕНЗИЈА .Каде да пријавиме инстутуција и број тел.Нели се бориме против сивата економија.На терен има толку невработени а ваму пензионери работат и други работи-професии.Кај се испекциите кај е полицијата нели со новиот закон и полицаец може да побара од таксистот дали има лиценца или не .Ви благодарам
Obratete se vo Trusovata inspekcija pri Ministerstvoto za trud I socijalna politika.
Почитувани имам прашање во врска со следново: Дали може лице корисник на старосна пензија(кој еве веќе неколку години зима пензија)на диво да вози такси(значи никаде не е регистриран на својата кола си ставил раклама и си вози ,нема ни таксиметар ни лиценца за да биде таксист0.Прашањето ми е ДАЛИ ПЕНЗИОНЕР СМЕЕ ДА ВОЗИ ТАКСИ ИАКО ЗИМА ПЕНЗИЈА .Каде да пријавиме инстутуција и број тел.Нели се бориме против сивата економија.На терен има толку невработени а ваму пензионери работат и други работи-професии.Кај се испекциите кај е полицијата нели со новиот закон и полицаец може да побара од таксистот дали има лиценца или не .Ви благодарам
Obratete se vo Trudovata inspekcija pri Ministerstvoto za trud I socijalna politika
поздрав! Имам околу 2 години (1 година и 11 месеци) стаж во образование,а моментално не сум во работа. Ме интересира дали има некоја помош од труд или социална за мене?
Za ova obratete se vo Centarot za socijalni raboti
Dali rabotnikot ima pravo od firmata vo koja sto raboti da pobara da bide proglasen za tehnoloski visak bidejci gi ispolnuva uslovite za koristenje na nadomestokot do penzioniranje(nad 9 meseci vo raboten odnos vo firmata i starost na d 60.5 za zena,i dali firmata treba da mu izleze vo presret na vakvoto negovo baranje i da go proglasi za tehnoloski visak zatoa sto rabotnikot vece e star,bolen i.t.n
Za ova treba da prasate vo Agencijata za vrabotuvanje na Republika Makedonija
Почитувани. Дали приватна фирма кога прогласува работник за технолошки вишак,мора да исплати отпремнина или тоа не е обавезно(дали истото може да се избегне),а сепак работникот да биде прогласен за технолошки вишак и да прима утврден надоместок до пензионирање. Се работи за (жена )со 60,5 год старост и со стаж во истата фирма без прекин 2 год. Вкупниот животен стаж е 35 год. Благодарам
Добар ден, Вашето прашање не од доменот на ФПИОМ. Ве молиме обратете се во Агенцијата за вработување на РМ или во Министерството за труд и социјална политика. Секое добро
Почитувани, Ве молам да ми објасните каде поточно да се обратиме во ПИОМ за да ни се издаде пресметка за пензиска основа, на веќе изготвено решение за пензија. Која служба од ПИОМ е надлежна по ова прашање, поточно каде да го доставиме барањето за да се издаде пресметката за пензиската основа? Во очекување на Ваш одговор. Однапред Ви благодарам.
Почитувана, обратете се во Филијалата на ФПИОМ во местото на живеење. Поточно во Одделение за решавање на права од пензиско и инвалидско осигурување од прв степен. Убав ден
Ako koeficientite za valorizacija na penzii od 2013 god. se objaveni vo Sluzben vesnik 43 od 19.03.2013 god. (Koeficienti za 2012 god.).Prasanjeto mi e : vo koj Sluzben vesnik od 2014 god.se objaveni koeficientite za valorizacija na penzii od 2014 god.t.e koeficientite za 2013 god. Zosto Fondot za PIOM ne gi objavuva na svojata Web strana istite i zosto ne stavite kalkulator za presmetka na penzii na vasata Web strana, pa sekoj da moze da si presmeta, isto kako sto bankite imaat staveni kalkulator, ili pak kako privatnite fondovi sto gi izvestuvaat svoite klienti za zastedata od uplatata na pridonesot. So pocit. Odnapred Vi blagodaram.
Коефициентите за валоризација на ниво на 2013 година се објавени во Сл. Весник бр.48 од 2014. Во однос на прашањето за калкулатор за пресметка на пензија, ФПИОМ и неможе да го воведе, од причина што пресметката на пензијата зависи од повеке фактори и тоа: нивото на кое се определува пензијата, што зависи од годината во која се остварува правото, процентот што припаѓа за вкупниот пензиски стаж и од коефициентите за валоризација. Поздрав
Kaj kogo i kade da barame pravda vo vrska so invalidska penzija, odnosno privremena dodelena pa odbiena so žalba od komisija vtorostepena uvazena a povtorna komisija odbiena???
Инвалидска пензија се остварува врз основа на непосреден преглед на осигуреникот и доставена медицинска документација. Само Комисијата за оцена на работна способност е таа која цени дали постои инвалидност или не. Инвалидската пензија е времена пензија и на контролниот преглед доколку комисијата оцени дека не постои инвалидност, може да ја укине пензијата.
