Кон почетната страница
Почетна страница
За uslugi.gov.mk
Контакт
   Услуги од
Министерства
Министерство за внатрешни работи
Министерство за економија
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за здравство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој
Министерство за култура
Министерство за локална самоуправа
Министерство за надворешни работи
Министерство за образование и наука
Биро за развој на образованието
Министерство за одбрана
Министерство за правда
Управа за водење на матичните книги
Министерство за транспорт и врски
Министерство за труд и социјална политика
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи
Царинска Управа на РМ
Секретаријат за европски прашања
Останати Органи
Државен завод за статистика
Државен архив на РМ
Агенција за иселеништво
Агенција за млади и спорт
Агенција за развој и инвестиции
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија
Агенција за катастар на недвижности на Република Македонија
Агенција за вработување на Република Македонија
Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
Централен регистар на Република Македонија
Службен весник на Република Македонија
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Универзитет за информатички технологии - Охрид
Државен универзитет во Тетово
често поставувани прашања
ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИА ЗА ИЗВРШЕНИ ПРОМЕНИ ВО КАТАСТАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ НА ЗГРАДИ (ПОСЕБЕН ОБЈЕКТ, ЗГРАДА, ДЕЛ ОД ЗГРАДА, СТАН И СЛ.)
Станува збор за недвижен имот ( пасиште ) кој со договор за купопродажба е купен во 1992 година и заверен во суд.После веројатно е урбанизирано и е пренаменето во градежно неизградено земјиште.Но сега всушност во имотен лист како сопственик се јавува РМ а не физичкото лице кое го купило пасиштето.Веке е изминат рокот за приватизација па би сакала да прашам кое е решението и на кој начин може да се реши овој проблем односно правото на сопственост.Однапред Ви благодарам
Почитувани,Ако договорот за купопродажба бил спроведен во катастарот,купувачот треба да е корисник на градежното неизградено земјиште.Ако договорот за купопродажба не е спроведен потребно е истиот да се достави со пријава до надлежниот катастар.Во Вашиот случај приватизацијата не е завршена,но постапката ќе се води под други услови пропишани со закон.Со почит,Агенција за катастар на недвижности,
Pocituvani,Ve molam za informacija za koja dokolku ne ste Vie nadlezni da mi kazete kade da se posovetuvam.Na nasiot imoten list sopstvenik na zemjisteto e tatko mi a se pojavuvaat kako korisnici komsiiite.So zakonot za legalizacija sakaat da im dademe izjavi bez da dadat nadomestok sto go koristele poveke god.bez da plakaat danok na imot.Sekako toa go pravese tatko mi.Prasanjeto e dali smeat bez da platat obestetuvanje da legaliziraat del od tug imot,i do koga mozat da koristat tug imot.Vi Blagodaram
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите во вашата Општина како надлежен орган пред кој се води постапката на легализација. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани, Ве молам за информација доколку сте надлежни или каде би требало да се обратам.Се работи за семејна куќа од пр+2 ката за која сакам да извадам имотен лист.За пр+кат имам одобрение за градење од 1978г кое гласи на мене, мајка ми и сестра ми а за 2 кат имам поднесено за легализација.Прашањето ми е на кого ќе гласи објектот, дали на сите тројца.Земјиштето беше во сопственост само на мајка ми и со договор за поклон од мајка ми од 1983г која ми подарува (куќа 107м2 и двор150м2 -целата површина ) на поседовен лист се јавувам само јас а и еведентирани се податоци под објект 107м2 и двор 150м2.Како може да го спроведам само на мое име бидејќи сам учествував во изградбата и на кој начин, а во катастар на веб страницата за таа парцела дава податоци за објекти за приземје во сопственост моја и на мајка ми. Ви благодарам
Почитувани, Ве известуваме дека согласно градежно-техничката документација запишување на објектот се врши на сите лице кои се наведени во правосилното одобрение за градење, а кон пријавата за запишување се доставува и геодетски елаборат за етажен премер изработен од приватна геодетска фирма.
Pocituvani, Ja zavrsivme postapkata za legalizacija na bespravno izgraden objekt - kuka. Za istata promena imame podneseno baranje do Agencijata za katastar na nedviznosti za vpisuvanje na promeni na nedviznosta, se nadevame deka ke dobieme imoten list za objektot. Iisto taka imame podneseno baranje do Ministerstvo za transport i vrski za steknuvanje na sopstvenost na gradezno zemjiste koe se koristi vrz osnova na dogovor sklucen so poranesen sopstvenik od 1975 godina. Sega me interesira za privatizacija na gradeznata parcela KP 3788 so imoten list na poranesen sopstvenik br.25622 . Gradeznata parcela po megusebniot kupoprodazen dogovor iznesuva 308 m2 od koj nie imame otstapeno za pat 23 m2 . Po izrabotkata na elaboratot od starna na ovlastena geodetska firma izleguva deka ni se odzemeni uste 52 m2. Sto zanci deka nie sega za transformacija na gradeznata parcela imame 233 m2. Po koj osnov se odzema ovaa kvadratura ? Zosto ne mozeme da stekneme sopstvenost na celata parcela od 285 m2. Dali moze da mi objasnite poveke po ova prasanje za namaluvanjeto na kvadraturata ili kade potocno da se obratime? Odnapred Vi blagodarime!
Почитувани, Постапката за приајвување на градежното земјиште во државна сопственост е во надлежност на Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи. Согласно законот за приватизација (Сл. Весник на Република Македонија бр 4/05, 13/07,165/08,115/09,18/11 у 48/11), приватизацијата се врши во рамките на градржната парцела. Со почит, Агенција за катастар на недвижност
Pocituvani Ve molam da mi odgovorite za legalizacija na garaza kade sto imame zapazeno rok ama sega ni dojde povratna informacija deka treba da dostavime geodetski elaborat, fotokopija od licna karta ,administrativni taksi i smetka od struja ili voda,ama nie cuvame nekoi dokumenti ama geodetskiot elaborat go nemame ne sni go zacuvale e sega moeto prasanje e kade mozeme da go izvademe kako kopija verna na originalot za da bidat vo celost potpolno sobrani dokumentite i da se legalizira objektot.Odnapred Vi blagodaram.
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Но, согласно Законот за постапката на бесправно изградени објекти (сл. Весник на РМ бр 23/2011, 54/2011 и 155/2012) надлежениот орган при локалната самоуправа (општината) постапил согласно член 6 од наведениот закон. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Ke ve molam da mi kazete kolku e potrebno da se potpisat stanari /vo zgradata se 16 stanari/ za da se izdade odobrenie za nadgradba i pokirivanje na prelazna terasa vo zgrada
Почитувани, Во Вашиот случај потребно е согласност на 50% од вкуониот број на сопственици на становите за започнување на градба. (чл 59а од законот за изменување и дополнување на законот за градење(Сл. весник на РМ бр 18/2011) Со почит, Агенција за катастар на недвижности
vo 1992god.na drzavno zemjiste pod zakup imam izgradeno semejna kuca koja ja leglizirav kako divogradba i istata e vklopena vo DUP.Dali mozam da go otkupam zemjisteto pod stanbenata kuca po edno evro i kako?
Почитувани, Во вашиот случај потребно е да се обратите до Министерството за финансии - управа за имотно правни работи - Одделение за имотно правни работи кое се наоѓа при локалната самоуправа (општина) кое е надлежноза приватизација и и закуп на градежно земјиште кое во државна сопственост.
Pocituvani,ziveeme vo kuka koja vo imoten list pisuva "RM vo odrzuvanje Makedonija Pat Stip" poveke od 50 god,imame dokument koj potvrduva na plakanje kirija do RM.Dali mozeme da stekneme pravo na sopstvenost vrs toj objekt soglasno zakonot za odrzuvanje i stanarsko pravo So Pocit
Почитувани, Во вашиот случај Агенцијата за катастар на недвижности не е надлежа по ова прашање. Вие најдобро е да се консултирате со стручно правно лице заради тоа што треба да се поведе судска постапка. Со почит Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, izdadeno e odobrenie za gradenje koe bese obzaleno od sosedot, vtorostepen organ go ponisti i potoa opstinata donese novo odobrenie za gradenje. Sosedot i ova odobrenie go obzali iako so gradeznata i proketna dokumentacija bese ispocituvano se sto sosedot barase so zalbata. Potoa gradonacalnikot povtorno donese resenie so koe se obdi zalbata. Ke ve molam da ne informirate dali treba da cekame da donese resenie i vtorostepen organ i da cekame pravosilnost na toa ili vrz osnova na vakvo odobrenie za gradenje ke moze da predbelezime pravo na sopstvenost na gradba? Imajki predevid deka zaknot predviduva da moze da se predbelezuva vrz osnova na konecen i pravosilen akt od nadlezen organ, smetam deka ima nejasnotii vo odnos na toa sto e konecno a sto pravosilno, osobeno ako go zememe predvid clen 65-a, od Zakonot za gradenje koj pak pedviduva isklucok od gradenjeto samo vrz osnova na pravosilno odobrenie, DOKOLKU IMA KONECNO ODOBRENIE ZA GRADENJE. So Pocit,
Почитувани, Со оглед дека постои второстепен орган во постапката за одобрение на градба, предметното одобрение не е правосилно и како такво нежеме да го предбележиме во имотен лист. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ме интересира до кога е важноста на Законот за приватизација и закон на градежно земјиште во државна сопственост, бидејќи имам поднесено барање за приватизација до Министерството за финансии, Управа за имотно-правни односи, одделени Охрид, по кое ми е усмено укажано дека постапувањата по барањата завршила и сега не можам да го остварам моето право на приватизација на градежно земјиште стекнато со надомест. Однапред ви благодарам, Александар.
Почитувани, Агенцијата за катастар не е надлежнен орган во врска со вашето прашање. Ви препорачуваме да се обратите до Министерството за финансии - Управа за имотно правни работи Со почит Агенција за катастар на недвижности
Во имотен лист на зграда воградба во Центар 1,во делот Г9.з.вид на прибележување стои:ПРЕДДОГОВОР,ПРЕДБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРЕДДОГОВОР,null,ПРИБЕЛЕЖУВАЊЕ ПРЕДДОГОВОР , ПРИБЕЛЕШКА ЗА КУПОПРОДАЖБА НА СТАН ВО ГРАДБА и ПРИБЕЛЕЖУВАЊЕ.Која е разликата помегју овие 6 видови прибележување.Поздрав и ве молам за побрз одговор.
Почитувани, Поради сложеноста на прашањето ве упатуваме да се обратите до Центарот за катастар на недвижности каде што ќе добиете точна правна помош по однос на вашето прашање. Со почит Агенција за катастар на недвижности
Se raboti za objekt A1semejna stanbena kuca koja po proekt ima vkupno 8stana bidejki zakonot za semejni kuci ne dozvoluva vo proekt sto odi vo opstina da se predvidat povece od 8stna vo kuca.I vo imotniot list se vneseni istite kvadraturi megjutoa na lice mesto ima 12stana po 3 stana na kat.Jas sum sopstvenik na 48/109 od edniot del od stan i na imoten list izleguva i drugiot sopstvenik na drugiot del 71/109 .Znaci imame zaednicki imoten list katastarot ne prifaca fizicka delba za da gi podelime delovite i da si dobieme sopstven imoten list.Tie velat deka bez odobren izvedben proekt ne moze da se podeli imotot,opstinata ne odobruva izvedben proekt bidejki zakonot ne dozvoluva.Zosto katastarot ne odobruva fizicka delba ima li nekoj praven osnov.Ve molam za odgovor.
Почитувани, Поради сложеноста на вашето прашање би ве замолиле да појдете до Центарот за катастар - Скопје доколку сте од Скопје или во подрачното одделение за катастар во вашиот град доколку не сте од Скопје. Со почит Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, Po vtor pat go postavuvam prasanjeto do Vas so nadez deka ke mi odgovorite.Poseduvame stan za koj sto imame praven osnov dogovor za trampa (razmena) od 80-te gogini,koj sto do sega ne e zapisan vo AKN .Pravniot osnov nema pecat od UJP (ne e platen danok na promet)Isto taka imame i nedvizen imot(zemjodelsko zemjiste i kuka) za koj sto imame dogovor za dozivotna izdrska do sega ne e sproveden vo AKN(dogovorot e od 1991 g. i e bez pecat od UJP-ne e platen danok na promet) Prasanjeto e dali mozeme da izvrsime zapisuvanje na nedviznite imoti so pravnite osnovi koi gi poseduvame (dogovor za trampa i dogovor za dozivotna izdrska)iako za niv ne e platen danok na promet, zatoa sto se odnesuvaat na period koga pravnite osnovi nemora da imaat kalauzula za platen danok na promet,soglasno so cl.274 od Zakonot za katastar na nadviznosti. So pocit,
Почитувани, Согласнмо член 35 од законот за даноци на имот потребна е заверка од надлежен орган на управата за приходи, односно за донок на промет на недвижност на договорот за размена и на договор за доживотна издршка за да може да се спроведе во катастарот на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Поради извршена незаконска физичка делба на недвижен имот - нива во 2007, на која физичка делба не бев повикана и не учествував, покренав парнична постапка за поништување на догворот за физичка делба во основниот суд. Во септмври 2011 донесена е правосилна судска пресуда за поништување на договорот за физичка делба и за враќање на катастарските податоци во поранешна сосотојба, какви биле пред склучување на догворот. Судската пресуда ја однесов во катастар за недвижности за да упишат промена на податоците, меѓутоа бараат печат за регулиран данок на промет. На интернет страницата на Агенцијата за катастар на недвижности ја најдов следната информација: 10. Судските пресуди треба да се правосилни и да имаат печат за регулиран данок на промет. Ако на печатот за правосилност стои со рака допишан ГЖ. бр.__, потребно е да се достави и пресудата од Апелациониот суд (окружен). Прашањето ми е, врз основа на кој законски акт се бара печат за данок на правосилните судски пресуди, бидејќи во Законот за данок на имоти не постои таков член. Исто така во овој случај не се врши пренос на право на имот или промена врз основа на наследување, туку враќање на катастарски податоци во поранешна состојба. Исто така според измeни на Законот за даноци на имот во Сл.В 35/11: “ Под промет на недвижности не се смета физичката делба на недвижниот имот.'' Зошто тогаш се бара печат за регулиран данок на судската пресуда која не се однесува на промет на имот? Со почит и однапред багодарам на Вашиот одговор
Почитувани, Потребно е да поднесете писмена претставка до Агенцијата за катастар на недвижности - Сектор за внатрешна контрола од таму за накјраток можен рок ќе добиете писмен одговор. Со почит Агенција за катастар на недвижности.
Pocituvani, Imam dogovor za zazmena na stanovi i dogovor za dozivotna izdrska koi se edniot od 1985 g. a drugiot od 1990 g. i do sega ne se sprovedeni vo AKN.Dali moze da izvrsam zapisuvanje na ovie nedvizni imoti vo AKN so podnesuvanje na pravnite osnovi(dogovor za razmena na stan i dogovor za dozivotna izdrska)koi se bez pecat od UJP odnosno nemame plateno danok na promet,so povikuvanje na cl.254 od Zakonot za katastar na nedviznosti So pocit,
Почитувани, Согласнмо член 35 од законот за даноци на имот потребна е заверка од надлежен орган на управата за приходи, односно за донок на промет на недвижност на договорот за размена и на договор за доживотна издршка за да може да се спроведе во катастарот на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
dali moze individualno da se vrsi otkup na zemjiste pod zgrada vo skopje-vlae, zatoa sto nekoi od stanarite ne se zainteresirani voopsto. istiot problem go imam i so stanot vo dojran i so stanot vo ohrid. sto da pravam ponatamu? so pocit
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности потребно е да се обратите до Управата за имотно правни работи. Со почит Агенција за катастар на невижности
Почитувани, Сакам да поставам прашање во врска со приватизација на земјиште под куќа. Имено куќата е поделена со судско решение од 2003 година помеѓу двајца сопственици на идеални делови, како на стамбениот објект така и на дворната површина. Проблемот со кој се соочуваме сега е дека едниот од сопствениците го има приватизирано дворното место во 2003 година и воедно со техничкото мерење е опфатено и земјиштето под куќата. Другиот сопственикот својот дел од дворното место го има приватизарано во 2006 година. Сега се соочуваме со следниот проблем : двроните површини на имотните листови се појавуваат со право на сопственост, додека земјиштето под куќата се појавува со право на користење. Зошто со првата приватизација се нема опфатено и земјиштето под куќата иако истото е вклучено во теренското мерење како дел од парцелата? Воедно куќата е постара од 20 години, дали со тоа треба да се извади потврда од имотно правни односи дека е извршена приватизација на дворното место и со тоа да се достави до министерството за транспорт и врски, каде во рок од 2 недлеи би требало да дојде до промена на сопственоста? Во дирекцијатаза имотно правни односи не можеа да ни дадат одговор на ваквото прашање, исто така и во агенцијата за урбанизам. Сега сме во дилема што би можело да се направи за да се дојде до приватизација на земјиштето под куќата, со оглед на тоа што станува збор за објект постар од 20 години? Однапред благодарам
Почитувани, За да можеме да ви помогнеме ќе треба да се обратите со точки индикации, поконкретно со Катастарска Парцела и Катастарсарска општина. Со почит Агенција за катастар на недвижности
VE molam za malku vnimanie i pomos.Majka mi poseduva dve delovni prostorii vo zgrada na prizemje.Sega saka da go prefla imotot na nas decata, no nemoze da go naje kupopradazniot dogovor, za vrz osnova na nego da se izraboti elaborat i imoten list(pri kupuvanje ne e izraboten elaborat 1991god). Pri prefrlanje na imotot po smrtta na tatko mi postoi deka gi nasleduva prostoriite so katas.broevi. no dokumentot nemoze da go najde. Prasanjto e kade da dostavime molba za toj dokument, i kako e ponatamosnata procedura za da se doje do imaoten list? Vi blagodaram
Почитувани,Документацијата која Ви недостасува можете да ја прибавите од правниот субјект кој бил продавач на деловниот простор.Со почит Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани, Дали има некоја официјална методологија за пресметување на реалната квадратура на стан? Во преддоговорот за стан (пред да излезе имотен лист) се договоривме со продавачот дека цената е за 84 м2, при што доколку има промена во квадратурата ќе се измени и цената со наведување на цената на квадратот. Со излегувањето на имотниот лист, квадратурата на станот е 80 м2, со тераса од 5м2. Прашањето е дали при вака направен преддоговор, квадратурата на станот се смета 80+5=85м2 или 80 + (5 * 0,75) = 83,75 м2? Доколку не е во ваша надлежност, посочете ми каде да го испратам прашањето? Поздрав
Почитувани, Во катастар на недвижности, предметната недвижност се запишува врз основа на извршениот премер на лице место, односно корисна површина на стан има соодветна квадратура, додека површините на помошните простории- тераса се запишува како помошна површина со целокупната површина. Површината на тераса не влегува во корисна површина на станот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
baram da me upatetE kako e redot na rabotite za steknuvawe na pravo na sopstvenost na izgradena kuca vo redovna postapka ,dobieni se site potrebni dozvoli ,imeno so sklucen kupoprodazen dogovor na radezna parcela vo 1986 god,mojot tatko(so polnomosno) izgradil kuka za koja vo dokumenytite za gradenje gradele glasele na IME NA PRODAVACOT NA PLACOT,i urbanistickata i resenieto glasat na negovo ime .kade da se obratam za da dobieme pravo na sopstvenost na nasata kuca .Kucata ne e upisana dosega vo katastar.