Сакам да знам кога можам да ја наследам пензијата од мажот ми кој е починат. Јас имам 45 години и немам право на пензија, пензијата ја земаме врз основа на моите деца кои се ученици. Кога јас ке имам право да ја наследам наследната пензија?
За да се одговори на ова прашање потребни се подетални информации кога е починат сопругот ? во моментот на смртта колку години имала вдовицата? кога е остварено правото на семејена пензија и дали уште с користи ? Заради сево ова е потребно да се обратите во Филијалат ана ФПИОМ според местото на живеење.
Otidov vo penzija so 39 godini staz i navrseni 64 godini,rabotev kako nastavnik ,sega zemam penzija od 14.000 denari a koga otidov vo penzija platata mi bese 26.000.Kako moze eden policaec da zema penzija okolu 25.000 denari koga osnovicata za penzija mu e daleku pomala od nastavnickata osnovica za penzija???
Полицајците остваруваат право по посебен закон со просек од 10 најповолни години.
Pozdrav Vraboten sum vo sekretarijat za sproveduvanje na ramkovniot dogovor "SIOFA" i imav nezgoda ko skrsiv rakata nadvor od rabotnoto vreme ,ne znam dali mi sleduva osteta i dali imame dopolnitelno osiguruvanje vo privatnite Osigurnitelni kompaniji(kolektivno osiguruvanje? Pozdrav
Ова прашање поставете го кај Министерствто за труд и социјална политика. Поздрав
Почитувани, Здраво Ќе Ве молам мајка ми работи во ресторан имаат намалена работа и работодавачот ска да ја испрати како технолошки вишак дали ќе зима некој надомест и дали ќе биде здравствено осигурана има стш околу 30 години, а работодавачат и рекол дека ќе биде како технолошки вишок 6 месеци.Однапред ви благодарам за одговорот. Со почит,
Почитувана госпоѓо, за ова прашање обратете се во Министерството за труд и социјална политика.Се работи за примена на Законот за вработување во случај на невработеност, а не ЗПИО. Секое добро
сакам да знам колкава е минималната старосна пензија во нашата држава со 15год стаж
Minimalnata penzija e 7600.00 denari.
dali parite za tehnoloski se prefrleni ?? fala unapred
Обратете се во Агенцијата за вработувањена РМ.
Ме интересира, кои и какви услови треба да исполни женско лице, вработено во МВР со бенефициран работен стаж, за право на пензија? Ви благодарам.
За да можат вработените во МВР да остварат право на пензија има повеќе услови и разни основи по кои тие можат да го остварат правото на пензија. Освен општиот услов за остварување на право на пензија по основ на намалување на старосната граница, постојат и повеќе посебни услови врз основа на кои лицата вработени во МВР можат да го остварат правото на пензија. Од тие причини доколку сакате да добиете одговор на Вашето прашање потребно е да дојдете лично во ПИОМ каде што врз основа на Ваши лични податоци ќе ви дадеме прецизен одговор . Поздрав.
Dali liceto so cerebralna paraliza koe sto ima 29 godini,i ne e rabotno sposobno, a ima potreba od medecinska pomos e oslobodeno od plakanje za zdravstvenite uslugi koi sto mu izvrsuvaat? Kakov dokument treba da pobaram od Fondot za Zdravstvo vo Kocani za da ne gi naplatuvaat uslugite koi sto mu gi pruzat?
За ова прашање обратете се во Фондот за здравствено осигурување.
прашање: Дали лекар од ПЗУ која има договор со фонд за здравство, без сестра, може да работа со скратено работно време? Поздрав
Добар ден, за ова прашање обратете се во Фондот за здравство.
Ve molam za odgovor: Dali imam pravo na paricen nadomest za izvrsuvanje na konsultantski uslugi na firma vo koja ne sum vraboten, a vo isto vreme sum korisnik na penzija. Na kakov nacin bi trebalo da mi go isplatuvaat honorarot a da ne izgubam pravo na penzija? Pozdrav
Dokolku ne ste vo raboten odnos ne postoi pricina da go izgubite pravoto na penzija, a za honorarot Fondot ne e nadlesen da odgovara. Toa e dogovor pomegu rabotadavecot i toj sto gi dava uslugite.
Ve molam poucete me ili upatete kade mozam da se informiram , proglasena sum kako invalidno lice od 2008 god so osteten sluh imam 60 god. me interesira koi povolnosti i kade gi imam kako takvo lice . so pocit .
Toa ne e pravo od PIO i za ova treba da se obratite do Cenatrot za socijalni raboti ili drustvo za zastita na invalidni lica
ve molam za ponatamosna nasoka rabotav vo firma koja nekolku pati go promena svoeto ime i koe pod sekoe se vodi stecaj bev osiguran penzisko i zdravstveno no ne sum evidentiran vo fondot za penzisko pricina ne podadeni m4 formati .se obrativ i do trudova inspekcija i do samiot gazda na kompanijata no bezuspesno .se raboti za 6 god.raboten staz. .vi blagodaram
Tреба да се обратите до филијалата/деловницата на Фондот во местото на Вашето живеалиште, за да се проверат Вашите пријави на осигурување, и да се утврди дали е платен придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од обврзниците кај кои сте биле во работен однос, односно пријавен во осигурување... Доколку придонесот е платен за осигуреникот, од вработените во Фондот– Одделение за матична евиденција ќе добиете дополнителни насоки за утврдувањето на стажот на осигурување М4. Секое добро
Почитувани, Дали има законски рок во кој отпремнината, која се исплаќа при одење во пензија, треба - мора да биде исплатена. Односно, можно ли е работодавачот да не ја исплати ни 3 месеци од денот на пензионирање !