Почитувани, Катастарот запишувањето на права на недвижности го прави врз основа на правно валиден акт и на лица на кои е издадена градежно техничка документација. Откако ќе добиете Имотен лист на име на лицата кои се назначени во градежната дозвола потребно е кај нотар да извршите пренос на недвижност на Ваше име. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
baram da me upatetE kako e redot na rabotite za steknuvawe na pravo na sopstvenost na izgradena kuca vo redovna postapka ,dobieni se site potrebni dozvoli ,imeno so sklucen kupoprodazen dogovor na radezna parcela vo 1986 god,mojot tatko(so polnomosno) izgradil kuka za koja vo dokumenytite za gradenje gradele glasele na IME NA PRODAVACOT NA PLACOT,i urbanistickata i resenieto glasat na negovo ime .kade da se obratam za da dobieme pravo na sopstvenost na nasata kuca .Kucata ne e upisana dosega vo katastar.
Почитувани, Катастарот запишувањето на правата на недвижностите го прави врз основа на правно валиден акт и на лицата на кои е издадена градежно техничката документација. Откако ќе добиете Имотен лист на име на лицето кои се назначени во градежната дозвола потребно е кај нотар да извршите пренос на недвижноста на Ваше име. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
baram da me upatetE kako e redot na rabotite za steknuvawe na pravo na sopstvenost na izgradena kuca vo redovna postapka ,dobieni se site potrebni dozvoli ,imeno so sklucen kupoprodazen dogovor na radezna parcela vo 1986 god,mojot tatko(so polnomosno) izgradil kuka za koja vo dokumenytite za gradenje gradele glasele na IME NA PRODAVACOT NA PLACOT,i urbanistickata i resenieto glasat na negovo ime .kade da se obratam za da dobieme pravo na sopstvenost na nasata kuca .Kucata ne e upisana dosega vo katastar.
Почитувани, Катастарот запишувањето на правата на недвижностите го прави врз основа на правно валиден акт и на лицата на кои е издадена градежно техничката документација. Откако ќе добиете Имотен лист на име на лицето кои се назначени во градежната дозвола потребно е кај нотар да извршите пренос на недвижноста на Ваше име. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Neznam na kolku vrati tropnavme i nikoj nez znae da mi ja objasni procedurata za slednovo. Vo Debar maalo imame semejna kuka. Mestoto pod kukata e kupeno, a sega sakame da go kupime i dvornoto mesto. No taa parcela se vodi kako zaednicka nas nas i nasite sosedi, koi so investitor na toa mesto izgradija zgrada. Sega dvornoto mesto se vodi na 6 sopstvenici, iako polovinata e nase. Sto treba da napravime za da se odvojat parcelite, po sto ke mozeme da go otkupime?
Почитувани, Најпрво предметната КП потребно е да се приватизира, па потоа да се изврши физичка делба. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, ve molam da mi kazete, sto se smeta za kuka a sto za stambena zgrada? Prashuvam bidejki sme vo postapka na legalizacija na prosiruvanje na kuka so poveke stanovi (5) i me interesira dali ke bideme opredeleni so 1 EUR od kvadrat, ili po redovna cena. Blagodaram
Почитувани, Значењето на поимот - станбена зграда е опфатен со Законот за домување. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ви пишувам во врска со настанат проблем со земјиште во КО Радишани (КП1938/1). Во 2009 купивме куќа во нас. Радишани( бараките на треска) и истата веднаш е заведена на мое име во АКН. Во 2010 год. извршивме и приватизација на земјиштето која до тогаш беше во сопственост на Р.М. и истата уредно веднаш е спроведена во АКН. Во 2011год.(без да не известат) истата парцела е повторно вратена во сопственост на Р.М(право на користење има Р.М.-собрание на град Скопје). Понатаму во истата 2011год. предходниот сопственик на куќата поднесува документи за приватизација на земјиштето, притоа користејќи стар и невалиден документ (договор од Треска за купување на бараката од 1979) . По поднесувањето на овој невалиден документ во катастарот, тој добива одобрување за откуп на земјиштето и во 2012 добива и решение за приватизација на земјиштето, кое од тогаш станува негова сопственост. Последниов период на неколкупати бев во АКН, од кај што ме препраќаа во Оделение за имотно правни односи-Чаир и назад во АКН(неколкупати). Истите ја увидоа грешката но никој не превзема одговорност за исправање на грешката. Па затоа би сакал ако сте во можност да ми одговорите неколку прашања за да пробаме што поефикасно и побрзо да го решиме проблемот: Прво, на кој основ ми е одземено сопственичкото право на земјиштето?? Второ, дали може лице да приватизира државно земјиште, а притоа на истото да има куќа која не е во негова сопственост???(куќата е во моја сопственост) Трето, ќе може ли да ми посочите што следно треба да направам за да се исправи направената грешка, која ја увидоа институциите кои предходно ги наведов????? Дали сте во можност да ми дадете контакт телефон на кој би можел да закажам состанок со Генералниот директор на АКН ви благодарам однапред
Почитувани, Во катастарот на недвижности се спроведуват промени врз основа на приложени правни акти. Кај Вас станува збор за сопственост на иста недвижност на различни сопственици. Потребно е да се обратите во институцијата која ги издала решенијата за приватизација. Контакт телефон во кабинетот на Генералниот директор на Агенцијата за катастар на недвижности е 02 3171 668. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ме интересира дали со собрани 51% потписи од станарите во една зграда може да се дозволи изградба на станбен простор на местото на заедничката просторија и тераса на зградата
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, обратете се во надлежната општина до секторот за урбанизам и градежништво. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
poseduvam stan na ulica Ankarska br.21/35 Skopje opstina Karpos.Toa e 9 kat od zgradata, nad koj ima potkrovje stan od 102 m/2. Od terasata na potkrovjeto veke 20 god. mi tece vo dnevnata soba. Ivesten e upravitelot na zgradata.Razgovarano e so sopstvenickata na stanot( postojano) da izo;ira odvoden sifon i terasa. Razbiranje nema, situacijata po dozdovi se povtoruva.Kade da se obratam , znam deka toa trba da bide inspektorat za domuvanje i gradezna inspekcija za da se prevzeme nekoja merka i natera sopstvenickata doktorka po profesija Mimi Gavrilovska , koja veli nema pari da go sanira potkrovjeto. VE molam dadete mi patokaz sto da napravam, tel. adresi i sl. za da go otstranam ova stradanje vo zivotot. Vi blagodaram Snezana . razocarana stanarka koja veruva vo sistemot na drzavata.
Почитувани, Прашањето кое го поставивте не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, Bi sakala da Ve zamolam da mi posocite kade treba da se obratam za problemot koj go imam. Problemot e sleden: vo 2010 godina izgradivme kuka karabina vo opstina Ilinden (so site dokumenti, odobrenija, plateni komunalii i sl.). Sega sakame da dobieme upotrebna dozvola za kukata megutoa pri novo geodetsko merenje bese utvrdeno deka kotite na kukata se malce izmesteni (konkretno e otideno eden metar nazad od ulicata od ona sto e navedeno vo protokolot). Stranicno (vo odnos na komsiite) i vo kvadratura nema nikakvi promeni. Vo katastar ni rekoa deka treba da napravime izmena vo protokolot za gradba. Bi Ve zamolila da ne upatite kade tocno i vo koj oddel da se obratime vo opstina Ilinden za da se napravi taa promena. Odnapred Vi blagodaram.
Почитувани, Потребно е да се обратите до институцијата која ги издала наведените документи, односно во Општина Илинден. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, имам пописен лист од две парцели, па би сакал да знам дали е можно податоците од пописниот лист да се внесат во податоци од имотниот лист, или дали е возможно врз основа на податоците од пописен лист да се извади имотен лист? Благодарам однапред.
Почитувани, За да добиете имотен лист потребно е да поднесете барање за запишување на правата со приложен геодетски елаборат и правен основ. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ве молам за информација каде треба да пријавам отпочнување на активности за градење на индивидуален станбен објект за домување со правосилно одобрение за градење? Ми рекоа дека е тоа Градежна инспекција но никако неможам да најдам каде се лоцирани или пак нивна веб страна или пак телефон. Благодарам однапред! Биљана.
Почитувани, За информација обратете се во надлежната Општина од каде имате добиено одобрение за градба. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Се работи за имотен лист стар бр.493 , КП 648/1 и КП 648/5 , КО Горно Лакочереј , Охрид кои беа во сопственост и владение на нашиот татко кој почина во 2009 година.По спроведена оставинска постапка наследници на двете катастарски парцели сме јас и мојот брат.Во 2010 година извадивме ИЛ број 493 кој гласеше на нашиот татко за да извршиме промена во катастарот во Охрид .После неколку дена на вашата официјална страница видовме дека имотниот лист број 493 не постои и новиот број е 3215 , а двете парцели имаат нови броеви 1998 и 2021 , но истите гласат на друго име , односно на име на нашиот сосед , а јас и брат ми сме сопственици на наговите парцела КП 2000.Сметавме дека оваа техничка грешка треба да се исправи и затоа доставивме барање за исправка на техничка грешка до АКН Одделение Охрид под број 1113-2197/2013 од 23.09.2013 година. На ден 18 Октомври 2013 година јас Стамен Стојаноски и мојот брат Љупчо Стојаноски имавме консултации во врска со предметот бр.1113 – 2197/2013 од 23.09.2013 година , а во врска со исправка на техничка грешка на Имотен лист 3215 и КП 2012 и 1998 во КО Горно Лакочереј. Средбата беше закажана телефонски на 15.10.2013 година ( 13,30 часот ) со правничката Иванка Котеска а беше повикана и архитектот Анета Секуловска - Јованоска и Митра ( презиме непознато ). На наше прашање како може да се направи таква грешка да нашите парцели се запишат на име Борис Стојаноски а неговите парцели на наше име Стамен Стојаноски и Љупчо Стојаноски едноставно не добивме одговор.Ни посочија да ангажираме овластен геодет за да го среди тоа , а на наше прашање како овластениот геодетот ќе го среди тоа кога и тој ќе бара веродостоен имотен лист , односно како ќе направи елаборат за парцелите кои ние ги поседуваме и се во наше владение и се стекнати во оставинска постапка а , кои по грешка на АКН се запишани на туѓо име ( Борис Стојаноски ), и за тоа не добивме одговор од вработените во АКН Охрид. По наше барање но претходно не најавени бевме примени од страна на Раководителот на АКН Одделение Охрид , Ана Димитрова.И покрај нејзиниот ангажман околу изготвување на извештаи сепак одвои време да не сослуша и во кратки црти да го образложиме нашето барање.Од нејзина страна беше посочено дека и треба време да го разгледа предметот , и затоа ни одреди термин за 29.10. 2013 година во 10,00 часот да не прими и подетално и заеднички да го разгледаме предметот. Меѓутоа на вашата веб страница објавено е дека нашето барање е одбиено.Ние се прашуваме како може да се случат вакви грешки од кои можат да произлезат несогледиви последици помеѓу лугето , во смисла на купопродажба на имот , ставање под хипотека изградба и слично .Ние бараме докази за правниот основ по кој се извршени овие промени кога нема никаков правен основ . И со авинското снимање видно е дека парцелите се истите и дека на нив се изградени во 1965-1966 година и од тогаш ништо не е променето .АКН -Охрид има донесено решенија со кои на една парцела се запишани 15 сопственици , додавани се повшини на парцелите и мислам дека толку е измешано се и не занеме како сега тоа ке се среди.Во постапка сме на легализација на куќата а кој рок завршува во Јуни 2014 година.
Почитувани, Ви укажуваме да се јавите на посочениот термин и заедно со раководителката на Одделението за катастар на недвижности Охрид заеднички да го разгледате предметот. Доколку има пропусти од страна на службите ке се постапи по службена должност, во спротивно ке Ви биде укажано како понатаму да постапите. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, Sakame da kupime stan vo novogradba vo Gjorce Petrov koja seuste e vo gradba? Me interesira dali listot za predobelezuvanje koj go imaat e dovolen dokaz deka gradbata e legalna? Me interesira soglasno na koj zakon e definirano voveduvanjeto na ovoj list? Dali toj e dovolen za kupuvanje na stan i dobivanje na kredit od banka? Vi blagodaram
Почитувани, Листот за предбележување се добива врз основа на издадено одобрение за градење и проект. Листот за предбележување претставува основ за склучување на преддоговор кај нотар и за востановување заложно право кај банките. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani ako mozete da mi odgovorite do koga e rokot za legalizacija?
Почитувани, Потребно е да се обратите во надлежната општина, односно во општината која е надлежна за постапката за легализација. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Дали овластен геодет сега кога се врши легализација на бесправно изградени станбени етажни објекти,при физички неподелен имот, кој имот е запишан според катастарот на земјиште во КО Маџари КП 1568, куќа со доградба(куќата легално изградена и запишана во Имотен листбр.66662),,а доградбата која преставува посебна функционална целина со посебен влез, пола изградена легално, а незапишана во имотен лист и пола нелегално изградена може да направи физичка делба? Дали исто така овластениот геодет може да изготви геодетски елаборат за целата станбена површина на доградбата како бесправно изграден етажен станбен објект?
Почитувани, Од прашањето е малку нејасно дали сакате да ја делите само доградбата за која велите дека е половина легална, а половина нелегална. Физичка делба може да се направи само на легално изградени објекти кои во имотен лист се запишани со право на сопственост. Доколку сакате подетално да го образложите проблемот можете да се обратите во Агенцијата за катастар на недвижности во Секторот за внатрешна контрола и надзор за да добиете поконкретен одговор. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Пред извесно време купив нов стан од Инвеститор во Општина Аеродром. Бидејќи во Правилникот за начинот на катастарскко класирање неможев да најдам како класирате изградено земјиште. Се работи за следниот проблем: Со купувањето на станот, го купивме и земјиштето под зграда, но во имотниот лист бр. 51483 има уште една катастарска парцела со култура „други вештачки неплодни земјишта“. Неможам да добијам информација што се подразбира под оваа култура кога целата површина е изградена? Имам уште едно, за мено поважно прашање за кое ве молам доколку сте во можност да ми одговорите. Со купопродажниот договор Инвеститорот ми продава и земјиште 1/16 од КП755 дел 53 од 818 м2 со имотен лист бр. 51483, кое претставува површина на едно паркинг место и површина за заедничка комуникација во како што е наведено ПАРКИНГ ЗОНАТА. Доколку Инвеститорот ова земјиште го продава како паркинг места за кое зема околу 50 000 евра, како е запишано во Катастарот на недвижности со култура дворно место? Исто така ве молам за одговор кога веќе Инвеститорот ни го продава земјиштето на определен број на станари, како се запишани гаражите на ниво -1 и -2 кои се лоцирани под нашето земјиште со катастарска култура „дворно место“. Какво право имаат станарите кои купиле подземна гаража која се наоѓа под „нашето дворно место“. Ве молам за одговор, бидејќи ми се отворија многу нелогичности со оваа работа. И најважното каде да се бара одговорноста? Можеби во геодетската фирма што ги правела елаборатите или можеби Инвеститорот? Со почит Бобан Стојановски
Почитувани, Правилникот за класирање се однесува за земјоделско земјиште, а не за градежно изградено земјиште. Што се однесува до уписот во катастар, се врши согласно приложените правни акти и геодетскиот елаборат приложен кон пријавата. За дополнителни информации можете да се обратите во Агенцијата за катастар на недвижности на бесплатната инфо линија 0800 80 800. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Пред извесно време купивме стан во нов објект од приватен Инвеститор. Освен станот со дел од соседите купивме и паркинг места со земјиштето, а кои во имотен лист се водат под дворно место. Прашањето е следно: Дали Инвеститорот смее да ни го продаде земјиштето само нам, бидејќи под него има изградено две нивоа подземни гаражи, кои исто така ги продаде на соседите. Дали утре соседите можат да бараат право на сопственост на земјиштето, бидејќи купиле гаража на ниво -1, а над нив земјиштето е на друг сопственик? Однапред ви благодарам на одговорот. Поздрав, Надица
Почитувани, Агенцијата за катастар на недвижности е јавна книга во која се запишуват правата на недвижностите согласно со правните исправи составени во законски пропишана форма, без да практикува дали исправите за правен основ се составени, односно донесени согласно со закон. Доколку се склучи договор кој ги содржи податоците од катастар на недвижности и истиот е донесен од надлежен орган( во конкретниот случај нотар) истиот ќе биде спроведен, а дали во иднина некој друг може да бара одредени права, не е прашање во надлежност на катастарот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Живеам во нова зграда која има 14 стана. Во имотен лист за дм и зпз ми пишува дека поседувам 1/14 од дм и 1/14 од зпз. Меѓутоа инвеститорот и покрај тоа го има продадено дворното место за паркинг простор на само два стана. Како е тоа можно кога во имотен лист стои дека веќе имам право на 1/14 од вкупното дворно место, за кое пишува дека е сосопственост. На станарите кои дале пари за паркинг простор пред зграда им е кажано дека ќе добијат документ за трајно користење на местото, а не имотен лист. Дали е можно да ни се одзема дворното место на таков начин? (мој имотен лист е 94295 а за дм и зпз 3338 Ѓ.Петров 6 парцела бр 8476) Ве молам за одговор.