Добар ден, отпремнината е право што се регулира согласно Законот за работни односи и се однесува на работодавачот. Ова прашање можете да го поставите во Министерствотро за труд и социјална политика. Поздрав
Почитувни во март мсец во мојата фирма е прогласен стецај и објавен во службен весни на Р.М.Дури сега после 6 месеци всушнос овие денови бевме о дјавени и пријавени во завод за вработуванје од страна на стецајниот управник.Кога отидовме да се пријавиме во заводот за вработување ни рекоа дека сме го изгубиле правото за паричен надомест иако не е наша вина .каде можеме да побараме помош за да га решиме овој проблем
Добар ден, за ова прашање обратете се во Министерството за труд и социјална политика.
pocituvani imam edno prasanje ?Dali moze edna firma da ispusti od rabota bremena zena iako i e kazano deka firmata ke se zatvori no nema nisto od toa.Kade mozam da se obratam bidejki znam deka toa ne smee da se pravi so bremenite zeni i sega ke nemam pravo na nikkavo porodilno boluvanje.pozdrav
Добар ден, ова прашње поставете го кај Агенцијата за вработување или кај Министерствто за труд и социјална политика, не во доменот на нашата институција ФПИОМ. Секое добро
почитувани, имам 61 година и работен стаж 37 години , 7 месеци и 25 денови. од 01.12.2012 година прогласна сум за технолошки вишок 17 месеци пред пензија. Ме интересира , дали ке ми бидат внесени во основица примањата од целокупниот мој стаж(за кој всушност имам плаќано допринос за пензионо) или пак постои некој нов начин за пресметка за нас, односно за оние кои не се на работа во 2013 година во случајов и 2014 година до мај месец кога треба да заминам во пензија.на работа сум од 03.05.1975 година во континуитет без никаков прекин. поздрав,
Visinata na penziskata osnova se opredeluva od mesecniot prosek na platite sto osigurenikot gi primal vo tekot na vkupnoto traenje na osiguruvanjeto, a najrano od 01.01.1970 godina. Za opredeluvanje na penziskata osnovica se zema i nadomestokot na plati, odnosno paricniot nadomestok vo slucaj na nevrabotenost. Platata, odnosno nadomestokot na plata ostvaren vo godinata vo koja osigurenikot ostvaruva pravo na penzija, ne se zema za utvrduvanje na penziskata osnova. Vo penziski staz se zasmetuva samo periodot za koj e platen pridonesot za penzisko i invalidsko osiguruvanje i vo zavisnost od dolzinata na penziskiot staz se opredeluva i procentot za visinata na penzijata. Pozdrav
pocituvani posle 32 dobivam rabotno mesto so pomala plata dali toa zakonot go dozvoluva
Добро утро, тоа што го прашувате зависи од одредбите кои ги имате во Колективниот договор на Вашата фирма, и тоа во зависност од возраста, а не стажот. Секое добро
imam polni 58 godini dali e vo red da dobijam novo rabotno mesto so poniska plata, kontinuirano rabotam 32 godini na prethodnoto rabotno mesto...pozdrav
Ова прашање не е регулирано со Законот за работни односи. Се зависи од Колективниот договор на Вашата фирма дали го регулирала тоа прашање, односно дали дозволува или не за 5 години пред пензионирање да се добие работно место со помала плата.
Korisnik sum na invalidska penzija. Vo maj napolniv 64 god. dali mozam da go ostvaram pravoto na starosna penzija so prefrlanje od invalidna vo starosna penzija.
Не можете да остварите такво право, не постои законски основ. Едно стекнато право во пензиското осигурување е засекогаш трајно право. Поздрав
ojdev stecaj vo 2004 dali imam pravo na nekakovparicen nadomest do penzija imam 60god.i 5 meseca
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување. ФПИОМ не е надлежен.
imam 61 godina stecaec uspeav sega da se vrabotam i dobivam niska plata od 8000 denari me interesira dali rabotodavecot spored nekoj zakon dobiva nekoj bonus za vrabotuvanje lice pred penzija i samo me iskoristuva za malku pari a si podiga od fondot ve molam odgovorete!!!!
Soglasno Zakonot za penzisko i invalidsko osiguruvanje ne e predvideno osloboduvanje ili beneficija na rabotodavecot dokolku vraboti lica pred penzioniranje. Uslov za penzija e navrsuvanje na 64 godini maz odnosno 62 godini zena i dokolku se rabotnosposobni mozat do taa vozrast da se varbotat.
zdravo.imam 54god i raboten staz 26god.proglasen sum tehnoloski visok vo vreme na tranzicijata koga propadnaa drzavnite firmi.se vrabotiv vo privatna firma vo koja rabotev 5god i povtorno sum proglasen teholoski visok firmata zamina vo stechaj.me interesira dali go imam statusot na zagubar.pozz cekam odgovor.
За ова прашање слободно обратете се во Агенцијата за вработување на РМ.ФПИОМ не е надлежен.
dali lice so cerebralna paraliza moze da nasledi semejna penzija od pocinat roditel i dokolku e liceto pismeno i psihicki vo red moze da go ostavri svoeto pravo.istovremeno e korisnik na tuga nega so trajno resenie vo visina od 3800 den.
Semejna penzija po osnov na nepsoosbnost steknuva dete ili roditel na pocinatiot osigurenik odnosno korisnik na penizja, dokolku so naod ocena i mislenje od Komisijata za ocena na rabotna sposobnost se utvrdi deka deteto e nesposobno za samstoen zivot i rabota, smetano od rano detstvo ili vo rok od edna godina od denot na smrtta na korisnikot na penzija, odnosno osigurenikot, a za roditelite nespoosbnosta se utvrduva kako postoenje na zagubena rabotna spoosbnost. Za da se ostvari pravoto na semejna penzija po osnov na nepsosbnost potrebno e da se podnese baranje za semejna penzija poradi nesposobnost, so kompletna medicinska dokumnetacija obrazec br. 3 od maticen lekar.
ve molam da mi odgovorite dali lice so cerebralna paraliza a voedno psihicki zdravo ima pravo da koristi semejna penzija od pocinat roditel kade sto invalisdnosta e 100 posto zastapena a megjuvremeno i so zavrseno sredno skolo ima pravo da ja nasledi penzijata ili nema.ve molam da mi odgovorite .
Semejna penzija po osnov na nepsoosbnost steknuva dete ili roditel na pocinatiot osigurenik odnosno korisnik na penizja, dokolku so naod ocena i mislenje od Komisijata za ocena na rabotna sposobnost se utvrdi deka deteto e nesposobno za samstoen zivot i rabota, smetano od rano detstvo ili vo rok od edna godina od denot na smrtta na korisnikot na penzija, odnosno osigurenikot, a za roditelite nespoosbnosta se utvrduva kako postoenje na zagubena rabotna spoosbnost. Za da se ostvari pravoto na semejna penzija po osnov na nepsosbnost potrebno e da se podnese baranje za semejna penzija poradi nesposobnost, so kompletna medicinska dokumnetacija obrazec br. 3 od maticen lekar.
pri podavanje so zatvoreni ponudi daden e rok za predavanje na ponudite do 2 h so naznaka deka ke se otvoraat javno vo 2 i 15h a bea otvoreni vo 3h iza toj cas bevme otsraneti nadvor od zgradata me interesira dali se vazi takvo otvoranje na zatvoreni ponudi kade e probien rokot koj e daden vo javnite glasila i kade sto postoi moznost za manipulacija dali ova bi trebalo da se povtori pozdrav
Според законот за стечај, постапката ја спроведува стечајниот управник согласно законот за стечај и Професионални стандарди кои ги донесува Министерот за Економија. Стечајниот управник констатира со записник кој од учесниците на огласот поднесол најповолна понуда и потоа целокупната документација во врска со јавниот оглас за прибирање на понуди како и записникот во кој е констатирано која понуда е најповолна треба да ги достави до стечајниот судија заради донесување на решение. Против решението на стечајниот судија постои право на жалба. Доколку сметате дека е повредена постапката при продавање со затворени понуди тоа може да се наведе во жалбата.
dali pri pribiranje na ponudi na stecajna prodazba na imot moze da se uvazi uplatnica bez bez pecat i datum na bankata koga e otvorena ponudata i dali moze da se uvazi takva ponuda
Според професионалните стандарди за водење на стечајна постапка, стечајниот управник е должен уредно да води евиденција за сите уплати и исплати вклучувајки ги и имињата на лицата кои уплатиле, односно примиле, датумот, износот и целта на уплатата.
dali daden oglas za davanje na ponudi za prodazba na nedvizen imot koj e daden poedinecno so cena za sekoj objekt e potrebno da se napise ponuda za sekoj objekt koga ima poveke firmi koi davaat ponudi ili moze da se ponudi vkupna cena za site bez da se navede kolku za koj objekt se dava bidejki oglasot e daden so poedinecni ceni
Доколку е даден оглас за поединечни понуди се нудат и поединечни цени, но сепак во конкретниот оглас треба да е регулирано конкретно кои услови ги содржи огласот.
dali pri davanje na ponudi za prodazba od stecajna firma moze da ucestvuva rakovoditel na banka so svoja privatna firma vocija banka ima razbrano za uplata od drugo lice na koe mu ima odobreno kredtni sredsva za istoto idali nee toa zloupotreba na sluzbena dolznost
Согласно член 98 став 10 од Законот за стечај е регулирано кои лица не можат да бидат купувачи на имотот на стечајниот должник. Ако по објавувањето на огласот за продажба еден или група заинтересирани купувачи дојдат до информации кои не се содржани во огласот, стечајниот управник е должен да им обезбеди и сите други заинтересирани купувачи благовремено да стекнат сознание за предметните информации, односно еднаков пристап на имотот на стечајниот должник. А дали има тука злоупотреба на службена должност тоа не сме во можност да го коментираме бидејки сепак тоа претставува кривично дело и треба да ги состои елементите кои го сочинуваат истото.