Почитувани, Во ИЛ. 3338 КО Ѓорче Петров 6 на име Стојчевски Ненад е запишан идеален дел од 2/28 од КП 8476 дворно место од 257 м2. Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, за правен совет во врска со уредувањето на меѓусебните односи меѓу станарите и инвеститорот потребно е да се обратите до адвокатска канцеларија. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
не ми е јасно дали по грешка или со некој закон правото на сопственост на новите имотни листови ми се појавува како корисничко право .
Почитувани, Правото на сопственост не може по грешка да се појавува како корисничко право. Доколку имате правен основ за сопственост ( приватизација и слично ) потребно е да се поднесе за да се запише сопственоста наместо корисничкото право. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Koja epostapkata za fizi;ka delba i kako se sproveduva,dali e mo\no da se sprovede i bez soglasnost na drudata strana
Почитувани, Постапката за физичка делба , доколку постои согласност меѓу двете страни за начинот, физичка делба се спроведува преку нотар со склучување на Договор за физичка делба, а врз основа на претходно изготвен геодетски елаборат во приватна геодеска фирма. Доколку не постои согласност меѓу двете страни , физичка делба се спроведува во судска постапка преку надлежен суд. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, склучив преддоговор за купување на деловен простор и ме интересира колкав данок на промет треба да платам за истиот ?! (вредност, малку помала од 20.000 ЕУР). Однапред ви благодарам.
Почитувани, За одговор на ова прашање потребно е да се обратите до Управа за јавни приходи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
pocituvani ve molam da mi objasnite dali e mozno,majkami ima ostavina od nejziniot pokoen tatko i edni drugi rodnini se naselile na sila na nasiot imot pominaa 30 godini i ne osudia i si go prisvoija mestoto dali e toa mozno i kakov e ovoj zakon da ne se priznae ostavinata na majka mi.
Почитувани, За истото треба да се консултирате со адвокат за објаснување на постапката која се води согласно закон за наследување Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani dali izvrsitel ima pravo da podnese baranje za zapisuvanje na nedviznost koja e so nezapisani prava
Почитувани, Ве известуваме дека како подноител на пријава за запишување може да се јави носителот на правото на недвижноста, негов законски застапник, полномошник, овластен претставник, законски наследник, заинтересирано лице или лице кое е овластено да бара запишување согласно со закон Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, vrz osnova na meguseben dogovor od 1963 e kupeno zemjiste vo koe ziveam 50 godini megutoa togas ne e izvrsena promena na korisnicko pravo, sto znaci seuste kako korisnici se vodat prethodnite sopstvenici. Sakam da prasam bidejki go nemame originalot dogovor tuku imame kopija, koi drugi dokumenti bi bile validni za promena na korisnickoto pravo , osven izjavi od prethodnite sopstvenici bidejki tie se pocinati. Dali taa kopija od dogovorot bi mozela da stane validna ili postoi drugo resenie?
Почитувани, За да се изврши запишување на правото на сопственост на недвижен имот во катастарот на недвижности или да се изврши промена во катастарот на недвижности потрбно е договорот за купопродажба да биде судски заверен односно солемнизиран кај Нотар, да има доказ за платен данок на промет и да биде или оригинал или копија заверена на нотар. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Поцитувани.Мајка ми во 1966 год на мене и на мојот брат со договор за поклон ни подари по 350 м2 земјиште КП-8744 и КП-8745.Во 1974год едниот брат гради куќаа на неговата парцела и на дел од другиот брат.Сите услови за градба односно целата документација одобренијата се издаваат на двајцата.Во 1992 годсо пресуда братот му признава дека тој самиот си ја има градено куќата која која е изградена на ГП-158 а на КП-8745 и на дел-8744.Во 2003год со пресудата од 1992 целото замјиште во катастарот е заведено на негово име.Односно мојата катастарска парцела повеќе ја нема односно ми се одзема сопственоста.Благовремено реагирав до катастарот со претставка по која имаше и службена пријава која беше само евидентирана а не ми беше одговорено ни позитивно ни негативно.Ме тераат проблемот да го решам на суд.Но зошто поради несовесност на некој слижбеник јас да ги сносам сите трошоци. Како можам да си ја повратам сопственоста на парцелата кој ја имам стекнато по основ на поклон која ја поседував повеќе од 30 год.Одговорот им беше дека Агенцијата немала механиза да ја поправи грешката а има механизам да ја направи без притоа никој да не одговара поздрав
Почитувани, За истото потребно е да побарате стручна помош односно да се обратите кај адвокат Со почит, Агенција за катастар на недвижности
vo vrska so dobien odgovor na prasanje dali moze izvrsitel da podnese prijava za zapisuvanje ve molam da mi odgovorite poprecizno bidejki jas sum obicen neuk graganin pa sea ve molam da mi odgovorite dali izrsitelot spaga vo taa grupa koja ste ja citirale vo odgovorot подноител на пријава за запишување може да се јави носителот на правото на недвижноста, негов законски застапник, полномошник, овластен претставник, законски наследник, заинтересирано лице или лице кое е овластено да бара запишување согласно со закон Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, За истото потребно е да се обратите до извршител кој во согласност со Законот за извршување ке Ви даде подетален одговор Со почит Агенција за катастар на недвижности
Јас Дејан Анѓелковиќ од Скопје се појавувам на имотни листови 37108 и 37109 би сакал да вие правно да ми протолкувате што уствари јас поседувам. Доколку е земјиште какво земјиште и колкава површина.Воедно доколку е објект каков објект и колкава површина ?
Почитувани, За да се произнесеме по однос на прашањето потребни ни се поконкретни податоци односно во која катастарска општина се наогаат цитираните парцели.Исто така доколку извадите имотен лист во истиот може да ги прочитате сите податоци по однос на недвижноста,а исто така може да во помогне и легенда која ја содржи имотниот лист. Со почит Агенција за катастар на недвижности
pocituvani ve molam ako moze da mi pojasnite sto se podrazbira pod poimot ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИЗГРАДЕНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ КОЕ ПОСТОИ ЗГРАДА i dali toa treba da se legalizira t.e. da se otkupi po 1 evro m2
Почитувани, По однос на истото, Ве известуваме дека Агенцијата за катастар на недвижности не е надлежна за постапката за приватизација на земјиште врз кое е евидентирано корисничко право. Од таа причина потребно е да се обратите до Министерство за финансии Управа за имотно правни работи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani Imam kupoprodazen dogovor od 1995 god so gradeznoto pretprijatie Pelagonija na otplata od 40 god i me interesira dali za danokot na promet sum oslobodena ili ne?
Почитувани, по однос на истото Ве известуваме дека Агенција за катастар на недвижности не е надлежна за плаќање на данок на промет и од таа причина потребно е да се обратите до Управа за јавни приходи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ме интересира дали на проекти изработени за издавање на урбанистичка согласност во 1967 година се правела заверка само на првата страна и приземјето, додека на катовите, терасите и пресеците не се заверувани? Благодарам.
Почитувани, По однос на истото Ве известуваме дека Агенцијата за катастар не недвижности не е надлежна за постапката за издавање на градежно техничка документација и од таа причина потребно е да се обратите пред надлежната општина сектор за урбанизам Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани. На имотен лист (по нов катастар) кој фигурира личност кој има незапишани права на недвижноста, како може да се врати земјиштето по стар катастар на кој ќе се појават повеќе личности, а нивна согласност за враќање нема, односно не сакаат, ниту даваат матични броеви, а потребен е имотен лист за водење на судска постапка?? Ви благодарам
Почитувани, По однос на истото Ве известуваме дека за да се изврши запишување на правото на сопственост во катастрот на недвижности по основ на податоци од катастарот на земјиште потребно е во надлежното Одделение за катастар на недвижности да поднесете пријаза за запишување, геодетски елаборат за запишување од приватна геодетска фирма и доказ за платен надоместок. Со почит, Агенција за катастарот на недвижности
Pocituvani :Imam stan vo koj ne ziveam i ne go izdavam pod kirija.Zaradi toa sto sum se izjasnil deka ne ziveeam vo stanot plakam duplo danok od odredenata suma za danok.Sega upravitelot na zgradata bara od mene da plakam mesecno po 300 denari tekovno odrzuvanje na zgradata i 50 denari za rezerven fond.Me interesira dali treba da plakam za redovno odrzuvanje bidejki ne ziveam vo stanot i ne gi koristam tie uslugi.Jas mislam deka treba da plakam samo za rezerven fond.Ve molam da mi odgovorete sto da pravam .Odnapred vi se zablagodaruvam i ve molam za odgovor.
Почитувани По однос на истото Ве известуваме дека Агенцијата за катастар на недвижности не е надлежна. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Добар ден, Ме интересира каде можам да пријавам изместување и делумно оштетување на заедничка ограда од постоечки коти од страна на комшија кој постојано истовара големи количества на дрва за огрев и ја изместува оградата од постоечките коти живеам во Општина Куманово
Почитувани, По однос на истото Ве известувам дека Агенцијата за катастар на недвижности за истотот не е надлежна. Со почит Агенција за катастар на недвижности
poseduvam sopstvena kuka poveke od 40 god. dali za privatizacijata na dvorot mora da pravam elaborat kaj privatni agencii, iako ne e nisto sporno vo sopstvenosta na imotot. Ne mi se izdava imoten list (imam posedoven) zatoa sto trebalo da bidam prisuten na nekoe izlaganje, koe jas so 80 god. neznam ni stoe toa.mestoto mi e kupeno i s e vo red so dokumentite, samo zaradi ova me teraat da pravam dupli trosoci. kako da postapam, i dali mora da pravam trosok od okolu 7000 den kolku sto mi baraat za nekekov elaborat i premer, iako nemam nikakvi promeni vo imotot.
Во врска со приватизацијата на земјиштето на кое се наоѓа Вашата куќа, потребно е да се обратите до Министерство за финансии кое е надлежно за таа постапка. Во постапката пред Министерството за финансии ќе Ви биде потребен имотен лист во кој ќе бидат утврдени правата на користење на земјиштето и право на сопственост на објектот. Со оглед на фактот што не сте зеле учество во постапката на излагање потребно е најпрво да се изработи геодетски елаборат и заедно со документацијата која ја поседувате за куќата да поднесете барање до Центарот за катастар на недвижности Скопје да Ви се изврши запишувањето на соодветните права.
Имам одобрение за градба од 1971 година кое што не е правосилно издадено од државен архив на РМ. Дали со такво одобрение можам да ја запишам мојата куќа во Агенцијата за катастарот на недвижности?
Документ издаден од Архив на РМ се смета за правно валиден акт.
Во преговор сум за купување на куќа, стан и земјиште во Македонија. Бидејќи не живеам во Македонија, барав од продавачот да ми достави веродостојна копија од законска фирма таму, за вредноста на недвижноста што сакам да ја купам. Продавачот ме убедува дека таква установа или квалификувана особа/ агенција не постои? Точно ли е ова? ако не е ве молам кажете каде да се обратам
Вашето прашање не е во надлежност на Агенција за катастар на недвижности. За вредноста на недвижноста можете да добиете каталошка цена од Управа за јавни приходи но тоа е откако ќе ја купите недвижноста.
Дали може да направам имотен лист само за вториот спрат од мојата куќа без да ми е цртана куќата во катастарот но притоа ги имам сите документи. Моментално немам толку пари да напраам имотен лист за целата куќа.
Постои таква можност, а постапката зависи од тоа за која катастарска општина станува збор, односно дали е востановен или не катастар на недвижности во соодветната општина.
Во врска со добиен одговор на прашање дали може да направам имотен лист само за 2 кат од мојата куќа јас сега имам само поседовен лист во кој пишува катастарска култура нива а имам одобрение за градба протокол и проекти и сакам да направам само имотен лист за вториот кат за да можам да го ставам под хипотека бидејќи од банка ми бараат имотен лист.
Потребно е да извршите поединечен упис на објектот и кон барањето треба да приложите: геодетски елаборат од приватна фирма, градежно- техничка документација, потврда дека имотот не е под хипотека.
Имам поднесено барање за измена на катастарскиот план операт за КО.Центар 1 Уп.бр 1117/10607 на ден 06.08.2004година. На 06.03.2006год.Послае цели 2години ми се врати решение од државен завод за геодетски работи-сектор за премер и катастар-Скопје дека е одбиено моето барање. На истото решение дадовме жалба на ден 12.03.2007 год.со што до ден денес после дадената жалба немаме добиено никаков одговор со некаков претекст дека не мозаат да го најдаат предметот никаде и само ме шетаат од Скопски до републички катастар без никаков одговор .Се надевам дека ке ми помогнете да го решиме овој "Историски проблем".Ви благодариме од напред. на дадената залба до комисијата имотен лист за стан
За предмет Уп.бр.1117/10607 од 06.08.2004 година донесено е решение на 06.03.2006 година и истото уредно е доставено до странката Мифтари Енвер на 15.03.2006 година видно од доставницата. За истото Решение странката поднела жалба на 12.03.2007 година која жалба со Решение Уп.бр.1117/10607 од 10.04.2007 година е отфрлена како ненавремена. Решението од 10.04.2007 година уредно е доставено до странката на 18.04.2007 година и истото е станато правосилно на 23.05.2007 година и со тоа целокупниот предмет со сите списи е архивиран во архивата на Центарот за катастар на недвижности Скопје.
Кои документи се потребни за упис на зграда катност.
За упис на зграда потребна Ви е следнава документација: - проект; - локациски услови; - урбанистичка согласност и - одобрение за градба.
Предмет: Откуп на дворно земјиште на приватна куќа Подготвувам документи за да поднесам барање за откуп на дворно земјиште. Живеам во куќа (барака) во населба Тафталиџе за која имам Имотен лист издаден од Катастарот на недвижности. Во списокот на документи што треба да се поднесат стои дека треба да се приложи и „Геодетски елаборат за нумерички податоци„. Бидејќи имам Имотен лист во кој јасно е напишана квадратурата на парцелата, дали има потреба да се прави и поднесе Геодетски елаборат? Благодарам однапред на одговорот.
Потребно е да се направи геодетски елаборат бидејќи со истиот треба да се спореди урбанистичката парцела со катастарската парцела. Приватизацијата се врши според урбанистичката парцела а не според катастарската парцела.
Вселива зграда, технички прием направен, употребна дозвола земена, имам купено стан во истата...што ми е потребно сега за да можам да добијам имотен лист?
Почитувани, Потребно е зградата со целокупната документација да се запише во Центар за катастар на недвижности Скопје а потоа да направите купопродажен договор на нотар со сопственикот на зградата. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
За да ја запишам мојата куќа во катастар која ја имам градено пред 2000 година дали е потребно да имам одобрение за употреба или не?
Почитувани, Доколку се работи за објект кој не е од јавен интерес согласно Законот за инвестициона градба не е потребно одобрение за градење. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани , ве молам да ми дадете дефиниција што е тоа имотен лист и каква сигурност добива граганинот со добивање на имотен лист? пријатен работен ден.
Почитувани, Имотен лист се издава во катастарски општини каде што е востановен Катастар на недвижности. Имотниот лист содржи информации за сопственикот на имотот, земјиштето, објектите и има посебен дел за забелешки и ограничувања односно товари или хипотеки. Имотниот лист ги покажува правата врз запишаната недвижност и претставува доказ за сопственост на имотот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Zdravo, Me interesira dali za da prodadam nedviznost za koja imam samo posedoven list, bidejki nema vostanoveno katastar na nedviznosti, mozam toa da go napravam bez prethodno da se upise moeto pravo vo kat.na nedviznosti? Dali moram da izvrsam poedinecno zapisuvanje za da ja prodadam kukata?
Почитувани, Би можеле да извршите продажба со поседовен лист но Нотарот ќе ви бара основ како сте се стекнале со правото на недвижностите. Доколку направите поединечен упис за пред нотар доволен е само Имотниот лист. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Дали ова со геодетскиот елаборат,важи и за куќа во наша сопственост од 1923год со тапија за наследство и уредна документација.Дали и во тој случај треба да се прави елаборат?Поздрав.
Почитувани, За запишување на куќата потребно е да доставите геодетски елаборат , доколку нема градежно-техничка документација, куќата може да се запише по постојна катастарска евиденција и тоа подрум, приземје и сутерен, односно доколку е евидентирана како земјиште под објект, за кат потребна е градежно-техничка документација. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
imam niva od 7 dekari koja ne se naoga vo mestoto kadesto ziveam dali mozi da pobaram i kade treba da se obratam i dali ima takvi uslovi da mi se dodeli zemjiste so ista kvadrataura kade sto sedam.Amestovo kade sto sedam e drzavano zemjiste koe se izdava na tender od drzavata .so eden zbora dali mozam da dobijam premeststaj na zemjiste od edna vo druga opstina BLAGODARAM
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности туку е во надлежност на Министерство за финансии- Управа за имотно правни работи каде што се наоѓа предметната недвижност. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Кои документи се потребни за откуп на дворно место и каде треба да се достават?Живеам во зграда на приземје на Бул.Јане Сандански во Општина Аеродром.Однапред благодарам
Почитувани,Катастарот не е надлежен за одговор на вашето прашање обратете се во Министерство за финансии-управа за имотно правни работи.Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Здраво!Имам ресторант истиот го реновирам со решение за реконструкција,но имам еден проблем од лицето што го купив се договоривме за цената и истата беше исплатена заверена на нотар итн.Сега се јавува ќерката и ми бара пари,јас немам ништо со нејзе арно ама таа оди секој ден во урбанизам ме пријавува дека сум работел нелегално и само инспекции ми доаѓаат.Што да направам да ме остават и таа и тие инспекциите од урбанизам.
Почитувани,Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
мислам дека е правно неосновано продавање или наплаќање на кирии за дворните места во колективните станбени згради, во општина Аеродром , Скопје, од неколку причини : - кај речиси 90% од ниските згради, уште во градбата, по проект, дворовите се оградени со високи бетонски огради, а имаат приод само од станот во приземјето. Освен тоа, сопствениците на приземните станови имаат дополнително изградени огради, летни куки, чуваат кучиња. па останатите станари ни теоретски не можат да го владеат тоа дворно место, а тоа се наведува како услов ѕа купување на дворното место. - уште полошо, во многу од дворните места има и инфраструктура од заеднички карактер со соседните висококатници, н.пр. Скривници, заеднички шахти и цевоводи. Фактички, ниските згради каде има малку станови треба да плаќаат значителни суми пари за простор кој не е во заедничка сопственост со околните висококатници, а кој пак ќе плакаат смешни суми бидејќи се многу станови во станбена зграда со мало дворно место. Потребно е да се преиспитаат и прочистат Дуповите од правно-сопственички аспект и да се активира градежната инспекција околу приодноста на заедничките дворни места, во спротивно решенијата за наплата на кирија ќе бидат обжалени на Управен или Уставен Суд
Почитувани, Откупот на земјиштето не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности туку е во надлежност на Министерството за финансии. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Ме интересира што со имот кој е на РМ (Национален Парк)а пред неколку децении фигурира на стар имотен лист,а го нема на новиот,во смисла за постоење можност за враќање на сопственикот.
Почитувани,Доколку не сте поднеле барање за денационализација тогаш морате по судски пат со Република Македонија да барате рзврска на спорот.Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Откуп на дворно земјиште на приватна куќа Дали има потреба да поднесам барање за откуп на дворно земјиште со следните податоци од имотниот лис: бр. парцела број/дел култура m'2 место право _____ _____ ДВОР 558 Н.КАРЕВ СОПСТВЕНОСТ Однапред Ви благодарам
Почитувани,За да можеме конкретно да Ви одговори ме на вашето прашање потребно е да ни прецизирате број на катастарска парцела и катастарска општина.Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Pocituvani, ve molam da mi kazete dali e potrebna pismena soglasnost od stanarite na prviot i vtoriot kat za onoj od tretiot kat da si izgradi potkrovje. Odnapred vi nlagodaram.
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности,потребно е да се обратите во Секторот за урбанизам при надлежната Општина. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
dali moze da mi objasnite sto znaci geodetski elaborat i koj bi mozel da mi izdade ili napravi takov elaborat -blagodaram za odgovorot
Почитувани, Техничка документација за извршени основни геодетски работи,премер на недвижности во функција на востановување и одржување на катастар на недвижности,за извршените геодетски работи,за посебни намени и изработка на топографски карти,геодетските елаборати се изготвуваат од приватните геодетски фирми. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Живеме во куќа во општина Центар повеќе од 50 години. После десетгодишен семеен спор судот донесе одлука дека еден од становите ни припаѓа нам. Приложивме документи од суд, документи за пренамена на дел од просторот издадени од општината, потврда за градбата од скопска околија од шеесетите години, па дури и документ одобрение на доградба над станот. Сепак, од катастер велат дека немаме право на сопственост. Што значи тоа? На што би се повикале понатму?
Почитувани, Потребно е да го доставите бројот на предмет по кој е донесена одбивателна одлука од страна на катастарот,како би можеле да извршите увид по однос на одлучувачките факти,дали исправите се заверени од надлежен орган во согласност со закон, дали истите се конечни односно правосилни и дали постои соодветност и континуитет со податоците од катастарот на недвижноста. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Nie stanarite od kolektivnata stambena zgrada na ul.Vidoe Smileski Bato br.1 vo Tetovo imame problem na koj bi sakale dokolku e mozno da dobieme brz odgovor.Nasata zgrada e gradena po odobrenie za gradba br.15-174 od 06.11.1979 god kako hotel za samci.Istata e adaptirana vo stamben prostor po odobrenie za adaptacija br.12-869/2 od 14.03.2000 godina i br,12-4116/2 od 11.08.2000 godina, a po glaven proekt Teh.br.PI 045/98.Za zgradata e izvrsen samo tehnicki pregled na objektot potpisan od strana na direktorot na firmata koja ja gradese zgaradata kako strucen nadzornik.Upotrebna dozvola nema izvrseno.Soglasno na ovoj zapsinik sodrzano e deka od uvidot vo tehnickata dokumentacija proektot e izraboten so dva teh.broja PI 007/00 i teh.br.PI 031/00,i deka e izvrsena i revizija za sto se izgotveni dva izvestai br.2/00 i 83/2000.Vo ovoj zapisnik e konstatirano deka objektot ima 14 stana.Nie ziveeme vece deseta godina no na lice mesto do denes postoea samo 13 stana.Vo osnovniot proekt bilo planirano da ima 14 stana no stanot br.2 nikogas do denes ne postoel.za zal firmata koja gi gradese stanovite vo momentov e vo pretstecajna postapka.Pred edna nedela se pojavi lice koe so imoten list se pretstavi deka e sopstvenik na 14 setiot stan , odnosno na takanareceniot stan br.2 na prizemjeto od zgradata.Nastana problem bidejci istiot preku izvrsitel se steknal so dokumentacija so koja izvrsil upis vo katastarot vo Tetovo i mu izdale imoten list za t.n.stan br.2 so kvadratura od 20 m2.Ovoj prostor t.n. stan nikogas ne bil zaveden vo katastatarot kako postoecki i kako imot na dolznikot Upisot vo katastarot e izvrsen vrz osnova na zaklucok za prodazba od strana na izvrsitelot so naznaka deka se prodava stan a na lice mesto stan ne postoi.Istoto e napravena na nacin sto kako dokaz deka t.n.stan a vsusnost nedefiniran prostor e sopstvenost na dolznikot e zemen samo osnovniot proekt na zgradata od 2000 godina i odobrenijata za adaptacija koi se odnesuvaat na izgradba na potkrovje, i e izraboten geodetski elaborat kako stan da postoi na lice mesto, i e izvrsena duri i procenka za nepostoeckiot stan, kako i vrz osnova na izjavi dadeni od lica penzioneri porano vraboteni vo firmata deka istite se secavaat deka toa e imot na firmata, kako i e izgotven somnitelen zapisnik od lice mesto deka takov stan postoi sto ne odgovara na vistinata.Vrz osnova na ovaa dokumentacija vo izvrsna postapka po cl.196 od zakonot za izvrsuvanje ovoj nepostoecki stan e prdaden na fizicko lice kako najpovolen ponuduvac.Vrz osnova na ovaa postapka e izvrsen upis vo katastatrot vo Tetovo na den 24.01.2011 godina i na liceto mu e izdaden imoten list.Istiot izminatava nedela se obiduva da prevzema gradezni dejstvija i duri ima izgradeno eden zid i ima pruzeno kabli za struja kako podgotovka vo realizacija na namerata da bez nasa sogalsnost se prikluci vo elektricanata i vodovodnata mreza.Istiot povikuvajci se na osnovniot proekt saka da otvora i vrata vo zaednickiot hodnik od zgaradata bez nasa sogalsnot.Slucajot go prijavivme i vo gradezna inspekcija vo Tetovo.Ve molime da ni odgovorite dokolku postoi moznost sto pobrzo sto da prevzememe.Dali mozelo da se izdade imoten list bez prethodno da se definira cija sopstvnost bila prodadena od izvrsitelot bidejci ovoj prostor nikogas ne bil nikade definiran tuku samo bil zapisna vo osnovniot proekt.Dali i sto mozeme da inicirame za rascistuvanje na slucajot.Dali izvrsitelot mozel da prodava stan br.2 vo zgradata na ul.V.S.Bato br.1 vo Tetovo koj vsusnost ne postoi tuku sega e vo faza da se gradi, i na takov nacin samo vrz osnova na toa sto ima predvideno vo osnovniot proekt.Dali vo katastarot mozel da se izvrsi upisot i da se izdade imoten list a bez prethodno ovoj stan da nema sopstvenik,odnosno sto prestavuva osnov za upis .Kako da gi zastitime nasite interesi. So pocit stanari na stambena zgrada na ul.Vidoe Smileski Bato br.1 vo Tetovo
Почитувани, Доколку сте во можност да дојдете во Секторот за контрола во Агенцијата за катастар на недвижности секој вторник и среда за да може подетално да се разгледа случајот.Доколку не сте во можност да дојдете,потребно е да доставите писмено барање до Секторот за контрола со прилог фотокопии од наведените документи,како би можеле да оформиме предмет по кој би постапувале со цел да се провери предметот во Одделението во Тетово со кој е извршено запишувањето. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани. Ве молам да ми ја објасните разликата помеѓу Имотен лист и Поседовен лист. Јас имам поседовен лист на нива , на којашто имам бесправно изградено куќа. Со актуелниот закон за постапување со бесправно изградени објекти се бара прилог имотен лист. Дали можам со постоечкиов поседовен лист да поднесам барање за легализација на објектот?
Почитувани, Ако објектот е во катастарска општина каде не е востановен катастар Поседовен лист има важност како Имотен лист,а ако недвижноста е со незапишани права,Општината по службена должност ќе достави до катастарот барање,за спроведување на постапка за запишувања на правата. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
почитувани, ве молам да ми дадете конкретен одговор за целокупната постапка чекор по чекор како да легализирам куќа на мое име а се работи за следново: Сакам со новиот закон за легализација на дивоградби да го легализирам објектот индивидуална куќа за домување која е изградена околу 2000 година на земјиште со имотен лист 329 и бр. на катастарска парцела бр1526 КО нас. Глишич-Кавадарци на име на мојот татко Столески Петко кој на истото земјиште претходно има изградено и негова куќа која е исто така дивоградба , а за парцелата имам известување од општина дека е надвор од границите на ДУП. појаснување: Јас за мојот објект во кој живеам десетина години плаќам сметки за стуја вода телефон и др. на мое име и објектот е лично мој а при тоа со родителот немаме никакви несогласувања затоа дали јас прво треба да добијам имотен лист на мое име за делот од горе наведената парцела и дали можам и како да го направам тоа или можам покрај останатите документи кои се потребни за легализација да ја завршам работата со имотниот лис на мојот родител наведен во погорното излагање на кој правото на недвижност се води и е запишано под бр. 814. ве молам да ми одговорите целосно на прашањето што е можно во пократок рок и однапред ви се заблагодарувам. Поздравввввввввввв... Стево.
Почитувани, Легализацијата не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
kade mozam da se obratam za da mi se ovjasni kako da znam dali dokolku bo imotniot list e zavedev ojekt-zgrada toj e legaliziran ili e dibogradva
Почитувани, Ако имотниот лист е евидентен лист тогаш потребно е да го легализирате објектот. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Се работи за станбена зграда со три влеза и вкупно 25 стана, во општина Центар, еден од станарите поднесе иницијатива со градежна фирма за градење на поткровје, или пак уште еден спрат и поткровје. Ме интересира колку станари треба да се сложат за таа доградба која ке биде над целата зграда ( бидејќи јас не сакам да се гради а живеам на последниот спрат) и дали е битно становите од најгорната хоризонтала да дадат своја согласност сите или доколку некој не се сложува нема да се одобри таа изградба. Ве молам пишете ми
Почитувани, Прашањето ќе го поставите пред органот надлежен за издавање на Одобрението од причина што катастарот постапува врз основа на веќе донесени Акти од надлежните органи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
kolku cini elaborat i premer za stan????
Почитувани, Согласно Тарифникот за висината на надоместокот за извршени геодетски работи од страна на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи,за геодетски елаборат за запишување на правата на недвижностите-премер на внатрешна површина на стан или деловна просторија со без подрум,подземна гаража во колективна зграда,висината на надоместокот без ДДВ изнесува 3.520,00 денари за еден стан. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
denes bev vo kataster da izvadam imoten list za sopstvenost na kuka i mi rekoa deka ne postoi imot na toa ime. Kukata ja imame od 1964 so kupoprodazen dogovor od drzavata, imame praveno dogradba vo 1974 so site plateni davacki prema drzavata, vo 1999 e isto taka napravena dogradba so site plateni davacki sprema drzavata, sekoja godina uredno se plaka danok za kukata i sega na kraj da mi bide kazano deka ne poseduvam kuka, objasnete mi ja logikata okolu ovaa rabota (kako moze da se izgavale dozovli za gradenje na dva pati za objekt uslovno kazano koj ne figurira na moe ime i kako se plaka danok za nesto na koe "ne sum sopstvenik" Ve molam odgovorete mi
Почитувани, Ако недвижноста не е внесена во катастар треба да изготвите елаборат во приватна геодетска фирма врз основа на градежно-техничка документација и да поднесете барање за промена во катастар. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани. Целосно ја завршив постапката за откуп на дворно место, односно за К.П.144/10, К.О.Ѓорче Петров-Влае со површина од 405 м2. (Купопродажен договор со РМ-заверена со нотарски акт ОДУ Бр, поседовен лист и извршено запишување во катастарот на недвижности). Подоцна од Ваша страна ми беше сугерирано да поднесам барање за идентификација на К.П, што и го сторив, по што добив решение за идентификација дека К.П.144/10-К.О.Ѓорче Петров Влае (СТАРА) е К.П.6804-К.О.Ѓорче Петров 4 - Влае (НОВА). За новата К.П.6804 во вашиот систем постои имотен лист Бр.1502, во кој како сопственик е наведена РМ и дека површината на истата е 325 м2. Како сопственик на горе споменатата парцела од 405 м2 (купена од РМ), која е постапката да се промени правото на сопственост од РМ на мое име и како да се изврши корекција на квадратурата од 325 м2 на 405 м2. Дали е потребно да се направи геодетски елаборат? Со почит
Почитувани, Потребно е да поднесете барање за усогласување бидејќи по стра евиденција катастарската парцела 144/10 сте ја приватизирале ,и со самата идентификација ќе се види каде е разликата на површина и дали може да се корегира. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, моето семејство живее во куќа изградена пред 40 години, која се води на туѓо име. Започнавме со поднесување на барање за легализација на куќата бидејќи е дивоградба, но се соочуваме со проблем, секоја страна различно не упатува. Поднесовме барање до општина за легализирање на куќата, но ни кажаа дека треба да се земе наследното решение од сегашната сопственичка па да се направи елаборат за излагање (кај приватен геодет), и да се приложи во катастар, за да се утврди на чие име се води имотниот лист. Од друга страна правник од општината не упати и ни кажа дека штом сме поднеле барање за легализација, да чекаме затоа што елаборатот за излагање го прави општината по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. Што треба да направиме, дали овој елаборат се прави по службена должност, за да не даваме средства за приватен геодет без потреба?? Ќе ве замолам за побрз одговор, Однапред ВИ Благодарам!
Почитувани, За излагање на земјиште опфатено со Вашата постапка истото ќе се изложи по службена должност по барање на Општината. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, моето семејство живее во куќа изградена пред 40 години, која се води на туѓо име. Започнавме со поднесување на барање за легализација на куќата бидејќи е дивоградба, но се соочуваме со проблем, секоја страна различно не упатува. Поднесовме барање до општина за легализирање на куќата, но ни кажаа дека треба да се земе наследното решение од сегашната сопственичка па да се направи елаборат за излагање (кај приватен геодет), и да се приложи во катастар, за да се утврди на чие име се води имотниот лист. Од друга страна правник од општината не упати и ни кажа дека штом сме поднеле барање за легализација, да чекаме затоа што елаборатот за излагање го прави општината по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. Што треба да направиме, дали овој елаборат се прави по службена должност, за да не даваме средства за приватен геодет без потреба?? Ќе ве замолам за побрз одговор, Однапред ВИ Благодарам!
Почитувани, За излагање на земјиште опфатено со Вашата постапка истото ќе се изложи по службена должност по барање на Општината. Со почит, Агенцијата за катастар на недвижности
Почитувани, најнапред сакам да ви се заблагодарам на одговорот што ми го дадовде на моето прашање и пријатно бев изненаден од вашиот професионален однос. Ве молам за уште еден стручен совет од ваша страна, а се работи за следното. Имено од скоро во мојата населба (Влае) беше востановен катастар на недвижности, со што во вашиот систем постои имотен лист на име на мојата мајка за барака од 67 м2 и помошни простории од 11 м2. Меѓутоа пред повеќе од 20 години е извршена надградба на истата со одобрение за градба, истотака на име на мојата мајка од општина Карпош и платени комуналии за надградбата (спрат). Со градбата е направено и поткровје за што во тоа време не се плаќаа комуналии, така што моменталната квадратура на објектот е околу 230 м2. Во 2002 година со договор за поклон од мојата мајка станав сопственик на горенаведениот имот (куќа). Дали можам со геодетски елаборет да извадам имотен лист на мое име само за приземјето, додека не ја завршам постапката за легализација на поткровјето. Со почит.
Почитувани, За се што имате соодветна градежно-техничка документација можете да поднесете барање за запишување на недвижен имот,легализираниот објект може да биде дополнително запишан. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани. Колку работни денови се потребни да се реши од Ваша страна, предмет за исправка на технички податоци во Катастар. Поздрав.
Почитувани, Зависно од проблематиката на случајот зависи и потребното време за исправка на техничка грешка. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Zosto Gruevski, Stavrevsk i nivniot Direktor na Katastar ja zamajuvaat javnosta (odnosno edno zborat za politicka reklama, a vo stvarnost sostojbite se katastrofalni), okolu rokovite za zavrsuvanje na postapkite vo Katastarot, sto GRAGANITE na RM gi imaat podneseno za resavanje. POGLEDNETE GO MOJOT PREDMET Predmet br.LAIIP0BMEJ (stastus vo resavanje - DO KOGA ??? )
Почитувани, Вашето предметно барање е во постапка на работа, завршено од страна на геодет и во моментот е на решавање во правна служба. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani,Imam izgradeno sprat od kuka vo 2004 god za koja gi poseduvam site potrebni dokumenti samo nemam izvadeno imoten list i istata seuste ne e zavedena vo katrastar kako izgradena a veke se koristi kako deloven objekt dali e mozno prviot kat koj e izgraden da se zavede kako deloven objekt a ostanatite 2 kata koi seuste ne se izgradeni istite da ostanat kako individualni objekti. So pocit
Почитувани, Согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија број 130/09,124/10 и 18/11),може да се гради објектот во фази што треба да биде регулирано со одобрението за градење.Запишувањето односно добивањето на имотен лист е регулирано со членот 96 од Законот за градење(Службен весник на Република Македонија број 59/2011-пречистен текст). Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, од страна на Катастарот на РМ позитивно е решено моето барање за усогласување на податоци, односно исправка на технички податоци во катастарот со што е исправена површината на парцелата од 320 м2 на 405 м2. Би ве замолил да ми одговорите која е процедурата тоа да се исправи и во АКН ГИС ПОРТАЛОТ. Дали тоа ке го исправат од катастар по автоматизам, врз основа на изводот од урбанистичкиот план или пак тоа треба да се направи по мое барање. Имено се работи за парцела во населба Влае. Со почит.