javen oglas zapribiranje na ponudi za nedvizen imot na koj se dadeni 10 objekti od koi 3 ne postojat se ruseni i ede e vo denacionalizirano zemjiste dali vakviot oglas e vazecki ili e manipulacija na stecajniot upravnik
По однос на ова прашање, продажната документација мора да содржи и известување дека податоците содржани во неа не се засноваат врз оценка на стечајниот управник за имотот кој се продава, односно стечајниот управник не гарантира за недостатоците на имотот кои се предмет на продажба, како и тоа дека купувачите треба да ги прифатат како конечни наведените количини, карактеристики и намена на имотот. Предвидено е право на секој понудувач да изврши разгледување на имотот предмет на продажба. Законот за стечај предвидува дека правните дејствија што ги превзел стечајниот управник може да се побиваат согласно Законот за Облигациони односи.
Tatko mi ima 56 godini starost i 33 godini staz, koga ima pravo na ostvaruvanje penzija?
Starosna penzija se ostvaruva so navrsuvanje na 64 godini starost maz i 62 godini starost zena i najmalku 15 godini penziski staz.
imam 58 godini ,vo 2003 napraviv operacija na srce,vo 2004 bev proglasena invalid na trudot odnosno so preostanta sposobnost,i se dodeluva rabota so skrateno rabotno vreme od 4 casa,na druga soodvetna rabota,so ne diganje na teski predmeti i tezok fizicki napor.vo megu vreme jas obolev i od drugi bolesti,za zal posle 9 godini me proglasija za rabotno sposobna.PRASANJE dali moze posle 9 godini redovno proglasuvanje invalid na trudot so skrateno rabotno vreme od 4 casa da se ponisti[ukine]blagodaram
Ocenata na rabotnata sposobnost odnosno postoenjeto na invalidnosta ja vrsi Komisijata za ocena na rabotna sposobnost vrz osnova na medicinska dokumentacija I neposreden pregled. Vo slucajov se raboti za steknato pravo koe moze da se uskrati samo so naod od komisijata dokolku ima podobruvanje na zdravstvenata sosotojba, no bidejki nemame konkretni podatoci najdobro e da se obratite do Filijalata na Fondot i da podnesete zalba protiv prvostepenoto resenie so koe vi e uskarteno pravoto na skrateno rabotno vreme.
Почитувани, имам работен стаж 32 години и бенифициран стаж10 години и согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување треба да заминам во пензија со бенифициран стаж 7 години порано од законски предвидениот рок односно на 55 години. Моето прашање е дали можам јас со изјава и сопствена волја законски да го продолжам работниот однос до 62 години? однапред Ви благодарам!
Eden od uslovite za prestanok na rabotniot odnos e ispolnuvanje na uslovite za penzija. Prodolzuvanje na rabotniot odnos po ispolnuvanje na ulsovite za penzija e pravo na rabotodavecot.
imam 36 god od svojata 18 god boleduvam od sizofrenija sekoj mesec primam inekcija kaldon depo me interesira dali postoi bilo kakov zakon so koj jas bi imal penzija dali invalidska ili bi mozel da ja nasledam penzijata od mojata pokojna majka.
Dokolku imate staz koj vi pokriva 30% od rabotniot vek (spored vasite godini) I dokolku Komisijata za ocena na rabotna sposobnost so Naod ocena I mislenje utvrdi postoenje na invalidnost moze da ostvarite pravo na invalidska penzija a moze da ostvarite I pravo na semejna penizja od vasiot pokoen rpoditel dokolku isto taka Komisijata za ocean na rabotna spoosbnost utvrdi postoenje na nesposobnost za samosoten zivot I rabota od rano detstvo ili pak vo rok od edna godina od denot na smrtta na pokojniot roditel od kogo se izveduva pravoto na semejna penzija.
Pocituvani, Me interesira na veke izgotveno resenie od Strana na Fondot za PIOM kade e presmetana penziskata osnova, kako moze da se napravi uvid vo presmetkata na osnovata i da se vidi metodologijata za doaganje do taa penziska osnova, bidejki Resenieto so veke presmetanata osnova ne mi e jasno i logicno , spored mene taa presmetka treba da bide transparentna i prilozena vo sklop na resenieto, bidejki sekoj baratel na penzija bi trebalo da ima pravo na uvid vo presmetkata, kako ne bi doslo do zabuna, pa ako ima potreba i da se napravi zalba po istoto Reseniei. Dali PIOM ke mi dozvoli uvid vo presmetkata i pismeno ke mi obrazlozi kako dosle do presmetanata penziska osnovai i vo koj rok ke mi dade odgovor po ova prasanje dokolku bi barala od niv vakva informacija? Vo ocekuvanje na Vas Odgovor, odnapred Vi blagodaram
Mozete da podnesete baranje do Filijlata na Fondot na PIOM koja go donela resenieto I da barate da Vi se izdade presmetkata na penziskata osnova vrz osnova na koja e opredelena visinata na penzijata.