Почитувани, Податоците во АКН ГИС Порталот се ажурираат периодично.Од таа причина можно е сеуште да не се корегирани.Истите се само информација,додека званични се податоците што ќе ги добиете со заверка на истите во Агенцијата за катастар на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, imam kuca povrsina od 350 m2 stambena povrsina, Prasav kolku cini izrabotka na eden elaborat, inaku se raboti za legaliziranje na divogradba. Prasav vo geodetska firma mi rekoa ke cini okolu 10000 den. dali e ova realna cena ili?
Почитувани, Елаборатите ги изготвуваат приватните геодетски фирми по тарифник утврден од Комората на овластени геодети. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани , инвеститор има почнато колективна зграда за живеење на плац во центарот на Скопје пред 6 години според маркицата , бидејки нема платено комуналии добиено е решение за рушење на зградата затоа што истата била дивоградба . Ме интересира дали може зградата да се легализира со новиот закон за легализација на дивоградбите и колку чинат кумуналиите според истиот закон за еден квадратен метар од колективна станбена зграда . Однапред ви благодарам .
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Обратете се до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот и урбанизмот во локалната самоуправа(Општината). Со почит, Агенција за катастар на недвижности
imam edno prasanje imam kupeno stan pred 30 godini odam vo katastarot vo skopje da baram imoten list no mi odgovorija deka treba da pravam elaborat so geodetska firma zatoa sto imalo sistematsko zapisuvanje napraviv elaborat sega me interesira vo mojot dogovor ja pisuva ulicata vlezot kade se naoga i brojot na stanot dodeka katot ne go pisuva dali mi se ispolneti uslovite da go zapisam stanot
Почитувани, Во геодетскиот елаборат мора да се содржани сите податоци.Проверете дали е утврден и катот каде се наоѓа станот и доколку е точно,нема пречки за запишување на незапишаните права на недвижноста по воспоставениот катастар на недвижности. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ВО 2010 година имавме оставинска постапка , при што мегу останатиот имот се подели и семејна кука .Семејната кука е градена 1963 година (два ката)од страна на моите родители .При оставинската постапка беше констатирано дека во Катастарот на недвижности при општина СТРУМИЦА ,е запишана сопственоста само на 1 кат од куката додека другиот кат се води само во евиденција(Евиденционен лист) .Заради тоа беше поделен само првиот кат помеѓу мене и мојот брат како законски наследници. Прашањето е како е можно да е запишана само сопственоста на првиот кат а вториот е изоставен иако куката е градена во исто време. Какви се моите права сега како законски наследник и каква е постапката за да се исправи оваа грешка односно да се запише сопственоста. Дали во случајот ке се запише сопственоста на мојата покојна мајка или директно на мене и на мојот брат како законски наследници.Кои документи се потребни за да се реализира тоа. Однапред ви благодарам за одговорот. Со почит Ристо Клисаров
Почитувани, Доколку за куќата не поседувате Одобрение за градење и проект за два ката тогаш врз основа на старата евиденција може да се запише објект само до ниво на приземје.Катот треба да се легализира на име на оној кој го користи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, За поднесување барање за легализација на семејна куќа која е изградена на земјиште на родител, кои документи се потребни ? И колку трае постапката за вадење на имотен лист...Однапред Ви Благодарам
Почитувани, Доколку земјиштето е изложено имотен лист се вади на шалтер тоа е постапка која трае не повеќе од 15(петнаесете) минути,за потребните документи за легализација ќе се обратите во надлежната Општина. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, За поднесување барање за легализација на семејна куќа која е изградена на земјиште на родител, кои документи се потребни ? И колку трае постапката за вадење на имотен лист...Однапред Ви Благодарам
Почитувани, Доколку земјиштето е изложено имотен лист се вади на шалтер тоа е постапка која трае не повеќе од 15(петнаесете) минути,за потребните документи за легализација ќе се обратите во надлежната Општина. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Poveke od edna godina se obiduvame da go otkupime dvornoto mesto, no bezuspesno, bidejki nikoj ne znae da ni kaze sto ni e potrebno. Sopstvenici sme na kuka vo Debar maalo. Imotniot list za kukata glasi na mojata majka. No vo imotniot list za dvorot navedeni se poveke sopstvenici, odnosno - na edna parcela na ednata polovina e nasata kuka, a na drugata polovina e zgrada na privaten investitor i sopstvenicite na stanovi se navedeni vo imotniot list. Vo geodetska firma ni e receno deka i po napravenite elaborati, nie nema da mozeme da si go otkupime nasiot del od dvorot, tuku samo nekoj procent od dvornoto mesto, odnosno kako da sme site vo ista zgrada i ne se znae koe mesto e tocno nase. Kako da go otkupime naseto dvorno mesto i dali postoi nacin i katasterski da ja odvoime parcelata na dva dela?
Почитувани, Откупот на дворните места се врши само во рамките на урбанистичката парцела уредена со ДУП-от за овој дел од градот.Додека земјиштето не се приватизира нема можност за физичка делба. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Во имотниoт лист, како право на недвижност на земјиште стои шифра 814 (право на користење на изградено земјиште врз кое постои зграда) , додека кај право на недвижност на објектот , стои шифра 831 (право на сопственост) . Каде треба да се обратам за да правото на недвижност на земјиште биде променето во право на сопственост?.
Почитувани, Право на користење на земјиште може да се запише во право на сопственост единствено по решение за приватизација, а за оваа постапка е надлежно Министерство за финансии. Со оглед на тоа, треба да поднесете барање за приватизација во имотно-правното одделение на Министерство за финансии, во општината во која се наоѓа земјиштето. Со почит,
Ке ве молам да ми го појасните процесот на приватизација на земјиште,што тоа значи и зошто треба да се приватизира земјиштето,што добива сопственикот со приватизацијата на земјиштето и дали треба да се плаќа 1е од м2 за да биде приватизирано земјиштето?
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Согласно Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост (Сл.весник на РМ бр. 4/05,13/07,165/08,146/09 и 18/11) постапката се води пред Министерството за финансии-Управата за имотно -правни работи - одделенијата за имотно -правни работи при локалната самоуправа. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Сакам да продадам спрат од семејна куќа во општина Карпош, а која е во моја сопственост и за истата имам имотен лист. Дали новите сопственици ќе можат да добијат имотен лист на нивниот дел и дали воопшто можам да го продадам спратот?
Почитувани, Ако спратот кој сакате да го продадете е запишан во имотниот лист на Ваше име, нема никаква правна пречка да склучите договор за продажба. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани,се работи за семејна куќа каде приземјето и 1 кат стојат на имотен лист,а поткровјето не стои.За сета куќа во 1981 г.кога е градена се платени комуналии,а поткровјето било ослободено бидејќи таков бил законот.Ме интересира дали сега поткровјето се третира како дивоградба,дали треба да се легализира?И доколку треба дали може да се легализира бидејки внатрешно е празен простор,отворен без ѕидови,а надворешно е со фасада,кров, прозори се ,доведена,струја,вода се.И доколку треба по која цена би можело да се легализира,дали по 1 евро или др.цена?Куќата се наоѓа во Кисела Вода?
Почитувани, Вие треба да покренете постапка за легализација на поткровјето согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Сл. весник на РМ“ бр. 23/11 и 54/11). Рокот за поднесување на барањето е до 03.09.2011 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Дали може да ми кажете каде да го најдам ценовникот за пазарната вредност на земјиштето врз чија основа се пресметува данок за општина центар или доколку знаете колку изнесува цената на м2 во таа општина напишете ми ја. Благодарам
Почитувани, За Вашето прашање треба да се обратите до Општина Центар. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Пред извесно време мајка ми КОСТЕВСКА ВЕРКА извадила имотен лист 3794 за КП 547/1 КО МАЏАРИ но во презимето има грешка ја пишале КРСТЕВСКА ,наместо буквата О ја убациле буквата Р,очигледна е грешката.Што треба за да ја поправам грешката и кои документи да ги доставам на увид???
Почитувани, Поднесете пријава за исправка на техничка грешка со фото копија од лична карта (нотарски заверена) од Вашата мајка до Центарот за катастар на недвижности Скопје. Со почит,
Дали може да ми кажете каде да го најдам ценовникот за пазарната вредност на земјиштето врз чија основа се пресметува данок за општина центар или доколку знаете колку изнесува цената на м2 во таа општина напишете ми ја. Благодарам
Почитувани, За Вашето прашање треба да се обратите до Општина Центар. Со почит, Агенција за катастар на недвижности.
Zdravo, Imam kuka vo nasledstvo koja sakam da ja prodadam. No problemot e vo toa sto i drug nalsednik ima del vo nea, okolu 5-10%, i ne saka da se prodava. Ima li nekakva pravna moznost da moze da ja prodadam bez negova soglasnost? So pochit.
Почитувани, Во Вашиот случај ќе треба да се постапи согласно Законот за сопственост и други стварни права ( "Сл.весник на РМ" бр.18/01; 92/08; 139/09 и 35/10) односно да се регулираат сосопственичките односи по пат на физичка делба на објектот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
На вашата интернет страна кога ке искуцам К.П 4759 ми излегува број на имотен лист-828 со сопственик Р.Македонија(право на сопственост).Кога барам број на имотен лист по адреса ми излегува истиот број за К.П,но бројот на имотниот лист е 12797 каде како сопственик е наведен татко ми.Прашањето ми е зосто добивам имотен лист со два различни броја за една иста К.П?Зосто сеуште се води татко ми како сопственик кога целиот имот ми е препишан со договор на поклон?Кога побарав кај вас промена на сопственик со документација(договорот за поклон) ми рекоа дека станува збор за дива градба бидејки станувало збор за барака.За целиот имот имам целосна документација(урбанистичка согласност од град Скопје,договор за купување на бараката-1965,технички известај за потрошен материјал за доградбата).Како конечно да успеам да добијам имотен лист на мое име?Ви благодарам.
Почитувани, Ве молиме да ни доставите податок во која општина се наоѓа Вашата недвижност. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, живеам во странство, имам имот во Гостивар, па би сакал да поставам неколку прашања: - за дворното место и куќата поседувам само поседовен лист, кога беше актуелен проектот за издавање на бесплатни имотни листови бев до Катастарот, но ми кажаа дека тој дел од градот сѐ уште не се обработува и да дојдам по некој месец, јас морав да се вратам странство... дали со поседовниот лист се докажува правото на сопственост? - како сега може да се извади имотен лист? - во поседовниот лист се внесени сите податоци за земјиштето и куќата, дали тоа значи дека објектот е легален? - до кога трае откупот на дворното место и кои се условите? Однапред ви благодарам!
Почитувани, За КО Гостивар во примена е катастар на недвижности и се издаваат имотни листови.Поседовните листови немаат важност,бидејќи Вие сега немате имотен лист,согласно членот 159 од Законот за катастар на недвижности(Службен весник на Република Македонија број 40/08,158/10,17/11 и 51/11) ќе треба да поднесете пријава за запишување на незапишаните права во катастарот на недвижности за КО Гостивар кон која ќе приложите правен основ и геодетски елаборат од приватна геодетска фирма.Легализацијата на објектите(поднесување барање) е до 03.09.2011,а приватизацијата на земјиштето до 31.12.2012 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ќе можете ли да ми дадете точна дефиниција за сутерен. Од мои сознанија знам дека сутеренот е делумно вкопан во земја, дали катот над него е приземје. Однапред ви благодарам
Почитувани, Вие точно одговоривте во прашањето што е сутерен,а што приземје.Тоа може да се утврди согласно техничката документација(ако има),а до колку нема со утврдување на фактичката положба на лице место. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ке ве молам да ми кажете која е разликата помеѓу: евидентен лист, поседовен лист и имотен лист. Имаме изградено куќа пред 20-тина години за која сеуште не сме извадиле имотен лист. Пред неколку дена проверив во катастар и таму стои дека за дел од мојата куќа и двор некое лице поседува евидентен лист. Како да извадам имотен лист на мое име?
Почитувани, Евидентен лист е податок од катастарот на недвижности и се однесува за бесправно изграден објект.Поседовен лист е евиденција од катастарот на земјиштето и истиот повеќе не е во примена од причина што на територијата на Република Македонија е востановен катастар на недвижности со утврдени права за што се издава имотен лист.За секое издавање на имотен лист престоела постапка на запишување на правата(систематско излагање или запишување на правата во постапката на одржување на катастарот на недвижностите).До колку за вашиот објект и земјиштето немате имотен лист,согласно членот 159 од Законот за катастар на недвижности(Службен весник на Република Македонија број 40/08, 158/10, 17/11 и 51/11),потребно е да поднесете пријава за запишување на незапишаните права кон која се приложува правниот основ и геодетскиот елаборат. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, дали според законот треба да се легализира и подрум во куќата? Во имотен лист нема податоци за подрумот, само за спратот? Ви благодарам
Почитувани, Ако немате правен основ за подрумот(Вие тоа најдобро го знаете),искористете ја можноста за легализација што ви го дава Законот за бесправно изградени објекти(Службен весник на Република Македонија број 23/11 и 54/11).Последниот рок за поднесување на барањето за легализација е 03.09.2011 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Во однос на поднесувањето на пријава за запишување на незапишаните права во катастарот на недвижности: според Законот за катастар на недвижности, се поднесува правен основ и геодетски елаборат од приватна геодетска фирма. Дали, во однос на правниот основ, доволно е само наследно решение или е потребна и друга документација (пред сѐ мислам на градежно техничка документација итн.)? Би благодарам
Почитувани, Наследното решение е правен основ за запишување во катастарот на недвижностите.Но,ако се работи за објект со незапишани права,истиот ќе се запише до приземје,а за останатиот дел(етажот)потребна е градежно техничка документација. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
So resenie za denacionalizacija vratena ni e parcela vo M.potok od 4500m2.Nie sme 5 naslednici i vo imotniot list ni izleguva kako sopstvenik na 5/10 R.Makedonija,a nie na sekoj po 1/10 od celokupnata parcela koja iznesuva 9000m2Koja e postapkata i kako moze da gi otkupime i tie 5/10 od RM koi sto se od istata parcela koja e prazna, a ne e za potrebi od opstestveno dobro na RM?
Почитувани, Вие сте сосопственици со Република Македонија.Имате можност да направите физичка делба со Република Македонија(државен правобранител)со Нотарски акт,а дали можете да го купите сосопственичкиот дел е прашање на кое исто така треба да ви одговори државниот правобранител. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Na ul.Ivan Agovski br 13 vo dogovor so stanarite izvrsena e nadgrada od eden srat i visoko potkrovje.Na smetka na toa investitorot napravi balkoni na site stanari.Del od stanarite eden del od balkonite go pretvoi vo stamben del.Ve molam da mi odgovorite dali ovie promeni se registrirani vo katastarot i dokolku nese koj e nacinot da se registriraat.Odnapred blagodaram.
Почитувани, Дали балконите се запишани или не во моментов не сме во состојба да ви одговориме.Ако за нив има одобрение за градење треба да бидат запишани,но како балкони,а не како станбен простор(тврдите дека дел од станарите ги претвориле во станбен дел).Потребна е измена на градежната документација за запишување во станбениот простор. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Куќата во која живеам со моето семејство е изградена од мојот татко пред 30 години поточно 1981 година ги имам сите документи почнувајќи од одобрение за градба,одобрение за локација,решение за урбанистичка согласност и протокол и тоа сите документи се издадени во 1981 година. Но се јави еден проблем и тоа во протоколот каде што скицата на поставеноста на нашата куќа не е на правото место каде што треба да биде туку е на сосема спротивен правец. Дали ова е ненамерна грешка за која ќе треба да се измени тука нешто или нема да имаме никакви последици. Однапред ви благодарам.
Почитувани, Вашиот објект кој е изграден со комплет градежно техничка документација е дислоциран,што укажува дека е потребно пред надлежниот орган за урбанизмот во локалната самоуправа(Општината)да барате усогласување на документацијата. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Колку чини изработка на елаборат за етаж на куќа до 150м2 изработен од приватна геодетска фирма?
Почитувани, Потребно е да го прецизирате Вашето барање, односно да наведете дали се работи за внесување на новоизграден дел од објект покриен со техничка документација или за легализација на диво изграден дел од зграда. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Imam vikendica edna soba 6m x 5m vo Smolare opstina Novo Selo (Strumica) vikendicata e izgradena na niva moja sopstvenost nadvor od seloto odnosno vo poleto nema ni struja ni voda mi pobaraa 7500den za geodetski elaborat dali e toa tarifata ili ????? mislam deka za edna soba od 30m2 e premnogu pari tie mi odgovorija deka toa bilo zakonski tolku tie ne mozele da mi naplatat pomalku pa ve molam da mi odgovorete dali e tocno toa...odnapred blagodaren.
Почитувани, Цената на извршените услуги од страна на приватните геодетски фирми е утврдена со Тарифник донесен од Комората на приватните геодети. Ако сте на мицлење дека истата за извршената услуга (геодетски елаборат) е голема, можете да пријавите до Секторот за внатрешна контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности Скопје и до Комората. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Mojot tatko poseduva uredna dokumentacija za vikend kuka vo Leunovo ( resenie za dodeleno i na vremeto kupeno zemjiste, lokacija, urbanisticka soglasnost i odobrenie za gradba). Sega ja pocnuvame postapkata za prvo zapisuvanje vo katastar, imoten list, a potoa ke podneseme baranje i za otkup na zemjisteto. Geodet izleze na teren i konstatiravme deka komsijata izgradil del od svojot objekt na nas plac. Me interesira dali geodetot vo geodetskiot elaborat mora da go vcrta i objektot koj e bespravno izgraden na naseto zemjiste ili treba da go iscrta samo placot koj ni e dodelen i nasiot objekt koj e so uredna dokumentacija? Vsusnost se raboti za diva gradba na komsijata. Kako da postapime vo ovoj slucaj?
Почитувани, Во геодетскиот елаборат мора да биде претставена фактичката положба согласно со градежно-техничката документација. Што се оденсува на фактот дека на Вашиот плац-земјиште има изградено бесправен објект од трето лице, Вие како сопственици на земјиштето (наведувате дека истото е купено) треба своето право да го барате и заштитите согласно Законот за сопственост и други стварни права, односно да попречите легализација на бесправно изградениот објект на Вашето земјиште! Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, ме интересира кои документи ми се потребни за да извадам имотен лист. Напоменувам дека поседувам договор за доделено земјиште и геодетски елаборат.
Почитувани, Ако недвижноста(земјиштето)е со незапишани права,потребно е да доставите пријава за запишување на незапишаните права во катастарот на недвижностите кон која се приложува правниот основ и геодетски елаборат. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани,имам изградено куќа на земјиште во сопственост на мојот татко како дивоградба сега со законот за легализација ги подготвив сите документи за легализациа,но имотниот лист сега ми го издаваат сомо како корисник на земјиштето со што сега треба да си го приватизирам местото кое е во сопственост на мојот татко по наследство од дедо ми долг период.како е тоа можно и дали е тоа законски ,се надевам на позитивен одговор и исцрпно образложение однапред ви се заблагодарувам.
Почитувани, Од Вашето прашање може да се утврди дека предметното земјиште е градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, а корисник е Вашиот татко. Покренете постапка за приватизација на земјиштето (рокот е до 31.12.2012 година) пред надлежната служба за имотно-правни работи, која е сместена во просториите на локалната самоуправа. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани имам едно прашање во врска со неправилно уцртани граници на парцела (нива)која е надвор од урбанистичкиот план . Имено со авионското снимање едната меѓа која отсекогаш е обележана со камен највероватно поради закриеност од трева не е дешифрирана туку за меѓа е земено место кое претставува куп со камења кои се исфрлени од нивата .Другите три меги се во ред а со дешифрирањето на оваа меѓата е поместена со 8м. кон внатре . Дали постои можност овие граници да се корегираат ако не постои никаков спор од соседот кој граничи со истите, и која е постапката.Однапред ви благодарам.
Почитувани, Поднесете пријава за исправка на техничка грешка во Одделението за катастар на недвижности каде се наоѓа предметното земјиште. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, dali moze da podnesam baranje za brisenje na evidenten list vo katastar na bespravno izgradeni objekti?
Почитувани, Можете да поднесете барање само ако бесправно изградениот објект е срушен или пак легализиран. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
издадено е одобрение за градење од 14 11 2011год.Соседите се известени дека можат да изврШат увид во документацијата најкасно до 29 .11.2011год.Кога Ќе стане правосилно реШението? Ве молам да ни одговорите. Благодарам! 5783
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Согласно Законот за градење (Службен весник на Република Македонија број 130/09,124/10,18/11 и 36/11) надлежна е локалната самоуправа(Општината). Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, може ли да ме информирате колку време трае постапката за промена на шифра на имотен лист за земјиште од трајно користење во сопственост на истото? Значи ме интересира, бидејќи ја откупивме земјата (се работи за катастарски парцели во Општина Центар, 2169 и 2170) и уплатниците ги доставивме во подрачната на Центар, Министерство за финансии, од каде ни одговорија дека следната постапка (промена на шифра, приватизација) ја превзема катастарот. Значи колку време трае постапката, зашто имаме закажано рочиште за физичка делба во Основен суд 2? Благодарам, Наде Цветкоска
Почитувани, Во вашиот случај ако се работи за промена само на сопственоста и постои континуитет на податоците,истата ќе се спроведе во рок од 3(три) работни дена.Ако се работи за приватизација со геодетски елаборат и потребна е промена и во катастарскиот план,истата ќе биде спроведена во рок од 15(петнаесет) работни денови.Оваа постапка може евентуално да трае и подолго од причина ако за предметната недвижност има поднесено претходно други барања по кои не е постапувано. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Koja e procedurata za igradba na podkrovlje nad stanbena zgrada? iI koj dokumenti treba da se izvadat za da pocni izgradbata?
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Обратете се до локалната самоуправа(Општината)каде е предметната недвижност-Сектор за урбанизам и просторно планирање. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, imam kupeno kuka i dvor no taa parcela ima i garazi koi se so evidenten katastarski list koj glasi na prethodnite sopstvenici. E sega koga go kupuvav imotot Katastarot ne go dal toj list i istiot ne vleze vo dogovorot za kupoprodazba. I sega jas doznav za toa i nz sto da pravam. Bi sakal da mi objasnite dali tie garazi koi ne se legalni utre sopstvenicite moze da si gi legaliziraat ili jas treba da pravam nov dogovor za tie garazi koi povotruvam imaat evidenten list! Pozdrav
Почитувани, Во евидентниот лист се објекти кои се бесправно изградени и истите неможат да бидат предмет на правен промет.Дали ќе купите бесправен објект или не е ваш проблем,но законската рамка за таков промет нема,освен меѓусебен договор за продажба кој не е правен основ за промена во катастарот на недвижностите. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Dali postoi drzaven gradezen inspektorat ili organiziranosta se sveduva na toa deka na lokalno nivo, Opstinite imaat edinstven gradezen inspektor?Ako ima koja e negovata web-strana? pozdrav
Почитувани, Точни податоци за вашето прашање можете да добиете во Министерството за урбанизам при транспорт и врски. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, poseduvam tri parceli obrabotlivo zemjiste so vkupna povrsina od 14 000 m2. Sakav da izvadam imoten list no ne mozam da go napravam toa i mi baraat elaborat. Jas ziveam vo Avstralija i ne sum upaten vo novite izmeni na zakonite vo Makedonija. Me interesira kolku ke cini takviot elaborat. Pozdrav
Почитувани, Вашите катастарски парцели се со незапишани права од причина што не сте се јавиле во постапката на систематското запишување на правата.Потребно е да поднесете пријава за запишување на незапишаните права во катастарот на недвижностите кон која ќе се приложи правниот основ и геодетски елаборат.Цената за елаборатот е утврдена во тарифникот на Комората на приватните геодети. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani,imam dobieno resenie za privatizacija na gradezno zemjiste po osnov na poranesna sopstvenost.Se raboti za 2 parceli.Na ednata parcela od 1146m2 ima izgradeno kuka so pomosni prostorii od nas soselanec pred 40 godini a drugata parcela od 289m2 e gradina.Go opomenavme sopstvenikot na kukata deka mestoto okolu kukata e nase i treba da go oslobodi a za mestoto pod zgrada da se dogovorimea toj otsecno odgovori deka nikoj nisto ne mu moze.Tatko mi bidejki zivee od mnogu odamna vo Skopje ne se sekaval na taa niva i vo kataster koga sme plakale danok prasuval kade se naogja no nikogas ne dobil tocen odgovor.Ve molam ako mozete da mi kazete koi se moite prava i kade treba da se obratam.
Почитувани, Вие имате проблем со лицето кое изградило објект на ваша катастарска парцела.Бидејќи нема позитивна волја за решавање на проблемот(така вие наведувате) морате сопственичките права во однос на лицето кое изградило објект на вашето земјиште да ги решите во постапка пред судот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Po vtor pat go postavuvam ova prasanje i se nadevam deka ke mi odgovorite.Vo postapka ni e privatizacija na gradezno zemjiste po osnov na poranesna sopstvenost.Se raboti za dve parceli 3984 i 3978 KO GRADEC Valandovo koi veke 40 god.gi drzi drug covek a na ednata parcela ima napraveno i kuka.Ve molam odgovorete mi sto da pravam vo ovoj slucaj i dali moze da si go povratime zemjisteto sto ne se naogja pod kuka(se raboti za 1325m2)
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Но,сепак решението на вашиот проблем е во судска постапка. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ве замолувам за одговор на следниве поставени прашања Што се се смета за правовалиден правен основ за да се запише промена во катастарот за недвижностите, која е постапката за да го сторам тоа, и дали можам да барам да се направи промена за недвижност која не е моја сопственост без согласност на носителот на правото? Што се подразбира под индивидуален упис во катастарот на недвижностите?
Почитувани, Правно валиден основ за промена во катастарот на недвижностите се правосилни судски одлуки,одлуки за привремени мерки,претходна мерка и други акти за обезбедување на побарувања,конечни,односно правосилни акти на органите на државната власт,на органите на локалната самоуправа и градот- Скопје,правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања,закон и правни дела.Ако располагате со некој од горе наведените акти кои претставуваат правен основ за промена во катастарот на недвижностите,согласно членот 164 од Законот за катастар на недвижности(Службен весник на Република Македонија број 40/08,158/10,17/11 и 51/11),носителот на правото на недвижностите е должен во рок од 30 дена од денот на настанувањето на промената на недвижноста да поднесе пријава за запишување на промената во катастарот на недвижностите. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Kako i koi dokumenti mi se potrebni za da otpocnam ostavinska postapka vo Srbija. Koj e nadlezen po ova prasanje i kade bi mozel da se informiram podetalno sto e potrebno da napravam. Blagodaram.
Почитувани, Агенцијата за катастар на недвижности не е во можност да ви одговори на вашето прашање од причина што се работи за постапка што треба да се води во друга држава и по закони кој се применуваат во истата. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Ziveam vo divogradba za koja e podneseno baranje za LEGALIZACIJA, no seuste nema nikakvo izvestuvanje.Nuzno ni e da izvrsime rekonstrukcija na krovot , a voedno i da se ovozmozi potkrovje kako mesto za ziveenje vo najskoro vreme.Ve molam da me upatite za vistinsko i brzo resenie.T.E dali vo ovoj vakuum postoi moznos so nekakov dokument ili odobruvanje ,da se izvrsi sanacija na krov i da se napravi nisko potkrovje
Почитувани, Ова прашање и проблемот кој го имате со кровот на вашиот објект не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Морате да се обратите до локалната самоуправа(Општината)-органот за планирање на просторот (урбанизам). Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Sto prestavuva gradeznotehnica dokumentacija? odnosno dali ako imotot odnosno mestoto za gradba na kuka glasi na tatkomi , dali mozam jas da izvadam gradeznotehnicka dokumentacija na moe ime?
Почитувани, Градежно техничка документација претставува:локација,протокол,урбанистичка согласност,проект,одобрение за градба(градежна дозвола).Ако имотот е на вашиот татко,градежна дозвола на Ваше име неможе да добиете ,за ова прашање треба да се обратите до соодветната општина. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Sto se vleguva vo gradezno-tehnicka dokumentacija, i ako taa e na ime na tatkomi kako mozam da ja prefrlam na moe ime?
Почитувани, Градежно техничка документација претставува:локација,протокол,урбанистичка согласност,проект,одобрение за градба(градежна дозвола).Ако имотот е на вашиот татко,градежна дозвола на Ваше име неможе да добиете ,за ова прашање треба да се обратите до соодветната општина. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани Можеби ќе Ви одземе малку време но многу Ве замолувам бидејќи сум во очај и не знам од каде да почнам. Купив куќа пред 1-2 години во Ѓ.Петров и кога дојде време да ја преведам куќата на мое има што да видам изгледа дека купив големо ништо. Претходно била барака, па рушена и доградувана. За неа не може да се извади имотен лист (само Пописен лист со незапишани права). Реалниот објект не е во склад со нацртот (техничката докуменатција), наместо подрум и приземје човекот си направил приземје и кат (како е тоа можно при имање на соодветна градежна дозвола, одобрение за локација и друго). Лицето има предадено за откуп на земјиште и за легализација. Дали по преносот на куќата можам јас да ги продолжам тие постапки или ќе треба се на негово име да средам а потоа да пристапам кон преносот. Ве молам за кратки насоки Со почит, најдобри сте редовно ги читам Вашите професионални одговори
Почитувани, Сте купиле објект без претходно да проверите за правниот статус.Но можност,постои ако е поднесено барање за легализација согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти(Службен весник на Република Македонија број 23/11 и 54/11).Ако барањето е од продавачот,потребно е објектот да се запише на негово име(ако се легализира),па потоа да се склучи нотарски договор за продажба каде вие ќе се јавите како купувач. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Sto treba da napravam dokolku za zapisuvanje na imot so legalizacija vo katastar se pomine predvideniot rok ( denes e 17 den). Kade treba da interveniram?
Почитувани, Ако поседувате правосилно решение за легализација на бесправно изграден објект,истото со пријава за запишување поднесете го до катастарот кој е надлежен за запишувањето на објектот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
kade treba da se obrateme za nasiot problem,imame kuka za koja imame izgotveno elaborat,imame izvadeno posedoven list so neutvrdena sopstvenost,seto ova e napraveno vo regularniot rok za legalizacija,posto nasata kuka e divogradba,problemot e vo toa sto go imame ispusteno baranjeto koe se dostavuva vo opstinata ,no ne po nasa vina.Sega ve molam da mi kazeto kako da go resam problemot za da ja legalizirame kukata i mestoto poz radovis
Почитувани, Агенцијата за катастар на недвижности не е надлежна за поведување и водење на постапка за легализација.Обратете се во Општината или во Министерство за транспорт и врски. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
kolku e cena sudska odredena za zemjiste po kvadrat
Почитувани, Цената зависи од реонот,класата и културата на земјиштето и се разликува. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, sakam da prasam za stan od 1967god. sto se vodi na tatko mi i na brat mi, megutoa tatko mi e pocinat, a brat mi ne zivee vo stanot 30 godini. A jas ziveam vo stanot veke 45godini, jas site ovie 45godini go odrzuvam, jas go isplativ go renovirav wc,kujna, dogradba na terasa,dogradba na kujna, site smetki se na moe ime, plateni se danok, struja, voda,televizija, se sto bilo potrebno za zgradata kako nov krov, nova vrata vo vlezot...se se jas i sakam da znam dali moze da se utvrdi pravoto na sopstvenost na za odrzuvanje na imotot (stanot) i jas da bidam sopstvenik zosto samo jas go odrzuvam stanot site ovie godini, i kako dokaz imam smetki , svedoci i komsii i rodnini...?? a brat mi si ima dr stan koj go ima dobieno od drzavata... Odnapred vi blagodaram, Spase
Почитувани, За да се запише стан во сопственост во Имотен лист потребно е да се приложи правен основ во законски пропишана форма(пресуда,наследно решение,договор за подарок и слично). Самиот факт што Вие живеете во станот, истиот не претставува основ за запишување на правото на сопственост. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани дали во законот на правото може да се земе кредит на стан кој се отплака половина од кредитот го напуста станот зема друг стан од фирма со дадена лажна изјава дека нема стан тој претходно не кажал дека е сопственик на станот земен во 1967 год како тогас го добил другиот стан1982год сакам да ми кажете каде да ја барам таа негова лажна изјава, оти сега тој бара дел од стариот стан,откако тој си замина станот во долгови ми го остави на мене јас го исплатив 1990год есега кога му реков да го префлам на мое име несака да потписе ми бара дел и сака да ме исфли а јас немам стан на мое име имам доградба и подадено за легализацијаво истиот стан,каде можам да ја пронајдам таа негова лажна изјава,да си го решам станбеното прашанје,однапред ви благодарам.
Почитувани, Доказ за сопственост на стан е Имотен лист.Во збирка на предметот се содржани сите правни основи кои послужиле како доказ за запишување на стан во Агенцијата за катастар на недвижности-Центарот за катастар на недвижности-Скопје,можете да поднесете барање за увид во предмет и да проверите врз основа на кои документи е запишан станот. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani mojata majka i nejzinite braka momentalno delat edna parcela na koja site imaat kuki.Za delot na majka mi pri ostavinska postapka, bidejki eden od brakata ne sakase da potpise i da se otkaze od toj del vo korist na majka mi(iako si ima svoj del kako i site drugi braka) pravosilno od sud dobiva 1/2 od delot na majka mi.Na parcelata seuste nema napraveno fizicka delba, a treba da se deli na idealni delovi.Dali koga ke se napravi fizickata delba ke stapi na sila pravosilnata presuda i so toa bratot na majka mi ke i zeme 1/2 od nejziniot del.Isto taka mi sakam da prasam dali pri podelba na idealen del od parcela se deli placot na segasnite postoecki ogradi. Odnapred blagodaram
Почитувани, Промените во катастарот во катастарскиот операт и катастарските планови се запишуваат врз основа на исправи за правен основ или акт на надлежен орган и геодетски елаборат.Во вашиот случај за геодетски елаборат за физичка делба надлежни се Трговските друштва за геодетски работи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani,pred 9god izvrsena e dogradba i nadgradba na stanbena zgrada.Za dogradbata se plateni komunalii i ima imoten list na ime na firmata koja ja vrsese dobradbata,Firmata sega e so crveno saldo odnosno neplateni davacki kon drzavata i nemozelo da se prefrli dogradbata na sopstvenicite(taka vikaat od firmata).Kazete mi kako da se izvrsi spojuvanje na imotniot list na stariot del so imotniot del od noviot del-dogradbata,odnosno i za dogradbata dobieme imoten list.Bi sakal da mi odgovorite na e-mail:mici_111@yahoo.com So pocit
Почитувани, Морате да имате правен акт за да ја спојат доградбата и надградбата со Вашиот имотен лист. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Имаме документ, решение од 1971 година за адаптација на поткровје изградено заедно со прв спрат од куќа уште во 1962 година за која имаме дозвола за градба, а и имотен лист со впишана сопственост на наше име, но само за изградениот спрат, односно за поткровје кое моментално не е запишано во катастар иако е дел од техничката документација од 1962 година. Дали може да се впише сопственост на тоа поткровје со документ кој е проследен со заверена скица и заверени изјави од сите тогашни станари дека му го отстапуваат на нашиот покоен родител? Дали решението од собрание на град Скопје кое е на негово име, скицата заверена од градот, извадена од Архив и геодетски елаборат се доволни документи за да можеме да ја впишеме недвижноста, прво на име на родителот, па после соодветниот процес и на наследниците? Подетално ме интересира дали заверено решение за адаптација со целата придружна документација е правен основ за запишување на сопственоста врз недвижноста? Однапред ви благодарам!