Ve molam da mi kazete kolku vreme treba minimum da si vo brak za da nasledis penzijata od mazot?Blagodaram!
Soglasno ZPIO pravo na semejna penzija ima bracniot drugar koj bil vo brak vo momentot na smrtta so pokojniot osigurenik odnosno korisnik na penizja od kogo se izveduva semejnata penizja. Ne postoi zkaonski osnov so koj e ograniceno vremeto na traenjeto na brakot.
Zdr.me interesira kolu e iznosot na najniskata semejna zagarantirana penzija za 2013 god.
Најниска пензија (семејна, инвалидска, старосна) со остварено право од 2002 година па се досега изнесува 7020,00 денари.
pocituvani imam 61 godina i 29 godini raboten staz stecaen rabotnik.Sega pred 2 meseci pocnav da rabotam vo firma i me interesira koi se uslovite za ostvaruvanje na tehnoloski kolku meseci treba da rabotam pred 62 i pol godini dali mora da rabotam celo vreme do 18 meseci pred penzija eli ima uste nekoj olesnuvacki uslov .Odnapred blagodaren!
Za ova e potrebno da se obratite vo Agencijta za vrabotuvanje bidejki ova pravo se ostvaruva soglasno Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost.
pocituvani imam 61 godina i 29 godini raboten staz stecaen rabotnik.Sega pred 2 meseci pocnav da rabotam vo firma i me interesira koi se uslovite za ostvaruvanje na tehnoloski kolku meseci treba da rabotam pred 62 i pol godini dali mora da rabotam celo vreme do 18 meseci pred penzija eli ima uste nekoj olesnuvacki uslov .Odnapred blagodaren!
Za ova e potrebno da se obratite vo Agencijta za vrabotuvanje bidejki ova pravo se ostvaruva soglasno Zakonot za vrabotuvanje i osiguruvanje vo slucaj na nevrabotenost.
Почитувани, би ве замолила за одговор на моите две прашања. 1. Прашање. Каде може да се најдат коефициентите за валоризација на платите, а кои според законот член 33 став 4 треба да ги објави ПИОМ, а истите ги нема никаде на нивната веб страна? 2.Прашање.Дали може подетално да ми го објасните членот 35 став 1 и став 2, најнизок износ на старосна пензија, кој не може да изнесува помалку од утврдената просечна плата на сите вработени во РМ.во 2002 година и тоа за - корисниците кои пензијата ја оствариле со пензиски стаж над 25 години (маж), односно над 20 години (жена), во висина од 38% , кој е тој износ ?????? Дали можеби тоа износот за најниски плати од 2002 година 86935 :12 =7.245 денари (просек) или некој друг износ кој го објавува Заводот за статистика за утврдена просечна плата за сите вработени во РМ
Во врска со првото прашање за коефициентите за валоризација на платите Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија според член 33 став 4 од Законот за ПИО е должен да ги објавува истите. Од таа причина, Фондот редовно секоја година ги објавува во Службен весник на РМ. Валоризационите коефициенти за плати кои се во примена во 2013 година се објавени во Службен весник на РМ, број 43 од 19-03-2013 година . Во однос на второто прашање за член 35 став 1 и 2 од Законот за ПИО за најнисок износ на пензија за корисниците кои оствариле стаж над 25 години (маж), односно над 20 години (жена), висината на пензијата се одредува врз основа на утврдената просечна плата на сите вработени во Република Македонија во 2002 година, а која ја објавува Заводот за статистика на РМ и е во висина од 38% од истата. Пензијата определена во 2002 година како најнизок износ, за корисниците кои пензија остваруваат после 2002 година, со остварен стаж како што објаснивме погоре, се усогласуваат, со истите проценти како и сите други пензии, и тоа од 1-ви јануари и 1-ви јули редовно секоја година. Тоа достигнато ниво на пензија при остварување на правото во зависност од остварениот стаж, се применува за сите корисници на пензија за кои определениот законски износ за таа категорија на пензионери е под достигнатиот износ на пензија за истата. Секое добро
Imam edno prasanje do vas pocituvani izigran sum da potpisam firma i jas da bidam upravitel ama firmata dolzi za pridonesi i za sobracajna kazna 5100e dali jas kako upravitel i sopstvenik ce imam posledici ako ja stavam pod stecaj ve molam da mi odgovorite
Вашето прашање поставете го во Централниот Регистар на РМ. Не е од доменот на работа на ФПИОМ.
Sakav da prasam za invalidska firma. Ako po otvaranjeto na invalidska firma i ako ke vrabotiv invalidni lica ke mozete da mi kazete sto ke dobijam osven toa sto ne se plakjat pridonesite? Vo blagodaram od napred.
Во врска со ова прашање информирајте се во Законот за заштита и вработување на инвалидни лица и обратете се во Заедницата за заштита и вработување на инвалидни лица.