Почитувани, Решението за адаптација не е правен основ за запишување на поткровјето во катастарот на недвижностите.Но,Вие тврдите дека во дозволата за градба за спратот е опфатено и поткровјето кое е дел од техничката документација.Обратете се до Центарот за катастар на недвижности Скопје со расположивата документација каде ќе добиете попрецизни насоки. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Дали документ издаден од катастар врз основа на проверка на сите катастарски книги од 1945 год. (пописен катастар) од кој е утврдено дека куката која ја поседуваме е запишана со авионско снимање во 1963 год. има правен основ да се запише на мојот татко без надомест. Инаку куката до тогаш ја има во поседовните листи од дедо ми, а после 1963 год. е впишана на мојот татко. Проблемот настана сега со приватизацијата тие упорно ни бараат договор за поклон, а од катастар ни велет дека изводот од пописен катастар е доволен за да се запише куката на таткоми без надомест. Однапред Ви благодарам!
Почитувани, Вие тврдите дека куќата е евидентирана уште во пописниот катастар (1952-54 година) на име на вашиот дедо и истата е опфатена со аерофотограметриското снимање на име на вашиот татко.Согласно Законот за катастар на недвижности(Службен весник на Република Македонија број 40/08,158/10,17/11 и 51/11)во катастарот на недвижности ќе се запишуваат согласно податоците од катастарот на земјиште(поседовен лист)објектите до приземје.(член 128 став 2 од наведениот Закон). Со почит, Агенција за катастар на недвижности
VE MOLAM DA MI KAZETE DO KOGA TRAE ZAKONOT ZA OTKUP NA DVORNO ZEMJISTE PO CENA OD 1 EVRO FALA BLAGODARAM
Почитувани, Согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост(Службен весник на Република Македонија број 04/05,13/07,165/08,146/09 и 18/11) последен рок за поднесување на барање за приватизација е 31.12.2012 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani,poseduvam zemjodelsko zemjiste vo reon kade sekade okulu mene ima poveke gradezno od zemjodelsko ve molam da mi pojasnte ako go prevrlam vo gradezno kakvi mi se ponatamosnite obvrski,dali treba da plakam danok dali treba da go privatiziram evro za metar kvadraten.Ve molam za odgovor pozz.
Почитувани, Вие неможете да вршите пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно.Тоа право согласно Законот за просторното и урбанистичко планирање го врши локалната самоуправа(општината).Дали вашето земјиште е во градежен реон или не,потребно е да проверите во секторот за урбанизам и просторно планирање при општината каде се наоѓа вашето земјиште. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Kako mozam da zakazam so direktorot na katastar vo skopje ve molam dajtemi broj od telefon . Vi blagodaram odnapred
Почитувани, За закажување на средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите Скопје можете да се јавите на тел.3171-668 и 3097-337, додека со стручниот советник-помошник на директорот на Центарот за катастарот на недвижности Скопје можете да се јавите на тел.3097-337 Со почит, Агенција за катастар на недвижности
da prasam za mislenje za eden slucaj: tatkoto mu pocinal i on podnel baranje za ostavinska postapka ali sestrata negova ne saka da gi predade dokumentite i poradi toa ne moze da se zapocne ostavinskata postapka, nema pari covekov i dali moze da prevzeme nesto bez advokat ili mora advokat da najmi za vakva rabota, sto moze sam da prevzeme?
Почитувани, Вашето прашање не е од областа на катастарот, за добивање на правен совет потребно е да се обратите до адвокатска канцеларија, која е надлежна за таков вид на правна помош. Со почит, Агенција за катастар на недвижностите
kako moze da se privatizira po 1 eur/m2 zemjiste vo stambena zgrada (treba site stanari vo zgradata ili moze poedinecno)??
Почитувани, Одговорот на вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижностите, потребно е да се обратите во подрачното одделение на Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи. Со почит, Агенција за катастар на недвижностите.
me interesira kako mozam da pobaram podatoci za rastojanie od ivicnakot na postoeckata ulica do pocetokot na parcelata (kakov dokument treba da se bara od agencijata za katastar)
Почитувани, Одговорот на вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за кастар на недвижностите, потребно е да се обратите во подрачното одделение на Општината-Сектор за урбанизам и градежништво. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Мојот сопруг е починат во март оваа година. Поседува правосилно решение со важност од 22.05.1998 година, според кое наследува една половина идеален дел од оставината од неговите родители и тоа барака во населба Драчево и имот во село Костинци прилепско. Од причина што не успеа да се договори со неговата сестра за физичка делба, а сега заклучив дека мојот сопруг нема извршено промена на податоците во катастарот на недвижности, а слушам дека за тоа имало некаков рок. Нотар ме информира дека за да извршиме оставинска постапка на овој имот прво треба да извршиме промена на податоците во катастар на име на сопругот. Ве молам да ме упатите како да постапам, особено ме интересира како се решава проблемот со поминатиот рок. Нагласувам дека промена на сопственоста нема направено ни вториот наследник, кој воопшто не е заинтересиран да се реши проблемов.
Почитувани, За да се запише вашиот сопруг во катастарот на недвижностите односно доколку имате Имотен лист потребно е до Центарот за катастар на недвижностите (кај Педагошка академија) да доставите пријава за запишување на промена кон која ќе го приложите правосилното решение за наследување, кое треба да биде заверено со печат за данок на наследување од надлежниот орган на Управата за приходи и извод од матичната книга на умрените. Доколку предметната недвижност е со незапишани права (неизложена)во тој случај потребно е да поднесете пријава за запишување на недвижностите кои во постапка на систематско излагање останале незапишани,кон која ќе го приложите погоренаведеното наследно решение,умреницата, документација за бараката,потврда дека над имотот има-нема заведено хипотека од интабулационите книги која ја издава Центарот за катастар на недвижности Скопје и геодетски елаборат за запишување од приватна геодетска фирма. Со почит, Агенција за катастар на недвижности Скопје
mame kuka vo struga na 4 sprata sekoj sprat e stan za sebe,no vo notar e podeleno dva sprata na nas i dva sprata na brat.ne interesira so legalizacijata kakov tretman ima taa dali kako semejna kuka ili kako stambena zgrada bidejki treba da se legalizira a postoji poveke od trideset godini.i kolku ke ne cini kvadrat od toa bidejsoki e dadeno da se napravi eleborat so pocit
Почитувани, Законот за постапување со бесправно изградени објекти(Службен весник на Република Македонија број 23/11 и 54/11)е во надлежност на органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот при локалната самоуправа(Општината).Ако имате правен основ(нотарски договор)за физичка делба на објектот,потребно е да добиете посебни имотни листови.Висината на надоместокот за изготвување на геодетски елаборат е одредена во Тарифникот објавен во Службен весник на Република Македонија број 28/2011 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани! Ви се обраќам бидејќи веднаш до нас се гради објект за кој се сомневаме дека е навлезен на наше место. Од државниот градежен инспекторат ( бидејќи градежната инспекција од Гостивар од февруари 2012 е суспендирана) , мојата мајка побара Записник-протокол за поставеноста на објектот за да можеме да повикаме овластен катастар кој ќе изврши премер и ќе утврди дали соседниот објект е навлезен на наше место. Државниот градежен инспектор излегол на терен, но не сака да ни даде записник-протокол за поставеноста на објектот за да можеме да ги бараме нашите нарушени права. Дали има друг начин како да стигнеме до вистината и да утврдиме дали соседниот објект е навлезен на наше место. За нашето место си имаме уреден Имотен лист.
Почитувани, Агенцијата за катастар на недвижности-Одделенијата за катастар на недвижности согласно Законот за катастар на недвижности(Службен весник на Република Македонија број 40/08,158/10,17/11 и 51/11)нема законско право да врши мерење и истото е во надлежност на приватните геодетски фирми.Во врска со непостапувањето на градежниот инспектор потребно е да се обратите до Министерство за транспорт и врски.Ако имате сигурни докази дека со градбата на вашиот сосед се нарушени вашите права,потребно е истото да го заштитите во постапка пред редовниот суд. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Здраво дали може да се приватизира дворно земјиште во карпош ако во ДУП се планира изградба на улица иако ние сме сопственици на тоа земјиште од 1954 година и колку изнесува цената за еден квадратен метар?
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Обратете се во подрачното при Општината -одделение на Министерството за финансии-управа за имотно и правни работи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
За да формирам градежна парцела треба да докупам дел (од 8м квадратни) од заедничка идеална половина од другите заведена како КП со ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИЗГРАДЕНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ КОЕ ПОСТОИ ЗГРАДА. Дали судски може да ги докупам овие 8 квадрати, иако идеалната половина се води како право на користење? Благодарам.
Почитувана, За купување на земјиште за дооформување на градежна парцела не е потребна судска постапка.Во вашиот случај потребно е да се јавите во Управата за имотно правни работи-одделение за имотно правни работи кое е надлежно за решавање на работите за подрачјето на соодветната локална самоуправа(општината)каде се наоѓа предметното земјиште. Со почит,Агенција за катастар на недвижности,
Почитувани, да бидам попрецизена. Сакам да оформам градежна парцела во согласност со урбанистичкиот план. Ми недостасуваат уште 10 м квадратни, кои според у. план треба да се докупат од КП која поминува низ оваа градежна парцела. На оваа КП се водат 5 лица во идеален дел сите со право на користење односно, ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИЗГРАДЕНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ КОЕ ПОСТОИ ЗГРАДА. На оваа КП јас имам право на користење 50% , а останатите 4 заедно имаат 50%. За да ја оформирам градежната парцела, ми недостасуваат 10м квадратни, односно 60 % (или плус 10 % од останатите корисници). Која е постапката за да добијам 10м квадратни од останатите сосопственици на идеалниот дел, ако тие не се сложуваат, притоа имајки во предвид дека и тие како мене се корисници?
Почитувани, Од причина што катастарска парцела е со запишано право на користење, сме на мислење дека истата не може да биде предмет на дооформување. Имено, потребно е подрачното одделение на Општината при Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи да донесе решение за одземање на корисничкото право, за да парцелата стане сопственост на РМ (без корисничко право)па потоа преку Транспорт и врски да барате дооформување на парцелата или парцелата да се приватизира во сосопственост (идеални делови),па потоа да направите договор за купопродажба на преостанатите идеалните сосопственички делови и да станете сопственик на предметната парцела. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, да бидам попрецизена. Сакам да оформам градежна парцела во согласност со урбанистичкиот план. Ми недостасуваат уште 10 м квадратни, кои според у. план треба да се докупат од КП која поминува низ оваа градежна парцела. На оваа КП се водат 5 лица во идеален дел сите со право на користење односно, ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ИЗГРАДЕНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВРЗ КОЕ ПОСТОИ ЗГРАДА. На оваа КП јас имам право на користење 50% , а останатите 4 заедно имаат 50%. За да ја оформирам градежната парцела, ми недостасуваат 10м квадратни, односно 60 % (или плус 10 % од останатите корисници). Која е постапката за да добијам 10м квадратни од останатите сокорисници на идеалниот дел, ако тие не се сложуваат, притоа имајки во предвид дека и тие како мене се корисници?
Почитувани, Од причина што катастарска парцела е со запишано право на користење, сме на мислење дека истата не може да биде предмет на дооформување. Имено, потребно е подрачното одделение на Општината при Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи да донесе решение за одземање на корисничкото право, за да парцелата стане сопственост на РМ (без корисничко право)па потоа преку Транспорт и врски да барате дооформување на парцелата или парцелата да се приватизира во сосопственост (идеални делови),па потоа да направите договор за купопродажба на преостанатите идеалните сосопственички делови и да станете сопственик на предметната парцела. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Сакам да поставам едно прашање.Мојот покоен дедо во 1954 година има купено земјиште од негов роднина. Но во имотниот лист 174 КО Ласкарци, целосно се згрешени личните податоци(презиме, татково име и име) .Во уверението за движење на парцела стои дека уписот е направен врз основа на јавен увид од 1963/64. Што треба да направам за да ги корегирам овие грешки, со што би почнале постапка за наследство. Благодарам.
Почитувани, За да се изврши исправка во личните податоци на носителот на правото на недвижност потребно е до подрачното одделение на Катастарот на ндвижности да поднесете пријава за запишување промена со административна таксена марка од 50,00 денари, доказ за платен надоместок во висина од 250,00 денари по пријава, како и копија од лична карта,извод од матична книга на родените или извод од матичната книга на умрените во оригинал или заверени од нотар-верно на оригинал. Ако во катастарската евиденција странката е евидентирана со едно, а во нејзината лична карта со друго име или со друго презиме, или ако има несовпаѓање на дел од овие податоци,потребно е покрај горенаведените документи да се достави и потврда од МВР дека станува збор за едно исто лице. Со почит, Агенција за Катастар на недвижности,
zdravo jas sakam da znam dali tatkomi bez prisustvo na drugute negovi deca moze da ostavi imanje na kogo saka normalno deka skrisno i dali bes moe odobrenije mozat dago zemaat.dali ima nekoj zakon za dogovor da zemam od niv osteta na primer jas sakam da napravam dogovor za moite braca nivni soprugi i deca pred dase potpisam tije dase potpisat na mojeto dogovar deka nemaat dase ponasaat grubo srema majkami ako se ponasaat grubo togas da baram osteta od niv .zaradi sto jas ne sakam ni pari nitu imanje od niv samo sakam da nese ponasaat grubo so majkami.dali ima takov zakon advokatski da pravam dogovor za osteta i vo dogovorot dase potpisaat pred jas da davam odobrenije i potpid.ako mi odgovorite mnogu kese radvam.vi bagodaruvam
Почитувани, Ако вашиот татко е сопственик на недвижност,тој има право да располага со истата по сопствена волја,па меѓу другото и да го подарува.Ако сте на мислење дека тоа е направено со цел да бидете оштетени,има правна можност актот кој е правен основ да го спорите во судска постапка.Консултирајте се со адвокат. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Кои документи се потребни за откуп на дворното место?
Почитувани, За постапката на приватизација,надлежно е Министерството за финансии-Управа за имотно правни работи,додека за купување на земјиште сопственост на Република Македонија надлежно е Министерството за транспорт и врски.Доколку прашањето ви е за приватизација ,треба да се обратите до надлежната управа за имотно-правни работи. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Sakam da kupam eden stan megutoa istiot bil registriran kako pomosni prostorii a namesten e kako stan za ziveenje. Me interesira dali moze prostorot da se prenameni od pomosni prostorii vo stanben prostor, dali za istiot ke bide potrebno da se platat komunalii, ako moze da mi objasnite kako ide taa procedura. Da napomenam deka stanot ima imoten list. Odnapred Vi blagodaram
Почитувани, За пренамена од помошна просторија во станбен простор потребно е да се обратите до вашата Општина-Сектор за Урбанизам и градежништво, пред кој што се води постапката за издавање на одобрение за пренамена (адаптација). Правен основ за запишување на промената во имотениот лист претставува правосилното одобрение за пренамена (адаптација) со заверен градежен проект и др. документација согласно Законот за градење. Со почит, Агенција за катастар на недвижности Скопје
Почитувани, Кога извадов Уверение (историјат) за движење на имот од 1932год до сега за потреби на приватизација врз основа на поранешна сопственост, увидов во историјатот неколку несогласувања со документацијата која ја имам (тапија за купување и наследно решение). Имено, мојот прадедо имотот го купил во 1932 год од претходен сопственик, а по неговата смрт со наследно судско решение во 1952 год е оставено на мојот дедо. Меѓутоа, според катастартката евиденција, во историјатот фигурира, дека: Во 1932год во КПxxxx и ИЛxxxx е запишан претходниот сопственик; во 1964год со Писмо на НО од општина градот XXXXX КПxxxx преминува во ИЛxxxx на општината - без да се наведе од кое име/соптвеник се зема; а со премерот во 1972год се појавува мојот дедо без да наведат под кој акт. Значи, тапијата од претходниот сопственик на која е допишан прадедоми како купивач во 1932год. и наследното судско решение од 1952 никаде не се евидентирани. Односно прадедоми никаде не фигурира во историјатот, а пак дедоми се појавува тек во 1972 год, како да изникнал од некаде. Инаку, имотот е во владение од 1932 па до ден денешен. Немало никогаш прекин. Моите прашање се: Q1.) Дали можам некако овие документи од 1932 и 1952 да ги "запишам" во државниот катастар на недвижности, и по кој пат? Q2.) Тоа "Писмо на НО на општина XXXX" од 1964 год. го барав во државниот Архив на РМ - но го немаат; а пак од катастар неможеле да ми издадат копија. На каков начин можам да добијам копија од тој Акт од Катастарот?
Почитувани, Во уверение за историски преглед на извршените запишувања на одредена катастарска парцела (Историјат) хронолошки се запишани сите настанати промени со назначување на правниот основ. Документите кои биле од 1932 и 1952год. навреме не биле спроведени во катастарската евиденција,а после тоа настанати се промени врз основа на правно-валидна документација, така што сега не постои законска можност ретроактивно да се спроведат во катастарската евиденција, односно во катастарот на недвижности.Доколку во архивата на катастарот се наоѓа одреден документ, за истиот може да Ви се издаде фотокопија за која се плаќа одреден паричен надоместок. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ве молам да ми одговорите на следново прашање.Имам куќа со имотен лист на кој стои сопственик Република Македонија а јас единствен корисник.Поднесено ми е барање за приватизација, а во меѓувреме и дозволив на сестра ми да живее привремено во неа и сега на мое барање не сака да се исели од неа.Дали имам право да поднесам тужба да се исели од куќата?
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, потребно е да се обратите до адвокатска канцеларија која е надлежна за давање стручна правна помош. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Ве молам да ми одговорите на следново прашање.Имам куќа со имотен лист на кој стои сопственик Република Македонија а јас единствен корисник.Поднесено ми е барање за приватизација, а во меѓувреме и дозволив на сестра ми да живее привремено во неа и сега на мое барање не сака да се исели од неа.Дали имам право да поднесам тужба да се исели од куќата?
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, потребно е да се обратите до адвокатска канцеларија која е надлежна за давање стручна правна помош. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
POCITUVANI KE VE ZAMOLAM ZA EDNO PRASANJE; DO KOGA E KRAJNIOT ROK ZA DOSTAVUVANJE NA GEODETSKI ELABORAT DO OPSTINATA GAZI BABA A IMAM PODNESENO NA 21-03-2011 god.I DALI E PO ISTATA CENA OD 1 EVRO PO METAR KVADRATEN ODNAPRET VI SE ZABLAGODARUVAM.
Почитувани, Најверојатно во вашиот случај се работи за постапка на приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.Последен рок за поднесување барање е 31.12.2012 година. Со почит, Агенција за катастар на недвижности.
ve molam samo edno prasanje,sopstvenik sum na stan so garaza vo centar,garazata ja prodadov i koga gledav vo sopstvenosta na internet na listata vo katastarot stoese imeto na noviot sopstvenik na garazata odnosno izleguva deka i stanot e na negovo ime kako e toa mozno.Znaci li toa da odam vo katastar i da izvadam imoten list br.12849 za stanot parcela 13510
Почитувани, Ве известуваме дека техничката грешка која била направена при запишување на промената во катастарот на недвижностите е исправена по службена должност, така што вашиот стан останува запишан во Имотниот лист бр.12849, а гаражата е запишана во Имотен лист бр.100592 КО Центар 1. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Дали при запишување на објект изграден со одобрение за градење покрај одобрението за градење на кое треба да има штембил за правосилност треба да се приложат и оригинални документи кои се биле како прилог за издавање на одобрение за градење како решение за локациски услови, урбанистичка согласност, имотен лист, уверение за платени комуналии и сл. и доколку требаат и тие документи да се приложат дали и на нив треба да има штембил за правосилност. Со почит, Добривој Николовски
Почитувани, Како еден од правните основи за запишување на правото на сопственост во катастарот на недвижностите претставува правосилно одобрение за градење. Кон него потребно е да се приложат во оригинал или фотокопија верно на оригиналот следните документи:решение за локациски услови или протокол,урбанистичка согласност, заверен градежен проект и сл.Не е потребен имотен лист и уверение за платени комуналии.Напоменуваме дека само одобрението за градење потребно е да биде правосилно. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, imam kukja vo Struga so imoten list od 162 m2. Na markicata e oznaceno na 178 m2. Vo urbanistickiot plan 18 m2 se vlezeni kaj nas a katasterski se zavedeni kaj komsijata i zaradi ovoj problem e stopirana kradba. Kakva e procedurata za da se resi problemot za da mozam da gradam, i za kolku vreme bi mozel da se resi problemot ? Vi blagodaram !
Почитувани, Ве известуваме дека за да се реши вашиот проблем потребно е со соседот меѓусебно спогодбено да ги разрешите имотно-правните односи (склучување на договор за купопродажба кај нотар за 18м2). Во спротивно потребно е да поведете судска постапка пред надлежен суд за уредување меѓи и граници, или пак да барате измена на урбанистичкиот план. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Неодамна наследив семејна куќа во гр.Штип КО Штип 3. За истата имам и имотен лист на мое име. сега сакам да доградувам бидејќи куќата е 50 м2 приземје и, мансарда 12м2 и тераса на мансарда 11м2 така стои во имотен лист(родителите погрешка го легализирале кат 1 како мансарда). Сега сакам да доградувам кат 1 и уште некој квадрат на поткровјето. Инаку куќите овде по стариот закон имаат дозвола за приземје + кат. Но кога се распрашав ми рекоа дека тешко ќе добијам дозвола за доградба и или дека воопшто може и да не добијам. Ве молам доколку можете да ми кажете дали е можна доградба и колку чинат комуналиите за м2 во КО Штип 3. Однапред Ви благодарам. п.с.: го поздравувам постоењето на сајтов, навистина сте од голема помош за граѓаните.
Почитувани, Ве известуваме дека вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите до Општина Штип-Сектор за урбанизам и градежништво. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Дали може да се извади имотен лист во Велес за имот во оптина Јегуновце, во атарот на с.Сиричина Благодарам
Почитувани, Ве известуваме дека со воведување на електронскиот катастар (е-кат) на целата територија на Република Македонија можете да извадите имотен лист за имот што се наоѓа на територија на друга катастарска општина. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
kuka na 2 sprata sekoj sprat stan so posebni stanari sakam da renoviram bidejki kukata e so gredi i ne e bezbedno za ziveene jas sum na prviot pod mene se vizbi sakam da stavam ploca dali e potrebo soglasnost od gorniot stanar za da dobijam dozvola za renovirajne
Почитувани, Ве известуваме дека вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите до вашата Општина-Сектор за урбанизам која е надлежна за издавање одобрение за градење. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, koja e postapkata za otkup na zemjiste od Ministerstvo za odbrana i dali voopsto moze da se otkupi? Se obrativ vo ministerstvoto i mi rekoa deka treba da odam vo opstina Karpos a od tamu pak me prakaat vo ministerstvoto? Sto treba da napravam kade da odam?? Blagodaram
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите до Министерство за финансии -Управа за имотно правни работи Скопје како надлежен орган пред кој се води постапката за приватизација за градежно земјиште во државна сопственост Со почит, Агенција за катастар на недвижности
pod cija nadleznos se ivicnjacite na javnite patista vo gradovite.Do kogo taeba da se obratime za da ivicnjacite koi ne se po propis postaveni - vo odnos na parcelite,vlezovite .i koi ni pravat steta na vozilata pri vlez i izles. Iako postojat nisko profilni ivicnjaci takvi ne se postaveni.
Почитувани, Ве известуваме дека вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Потребно е да се обратите во вашата Општина-Урбанизам или Градежен инспекторат. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
dali moze da mi odgovorite kade se podnesuva baranje za dobivanje na korisnicko pravo na dvornoto mesto iako predhodno pred sistematskoto zapisuvanje bilo evidentirano vo posedoven list na mojot tatko. ( So nikakov akt ne mu e odzemeno korisnickoto pravo) No sega vo imoten list na taa parcela stoi R.M. a korisnik ne e vnesen mojot tatko a se vneseni drugi lica po poranesna evidencija pa ve prasuvam zosto i na mojot tatko po poranesna evidencija ne e zapisan kako korisnik na taa parcela za da moze da se otkupi toa dvorno mesto. kako treba da se postapi vo vakov slucaj isto da prezememe za da izvadime imoten list za dvornoto mesto koe bilo so dogovor za poklon i preneseno pravo na koristenje na istoto pokloneto na mojot tatko. Pozdrav
Почитувани, Потребно е да се обратите до ЦКН да поднесете пријава за запишување промена во катастар на недвижностите согласно старата катастарска евиденција.Со почит, Агенција за катастар на недвижности
pocituvani.dali e donesen zakon za otkup na zemjiste pod stambena zgrada.i pokonkretno za nego i do koga e krajniot rok za otkup.
Почитувани, Не е во наша надлежност ,обратете се во Одделението за Финансии во подрачната единица при Општината во која живеете или се наоѓа недвижноста Со почит,Агенција за катастар на недвижности
pocituvani.dali e donesen zakon za otkup na zemjiste pod stambena zgrada.i pokonkretno za nego i do koga e krajniot rok za otkup.
Почитувани, Не е во наша надлежност ,обратете се во Одделението за Финансии во подрачната единица при Општината во која живеете или се наоѓа недвижноста Со почит,Агенција за катастар на недвижности
Kupiv stan novagradba vo naselba Cair.Pred da go kupam stanot od investitorot pobarav cist imoten list na stanot i dokaz od interbulaciona kniga od kataster na R.Makedonija deka nema nikakov tovar(hipoteka i drugi zalozbi).Seto toa go donese investitorot se bese cisto go napravivme kupoprodazniot dogovor a imam i resenie deka e plateno DDV na stanot. Mi bese kazano deka danok na promet za nov stan ne se plaka bidejki se raboti za nova gradba i deka sum prv kupuvac na stanot direktno od firmata-investitor sto ja gradi zgradata.Taka e utvrdeno so zakon.Po nekoe vreme mi stigna pismo od grad Skopje da se plati danok na stanot.Mi baraa odobrenie za gradba na firmata investitor,a firmata investitor nema odobrenie za gradba no ima resenie za legalizacija na bespraven objekt.Zgradata pocnala da se gradi bespravno no so noviot zakon za legalizacija se podmireni site davacki i objektot e legaliziran.Jas ova ne go znaev bidejki koga kupuvas stan te interesira dali ima IMOTEN LIST I POTVRDA OD KATASTER DEKA NEMA NIKAKOV TOVAR.Nikoj ne mu bara na investitorot odobrenie za gradba.Poradi ova nemozam da si go prefrlam stanot na moe ime i vikaaat deka treba da platam danok.Ve molam za odgovor da mi dadete nekoe resenie.
Почитувани, Плаќањето на данок не е во надлежност на катастарот. По донос на оваа прашање обратете се до Секторот за даноци при општината каде се наоѓа недвижнпоста. Запишувањето на зградата во катастарот се врши врз основа на правни испрви состаени во законски пропишана форма, во конкретниот случај градежно -техничка документација или решение за легализација , а вие можете да го стекнете вашето право на сопственост откако ќе склучите правен акт ( Ннотарски заверен договор и сл.) со печат за данок на промет од надлежниот орган. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Dali se uste moze da se podnesuvaat baranja za transformacija na imot
Почитувани, Барањата за трансформација, односно за приватизација е во надлежност на Министертсво за финансии- Имотно правно одделение , така да за оваа информација потребно е да се обратите до надлежниот орган. Со почит Агенција за катастар на недвижност
Почитувани, Живеам во стан во Охрид кој се води на катастарска парцела 12063, на Булавар Туристичка 8/4. Денеска бев во управата за имотно правни работи за да почнам постапка за приватизација на градежно земјиште те. за добивање на право на идеална парцела на која лежи зградата во која живеам. Од управата ми рекоа дека мора има геодетски елаборат за целата зграда-односно земјиштето на кое е изградена зградата и дека индивиуално е многу скап и дека не би можел да го направам тоа сам. Неодамна дознав дека укината е точката по која се бара геодетски елаборат за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. Проблемот е што во нашата зграда има 62 станови, а постојани станари се само 4. Куќниот совет не функционира како што би требало и не сум во можност да ги остварам своите права иако сакам да го сторам тоа. Ви благодарам
Почитувани, Постапката за приватизација не е во надлежност на нашата институција, односно е во надлежност на Министерство за финансии- Имотно правно одделение при општините, така да за оваа прашање обратете се во надлежното одделение. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани. Извршив легализација на куќа - дивоградба, за која добив имотен лист од катастар. Земјиштето на кое е куќата се води на РМ. Сакам да го откупам, но не знам дали може да се откупи за 1 евро - 1 м2, односно дали да дадам барање до министерство за финансии. Куќата е во Кисела Вода, а во општина ми рекоа дека можам да го откупам од општината но за многу повисока цена. Ме интересира и до кога е рокот за откуп на земјиште по 1 евро, и дали важи за легализирана дивоградба.
Почитувани, Дооформување и откуп на земјиштето е во надлежностна Министерство за транспорт и врски , додека пак постапката за приватизација е во надлежност на Министерството за финансии- Имотно правно одделение. Со оглед на тоа за да добиете одговор на вашето прашање шпотребно е да се обратите до надлежниот орган. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Lanskata godina imam aplicirano vo podracjeto na Opstina "Karpos", za otkup na dvorno mesto so vece kompletirana dokumentacija.Imeno od salterskiot rabotnik dobiv informacija deka ce bidam izvesten za da uplatam za otkup na dvornotot mesto,no vece edna godina nemam nikakov odgvor.Ve molam odgovorete mi na moja Email adresa ...;se raboti za Miroslav Antovski ,ul.Ivan Cankar br. 16a vo naselba Vlae......Vo momentot preku TV kanalite povtorno se informiraat graganite deka do krajot na ovaa tekovna 2012 god.da apliciraat za otkup na dvorno mesto za 1 evro,pa zatoa i me isprovocira ovoj podatok,za da Vi postavam prasanje,zasto ne me informirate po pismen pat ,kako sto i mi kaza salterskiot rabotnik.....Blagodaram i pozeluvam uspeh vo rabotata
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности, за откуп на државно земјиште обратете се во Министерство за финансии- Имотно правно одделение . Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, дали куќа со платени комуналии, односно легална градба која што е градена 1994 година подлежи на тој закон за приватизација, инаку јас имам дозвола, односна целокупна документација за куќата?
Почитувани, Објект кој има комплетна градежно-техничка документација не е дивоградба и не претставува предмет на легализација. Доколку објектот не е запишан во катастар на недвижности потребно е да се изготви елаборат во приватна геодетска фирма и со комплетна градежно-техничка документација да се поднесе пријава за запишуање во надлежното одделение за катастар на недвижности со претходни уплатена такса по тарифник. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
sto seporazbira pod poimot SUTEREN vo imotniot list se vodi suteren a gradezniot inspektor veli na lice mesto deka e prizemje i ne go priznava imotniot list i ne mi dava dozvola za nadgradba po planot e P+1 A JAS IMAM SUTEREN I PRIZEMJE
Почитувани, Ве известуваме дека под сутерен се подразбира подрумска просторија која излегува од површината на земјиштето, односно дел кој се наоѓа помеѓу подрумот и приземјето. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, имаме поднесено барање за легализација во општина Ѓ.Петров, сега земјисштето на кое е дивоградбата е во сопственост на СИС. Во општина ми викаат дека земј. треба да се пренамени во сопственост на РМ за да се легализира, и поднесоа барање до катастарот за запишување на правата, ама се одбиени за нецелосна документација и тоа по член 143 став 3, и член 159 став 1. Може ли да кажете за што се одбиени? Дали елаборатот треба да го поднесат од општина по службена должност или јас треба да го правам, и како да ја завршам работата кога од општина не поднесуваат целосна документација, дали можеме сами да ја завршиме оваа работа, и каде би можел да пријавам за ова. Поздрав
Почитувани, Ве известуваме дека Општината по службена должност може да поднесе барање-пријава до катастарот за запишување на земјиштето во сопственост на Република Македонија. Но исто така и вие можете да поднесете барање за запишување кон кое потребно е да приложите геодетски елаборат за запишување изработен од приватна геодетска фирма Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Почитувани, Моето семејство поседува легално изградена куќа во Дебар Маало на 1 спрат која е влезена во ДУП Дебар маало 1 како П+2. Би сакале да доградиме уште 1 спарат и не интересира кои постапки и документи ни се потребни за да се почне со доградбата на спрат? Ви благодарам
Почитувани, Ве известуваме дека вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Потребно е да се обратите во вашата Општина-Урбанизам. Со почит, Агенција за катастар на недвижности
Poccituvani, kako treba da se postapi vo sluccaj koga odreden stan vo stambena zgrada nema plateno komunalii? dali treba da se prijavi i ssto bi se postapilo od sluzzbite vo toj sluccaj? dali dokolku istiot stan sozdava komunalna ssteta na drugite ima nessto ssto mozze da se stori? plombiranje i sl.
Агенцијата за катастар на недвижности нема законска надлежност во однос на поставеното прашање. Но сепак треба да бидете прецизни која е причината што предметниот стан нема платено комуналии. Потребно е да одговорите кој е сопственик на станот и дали под комуналии подразбирате давачки кои не се платени при изградбата на станот или пак не се плаќа струја, вода и сл. Со почит Агенција за катастар на недвижности
Pocituvani, Ve molam da mi kazete kade da se obratam za nerazresen spor vo vrska so imoten list. Imeno vo 2005 e doneseno resenie za izmena na imoten list, no istoto uste ne e pravosilno iako nemame dobieno nikakov odgovor zosto (dali nekoj go obzalil resenieto). Isto taka se zalev vo 2010 g i do Drzaven upraven inspektorat koj samo me izvesti deka rabotat na pretstavkata
Почитувани, Малку сте нејасни во однос на положбата во Вашиот имотен лист.Ве упатуваме да се обратите со писмена поплака во која ќе ги наведете сите аргументи до Агенцијата за катастар на недвижности-Сектор за внатрешна контрола и надзор -Скопје. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
почитувани,како да легализирам гаража која е изградено дивоградба повеке од 10 години,што се е потребно документација и слично за да се легализира и откупи земјштето?кога и да прашам во нашата општина што како е потребно и каква документација е потребна,секогаш ми се обракаат со "нема уште кај нас ништо такво се е лага само на телевизија''молам за помош !!!
Почитувани, Ова прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности.Ако надлежниот Сектор за урбанизам и планирање при локалната самоуправа не се произнесува,потребно е да се обратите до Министерството за транспорт и врски. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани.Ме интересира дали е потребна некаква документација за изградба на гаража во сопствениот двор,и каква документација би ми била потребна.Ви благодарам
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите во вашата Општина-Сектор за урбанизам и градежништво. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани, Ве молам за информација дали е возможно градење на станбен објект во КО Горно Лисиче Вон Градежен при што истото не е опфатено со ГУП и нема ДУП но за него се издава уверение
Почитувани, Вашето прашање не е во надлежност на Агенцијата за катастар на недвижности. Потребно е да се обратите во вашата Општина-Сектор за урбанизам и градежништво. Со почит,Агенција за катастар на недвижности.
Почитувани, Куќата ни е изградена упте пред земјотресто. По смртта на дедоми татко ми го наследува имотот со се куќата од дедоми. Проблемот се состои во следново: Имаме поседовен лист и кога дојде време да се легализира куќата и да се извади имотен лист, поседовниот и имотниот лист не се согласуваат не се исти односно во имотниот лист освен татко ми се наведени уште 5 други лица кои имаат по 7 квадрати. и поради оваа причина во општина не сакаат да ни ги легализираат имотот и куќата. Тие 5лица се починати уште пред 20тина години станува збор дури и за комшиите кои се наоѓаат спроти нас односно преку улицата.Дали може да ме посоветувате како да постапиме понатака?
Почитувани,Во вашиот случај потребно е да извршите увид во збирката на исправи(имотниот лист) и утврдите кој е правниот основ што сте запишани како сосопственици со комшиите.Со почит,Агенција за катастар на недвижности
Постави прашање за дадената услуга
Email
Прашање
NextSense Captcha

По внесување на кодот кој го гледате на екранот во текст полето од негова десна страна, кликнете на линкот Прати прашање во долниот десен агол од екранот.