Како можам да го тргнам оснивачкото право од Акционерско друштво за да бидам прогласена за технолошки вишок и да ги користам бенефитите од законот за вработување и осигурување при невработеност?
Почитувана, во врска со акциите, доколку ги поседува Вашето акционерско друштво обратете се во Централниот депозитар за хартии од вредност. Што се однесува до вработувањето и конкретно Вашето прашање околу тоа, обратете се во Агенцијата за вработување. Конечно доколку утврдите дека поседувате акции, за да ги отуѓите обратете се за продажба на Македонска берза. Ве пренасочуваме бидејќи Вашето прашање не е во домен на ФПИОМ.
Tatko mi navrsi 64 godini starost i ima okolku 30 godini staz vo firma koja e likvidirana pred 10 tina godini.Otkako podnesovme baranje vo podracnata PIOM i ostanati dokumenti koi ni gi pobaraa ni pobaraa M1 i M2 obrasci za site godini koga tatko mi rabotel za dokaz na negoviot staz iako raspolagaat so M4 obrazci za dokaz na stazot.Nie ja baravme arhivata od taa firma no tie dokumenti *m1 i m2 ne postojat kako ni rabotnickite kniski.???
Во врска со Вашето прашање за утврдување на стаж на осигурување за осигуреник кој работел кај обврзник кое е ликвидиран, а кој според Вас ги има подмирено сите обврски по основ на придонес за сите осигуреници, Ве известуваме дека треба да се обезбедат сите документи со кои ќе се изврши контрола на пријавените податоци. Во случај обврзникот да не ги поседува овие документи, тогаш треба да се обрати до Државниот архив доколку документацијата таму е предадена. Со документацијата која ја имате и за сите други прашања околу предметот обратете се во наделжната филијала или деловница на Фондот каде имате поднесено барање и согасно Законот за пензиско и инвалидско осигуруање одговорните лица ќе постапат во насока на решавање на проблемот по службена должност.
Na lice koe isplnuva uslovi za odenje vo penzija na 22.02.2014godina kolku dena godisen odmor mu sledi za 2014godina?
Исто како и лани, нема разлика во должината.
Slucajno nezvanicno se informirav za mojot staz vo PIOM i izgleda deka poveke od 10 godini vo edna ista rabotna organizacija ne mi se zavedeni. Apsolutno sum sigurna deka vo taa institucija (vo sostav na UKIM) mi se redovno uplatuvani pridonesite za penzisko osiguruvanje. Rabotev od 1980 dekemcri (uplatuvano od 1.01.1980 god. Rabotev do fevruari 2000 godina, sto iznesuva poveke od 18 godini staz,a tamu stojat samo 11 godini (do 1990 g. mislam). Kade i kako mozam da ja proveram sostojbata na stazot vo PIOM za da znam, dokolku ima nekoj propust, da interveniram?
Добар ден, почитувана за да се информирате за стажот односно да добите преглед на регистрираните податоци, ќе мора лично да дојдете во филијалата или деловницата на ФПИОМ каде сте осигурани и тоа со документ за лична идентификација (лична карта, пасош). Податоците на стажот на осигурување, се утврдуваат врз основа на М4 пријави и друга соодветана документација, која е должен да ја обезбеди обврзникот, за плаќање на придонесот т.е работодавачот каде што сте засновале работен однос. Ако обврзникот не е активен, податоците може да ги побарате во Државниот архив, доколку документацијата е предадена во негова надлежност.
Почитувани, имам 24 години работен стаж во државно претпријатие кое подоцна беше привитизирано и ми беше доставено отказ..По тоа од страна на Агенцијата за вработување, а согласно Законот за вработување и осигурување во случај не невработеност ми беше определено да ми исплаќаат паричен надоместок во период од 24 месеци. Па моето прашање е дали тие 24 месеци се сметаат како стаж бидејќи во претходниот закон за пензиско и инвалидско осигурување член 11 став 10 какои осигуреници на пензиско и инвалидско осигурување се сметаа невработени лица кои примаат паричен надоместок до навршување на 25 години пензиски стаж, а со новиот закон е предвидено до навршување на 15години пензиски стаж и каде да се обратам за да тој стаж ми биде внесен бидејќи во подрачната ПИОМ тој стаж не го признаваат, но има судски случаеви на кои подоцна им е тоа признаен..Ме интересира бидејќи согласно предлог законот за стечајци треб ада имам 25 години пензиски стаж во државно претпријатие, а на мене ми е определено дека имам 24...Однапред Ви благодарам..
Добар ден, за да Ви одговориме на прашањето ќе треба да знаеме во која година точно сте го оствариле правото на паричен надомасток до вработување ов Агенцијата за вреботување на РМ и следствено да провериме кој закон важел тогаш.
zdravo sakam da prasam rabotev vo privatna ordinacij 10 godini sega firmata ja likvidirame dali imam pravo na materijalno
За ова обратетете се во АВРМ.
Sum slusal deka ako se priajvis vo agencija za prijavuvanje ke mozes da zemes tri meseci plata, dali e vistina? i kako mozam da go napram toa? Nadomestok na plata!
За ова прашање обратете се во Агенцијата за вработување на РМ. Не е во домен на ФПИОМ.
Zdr imam 28 godini raboten staz vo stecajna firma ad emo ohrid dali ke me sleduva paricen nadomostekok i
Паричен надоместок се исплатува на невработено лице кое било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Во конкретниот случај до колку се уште постои работен однос му следува и правото на надоместок.
Pocituvani, Imam 65 godini starost i peniski staz 11 godini. Dali moze da se prijavam vo agencijata za vrabotuvanje kako domasna pomosnicka uste 4 godini a da ostvaram pravo na penija. Kolku minimalno bi trebalo da uplatuvam mesecno pridones za penzisko osiguruvanje. Blagodaram. Stojan.
So clenot 53 od Zakonot za rabotnite odnosi (Sl.vesnik na RM br.54/2013-precisten tekst), predvideno deka moze da se skluci dogovor za vrabotuvanje na kukjni pomosnici i dogovorot se sklucuva megu rabotodavacot i rabotnikot. Dogovorot vo ovie slucai se zaveruva vo sluzbata nadlezna za posreduvanje za vrabotuvanje. Najmaliot iznos na zarabotuvacka koj zadolzitelno se presmetuva i isplatuva vo pari se utvrduva vo dogovorot za vrabotuvanje i ne moze da bide pomal od 50% od zarabotuvackata na rabotnikot Soglasno zakonot za pridonesi od zadolzitelno socijalno osiguruvawe, rabotodavacot e obvrznik za presmetka Iiuplata na pridonesi. Megutoa, soglasno zakonot za penziskoto i invalidskoto osiguruvanje, osigurenikot se steknuva so pravo na starosna penzija koga ke napolni 64 godini zivot maz odnosno 62 godini zivot zena i najmalku 15 godini penziski staz.
Pocituvani, Imam 66 godini i 11 godini penziski staz.Me interesira dali moze da se prijavam kako domasna pomosnicka i kolku mesecno bi trebalo da plakam pridones za penzisko osiguruvanje. Blagodaram , Nikola
So clenot 53 od Zakonot za rabotnite odnosi (Sl.vesnik na RM br.54/2013-precisten tekst), predvideno deka moze da se skluci dogovor za vrabotuvanje na kukjni pomosnici i dogovorot se sklucuva megu rabotodavacot i rabotnikot. Dogovorot vo ovie slucai se zaveruva vo sluzbata nadlezna za posreduvanje za vrabotuvanje. Najmaliot iznos na zarabotuvacka koj zadolzitelno se presmetuva i isplatuva vo pari se utvrduva vo dogovorot za vrabotuvanje i ne moze da bide pomal od 50% od zarabotuvackata na rabotnikot Soglasno Zakonot za pridonesi od zadolzitelno socijalno osiguruvawe, rabotodavacot e obvrznik za presmetka i uplata na pridonesi. Megjutoa, soglasno Zakonot za penziskoto i invalidskoto osiguruvanje, osigurenikot se steknuva so pravo na starosna penzija koga kje napolni 64 godini zivot maz, odnosno 62 godini zivot zena i najmalku 15 godini penziski staz.
кои документи се потребни за остварување на право на инвалидска пензија.имам решение од комисијата дали ми е потребно и решение за престанок на работниот однос и кој може да ми го даде бидејќи јас сум сопственик на приватна здравствена ординација.
Добар ден, не е јасно Вашето прашање, не е јасно поставено. За какво решение се работи и од која комисија, за какво право? Што се однесува до решението за престанок на работниот однос, Вие како сопственик на здравствена ординација самите го изработувате, и со одјава М1 и М2 се обраќате до Агенцијата за вработување на РМ. Поздрав
Почитувани,ако сум пензионер и земам пензија а во исто време сакам да работам во фирма но не по статус на работен однос(односно да не сум пријавена за осигурување),Ве прашувам,како би се регулирала мојата работа,т.е.кои документи и договори се потребни, и со кого?
Добар ден, почитувана, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување во Член 147 е регулирано дека корисникот на право остварено според овој закон е должен да ја пријави секоја промена што влијае врз правото во рок од 30 дека. Односно во член 148 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување е регулирано дека корисник на пензија додека е во работен однос или додека врши самостојна дејност во Република Македонија или во странство му се запира исплата на пензија.В о однос на прашањето да бидете вработени без да се пријавите во осигурување е незаконски бидејки согласно законот пријавувањето во осигурување е задолжително. Од ова произлегува дека доколку се вработите потребно е да поднесете барање во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за запирање исплата на Вашата пензија од денот кога сте вработени. Секое добро
56god 34staz momentalno stecaec firmata me vrati na rabota19 meseci pak su pod zavodo kako stecaec ako odam na rabota nekade 9 meseci i me proglasi za tehnoloski visok dali me sleduva od zavodo paricen nadomestok do penzija pozdav
Добар ден, согласно Законот за вработување во случај на невработеност, паричниот надоместок следува најмногу 18 месеци. Поздрав
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.